Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Каде во Топанско, ако не е тајна? Ќе пријавам сега, не за тебе секако, него за тие, знаеме кои.:406389: Не може тие да се шетаат кај и кога ќе им текне. Сега и џамиите им се отварале :off:

Не знам, ме нервираат маските, тие постојани пресови, препукувања, муабети во главно за ова.... крај нема ова и се' поврзано со пандемијава ми иде на живци веќе. Во последниве 15 дена ама милион неточни и различни статии има за кога отворале плажите во Грција и Црна Гора. Многу ми е гајле кога отварале, нека почекаат точна информација, а не секој ден различно.
Џабе ќе пријавуваш сестре, полиција понекогаш поминува и не ни свири... Понекогаш поминува, ќе упали свирката овие беливе мечки мафтаат и така си поминува... На неколку игралишта се игра на големо кошарка, фудбал...
Ако ја следите на инстаграм Полициски час, ќе видите дека највеќе видеа праќаат токму од Топанско...
На шала на смеа, со комшика ми викам дека можеме комотно да претрчаме на кафе, а сме на 10на минути...
Имам случај кај што чоек поседува 80% од становите на една зграда и фино си има ставено рампа на паркингот, така што, он не е надвор, он си е во својот двор, а фамилијата му брои само 13 синови и ќерки, а внуци и правнуци не се пребројани јер немало попис... :haha:

Ма остај, на работа со маска седев ама еве неколку дена бојкотирам (познат бојкоташ сум, шо да праам, струшив референдум со седење дома ахахха)... Сега ја носам само во автобус и тук-тамо надвор... А бидејќи сум ќор и носам ќороскопи воа де, очила, едвај гледам поради замаглување... :off:

А за македонското „новинарство“ на порталите, не би да коментирам... Стварно не вреди, сешто се објавува... А и да се отворат плажите, нема туку така лесно да се појде... Прво се нема пари, второ никој не е толку будала да ризикува да закачи корона... А тие шо ќе појдат, кога ќе се вратат, ќе добијат уште 14 дена државен одмор во карантин. Убаво рече денеска Филипче, карантинот останува и нема отстапување, што и го поддржувам во тој поглед.
И да, ЕУ бара од земјите членки на Шенген зоната, да си ги затворат границите, да не пуштаат и примаат патници.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,107
113
Ќе биде интересно да се следи ситуацијата со многуве чудни протоколи. Ете протоколи има за свадбиве, сигурно некој протоколи ќе има и за патување надвор од својата држава па за патувања да мора да биде здолжително покажување тестови на граници и аеродроми дека си тестиран, протоколи за седење во автобусите и авионите.

Ќе биде хаос.
 

Beauty

Администратор
49,892
61,910
113
  • Автор на оваа тема
  • #243
Ништо пак. Ни кафичи, ни кафани, ни тргање на полициски час. Аман од ова.
Да затвореа комплет првомајски викенд немаше сега такви неочекувани работи да имаат. :smrk:
 

anonimen

Добро-Познат Член
11,551
11,245
113
Ништо пак. Ни кафичи, ни кафани, ни тргање на полициски час. Аман од ова.
Да затвореа комплет првомајски викенд немаше сега такви неочекувани работи да имаат. :smrk:
Што бидна, што кажаа?
Полициски од колку до колку?
Какви мерки?
 

Beauty

Администратор
49,892
61,910
113
  • Автор на оваа тема
  • #245
Што бидна, што кажаа?
Полициски од колку до колку?
Какви мерки?
Нема промена никаква засега.
Си останува се' исто.

А надеж имав денеска за кафичите :406389: Гледам сите кафичи се спремија за отворање, сепак ништо.
 

Beauty

Администратор
49,892
61,910
113
  • Автор на оваа тема
  • #247
Па нека збувне веќе, преку глава :haha:

Облеката немала да може да се пробува во бутици во C Mall. Ич нека не се пробува, ништо не планирам во тој случај да им купам.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,107
113
Jaс мислам дека дури сега ќе биде голема бројката на заразени. Народот малку и се опушти бидејќи му дојде преку глава од меркиве и од седењево дома па еве и времево лепота за шетање народот не издржува да е дома и да не се види со пријателите.

Ќе биде лошо долг период мислам дел од здравствена криза дел од економска криза и секакви мерки за справување со цела таа криза.
 

