Мобилни оператори

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Како ме изнервирале од Т- Мобајл посабајле. Ми истече рокот на картицата/кредитот и така утрински одам до продавница по нов. Во радиус од 200 метри имав 3 продавници кај што се ставаше кредит. И така во едната нема, во другата неколку дена немаме конекција викаат, во третата од поодамна ја прекинавме соработката. И така имав утринско вртење на пола град за да најдам продавница кај што можам да ставам кредит.
Исто пред некое време влегувам во Тобако - демек работат постојано и имаат секогаш за ставање автоматски и ми вика нема - ќе одиш утре во продавницата од Т-Мобајл главната во Прилеп и таму ќе ставиш

Наместо поблиску до потрошувачите овие се подалеку
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
^

И планираат да бидат уште подалеку од потрошувачите, Missy.

Од мој роднина кој работи во Ти-Мобајл во Струга, знам дека Ти-Хоум и Ти-Мобајл во целост ги затвориле сите свои салони, претставништва и служби за одржување во Дебар, до крајот на 2013 планираат да го направат истото и во Гостивар, а за 4 или 5 години планираат да го направат истото и во Струга.

Ти-Хоум и Ти-Мобајл веќе се во фаза на спојување во една фирма, односно во еден телекомуникациски оператор кој ќе нуди телекомуникациски услуги и од областа на фиксната телефонија и од областа на мобилната телефонија, веќе се селат во новата зграда на плоштад Македонија во Скопје, која се наоѓа на истата локација на која се наоѓала старата Народна Банка пред скопскиот земјотрес од 1963 година и планираат од таму да ги контролираат сите телекомуникациски услуги низ цела Македонија кои ги нудат.

А надвор од Скопје, службите за одржување ќе бидат приватни фирми кои ќе склучат партнерство со Дојче Телеком - фирмата сопственик на Ти-Хоум и на Ти-Мобајл, во нивна надлежност ќе биде одржувањето на фиксната и на мобилната телекомуникациска мрежа на Дојче Телеком во Македонија, а за да се приклучиш или за да се исклучиш од Дојче Телеком, за жал ќе мораш да одиш кај тие безкичмењаци кои не те услужиле, барем така ми има кажано мојот роднина од Струга, освен ако нешто погрешно сум разбрал, зборувам за разговор од август 2012.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Па имаме избор и други оператори секако. Мислам останав јас некои 8-9 години на Т-Мобајл ама кога можи и број да се префрли на друг оператор не гледам зошто би останала ако продолжат вака
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #64
Во последно време на се' поголем број корисници на Т-Мобајл им пука филмот и се префрлаат на Вип.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
И мене ми пукна филмот конечно
По 9 години на Т-мобајл се префрлив на ONE
Позитивна страна на Т-мобајл е што имаат најдобра покриеност

Причини за префрлање меѓу другите

1во - заради тоа што пишував во претходниот пост. Стануваат премногу недостапни за корисниците. И итно да ми притребаше кредит во последно морав по 20тина минути да одам до центар за да ставам кредит од главната продавница бидејќи „магично“ и преку ноќ исчезнаа сите места во близина на кои се ставаше кредит. А во нивните салони редовно хаос. Изнервирани корисници, превисоки сметки, па исклучување, менување, додавање услуги без претходна најава на корисникот итн

2ро - многу поповолни понуди во постпејд посебно на другиве оператори
за споредба припејд т-мобајл 200 денари = 20тина минути разговор
постпејд ONE пола претплата - 1000 мин во мрежата, 20 мин кон други оператори, 50 смс, ммс, мб интернет
разликата е поприлично голема

3то - најголем дел од фамилијата и друштвото се префлија таму. Во главно не следам што прават другите, но сепак заради поволностите од 2ра точка се решив и јас
 

Beauty

Администратор
49,862
61,852
113
Да, One имаат добра понуда но ако имаш со кого да зборуваш во таа претплата. Мислам дека денес скоро сите се на Вип, знам некои кои исто така се префрлија на Оне, но се поретки се оние на Т мобиле, ми се чини.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Пред ден два гледав на Сител или Канал5, не знам на која беше, директорот на АЕК кажа дека ќе воведеле нови правила за мобилните оператори што им оневозможуваат различни цени за различни оператори, не ми е логично, ама убаво слушнав дека така рече, не можам да најдам на интернет сега. Кога сме кај АЕК, дали ја имате видено рекламата за пробај пред да купиш со девојката која се соблекува и си ги пере алиштата.
Мислам, не е вкусно, реклама со голотија да се прикажува без никакво предупредување во секој период од денот, ја имаат дадено неколку пати кога цело семејство гледаме телевизија и навистина е невкусно, а да не зборувам за малите деца.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Кај има тука пазарна економија и конкуренција, а крајно кај е заштитата на потрошувачите?

Ова ако воведат сите оператори исти цени. Можат да бидат ниски што е ОК за потрошувачите, а полошо за компаниите или превисоки пак што е премногу лошо за потрошувачите.

