Мобилни оператори

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,600
113
ВИП и ОНЕ официјално се споија. Новото име на компанијата е оне.ВИП

Известување за концентрација помеѓу

мобилком Мацедониен Бетеилигунгсфервалтунг ГмбХ (mobilkom Mazedonien Beteiligungsverwaltung GmbH)(во натамошниот текст„ММБ“), друштво со ограничена одговорност со регистрирано седиште во Ласалештрасе 9, 1020 Виена, Австрија (Lassallestrasse 9, 1020 Vienna, Austria), и ОНЕ телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје со седиште на бул. „Кузман Јосифовски – Питу“ бр.15, 1000 Скопје, Република Македонија (предмет бр. 08-192/2014)


1.Согласно член 15 од Законот за заштита на конкуренцијата (“Службен весник на Република Македонија” бр.145/10, 136/1 и 41/14), на ден 30.12.2014 година, до Комисијата за заштита на конкуренцијата (i) мобилком Мацедониен Бетеилигунгсфервалтунг ГмбХ (mobilkom
Mazedonien Beteiligungsverwaltung GmbH) (во натамошниот текст„ММБ“), со регистрирано седиште во Ласалештрасе 9, 1020 Виена, Австрија (Lassallestrasse 9, 1020 Vienna, Austria), како непосредно владејачко друштво на Друштвото за комуникациски услуги ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: „ВИП“), со регистрирано седиште на ул. „Филип Втори Македонски“ бр. 3, ДЦ Соравиа, 8-ми кат, 1000 Скопје, и (ii)Телеком Словеније д.д. (Telekom Slovenije d.d.) со регистрирано седиште на Цигалетова улица 15, Љубљана, Словенија
(Cigaletova ulica 15, Ljubljana, Slovenia), како директно владејачко друштво на ОНЕ телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст:„ОНЕ“), со седиште на бул. „Кузман Јосифовски – Питу“ бр.15, 1000 Скопје, вклучително и како директно владејачко друштво на ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА Друштво за телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст:„ДИГИ“) со регистрирано седиште на бул. „Партизански Одреди“ бр.70/5, ДЦ Алуминка, 1000 Скопје, поднесoa заедничко известување за планирано спојување меѓу ВИП и ОНЕ (вклучувајќи го и ДИГИ) во новоформирано друштво во кое ММБ ќе има единствена контрола.
ВИП и ОНЕ ќе се спојат во новоосновано друштво со ограничена одговорност со назив „Друштвото за комуникациски услуги оне.ВИП ДОО Скопје“ (во натамошниот текст:„one.VIP“), пришто ДИГИ ќе биде пренесен во 100% сопственост на ОНЕ пред спроведувањето на таквото спојување. ММБ ќе стекне единствена контрола над one.VIP.


2.Основни деловни активности на засегнатите претпријатија:

2.1 мобилком Мацедониен Бетеилигунгсфервалтунг ГмбХ (mobilkom Mazedonien
Beteiligungsverwaltung GmbH)( „ММБ“) е дел од Телеком Австрија Групацијата (во натамошниот текст: „ТАГ“), која е под контролата на Телеком Австрија АГ (Telekom Austria AG), акционерско друштво основано и постоечко согласно законите на Република Австрија, со регистрирано седиште на Ласалештрасе 9, 1020 Виена, Австрија (Lassallestrasse 9, 1020 Vienna, Austria), регистрирано во Трговскиот суд на Виена под регистарски број FN 144477 t.(во натамошниот текст: „Телеком Австрија АГ“). ММБ е холдинг компанија во рамките на ТАГ за нејзините дејности на македонскиот пазар. ТАГ е давател на комуникациски услуги во Централна и Источна Европа и е тековно присутна во осум земји: Австрија, Бугарија, Белорусија, Хрватска, Лихтенштајн, Република Македонија, Република Србија и Словенија. Нејзиното портфолио опфаќа производи и услуги од областа на говорната телефонија, широкопојасен интернет пристап, мултимедијални услуги, податочни и ИТ решенија.

-Друштво за комуникациски услуги ВИП ОПЕРАТОР ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст: „ВИП“) ул. „Филип Втори Македонски“ бр. 3, ДЦ Соравиа, 8-ми кат, 1000 Скопје, Република Македонија со предмет на работење – Дејности на безжични телекомуникаци.
ВИП е активен во обезбедување на мобилни телекомуникациски услуги во Република Македонија. ВИП ги нуди своите услуги на резиденцијални и на деловни корисници. Неговиот асортиман на услуги вклучува при-пејд и пост-пејд мобилни услуги, 3G интернет и мобилни апликации.
ВИП е зависно друштво во 100% директна сопственост на ММБ.

