Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Steff

Добро-Познат Член
34,214
45,779
113
Гледам обраќање на Вучиќ.
Колку аматерски говор, ја не памтам дека наши политичари ваков аматерски говор држеле, можда на ниво на Ѓорге Иванов, иако тој ретко збореше.
Аматерски во однос на сврзување реченици, концепт, убедливост, ништо од тоа. И оној нашион со трето одделение што беше, знаеше и те како пред камера да направи прича што ќе ја продаде.
А што па ти од Александар очекуваш
 
M@RKO

Добро-Познат Член
19,181
6,470
113
Ок е поентава на протестот, ама во право е Марче. Сите ќе купат однапред, на никој не му е до гладување.
Ако веќе се оди на протест тогаш се прави тоа на начин да не се купува да речеме јајца, млеко, кисело млеко и некој други производи на кој сакаш да им истекува рокот побрзо и да се расипуваат.

Друго може и бојкот на големите маркети кај што најчесто е најскапо. Сето ова да трае за почеток еден месец.

Ама тешко масовно да е протестот затоа што не сите се сложуваат да има протест.

Јас ќе пазарам во петок ако имам потреба зошто знам дека ваков каков што некој го замислил протестот нема поента.
 
Beauty

Администратор
50,537
63,085
113
Маркетите да ама ја би и моловите.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
19,181
6,470
113
Па ја и мислам е поентата да се бојкотира картелот, не да се бојкотираат обични продавци на пазар и мали продавници, туку најголемите што диктираат цени
Еден ден бојкот не менува ништо. И потоа да се повтори по неклку дена пак уште еден бојкот нема да смени многу.

Кога сме кај маркети колку и да бојкотираш пак ќе мора да отидеш да купиш нешто што ти треба. Секогаш нешто по дома фали за јадење освен ако не правиш по дома големи залихи.
Гледате и самите дека куп луѓе има и излегуваат со торби/кеси од маркетите секој ден без разлика што е поскапено.
 
Beauty

Администратор
50,537
63,085
113
Марко, ти размислуваш од страна на поединец.
За такви ланци на маркети не си битен ти, битна е цела популација која секојдневно им купува. Знаеш ли која загуба е еден ден само да ги немаат редовните купувачи.
Затоа и во ХР се свестиле маркетите, еден ден е и те како доволно. Ако нема ефект, уште еден ден идна недела, па ќе видиш како ќе реагираат на цени.
 
Ќе има и против бојкот и за бојкот. Повеќето од пензионерите ќе пазаруваат во време на бојкот. Ќе се најдат и такви кој не разбрале или им е гајле за бојкотот па ќе влезат во маркет да купат нешто.

И да има некаков ефект сепак за да биде уште поуспешен треба бојкот една недела или еден месец што па тоа е неизводливо.
 
NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
6,014
9,676
113
па тоа е неизводливо.
Така се мисли оти сме навикнати дека сѐ што ни треба го има во маркет.

Изводливо е, само луѓето треба да се навикнат обратно.

Наместо да купиш јајца или домати од пазар или голем маркет, купи од комшијата што одгледува домати и кокошки на пример, сигурно ќе ти даде за пониска цена од маркетот.
 
Beauty

Администратор
50,537
63,085
113
Ќе има и против бојкот и за бојкот. Повеќето од пензионерите ќе пазаруваат во време на бојкот. Ќе се најдат и такви кој не разбрале или им е гајле за бојкотот па ќе влезат во маркет да купат нешто.

И да има некаков ефект сепак за да биде уште поуспешен треба бојкот една недела или еден месец што па тоа е неизводливо.
Ама ти викам, во ХР имаше ефект од еден ден, не знам што е нејасно тука.
По таа логика, и сега одат другите земји.
Ако не бива, уште еднаш ќе има де.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
19,181
6,470
113
 
M@RKO

Добро-Познат Член
19,181
6,470
113
Што и да кажеме, Марче пак ќе иде во петок да си купе нешто намерно :smeenje:
Можеби нема да ми треба кашкавал, сувомеснати, јајца во петок ама леб ќе мора да се купи. Леб кај мене се јаде еден на доручек скоро цел купен од пекара па за ручек малку ќе е. Доручек или вечерање без јогурт не ми поминува. Мајка ми пие кафе со млеко и тоа може да се три на ден.
Така да сакал нејќел јас мора да пазарам ако нешто снема без разлика што не сум задоволен од покачените цени.

Свесен сум дека е премногу ненормално поскапено. Порано со 1000 денар ќе наполниш две кеси од маркет и дома не можеш да се донесеш, сега за тие пари една кеса а ништо посебно не си купил.
 
TVman

Добро-Познат Член
16,850
13,299

Јас искрено не се ни замарам со тоа уште колку ми останува леб или млеко, во 5 до 12 купувам кога видам дека ќе снема :406389: Така што, ако ми издржат залихите, нема да купувам :haha:
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,099
428
83
Да не велите после дека не сте знаеле, деца.

Некој плаќа за да се треска црвениот телефон пред камерите и за да се раскажуваат секакви приказни и бајки за деца.

https://off.net.mk/video/razno/afrikanec-da-vi-kazhe-neshto-za-solzite-po-usaid

Африканец да ви каже нешто за солзите по УСАИД

1 февруари 2025 - 12:38

И овде има плачење како сега ќе нè биде без УСАИД и нивната помош (откако Трамп реши да ја стопира помошта за странски земји), па се набројуваше што имаат тие направено тие кај нас....Не е тоа проблемот. Проблемот е до кога луѓе ќе се навикнуваат некој постојано да ни помага и да зависиме од такво просење. Држава што живее од туѓи пари не е држава туку колонија. На тие што биле колонии им е многу јасно тоа.

**********

**********

Beauty

Администратор
50,537
63,085
113
Да, вчера видов за ова и се зачудив, иако до некаде ми беше јасно и се сомневав во објективноста на 360 и плус на Телма.
Очигледно е дека Телма добивала пари за ширење заевистичка пропаганда во земјава.
 
Steff

Добро-Познат Член
34,214
45,779
113
Да, вчера видов за ова и се зачудив, иако до некаде ми беше јасно и се сомневав во објективноста на 360 и плус на Телма.
Очигледно е дека Телма добивала пари за ширење заевистичка пропаганда во земјава.
Де бре што се чудиш, сите гледаат да се закачат за некакви си фондови чуда да добиваат пари, и леви и десни, и проруски, и проамерикански и прокинески и сите

Независни медиуми генерално не постојат, а истражувачко новинарство за жал не е исплатливо

Телма држи некое ниво за известување, ама како и сите други не е независна
 
Beauty

Администратор
50,537
63,085
113
А ја па ја дигав нашава на пиедестал заради истражувачкото новинарство на телевизијата ццц

Дада сигурно од чиста мира неа и текнало да истражува , онака, за доброто на заедницата :406389:
 
Top