Beauty

Администратор
49,892
61,910
113
  • Автор на оваа тема
  • #249
:okokoren:

Нови бомби за Заев.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
:okokoren:

Нови бомби за Заев.
Ехехее 8-)
Интересно ќе е, не се грижите... ;):rolleye::uzivkanje::ehh:

Ако мисли некој дека со петардите од онаа директоркана на АВРМ шо беше ќе праат проблем, е па се зезнале... Има нуклеарки да се рокаат допрва.

Доста ви е засега :namignuva:
 

Beauty

Администратор
49,892
61,910
113
  • Автор на оваа тема
  • #251
Мада и ова нивниве денес не се нешто посебно. :neznam:
Oсвен што го вреѓа Камчев, друго нема нешто посебно.
Ок, тоа за Сорос, ама мислам дека медиумиве не смеат да ги пуштаат, а од друга страна не се нешто привлечни за да ги гледаат на нет. :neznam:
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Мада и ова нивниве денес не се нешто посебно. :neznam:
Oсвен што го вреѓа Камчев, друго нема нешто посебно.
Ок, тоа за Сорос, ама мислам дека медиумиве не смеат да ги пуштаат, а од друга страна не се нешто привлечни за да ги гледаат на нет. :neznam:
Грешка си. :)

Не ја гледаш главната перепција на која се мава. :)
Сите невладини се на црпко, т.е. си признава дека граЏанството беше платено. :) Шарените потоп, пуштени да се удават.

Вреѓа огромен дел од населението, што се удира по глава...

Камчев на крај го зафркна него. :) Треба да е тотална будала, а е будала лицето 3.З. што си играше со Камчев. :) Камчев ги рока бомбите и за Мицко чисто информативно. Но поентата ми е, парите од рекетот, вратени се кај Камчев со камата, така што црпко со погрешен чоек си играл.

Дополнително, у бомбава се глеа дека зоти дал на Чауш (тој со пасошите...). :) И дали сте се запрашале кај е оној на Трета партијата што го уапсија во Србија поради неплатен данок од Хрватска... :) За потсетување, спомнуваше дека има во посед бомби, но и за сдс на нашата земја. :)

Гледајте од поинаков агол, аут оф бокс... Не е ова обична игра, ова е и внатрепартиска игра. :) Скопското крило кое е бранковистичко, сака да го исчисти струмичкото крило кое е заевистичко...

А за крај, пак ќе речам, допрва се почнува, бидејќи ако се удри кон лични дискредитации на други, не се свесни некои дека ќе настане тотален хаос во поглед со нелегални материјали. Имаше неодамна случај, не е мое да поврзувам, но ај ќе си замолчам овде бидејќи е и премногу куцање... Оставам на вас да изгуглате одредени настани изминатава недела-недела и пол, а потоа да си ги поврзете сите тие работи. Малце ментална гимнастика.
 

Beauty

Администратор
49,892
61,910
113
  • Автор на оваа тема
  • #253
Ок, јасна ми е твојава поента, и така треба да биде.
Но ова денес со бомби на едни или други е гола вода во споредба со бомбите за Груевски. Значи народов го интересираат сензационалистички бомби и само така може да смени перцепција, а не да навлага кое крило што сака, кој е тој од Трета партија, итн. Пола и више од гласачите македонски не знаат ни што е Сорос, а поише од нив појма немаат ни за Чауш, еве јас сум во вториве.

Тие како тебе што се навлезени во ова ќе сфатат, али верувај дека големиот дел ништо не сфаќа од вакви бомби. Рекет затоа и доби на популарност, затоа што имаше снимка со Луј Витон ташната. Да не беше таа снимка и таа ташна, никој денес немаше да знае дека имало рекет.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Ок, јасна ми е твојава поента, и така треба да биде.
Но ова денес со бомби на едни или други е гола вода во споредба со бомбите за Груевски. Значи народов го интересираат сензационалистички бомби и само така може да смени перцепција, а не да навлага кое крило што сака, кој е тој од Трета партија, итн. Пола и више од гласачите македонски не знаат ни што е Сорос, а поише од нив појма немаат ни за Чауш, еве јас сум во вториве.

