Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Steff

Добро-Познат Член
34,214
45,779
113
да се ослободат лица кои заради протестите биле приведени
Не се ослободени

да се приведат лица кои ги нападнале студентите додека протестирале (со листа со име и презиме има)
Не се приведени и не се осудени

да се покачи буџетот за образование за 20 посто
Не е покачено

Читав дека сите документи се веќе објавени
Прво, целата документација има над 800 документи. Првично беа објавени околу 180 документи, за другото да се објави требало да поминат три месеци. И сега кога е објавено, треба да се утврди дали документацијата е комплет објавена (видов да фали уште нешто), плус дали документите се веродостојни или се фалсификувале. За тоа треба Факултет на градежништво да утврди.

министерот го гонат сега со пријава
Прво беше во притвор па го пуштиле од нигде никаде па сега пак демек повторно треба за притвор да се одлучува. Дакле циркус прават.

премиерот оставка
Тоа не беше во никој случај захтев, така да е небитно

ама никаде не прочитав дека бараат избори
Никој тоа не бара зошто не е глуп да излегува на избори кои овој повторно ќе покраде

Сакате доброволно туку така да ја предаде власта?
Сакаме да се утврди кривична одговорност за сите вмешани во падот на надстрешницата, тоа е захтев нумеро уно. А тоа може да биде утврдено со комплетна објава на документите. Ако никој од државен врв не е вмешан во тоа, што се плашат да објават сѐ тогаш и да тужилаштво процесуира сите?

ама мене ова ми личи дека сакате без избори да смените власта? :ehh:
Никој не сака избори, сите сакаме да се исполнат захтеви. Ако се утврди да државен врв има удел во ова, да одат на робија сите вмешани во ова. Па потоа да се направи експертска прелазна влада, да се направат равноправни изборни услови, па потоа може избори.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,181
6,469
113
Извини, ама како некој што не е многу упатен во случувањата кај вас, мене уште не ми е јасно зошто се уште протестира.
Го погледнав профилот кој го спомна и ти, и таму има:
- да се ослободат лица кои заради протестите биле приведени
- да се приведат лица кои ги нападнале студентите додека протестирале (со листа со име и презиме има)
- да се покачи буџетот за образование за 20 посто

А нели се почна поради трагедијата. Читав дека сите документи се веќе објавени, министерот го гонат сега со пријава, премиерот оставка..

Не ми е јасно што уште се бара? Јасно е дека се бара Вучич да си оди, ама никаде не прочитав дека бараат избори. Сакате доброволно туку така да ја предаде власта?

Не ми е целта никој да напаѓам, не ги знам дешавките во детали и не зимам страна, ама мене ова ми личи дека сакате без избори да смените власта? :ehh:
Покрај тие барања се протестира и за да ја срушат власта а со тоа и да го раздрмат Вучиќ. Ете им успева тоа до некаде но да видиме што ќе се случи понатака.

Не верувам дека сами се организирани студентиве да протестираат, сигурно има и некој опозиција што стои зад ова.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,181
6,469
113
Студентите се дистанцирани од опозициони партии уште од старт, ама ти и Александар си знаете
Aбе ајде дистанцирани биле :hehe:

Зошто не им текна да протестираат пред да се случи тој пад на настрешницата? Не сега некому му одговара и му дојде како кец на десетка да има протести.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,181
6,469
113
Требало да предвидат дека ќе се сруши?
Не мислам на тоа туку ако се против власта пред се тогаш зошто не направиле и пред да се деси рушењето на таа настрешница? Имало колку сакаш денови, месеци и години да го искажат незадоволството.

Јас сум за тоа дека треба да да се искажува незадоволство макар и на улица протестирање ама не ми е верно дека зад овие протести во Србија стојат сами студентие има некој што им дава подршка од опозиција за да го тераат ова до крај.
 

Steff

Добро-Познат Член
34,214
45,779
113
Марче, зборот опозиција значи дека си против нешто, спротиставуваш се. Тоа може да бидат граѓани, може да бидат организации како што се политички партии.

Зад студентите стојат нивни родители, пријатели, професори, роднини и сите други што им донираат пари за да продолжат со нивна борба, тоа може да се поединци и може да се група на граѓани (пример, стамбена заедница Блок 70 пред некој ден собра 50 илјада денари), и може да се организации (пример, кај другарка ми во нејзината фирма вработени собираа пари за некои студенти, исто околу 50 илјада).

Кога се работи за политички партии, студентите се јавно дистанцираа од нив за да не ги врзуваат и таргетираат во Александровите медиуми.

Улога на политички партии во парламент и во јавен живот е да критикуваат (позитивно или негативно) власт. Тоа не значи дека треба да се протестира без целта и смисла како што ти рече дека требало пред падот да се протестира, туку мора да се случи нешто, како во овој случај.

Да правеле како што рече дека требало, ти и Александар ќе вриштевте истата приказна, дека не знаат што прават и дека сакаат да рушат власт со државни удари.

Исто така, секоја опозициона партија сака да дојде на власт (освен сателити кои се во функција на владеечка партија) и наоѓа причини да се експонира и да капитализира тоа за да расте рејтинг.

Твојот Александар истото ова го правеше и кога беше во опозиција, константно се појавуваше на телевизија, беше во скупштина, учествуваше и организираше протести кога се случувале трагедии или кога се изразуваше незадоволство за некои дешавки, тоа е нормално за парламентарна демократија.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,181
6,469
113
Јас не можам да пишам и кажам дека сум или не сум за Вучиќ во Србија затоа што многу многу и не ја знам политиката во Србија каква е ама во негово време ми се допаѓа што патиштата се добро направени. Секогаш кога и да се возам за накај Врање натаму е стварно добро а и гледам по телевизија само се градат патиштата :D
 

Beauty

Администратор
50,537
63,084
113
Јас нема да се чудам и кога ќе се направат патишта, болници, железнички, настрешници и да земат и тука да пропаѓаат и паѓаат, и може нема да ни е чудно со оглед дека долго време чекаме бар да бидат направени.
А ако се веќе направени, отом потом и нека паѓаат, битно да дојде до тој момент :406389: Се шалам.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,181
6,469
113
Абе Марче како да е тоа најбитно ххаахахахах
За мене добро владеење на една партија што победила на избори е кога во една држава се градат патишта, болници, школи, се отвараат нови работни места,се градат згради, се покачуваат плати, пензии, се инвестира во образование.. Тоа е добро за една држава.
 

Steff

Добро-Познат Член
34,214
45,779
113
За мене добро владеење на една партија што победила на избори е кога во една држава се градат патишта, болници, школи, се отвараат нови работни места,се градат згради, се покачуваат плати, пензии, се инвестира во образование.. Тоа е добро за една држава.
Па се рушат и патишта и болници и школи

Во образование се инвестира така што се поставуваат за директори луѓе од партијата во школи

А ова е единствена власт од 2000 година што намалувала пензии па со сите качувања не дојде до тоа ниво пред намалување
 

Beauty

Администратор
50,537
63,084
113
Ма што е со лудачиштено Трамп, пуштено е на најјако :406389: :okokoren:
Две недели е на функција и за 360 степени смени политики со Канада, Панама, Мехико, Грендланд, а на пат е и со Еуропа.
Сега читам и за Украина уценува за пристап до метална руда
 
Top