JeftoMKD
Добро-Познат Член
- 724
- 1,545
- 93
Џабе ќе пријавуваш сестре, полиција понекогаш поминува и не ни свири... Понекогаш поминува, ќе упали свирката овие беливе мечки мафтаат и така си поминува... На неколку игралишта се игра на големо кошарка, фудбал...Каде во Топанско, ако не е тајна? Ќе пријавам сега, не за тебе секако, него за тие, знаеме кои. Не може тие да се шетаат кај и кога ќе им текне. Сега и џамиите им се отварале
Не знам, ме нервираат маските, тие постојани пресови, препукувања, муабети во главно за ова.... крај нема ова и се' поврзано со пандемијава ми иде на живци веќе. Во последниве 15 дена ама милион неточни и различни статии има за кога отворале плажите во Грција и Црна Гора. Многу ми е гајле кога отварале, нека почекаат точна информација, а не секој ден различно.
Ако ја следите на инстаграм Полициски час, ќе видите дека највеќе видеа праќаат токму од Топанско...
На шала на смеа, со комшика ми викам дека можеме комотно да претрчаме на кафе, а сме на 10на минути...
Имам случај кај што чоек поседува 80% од становите на една зграда и фино си има ставено рампа на паркингот, така што, он не е надвор, он си е во својот двор, а фамилијата му брои само 13 синови и ќерки, а внуци и правнуци не се пребројани јер немало попис...
Ма остај, на работа со маска седев ама еве неколку дена бојкотирам (познат бојкоташ сум, шо да праам, струшив референдум со седење дома ахахха)... Сега ја носам само во автобус и тук-тамо надвор... А бидејќи сум ќор и носам ќороскопи воа де, очила, едвај гледам поради замаглување...
А за македонското „новинарство“ на порталите, не би да коментирам... Стварно не вреди, сешто се објавува... А и да се отворат плажите, нема туку така лесно да се појде... Прво се нема пари, второ никој не е толку будала да ризикува да закачи корона... А тие шо ќе појдат, кога ќе се вратат, ќе добијат уште 14 дена државен одмор во карантин. Убаво рече денеска Филипче, карантинот останува и нема отстапување, што и го поддржувам во тој поглед.
И да, ЕУ бара од земјите членки на Шенген зоната, да си ги затворат границите, да не пуштаат и примаат патници.