^
Со оглед на фактот дека ОНЕ услужува над 23% од сите корисници на мобилна телефонија во Македонија, и со оглед на фактот дека Вип услужува над 28% од сите корисници на мобилна телефонија во Македонија, доколку овие две фирми се спојат во една заедничка фирма, таа нова заедничка фирма би услужувала над 51% од сите корисници на мобилна телефонија во Македонија, а тоа е нелегално согласно со законот за заштита на конкуренцијата во Македонија.
Дојче Телеком направи нешто слично пред неколку години, кога го купи грчкиот ОТЕ Телеком, кој беше сопственик на Космофон. Бидејќи Дојче Телеком стана сопственик и на Ти-Мобајл и на Космофон, кои заедно услужуваа над 50% од сите корисници на мобилна телефонија во Македонија, ваквата бизнис зделка беше спротивна на законот за заштита на конкуренцијата во Македонија, поради што Дојче Телеком беше обврзан да продаде една од двете фирми.
Дојче Телеком одлучи да го продаде Космофон на словенечкиот Телеком Словенија, кој подоцна го ребрендираше Космофон во ОНЕ.
По логика на нештата, ваквото спојување на две телекомуникациски компании во заедничка фирма која би услужувала над 50% од сите корисници на мобилната телефонија во Македонија, е нелегално и со закон би требало да биде спречено.