-Друштво за трговија ВИП Продажба ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст; „ВИП Продажба“), ул.„Филип Втори Македонски“бр.3, 1000 Скопје, Република Македонија, со предмет на работење: Трговија на мало со телекомуникациска опрема во специјализирани продавници.
ВИП Продажба е зависно друштво во 100% директна сопственост на ВИП.

-Друштво за трговија ВИП Услуги ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст; „ВИП Услуги“), ул.„Филип Втори Македонски“бр.3, 1000 Скопје, Република Македонија, со предмет на работење: Останати деловни помошни услужни дејности, наспоменати на друго место.
ВИП Услуги е зависно друштво во 100% директна сопственост на ВИП.

-Друштво за телекомуникациски инженеринг, софтвер, трговија и услуги БЛИЗУ МЕДИА ЕНД БРОУДБЕНД ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст; „Близу“), бул.„Трета Македонска бригада“бр.48, 1000 Скопје, Република Македонија, со предмет на работење: Дејности на жичани телекомуникации.
Близу е зависно друштво во директна целосна сопственост на ММБ. Близу ги нуди своите услуги за резиденцијални и за деловни корисници. Неговиот асортиман на услуги вклучува дистрибуцијата на медиумски содржини, обезбедување на пристап до широкопојасен интернет и фиксна телефонија.
Близу е зависно друштво во 100% директна сопственост на ММБ.

2.2 ОНЕ телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје (во натамошниот текст:„ОНЕ“), бул. „Кузман Јосифовски – Питу“ бр.15, 1000 Скопје, Република Македонија, со предмет на работење-Дејности на безжични телекомуникации.
ОНЕ нуди мобилни телекомуникациски услуги за крајни корисници, фиксна телефонија, широкопојасен интернет пристап и дигитално видео емитување во Македонија.
ОНЕ е зависно друштво во 100% директна сопственост на ТС.

-ДИГИ ПЛУС МУЛТИМЕДИА Друштво за телекомуникациски услуги ДООЕЛ Скопје
(во натамошниот текст:„ДИГИ“) бул. „Партизански Одреди“ бр.70/5, ДЦ Алуминка, 1000 Скопје, Република Македонија, со предмет на работење: Дејности за дистрибуција на филмска, видео и телевизиска програма.
ДИГИ врши дистрибуција на ТВ канали на територијата на Република Македонија преку DVB- T систем.

Во времето на поднесување на ова Известување, ОНЕ и ДИГИ се зависни друштва во 100% директна сопственост на ТС. Меѓутоа, се планира ОНЕ да стане 100% сопственик на ДИГИ пред спроведувањето на Предложената трансакција.

Според подносителите на известувањето предметната концентрација се однесува на следните релевантни пазари на производи во Република Македонија:
1.пазар за обезбедување на фиксни телекомуникациски услуги за крајни корисници;
2.пазар за обезбедување на мобилни телекомуникациски услуги за крајни корисници;
3.пазарна завршување на повик во фиксната или мобилна мрежа;
4.пазар на меѓународен роаминг;
5.пазар на обезбедување на услуги на широкопојасен интернет пристап за крајни корисници;
6.пазар на обезбедување на услуги на пренос на аудиовизуелни содржини до крајни корисници и
7.пазар на големо за пристап до јавни мобилни комуникациски мрежи и услуги за започнување на повик во јавни мобилни комуникациски мрежи.


3.Врз основа на прелиминарното испитување Комисијата утврди дека предметната концентрација може да потпадне под одредбите на Законот за заштита на конкуренцијата. Сепак конечната одлука по ова прашање е резервирана.


4.Комисијата ги повикува заинтересираните трети страни да достават забелешки и мислења за оваа концентрација до Комисијата. Забелешките и мислењата на заинтересираните трети страни можат да се испратат на факс: 02 3296 466, на адреса: ул. Св. Кирил и Методиј бр.54, Скопје или по e-mail: [email protected] и истите треба да пристигнат до Комисијата во рок од 10 дена од денот на објавување на ова известување.


