ТВ Реклами

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
19,084
6,398
113
Jaс видов на официјалниот Кока Кола јутјуб канал дека месецов на 15-ти и 14-ти ставиле нова новогодишна реклама и тоа оваа

на Шпански

и верзија со говор дали на португалски или на кој јазик е не знам точно


А тоа на нашиве телевизии не знам што пуштиле и зошто стара реклама .
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Изгледа сакаат да сменат од такви нападни реклами како што беше Празници се ближат со нешто поблаго. Иако е истата со мали додатоци и измени, сепак е подобра отколку таа лани.
Ама не ми се верува дека ќе ја остават така без некое локализирање. Можеби не песната, ама барем текст како на хрватската верзија.
Се надевам само да не биде некој трогателен, оти кој ќе плачел на секој рекламен блок. И сега оној сегмент со фудбалот е срцепарателен па може да се види по некоја солза.
Инаку и во американската верзија имаат некоја слична нота за писма на дедо мраз, исполнување жилби и слично. Изгледа ќе имаат пак некоја глобална кампања како што беше со Сподели, сега сподели подарок или нешто слично.

http://www.youtube.com/watch?v=2mLMWNOcw18
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Иако кога првпат се појави во 2009-та, воопшто не ја сакав рекламава бидејќи многу ми беше мрачна и тивка за празниците, неколку години подоцна ја сфатив вредноста и пораката што ја носи. Песнава е феноменална и не можам никаде да ја најдам целосно оваа верзија. Знам дека оригиналот е од Елвис Присли и има уште многу кавери, ама ја сакам конкретно верзијава од рекламава.

Само ептен ми е без врска некако што повторно враќаат стара реклама по неколку години пауза. Кога веќе решиле да рециклираат, многу подобро ќе беше да отидат ептен наназад и да ја донесат повторно „Празници се ближат“. Не знам дали знаете, ама во Велика Британија (а мислам и во други земји) традиционално секоја година оди „Празници се ближат“ со камионите и плус ги лансираат новите реклами од претстојната година.

И доста ми е интересно што годинава ептен пораниле, обично ги пуштаат после 20-ти ноември.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
И се уште никој ја нема најдено цела оригинална Празници се ближат на македонски.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
А има ли воопшто песната целосна верзија? Јас знам дека на рекламата одеа овие стихови:

Празници се ближат... празници се ближат... (х неколку пати)

Чувствуваш ли магија во подарок?
Се' е волшебно, се' е прекрасно.
Среќни празници со Кока-Кола.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #186
Во Скопје веќе има билборди со новогодишната Кока Кола, ништо чудно и рекламата да тргне деновиве.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,084
6,398
113
Koга сме кај Кока Кола ,каде може да се најде шишенце црвено цело со текстот Кока Кола како што имаа жириво на X Factor ? Пластично ли е или стаклено тоа шише ?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,084
6,398
113
Само кај нас немам видено вакво


Интересен дизајн . Подобро Kока Кола вакви да пушти во продажба во македонијава отколку оние со имиња .
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Имаше кај нас пред неколку години специјални шишиња по кафулињата, уште ги чувам дома.
 

Beauty

Администратор
50,358
62,807
113
После одделните реклами на Т Mobile со Владо и Калиопи, сега има и најнова со двајцата така што ја пејат Во светот на бајките.
:rock:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,084
6,398
113
Koлку им е глупа рекламава од T Mobile,поарно да ја земеле Маја Саздановска да ја испее пак.
Владо и Калиопи ич не ја пеат како што треба песнава.
 

Beauty

Администратор
50,358
62,807
113
Па аранжманот е прилагоден на тоа дека се пее со оркестар сега.
 

Beauty

Администратор
50,358
62,807
113
Да, на Владо повеќе му одговара, но дуетов е супер.
 

alek

Добро-Познат Член
787
255
63
јас уживам кога ја слушам калиопи така да мене супер ми звучи песнава со нејзиниот глас :)
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Песната губи од магијата кога е вака „професионално“ (на големо) симфониски аранжирана. Ама сепак се гледа дека се работи за врвна мелодија.

Мене ме чуди дека оваа песна е македонска, се си мислам дека е украдена од некоја странска песна, особено има некои места кои се типичен ритам за некоја шпанска, мексиканска песна и затоа не ми се верува кај нас да имаат направено таква мелодија.
 

Beauty

Администратор
50,358
62,807
113
Па ти држи вода ова. Мелодијата е перфекна и можно е да ја украле од некаде, ама досега никој не се ангажирал да дознае.
 
Top