Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Steff

Добро-Познат Член
34,214
45,778
113
А ја па ја дигав нашава на пиедестал заради истражувачкото новинарство на телевизијата ццц

Дада сигурно од чиста мира неа и текнало да истражува , онака, за доброто на заедницата :406389:
Ама чекај, колку гледам на сликава до 2019 се добивале пари

А Снеки дојде потоа

Како и да е, win win е секако за нив, ем добиваат пари, ем правеле имиџ во јавноста дека работат нешто корисно
 
Beauty

Администратор
50,537
63,084
113
Да, ама тие емисии политички и истражувачки постојат и пред Снеки да дојде на пиедесталот на телевизијата. Додуша, таа и ги работеше емисиите и претходно мислам како главен уредник.
 
Beauty

Администратор
50,537
63,084
113
И... затоа нас ни стана телевизијата објективна во 2020.
Секнале парите за заевистичките пропаганди :406389:
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,099
428
83
Де бре што се чудиш, сите гледаат да се закачат за некакви си фондови чуда да добиваат пари, и леви и десни, и проруски, и проамерикански и прокинески и сите

Независни медиуми генерално не постојат, а истражувачко новинарство за жал не е исплатливо

Телма држи некое ниво за известување, ама како и сите други не е независна
Хехе, ова ако им го кажеш на твоите сонародници таму во Србија, нешто од типот "нас никој ништо не не` прашува, се` ни е одлучено одозгора", наместо да протестираат од Белград до Нови Сад, каква велиш дека ќе им биде реакцијата ?

Прво не чинат, а потоа сите се исти = стара расипана плоча.
 
Steff

Добро-Познат Член
34,214
45,778
113
нешто од типот "нас никој ништо не не` прашува, се` ни е одлучено одозгора"
Ја не сум малоумен да велим вакви работи зошто и сам излегувам на протести со моите најмили сонародници
 
Beauty

Администратор
50,537
63,084
113
Ја не сум малоумен да велим вакви работи зошто и сам излегувам на протести со моите најмили сонародници
Не сите се твои најмили и не сите застапуваат иста идеја, сепак.
Моиве пример од Београд што ги знам не им чуе да оделе по протести и не знам што, ама они земаат по 2000-3000 евра минимум плата, можда и више, кој ги знае, им чуе на нив за судство, трагедии и шо ти ја знам, очигледно.
 
Steff

Добро-Познат Член
34,214
45,778
113
Не сите се твои најмили и не сите застапуваат иста идеја, сепак.
Мои најмили сонародници се тие што излегуваат и се борат за правда

За другите сушества што ги спомнуваш немам комент, не сакам да бидам прост
 
Some Special

Добро-Познат Член
15,263
21,817
113
Не сите се твои најмили и не сите застапуваат иста идеја, сепак.
Моиве пример од Београд што ги знам не им чуе да оделе по протести и не знам што, ама они земаат по 2000-3000 евра минимум плата, можда и више, кој ги знае, им чуе на нив за судство, трагедии и шо ти ја знам, очигледно.

Читајќи го ова, ми текна на твитов на кој наидов пред некој ден:
Nisi ti apolitičan, nego je tebi trenutno dobro. Kad govna budu narasla do visine tvog sprata i kad zasmrdi i pred tvojim vratima i tebi će da izrastu i kritičko mišljenje i politički stav. Tada ćeš i ti biti glasan, ali neće imati ko da te čuje - ovi na nižim spratovima su se do tad već podavili u govnima, a ovi na spratovima iznad tvog će još biti apolitični, ako me razumeš.
 
Beauty

Администратор
50,537
63,084
113
Ама така е сегде, секогаш и секако. Луѓето секогаш биле и ќе бидат поделени.
Сум за протести и барање правда особено во такво општество како горе, но паралелно гледам и некои видеа во кои ги прашуваат студентите за захтевите, и интервјуираните не знаеја кои се захтеви, имало 4-5 демек и толку и се смеат, само биле еуфорични поради целата ситуација. Затоа и велам дека ова полека стана сензација за интернет, одејќи по тоа и дека Шарената се претвори во тоа, па сите чекаа и гледаа што следно ќе се деси, кој објект ќе се обои, кој што ќе фрли кон парламент, колку ќе излезат, со какви песни ќе се прават видеа за ослободување на земјата итн.
 
Точно, затоа важи правилото:

Револуциите секогаш ги започнуваат празните стомаци.