08.01.2015 година
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,600
113
Албафон пропадна – се затвора четвртиот мобилен оператор

Четвртиот мобилен оператор Албафон повеќе нема да постои. Вчера корисниците добиле пораки дека компанијата нема повеќе да функционира и дека треба да се префрлат на друга мобилна мрежа.

Албафон нудеше телекомуникациски услуги на околу 16.000 корисници и ги користеше услугите преку мрежата на ОНЕ, за што веќе имале големи долгови кои не ги подмириле кон компанијата.

Од ОНЕ имало одличен договор за комерцијално работење на виртуелниот мобилен оператор Албафон. Во исто време понудиле и неколку солуции за надминување на големите финансиски долгови коишто компанијата ги имала генерирано кон ОНЕ. Но и покрај ова , сопствениците на Албафон не покажале интерес за исполнување на договорот и не ги прифатиле решенијата за надминување на финансиските долгови што неминовно доведе до одлуката тие да бидат исклучени од мрежата на ОНЕ преку која го обезбедуваа извршувањето на своите операции.

Од компанијата ОНЕ ги повикуваат сите корисници на Албафон да ја искористат можноста за бесплатно мигрирање на својот број во ОНЕ и користење на најповолните при пејд понуди што ги нуди ОНЕ и Џабест.

Албафон беше четвртиот мобилен оператор чија целна група беа првенствено граѓаните со албанско етничко потекло-како начин за остварување на подобри економски резултати што се покажа погубно за пазарната логика во која главна улога играат цените и технолошкиот напредок.

Пред две години кога беше пуштен во употреба префиксот 073 од компанијата кажаа дека една од главните цели на Албафоне е да им служи на корисниците. Албафоне ќе расте заедно со своите корисници, секогаш ќе ги следи и применува најновите технолошки иновации и за кратко време ќе понуди нови услуги на пазарот, соопштија од компанијата на стартот.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,090
113
Во Тетово отворија Албафон салон и никој воопшто не имаше стапнато таму да направи некој договор и нешто слично. Седеа за џабе вработените, па по некој ден седеше онака затворен салонот. Денес тпк простор е банка.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,600
113
Одобрено спојувањето на ОНЕ и ВИП

Комисијата за заштита на конкуренцијата ја одобри концентрацијата со која Мобилком Австрија стекнува контрола над телекомуникацискиот оператор ОНЕ. Концентрацијата е во согласност со одредбите од законот и ја одобрува под услов подносителите, ОНЕ и ВИП да ги исполнат преземените обврски во утврдените рокови.

Барањето за спојување на ОНЕ и ВИП е доставено првично до Комисијата на 30 декември 2014 година. Врз основа на доствената документацијата Комисијата утврди дека пријавената концентрација ќе доведе до нарушување на конкуренцијата на пазарот на обезбедување мобилни телекомуникациски услуги и на пренос на аудиовизуелни содржини до крајни корисници.

- Имено спојувањето на ОНЕ и ВИП кои се втор и трет мобилен оператор ќе доведе до значително нарушување на ефективната конкуренција и реализацијата на предметната концентрација ќе значи дека друштвата Близу и Диги ќе станат дел од иста групација, наведуваат од Комисијата за заштита на конкуренцијата.

На 6 јули годинава доставени се до Комисијата за заштита на конкуренцијата изменети обврски со цел да се постигне концентрација која е во согласност со одредбите на законот. Со нив подносителите се обврзуваат во релативно краток период по реализација на концентрацијата да обезбедат фактички влез на нов целосен мобилен виртуелен оператор на пазарот кој ќе нуди услуги од мобилната телефонија најмалку во период од 15 години.

Дополнително се обврзуваат дека до влезот на пазарот на целосниот мобилен виртуелен мрежен оператор, ВИП односно ОНЕ.ВИП како негов правен следбеник нема да ги измени постоечките малопродажни пакети на ВИП.

Подносителите преземаат обврски и во однос на преносот на аудиовизуелни услуги на крајни корисници односно преземаат обврска да се направи достапно Direct to Home (DTH) решението на бела етикета на Групацијата на Телеком Австрија преку сателит односно дека Групацијата на Телеком Австрија ќе ја стави на располагање својата техничка дистрибуциска платформа на баратели со што ќе им овозможи да пренесуваат сателитски RAY-TV услуги до крајни корисници во Република Македонија.
 