Тие како тебе што се навлезени во ова ќе сфатат, али верувај дека големиот дел ништо не сфаќа од вакви бомби. Рекет затоа и доби на популарност, затоа што имаше снимка со Луј Витон ташната. Да не беше таа снимка и таа ташна, никој денес немаше да знае дека имало рекет.
Сестре, токму затоа имаме задача да креираме перцепција, да ги насочуваме граѓаните и да ги лупаме северџаниве...
Не, не сум за ДПМНЕ, се арчам за Македонија, за таа кауза се борам.

Пред некоја година не верував дека ќе доаѓам до такви информации, ќе бидам со одредени ликови во контакт, но ете, ми промени многу... Ми се поклопи со мојата струка (политиколог), но денес едноставно е на сосема поинакво и повисоко ниво работите кои ги гледам и добивам секојдневно.

Ако имате твитер, сигурно ќе ме знаете... Од „влијателен“ (ако може да се каже така) со шеги и такви чуда, денеска сум на сосема поинаква тема... Нејсе, небитно.

Но верувам, народ што е експерт за секоја тема, што следи вести на сите можни телевизии и ги следи сите нивни изданија, и те како добро го знаат Чаушот со печатењето пасоши и лични карти дома, за изборен фалсификат... Овој на Трета, ми текна, Палевски... имаше и те како е објавувано бомби во Прилеп... Имаше по емисии гостувано и јавно плукано по СДС... а претоа и бил висок функционер во самата таа партија, сега сакаше своја партија, за на крај да оди кај Солза Грчева во Глас за Македонија.

Може обичниот граѓанин не знае кое е кодното име на татарот Петар Богојевски (Колиба) или на поранешниот шеф на управата спречување на перење на пари и финансирање тероризам (денешна Управа за финансиско разузнавање) што беше осуден за шпиунажа, Ване Цветанов (Грофот)... Може нема поим точно народот како шошонот на чело на УФР ги уценува одредени фирми да донираат во партијата која најдолго била на власт и ги контролира секогаш најголемите партии... Може не знае народот точно за колкави суми и како завршиле на директорот на ФЗОМ во Австралија... Но доволно е да го насочиш кон тоа што точно се случува... :)

Да, премногу гледање емисии со Васко Ефтов или Миленко Неделковски може да биде штетно, но дадени работи кај Васко се доста точни. За козарот не знам, бидејќи не сум го гледал со години... Но мора да се напомене, медиумиве ја немаат веќе таа сила... Денес, сета бомбастичност е на социјални мрежи - твитер првенствено, а потоа сето тоа пренесено на другите мрежи и евентуално портали...

ps: ок е, не мора да ме банирате, може знам нешто премногу, ама не мора да се плашите од мене хахаха :haha:
 

Beauty

Администратор
49,892
61,910
113
  • Автор на оваа тема
  • #255
Социјални мрежи ок, а што правиме со 50+ народот што нема социјални мрежи?
Остануваат телевизиите како единствен извор на информирање и добивање перцепција. А со нашиве телевизии не само што не може да се добие перцепција, туку уште толку може да се затупаве поради оскудноста и евтиноста на информации.
Значи не е само до социјални мрежи, добар дел од народот не ги користи.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Ох, мислам... океј ај знам дека си во грешка со ова, но и да ја прифатам таа гледна точка.
Што правиме со една телевизија која си ја буста гледаноста и има интересни гости во вечерните часови?
Да, зборам за Алфа. :) Скоро секогаш имам инфо за кој интересен гостин и за каква тема ќе биде дискутирано...

Да, може се работи премногу на креирање на мислење преку твитер, но и класичните медиуми не се запоставени...

Мислам дека ќе треба да прекинам тука со дискусијава, да не откривам премногу за читателиве, не за друго де, да биде интересно во блискава иднина што ни претстои...
 

Beauty

Администратор
49,892
61,910
113
  • Автор на оваа тема
  • #257
Уште ова. Алфа и ТВ Сонце не се влијателни телевизии. Единствена која имаше моќ да влијае на менталниот склоп на народот беше А1. Тоа беше начинот, а сега... евентуално Сител, Канал 5 и Телма би имале некаква минорна шанса да го репризират тоа влијание, но гледаме како се однесуваат и како се исплашени сите тие телевизии.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Забораваш дека Алфа во моментов е единствена тврдокорна опозициска телевизија.
Има многу за разглабање, да не речам и премногу, но доста е што нафрлив и олку.
Размислувајте, гледајте од повеќе агли, сфатете ја играта, да не речам војната... Може ги немате сите коцки (информации) за да ја сложите целосната слика, но и тоа што ви го нафрлив или тоа што дел од медиумите ќе ви го презентираат, мислам дека е добар почеток за правење на свое мислење.
 

alek

Активен Член
785
249
43
@JeftoMKD ме занима твое мислење дали ќе паднат вмро и сдс, односно дали ќе дојде трета опција на власт ?
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
@JeftoMKD ме занима твое мислење дали ќе паднат вмро и сдс, односно дали ќе дојде трета опција на власт ?
Тешко, во наредни 10 до 20 години тешко да дојде до промена.