А не аболицирани криминалци, платеници и корисни идиоти.

Додека нема празни стомаци нема да има ниту револуција.

Чисто за потсетување, државен удар не е исто што и револуција, Србите имаа државен удар во 2000 година, Украинците два пати имаа државен удар - еднаш во 2004/2005 и уште еднаш во 2013/2014 година, Македонците имаа државен удар во 2015/2016 година, и секогаш резултатот е ист: единствена новост се новите власти, а ништо не се менува кон подобро.

Инаку да, имам пријател кој живее на најгорен кат во неговата станбена зграда, со години ги моли соседите да дадат пари за замена на покривот, зградата е 10 катница со 50 станови и ич уво не им чуе на соседите за неговите мувлосани ѕидови кои едно време ги гипсаше и варосуваше секоја година, но од поодамна му пукна филмот и ги остави ѕидовите да си мувлосаат и ја остава водата од покривот да си тече подолу кон другите соседи, нека се почастат и тие од мајка природа кога веќе не сакат да дадат ниту денар за замена на покривот.

И да, неговата зграда е одличен пример за опис на секое општество не само на Балканот, туку и во повеќето богати и развиени држави низ светот, не се замараат со проблемите на соседите додека не им заигра мечката и во нивниот двор.
 
Steff

Добро-Познат Член
34,214
45,778
113
паралелно гледам и некои видеа во кои ги прашуваат студентите за захтевите, и интервјуираните не знаеја кои се захтеви, имало 4-5 демек и толку и се смеат, само биле еуфорични поради целата ситуација.
Се знае што се захтевите, има на Инстаграм профил Студенти у блокади скрос јасно и прецизно што е, но тоа ти гледаш кај Јована Јеремич и компанија кои сакаат да обесмислат студентите

Ова што се случува моментално во Србија не е поддржано ни од исток ни од запад, не е финансирано од никој за да се рече дека е "шарено"
 
Steff

Добро-Познат Член
34,214
45,778
113
Револуциите секогаш ги започнуваат празните стомаци.

А не аболицирани криминалци, платеници и корисни идиоти.

Додека нема празни стомаци нема да има ниту револуција.

Чисто за потсетување, државен удар не е исто што и револуција, Србите имаа државен удар во 2000 година
Па во 2000та беа празни стомаци, уништени од хиперинфлации, санкции, бомбардирања и војни

Да велиме дека тоа е истото како и пост Милошевиќ власт е тешка релативизација
 
NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
6,014
9,676
113
Да, вчера видов за ова и се зачудив, иако до некаде ми беше јасно и се сомневав во објективноста на 360 и плус на Телма.
Очигледно е дека Телма добивала пари за ширење заевистичка пропаганда во земјава.
Па си стои цело време во одјавна шпица мислам, дека се финансирани од овие.
 
Beauty

Администратор
50,537
63,084
113
Ма тогаш беше тоа пред Сноу, сите се сеќаваме како изгледаше Топ тема која бај д веј имаше и најголеми рејтинзи до падот на Груевски како и Алфа што имаше подобра гледаност до лани мај јуни.
 
Delux

Добро-Познат Член
717
895
93
Се знае што се захтевите, има на Инстаграм профил Студенти у блокади скрос јасно и прецизно што е, но тоа ти гледаш кај Јована Јеремич и компанија кои сакаат да обесмислат студентите

Ова што се случува моментално во Србија не е поддржано ни од исток ни од запад, не е финансирано од никој за да се рече дека е "шарено"
Извини, ама како некој што не е многу упатен во случувањата кај вас, мене уште не ми е јасно зошто се уште протестира.
Го погледнав профилот кој го спомна и ти, и таму има:
- да се ослободат лица кои заради протестите биле приведени
- да се приведат лица кои ги нападнале студентите додека протестирале (со листа со име и презиме има)
- да се покачи буџетот за образование за 20 посто

А нели се почна поради трагедијата. Читав дека сите документи се веќе објавени, министерот го гонат сега со пријава, премиерот оставка..

Не ми е јасно што уште се бара? Јасно е дека се бара Вучич да си оди, ама никаде не прочитав дека бараат избори. Сакате доброволно туку така да ја предаде власта?

Не ми е целта никој да напаѓам, не ги знам дешавките во детали и не зимам страна, ама мене ова ми личи дека сакате без избори да смените власта? :ehh:
 
Top