TVman

Добро-Познат Член
16,692
13,067
113
Конечно да се спојат,уште одамна се чека на ова.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Во последно, нешто гадно се случува со мрежата на ОНЕ. :neznam:

Дали ќе има некоја промена blizoo - boomtv?
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,600
113
МАКЕДОНСКИ ТЕЛЕКОМ СО НАЈДОБРИ РЕЗУЛТАТИ НА ТЕСТИРАЊЕТО НА КВАЛИТЕТОТ НА МОБИЛНИТЕ МРЕЖИ ВО МАКЕДОНИЈА

Во тестирањето кое го спроведе компанијата P3 Communications, Македонски Телеком постигна 740 од можни 1000 бода и доби сертификат „Best in Test“

Македонски Телеком обезбедува најдобри резултати за мобилни податочни услуги и најдобри резултати за говорни услуги меѓу мрежите во Македонија, потврди тестирањето на компанијата P3 Communications, која на Македонски Телеком му додели P3 „Best in Test“ сертификат кој претставува меѓународно признат доказ за квалитет на мобилната мрежа.

Во текот на тестирањето спроведено во период од 12 до 20 мај мрежата на Македонски Телеком постигна 740 од можни 1000 бодови, многу повеќе од директната конкуренција.

“Независното истражување потврди дека нашата мобилна мрежа ги има најдобрите резултати преку симулирање на корисничко искуство, што беше докажано со издадениот угледен сертификат. Македонски Телеком е навистина лидер на телекомуникацискиот пазар, а тоа е позиција која ја постигнавме и сакаме да ја одржиме со постојани инвестици во мрежата”, изјави Божидар Полдругач, Главен директор за техника на Македонски Телеком.

Севкупното тестирање на P3 Communications покажа дека во Македонија мрежата на Македонски Телеком обезбедува највисок рејтинг за услуги за преземање (download) и поставување (upload) содржини и највисока оценка за говорни услуги.

Признанието е резултат на повеќекратните инвестиции реализирани од Македонски Телеком во најновите телекомуникациски технологии, со цел да се обезбеди најдобро корисничко искуство преку софистицирани и персонализирани услуги. Македонски Телеком прв ја воведе 4G мрежата и за краток временски период достигна 65% покриеност на населението и 40% покриеност на територијата со најновата 4G технологија. Овие бројки секојдневно растат, а со тоа и интересот на корисниците за 4G, а плановите се до крајот на 2015 година да има 70% покриеност на населението и 45% покриеност на територијата.

Компанијата „P3 Communications” е водечка европска компанија за технички консалтинг и услуги во телеком индустријата. Една од главните дејности на компанијата е компаративни мерења на квалитет на мобилни мрежи, кои ги спроведува во речиси сите европски земји, како и во други земји од светот (САД, Австралија итн.) P3 сертификатот е широко прифатен како независен и репрезентативен резултат од тестирањето на мобилните мрежи, бидејќи се базира на реална споредба на конкурентите на одреден пазар.

Сертификатот може да го погледнете на следниот линк: http://www.p3-group.com/en/service-cert ... 22656.html
Извор: http://www.fakulteti.mk/news/15-07-31/m ... onija.aspx
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,600
113
Телеком ги обедини Т-Home и T-Mobile

ПРОДОЛЖУВАМЕ ЗАЕДНО, ПОД ЕДЕН БРЕНД - ТЕЛЕКОМ

- Отсега на македонскиот пазар ќе биде препознатлив само еден бренд - брендот Телеком
- Брендовите Т-Home и T-Mobile згаснуваат
- Под брендот Телеком ќе се нуди целото портфолио на услуги од Македонски Телеком, наменето за приватни и деловни корисници
- Наскоро, компанијата го воведува новиот концепт на интегрирана понуда - Magenta 1, кој ги задоволува комуникациски потреби на целото семејство, дома и во движeње

Македонски Телеком ги згаснува двата продуктни бренда Т-Home и T-Mobile и воведува еден бренд - Телеком, под чија капа компанијата ќе продолжи да го нуди целото свое портфолио на услуги наменети за приватни и деловни корисници. Отсега под Телеком брендот ќе се нудат сите комуникациски услуги за дома и во движење: мобилни и фиксни интегрирани услуги, решенија за деловни корисници, како и и Cloud решенија.

Воспоставувањето на еден бренд има за цел поедноставување на процесите, во насока на зголемување на задоволството на корисникот, како клучен фокус на Македонски Телеком. Нашата компанија и понатаму ќе продолжи да ги нуди најдобрите услуги и грижа за единствено корисничко искуство од едно место и под еден брeнд Телеком.

