Мобилни оператори

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

Mulholland

Нов Член
382
0
0
Ana-Marija напиша:
Тука мобилната технологија се смета за многу скапа,но според мене за овој стандард и не е толку. Јас за мојот плакам 80$ и имам вклучено неограничени пораки кон сите мрежи,400мин бесплатен разговор кон сите мрежи,постојано бесплатен разговор со мојата и уште една мрежа,бесплатен разговор после 6пм и викенди,500мб интернет и анлимитед сошал нетворкинг и уште некои ситници.
Каде живееш ти, ако не е тајна? :)
Претпоставувам во Америка :)

Имам читано на разни сајтови (а и по американскиве серии се уверив) дека навистина имаат неограничени пораки и си пишуваат за се и сешто и нон-стоп се со телефоните во рака. Кога ли вакво нешто ќе стигне кај нас? :hmm:
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Имаш такви тарифи и кај нас, а тие што ги гледаш по сериите имаат телефони кои поддржуваат месенџери за кои не ти е потребен кредит за да напишеш некоја порака...
 

Mulholland

Нов Член
382
0
0
Chris напиша:
Имаш такви тарифи и кај нас, а тие што ги гледаш по сериите имаат телефони кои поддржуваат месенџери за кои не ти е потребен кредит за да напишеш некоја порака...
Е па може и така ама цело време ли се конектирани на интернет?
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Да цело време сме тука конектирани на интернет преку телефон. Еве пример у мое школо нема дете што нема блекбери или ајфон,а тие 2телефона имаат апликации кои порржуваат четување меѓу нив постојано бесплатно. Блекбери месинџер и вуатс ап се викаат (сте слушнале сигурно). Али исто и пораките на сите ни се бесплатни преку било која мрежа така да не си грешка и за тоа дека постојано се праи.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Mulholland напиша:
Е па може и така ама цело време ли се конектирани на интернет?
Да, јас се претплатив на T-Mobile за да имам нет 24 часа на BlackBerry-то. Месинџерот е постојано онлајн и наплаќа, не можам да кажам дека е free како кај Ана во Канада, но наплаќа минимално, немам збор со кој можам да ти опишам колку е мала цифрата бидејќи цената е 2 денара на некојси 100 карактери, што значи дека ако ти е потребно колку само да му пишеш на пријателот за нешто што во моментот се случува, а не да заспиеш четувајќи, ова ти е одлична и единствена можност тоа да го направиш речиси бесплатно.

Но тоа е една од малкуте добри услуги на T-Mobile, доколку вклучам пребарувач за да сурфам, отиде сметката.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Дали ви се случува на тие што сте од ONE корисници да ви стасаат пораки со текст сличен на ова - „наградна игра отворете ја страна и пријавете се или нешто слично“. Другарка ми се жали дека за секој празник и праќаат порака и кај неа и кај нејзините родители и му земаат по одредена сума од сметката за тоа. И после 10тина години корисник таму размислува да ги промени заради ова. Рече дека посебно се случува по ребрендирањето, а претходно немало ништо вакво
 

Mulholland

Нов Член
382
0
0
Missy напиша:
Дали ви се случува на тие што сте од ONE корисници да ви стасаат пораки со текст сличен на ова - „наградна игра отворете ја страна и пријавете се или нешто слично“. Другарка ми се жали дека за секој празник и праќаат порака и кај неа и кај нејзините родители и му земаат по одредена сума од сметката за тоа. И после 10тина години корисник таму размислува да ги промени заради ова. Рече дека посебно се случува по ребрендирањето, а претходно немало ништо вакво
Мене на T-Mobile ми стигна една ваква порака, а на татко ми едно 7-8, не знаев дека земале пари од сметката?! Ајде јас може сум го оставал мојот број на некои сајтови за игрички, апликации и слично ама татко ми не ни знае да се уклучи на Интернет.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Нема интернет другарка ми дома ама не значи дека друг не го оставил нејзиниот број. Инаку јас од Т-mobile не добивам ништо такво, а и секако веднаш праќаат состојба за сметката па си знам колку имам потрошено. Ова само на ONE се случувало
 

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
Такви пораки на T-mobile не, али спам порака ( у стил добивте наследство од вујко ви у Јужна Африка) секако дека да. И им се јавив, коректно ми се извинија и рекоа дека ќе внимаваат повеќе другпат :haha:
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Луѓе помагајте!
Пред два месеци се префрлив на Flex Start од T-Mobile и земав еден мобилен го даваа така за резерва сакав да ми биде, и сега сакам да се префрлам на Flex Medium затоа што навистина имаат намалени цени и попусти на поубави телефони ама јас веќе имам потпишано договор и не ќе можам да го раскинам, и на пример сега сакам да земам уште еден мобилен така само ако се префрлам на друга тарифа, што мислите, ќе дозволат?