Последната анкета вели дека ДПМНЕ води, ќе видам ептен директно за една друга анкета наскоро...

Но трета опција нема да дојде, не одговара на никого, прво од самите политички партии ќе ги пригушат и ќе си ги припојат, потоа не одговара на подземјето нов соработник, а секако тука е и разузнавачко-безбедносните служби кои си ја вршат работата... А да не ги заборавиме и надворешните амбасади кои одлично соработуваат со сегашниот дуопол...

Најблиску до трета опција беше ГРОМ со еден-два пратеника, но со коалицирањето со ДПМНЕ пропадна тоа... Пред тоа беа како трета ВМРО-НП, НСДП и слични, но тие коалицираа и пропадна тоа, а можеа да успеат минимално...
На овие избори, може да биде зачеток за Левица, води доволно да има 1 пратеник, но има проблем, може вкупен број гласови да има доволно, ама по изборни единици како е поделено ќе биде одлучувачки... Донтовиот метод со 6 изборни единици е креиран баш за големиве играчи...

Но зависно од тоа како Левица ќе напредува, може да биде ако не на овие, на следните избори одлучувачки фактор за коалиција и со повеќе од 2 пратеници...

Во блокот на албанското малцинство, таму беа неминовни промените, па така ДПА пропаѓаше и се роди Алијанса на Села... БЕСА дојде од Турција и Катар и Иран... Потоа дојде до поделба и настана хаос... Но сепак, ДУИ останува најголема во тој блок, а иронично, со најблаги ставови за разлика од нивните противници кои се радикали...
Од првенствена идеја да се руши ДУИ, дојде време да го браниме ДУИ и да ги рушиме другиве нивни партии...

Е сега со СДС на нашата земја, реков, тоа има две решенија: или да доживее пасокизација т.е. да исчезне а нејзиното место да го заземе друга партија... Или да се направи длабинска внатрепартиска промена за да опстои некако...

А за ДПМНЕ, сакале или не некои, таа ќе опстои уште долго, макар и со замрзнат имот и слично...

И да, гласањето во некои сателит партии е без поента... Џабе пропаднати гласови... Затоа може е подобро да се иде на двопартиски систем, наместо плурализам и секој да собере 1000 потписи и да си креира не знам: Родина, Интегра, овој оној... Дури ни самите основачи а не дај Боже ни нивните роднини и пријатели нема да ги гласаат овие партии... Не за чудо во неколку наврати вакви мали партиички не идеа на избори...

И да, кај нас нема тло за развој на радикална партија, по примерот на хеленската Златна Зора...

А за крај, немојте да ми кажете дека го заборавив Бачев со Единствена Македонија хахаха... Тоа е пион, не е руски колку шо е удбашка структура... Уште пред година и кусур на референдумските бојкотирања праеше проблеми, го знаевме фино... А денеска глуми нешо па на неговата фб страница напраил анкета кај што води не знам колку посто пред сите други хахаха...

Во секој случај, на овие избори пак ќе се мора да се коалицира, типувам на ДПМНЕ со ДУИ (што лично не го сакам, ама најверојатно ќе мора поради радикалните барања на другите преставници од (за)грозен вид што се...) и евентуалното „прешалтување“ на неколку пратеници од сдс на нашата земја. Е за Левица за влез во влада, тоа е во игра, но уште е рано да се збори.

А за крај, да повториме, избори наесен, Брнс од Калето (поминував денеска, требаше на кафе да ѝ наминам хаха) во изјава за некој портал ли беше, рече наесен, рано е сега... Дополнително, сите амбасади се со по 10% посто вработени, другото е сВе назад а Европа е затворена до кај 16.06, а зоти Заев сакал избори на 14.6... Така што, сам ќе си ги прави иако нема зелено светло од никаде. :)
 
Top