Наскоро, под брендот Телеком ќе го претставиме новото интегрирано продуктно портфолио - Magenta 1, едноставен концепт којшто е лесно прилагодлив на специфичните потреби за комуникациски услуги на секој корисник. Magenta 1 ветува незаборавно корисничко искуство и многу забава за целото семејство, дома и во движење. Станува збор за концепт којшто во целост е прилагоден на динамичниот живот и потреби на современиот корисник.

„Ние сме најголема компанија во државата и гарант на силниот развој на телекомуникациската индустрија. Со своите инвестиции, Македонски Телеком ќе продoлжи да биде двигател на промените на пазарот, а истовремено и поддржувач на македонската економија и општество. Нашите следни активности се насочени да останеме лидери на пазарот. Од тука, воспоставувањето на еден Телеком бренд и воведувањето на новиот продуктен концепт целосно е во согласност со глобалната стратегија на Дојче Телеком Групацијата како телекомуникациски лидер во Европа.
Наскоро воведуваме ново продуктно протфолио коешто покрива спектар на телекомуникaциски услуги, согласно специфичните потреби на еден современ корисник“ - изјави Андреас Маиехофер, главен извршен директор на Македонски Телеком на средба со новинарите во Берлин.

Македонски Телеком на 19 септември со цел да го прослави брендот Телеком организира голем настан во Скопје за сите граѓани на Република Македонија, којшто ќе биде за паметење и ќе овозможи забава и незаборавно дружење.

03.09.2015
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,732
6,090
113
Сега откако се еден бренд Телеком Макс тв ќе остане со исто име или ќе му менуваат и нему име?

Кога веќе спомнав Макс тв на Кајгана форумот прочитав дека ќе го менуваат скроз изгледот на менито на Макс тв, но кога точно и не се знае нити официјално е потврдено од Телеком Македонија.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
^

MaxTV е име на услуга која ја нуди Македонски Телеком, а не име на фирма.

Но и да го сменат името на услугата, тоа е од најмала важност, важен е квалитетот, а судејќи според цените на услугите на Дојче Телеком во Германија - фирмата сопственик на Македонски Телеком, не треба да очекуваме некое сериозно размрдување на телекомуникацискиот пазар во Македонија во позитивна насока.

Најевтиниот пакет со 2 услуги на Дојче Телеком во Германија чини 30 евра месечно, а тоа е нешто над 1.800 денари месечно, а најевтиниот пакет со 3 услуги на Дојче Телеком во Германија чини 50 евра месечно, односно нешто над 3.000 денари месечно.

Бидејќи уште од кога ги купи Македонски Телекомуникации и Мобимак во 2000 година, на Дојче Телеком му стана стандардна и редовна пракса да ги наплаќа своите услуги во Македонија по цени слични, ако не и исти со неговите цени во Германија, слободно можеме да дојдеме до заклучок дека не треба да очекуваме некои сериозни подобрувања на телекомуникацискиот пазар во Македонија.

А кога сме кај менувањето на изгледот на менито, тоа е најмал проблем, дизајнот на изгледот на менито на еден софтвер е една од најлесните работи за луѓето кои го надградуваат и одржуваат истиот тој софтвер.

Тоа што не е ни малку мал проблем, е програмирањето на софтверот - не на изгледот на менито, туку на самиот софтвер. Но софтверот на MaxTV е доста добар, квалитетен и стабилен, поради што нема потреба од некои сериозни промени кај софтверот, освен ако им текне на Македонски Телеком конечно да овозможат копирање на снимените телевизиски содржини преку USB портите кои доаѓаат со нивните IPTV рисивери, а тоа и не е баш многу тешка работа за нивните програмери, но тешко дека ќе го дочекаме во блиска иднина.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,600
113
Телеком вчера ја претстави нивната најнова понуда - Магента 1

<img src=http://i.imgur.com/mO4lL4h.png?1>

<img src=http://i.imgur.com/w2ZrT5M.png?1>

<img src=http://i.imgur.com/FjzuV6I.png?1>
Знае ли некој дали може да се направи комбинација на услуги по желба?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
^

Ќе ти го преформулирам одговорот во прашање:

Дали досега можеше да се прави комбинација на услуги по желба кај 2 Max и 3 Max пакетите ?

Одговорот на ова прашање е истиот одговор и на твоето прашање.
 
Top