И ако го раскинеш договорот со цел да земиш нов број колку може да платам пари, дали толку колку што сум дал за мобилниот (3500) или нешто повеќе?

Очаен сум, а понудата му трае уште кратко. :off:
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Па најдобро е да прашаш во продавница и да видиш што е најдобро. Обично ако е од поевтина на поскапа претплата ( за било што ова не мора за Т-mobile) дозволуваат ама обратно не знам
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Да не знаете дали декодирањето на мобилни телефони му штети нешто и би имало некои последици?
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Не би требало, еден другар го декодираше, му функционира како и пред тоа.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #35
Гледам дека во последно време Vip станаа се попопуларни и веќе многумина се префрлени таму. Се заинтересирав дали ги имаат надминато One во број на корисници, но според податоците што ги најдов, а се однесуваат за третиот квартал од 2010-та сеуште се нема случено тоа:

T-Mobile 58%
One 24%
Vip 18%

Сепак се опасно доближени и ништо чудно во скоро време да ги надминат, што би било катастрофа за One.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Да, многумина што ги познавам се префрлија на VIP, викаат дека најевтино било.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Мене ме зачудува процентот на корисници во Т- mobile макар што и јас сум корисник. Имаат поскапи тарифи ама сепак можеби тоа се должи на администацијата што користи нивни телефони
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
Нема ништо чудно во успесите на Ти-Мобајл.

Ти-Мобајл ја имаат најстарата, најдостапната и најстабилната мобилна телефонска мрежа во цела Македонија, нудат најквалитетни услуги, по најскапи цени за жал, но ОНЕ се преваранти невидени, во некои случаи се поголеми преваранти дури и од Ти-Мобајл, а ВИП ја имаат најнедостапната и најнестабилната мобилна телефонска мрежа во цела Македонија.

Се на се, успесите на Ти-Мобајл се должат 65% поради високиот квалитет на нивните услуги и 35% поради нискиот квалитет на услугите на ОНЕ и ВИП, како и поради фактот дека овие вториве се преваранти.
 

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
Dexter26 напиша:
Се на се, успесите на Ти-Мобајл се должат 65% поради високиот квалитет на нивните услуги и 35% поради нискиот квалитет на услугите на ОНЕ и ВИП, како и поради фактот дека овие вториве се преваранти.
Апсолутно се согласувам
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
Една работа што заборавив да ја спомнам за Ти-Мобајл.

Дојче Телеком, сопственикот на Ти-Мобајл, ја продава својата подружница на Ти-Мобајл во САД, веќе договорено е да ја продадат на ЕјТиЕнТи (AT&T).

Ваквата одлука на Дојче Телеком е дочекана на нож од страна на корисниците на услугите на Ти-Мобајл во САД, бидејќи во САД општо владее заклучокот на мнозинството граѓани на САД според кои, ЕјТиЕнТи нудат услуги со најкатастрофален квалитет, нивните служби за поддршка или не се достапни, или не знаат да понудат квалитетна поддршка на нивните корисници.

Многумина граѓани на САД вака коментираа на одлуката за продажба на американската подружница на Ти-Мобајл на ЕјТиЕнТи:

"Баш кога конечно добивме квалитетен мобилен телефонски оператор, истиот си заминува, а своите корисници му ги препушта на еден од најкатастрофалните мобилни телефонски оператори на денешницата во САД".

Јас сум задоволен од квалитетот на услугите кои ги користам од Ти-Мобајл, но од друга страна, сестра ми, која беше корисник на услугите на ОНЕ, ги батали и се префрли на Ти-Мобајл, бидејќи ОНЕ не знаеја како да и помогнат при решавање на конкретен проблем, нема да навлегувам во детали.

Исто така, од многу роднини и пријатели за корисничката поддршка која ја нуди ОНЕ, како и за квалитетот на нивните услуги, најчесто слушам исклучиво негативни критики.
 
Top