ТВ Реклами

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Сега видов една многу јака реклама на Стопанска Банка, поврзана со македонскиот спорт. Ако некој ја најде нека ја стави тука.

ЕДИТ: Еве ја!
http://www.youtube.com/watch?v=2ABZXIqjhfg
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,086
6,404
113
Сум ја гледал рекламава за Сопанска банка убава е


А дали некој ја гледал рекламата за Веро ?,јас пред некој ден ја гледав ,со анимација е направена во рекламата само на крајот вика „Затоа што добро се познаваме“ тоа го запаметив од рекламата :)
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Ау глупави реклами за Веро. ж
Перо од Тафталиџе доаѓа во Веро во незнамкоја населба затоа што му се допаѓа касиерката бр 6. Веро, затоа што се познаваме.
Перо и Вера остануваат подолго во Веро за да ја дослушаат својата омилена песна. Веро, затоа што се познаваме...

Инаку оваа за Стопанска мислам дека е преамбициозна. И Скопско имаа такви реклами, ама беа полесни, оваа во секоја секвенца содржи тешки симболики.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Тие од Веро се интересни бидејќи имаат цел да се поврзат со купувачите и да им докажат дека знаат каде купуваат. Имаат поента.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
У курац Офис Плус, направете асална реклама.
Убиство на високите цени, глупости.
 

Beauty

Администратор
50,366
62,813
113
Леле колку ми е језива онаа рекламата за Санте плус, нешто за растење на коса. Делот кога дечкото го прикажуваат во тело и одеднаш во глава каде има само неколку прамени коса 32432
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Мислам дека полудувам кога ја слушам песната од рекламата за Ладна, таа е најдосадна песна и плус по два пати ја даваат во еден рекламен блок.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
А овој од Македонија е? Така ми изгледа дека кажува исто како што го надсинхронизирале, ама не ми се веруваше дека кока кола македонија ќе прави толкава локална маркетинг кампања.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,086
6,404
113
Како што гледам на Кока кола јујтуб каналот нема друга верзија од истава реклама со овој Филип ,а можеби е хрватска или српска рекламата па добро да се вклопило надсихронизирањето на македонски :neznam:

Друго што видов направиле и фејсбук страна за тој Филип Јовановски или како и да му беше презимето на тој од рекламава кој цело време одговара на коментари на повеќето што ја лајкнале страната
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #137
Мислам дека е Македонец. :)
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Веројатно е македонска рекламата, ама поентата во неа многу вришти. Речиси никаде не може да се најде лименка Кока-Кола од 25 денари.
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
И јас мислам дека е македонска бидејќи има и други реклами од истот тип за секоја држава посебно претпоставувам.
 
Top