ТВ Реклами

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Сум пробал од неколку земји и нашата дефинитивно е подобра барем во однос на тие. Српската ми има оставено впечаток на доста лоша.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #162
Burrows напиша:
Сум пробал од неколку земји и нашата дефинитивно е подобра барем во однос на тие. Српската ми има оставено впечаток на доста лоша.
+1. Во Грција не знам дали имате пробано но Фантата е преубава, јас кај нас не можам да ја пијам, претешка ми е и никако освежувачка, за разлика од таму каде што е феноменална, посебно па таа од лимон е доста добра, дури може да и парира и на Швепсот.

Кока Кола Зеро е одлична, ја пијам уште од пред неколку години настрана, на одмори, по екскурзии и конечно чекав да дојде и кај нас. Вкусот ист како и обичната (бар според мене), за разлика од Лајт која е катастрофална.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,084
6,399
113
Јас Фанта освен во нашава дрпжава имам пробано и во Србија и можам да кажам ,нашата е подобра од српската ,српската е малку повеќе блага :)

И ајде доста веќе со офф топик пишувања на темава ,нека отвори некој тема ако сака за освежителни пијалоци т.е сокови народски кажано па таму нека се пишува за ова не мора тука да пишуваме се и сешто се знае за што е темава .
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,084
6,399
113
Добра реклама за Орбит мастиките со Антонио Бандерас ,ама не можам никако да ја најдам онаа со титл на македонски.
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Знаеме за сите срања кои ги има по нашите телевизии вклучувајќи ги и рекламите од владата. Конкретно мислам на рекламите за семејството што се. Вчера гледав Алфа мислам и пуштија една реклама со еден дедо како покажува слики од предците негови, во стилот дека немале многу пари но сепак имале многу деца. Па потоа кажа дека сегашните генерации многу се фокусирале на кариера и слично, а не на создавање на фамилија, а тој како постар сакал да види и внуци пред да си замине од овој свет. Малку карикирам но во главно таа приказна се вртеше. Толку сме бедни што дозволуваме да не трујат со срања од 1953 година а свушност сме 2013. Некои луѓе очигледно сакаат да не вратат 60 години наназад со размислувањата и тие нивни конзервативни патријархални срања.

Ако некој ја најде рекламата може да ја постави овде.
 

Beauty

Администратор
50,359
62,808
113
Не трујат со цел народот да се оддалечи од моменталната и реална состојба. Дали мислите дека влијае ова перење мозоци, не само за оваа реклама, туку за сите работи што се кажуваат?
Мислам дека има голема и проста група на која се влијае.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #168
Just to say.
Денеска значи откако сум станат од сабајле (дома нема никој) со едно излегување од дома од 1 час, ниту еднаш не пуштив ТВ. Се почесто се случува да не гледам телевизија ради ужасната програма. Единствено знам да пуштам 24 Kitchen бидејќи сум слаб на јадења и на убавини поврзани со храната. Другото, никако. Ете толку веќе користам ТВ. ^_^ И да, драго ми е, одамна сфатив дека е перење на мозокот т.е 80% од она што ни го приредува нашата телевизија, за странските не зборувам.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,090
413
83
^

Добредојде во клубот.

Јас престанав да гледам телевизија уште пред 4 години, кога почна етерот да смрди на турски индиски глупости, гледам телевизија одвреме навреме и многу ретко се наоѓа нешто што ми го привлекува вниманието, телевизорот се повеќе ми дреме како украс наместо како средство за информирање и забава.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Мене ми исчезна воопшто навиката да пуштам телевизор. Само некогаш кога ќе го начекам телевизорот пуштен, вртам канали ради-реда. Гледам само специјални настани, и ептен ако се загледам нешто „несакајќи“ (Големиот Брат). А, само кога ќе се сетам порано колку време поминував пред телевизор...
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Дефинитивно, освен во вкусот, Златен Даб почна последниве 2-3 години да го тепа Скопско и во реклами. Рекламава е баш светска.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,090
413
83
1:31 Каде го најдоа Роберт де Ниро за рекламава ? :haha:

Одлична реклама.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Сега малку ме заинтригира зошто Скопско толку се уназади во маркетингот. Па до пред неколку години беше лидер на тоа поле во Македонија. Повеќето (ако не и сите) реклами од 1991 наваму ги имаат на нивниот сајт и навистина се пред времето.

Златен Даб од пред неколку години почна да води агресивна и герилска кампања, а и многу внимание посветуваат на социјалните мрежи (Фејсбук и Твитер) и гледаат да им одговорат на сите потрошувачи. Постојано се присутни со реклами, билборди, промоции, новости...

Не негирам дека Скопско е еден од најголемите брендови во Македонија, ама ако продолжат вака ќе им следи тежок период. Башка и вкусот не е како што треба некако. Во последно време гледам многу поретко се нарачува и по кафулињата. Гледам Старо Прамен е доста популарно. А Прилепска Пиварница прави партал со монополите во угостителските објекти во помалите градови. Тоа што треба да биде застрашувачки за Пивара Скопје е дека истото се случува и на „нивна“ територија, во главниот град.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,283
720
113
^
Некни во Саботата имав можност да слушнам од Скопјани како се жалат на вкусот за Скопско, велеќи дека не е како што било порано... И навистина се зачудив слушаќи го тоа... На брат ми Скопско му е омилено пиво...
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,084
6,399
113
Jануарски уписи!! :haha:

легендарна македонска реклама .
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,084
6,399
113
Сега пред малку ја видов рекламата на Скопско .Одлична е ,се гледа дека сакаат малку да возврата удар на Златен Даб ,а и токму сега ја пуштаат во етер кога е актуелен скопскиот пиво фест.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Видов ја пуштиле новогодишната реклама за Coca-Cola и тоа ја рециклираат онаа од зимата 2009-та... Само со англиската верзија на музиката, не е онаа на Џон Илија Апелгрен. И доста е скратена.


Оваа е со македонската песна:


Прво мислев да не е од странска телевизија, ама после тоа одеше македонска реклама. Не проверив пошто бев на поминување низ дневна. Интересно што доста рано ја пуштија оваа година.
 
Top