Инаку Т-мобајл навистина ја претерува овде. Едно девојче со кое се допишувам од Италија, минатата година беше во Канада и на бројот што го користеше таму (мислам од таму земен за одредена претплата - ама можам да препрашам за посигурно) бесплатни разговори и смс кон сите корисници од Т-мобајл во Канада и Америка плус да си избере 2-3 броеви надвор од Северна Америка кон кои ќе има бесплатно исто од Т-мобајл.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Веста беше дека АЕК ќе издејствува намалување на цените за 50 проценти, ако може некој нека ја најде.
И не дека сите оператори ќе имаат исти цени, туку дека нема да смее да се разликува цената на повици кон другите мрежи и кон истата мрежа. Не ми изгледа логично воопшто, затоа што кај некои оператори, на пример кај вип тоа ќе значи укинување на бесплатните тарифи кон броеви на вип за да цената дојде исто колку и за повиците кон другите мрежи затоа што нема шанси со цел да го исполнат правилото 'исти цени кон сите' да воведат бесплатна тарифа и на повици кон другите мрежи.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Јас сум на Т мобајл ама не зборувам многу на мобилен а и ретко СМС пораки праќам
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
За ништо не би го сменил Телеком и T Home.
Сега па уште повеќе кога ги намалија цените на оптичниот интернет. А кога станува збор за тарифите за мобилен имат доста ефтини, а дека и од кај нив зедов Самсунг Галаски смартфон имам убави поволности и за интернет а и бесплатни разговори.

За One немам негативно мислење, но Вип е катастрофа кога е во прашање мрежата и цените.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #72
Се чини дека One го возвраќа ударот.
Онаа новата „превртена“ понуда гледам им ги полни салоните во последните денови, а сега и ЏаБест (која собрала значителни 200.000 корисници) се обидува со уште една интересна кампања:
https://www.youtube.com/watch?v=s0j-IDHSwxU
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Уделот на мобилните оператори во Република Македонија.

- T-mobile - 49,50%
- Vip - 27,20%
- One - 23,30%

Ме чуди големиот удел на Т-мобиле бидејќи сите што ги познавам користат Вип, всушност во Штип огромен број на луѓе користат Вип во споредба со Т-мобиле. Очигледно во другите делови од државата е различно.
 

Beauty

Администратор
49,862
61,852
113
Не верувам дека е различно, сите користат Вип денеска.
Или за Т Мобиле се смета можеби од почетокот на постоењето, на сите непостоечки и некористени броеви.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
  • Автор на оваа тема
  • #75
T-Mobile конечно падна под 50%. Пред една-две години држеше и над 60%.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
^

Ништо не им е на Ти-Мобајл, подготвени се да трпат загуби со години и успешно да ги амортизираат истите.

Не знам дали сум спомнал претходно на форумов, но Ти-Хоум и Ти-Мобајл веќе ги затвораат своите салони и претставништва низ Македонија и оставаат на трети фирми, кои се нивни партнери, да ги одржуваат нивната фиксна и нивната мобилна телекомуникациска мрежа, а за плаќање сметки, приклучување или исклучување од нивната мрежа, префрлување кон друг пакет или за префрлување кон друг оператор, надлежни ќе бидат локалните продавници кои соработуваат, односно се партнери со Ти-Хоум и Ти-Мобајл.

Ова е систем кој веќе успешно функционира во Дебар, каде што повеќе нема ни салон, ни претставништво на Ти-Хоум и на Ти-Мобајл, туку локални фирми кои се во партнерство со Ти-Хоум и со Ти-Мобајл ги одржуваат нивната фиксна и нивната мобилната телекомуникациска мрежа, а кој сака да плати сметка, да се приклучи или исклучи од нивната мрежа, да се префрли кон друг пакет или да се префрли кај друг оператор, за тоа ќе мора да се обрати во некоја од локалните продавници кои соработуваат, односно се партнери со Ти-Хоум и со Ти-Мобајл.

Дојче Телеком, фирмата сопственик и на Ти-Хоум и на Ти-Мобајл, планира во Македонија да има само едно седиште, односно само едно претставништво, во Скопје, каде што неодамна се преселија во новата зграда на плоштад Македонија која се наоѓа на локацијата на старата Народна Банка во Скопје. Во тоа седиште, односно претставништво, ќе биде сместена само една фирма, во која ќе се спојат Ти-Хоум и Ти-Мобајл, а тоа ќе значи уште повеќе отпуштања, а со тоа и уште помалку трошоци за плати, придонеси, надоместоци и така натаму.

Ова е одлична тактика за било кој бизнисмен, наместо да вработувам луѓе на кои ќе морам да им исплаќам плати, придонеси, надоместоци, превоз, хранарина, боледување и што уште друго не, најкомотно ќе ангажирам друга фирма за да го направи тоа што јас треба да го направам, на таа фирма ќе и платам само за работна рака и толку, а за вработените, нека му ја мисли сопственикот на фирмата.

Еден пријател мој неодамна се вработи во една фирма која е партнер на Ти-Хоум, која ги поставува оптичките кабли низ Скопје. Ти-Хоум на неговата фирма и ги доставува опремата и оптичките кабли, а работата на фирмата е да ги поставува истата таа опрема и истите тие оптички кабли, Ти-Хоум плаќа само за работната рака, додека приватната фирма во која работи мојот пријател, од свој џеб, односно од сопствените финансиски средства, му исплаќа плата, придонеси, надоместоци и се останато на мојот пријател и на сите останати вработени.

Така да, и Ти-Хоум и Ти-Мобајл можат најкомотно да работат со загуби со години, се додека има салони и претставништва за затворање и вработени за отпуштање, ќе може да се амортизира загубата.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Стартува Албанфон


Новиот мобилен оператор во Македонија ќе започне официјално со работа од петок. Денеска Албафон официјално соопшти дека ќе се отворат и нивните први продавници каде првите илјада корисници ќе добијат бесплатни телефонски броеви.

Четвртиот мобилен оператор ќе биде насочен кон припадниците на Албанската етника заедница, а нивното главно мото е „Зборуваме на Албански“. Префиксот на Албафон започнува со броевите 073, а најавени се и многу ниски цени за разговори.

Првата продавница на Албафон ќе биде лоцирана во Трговскиот центар Сити Галери, додека пак втората ќе се наоѓа во населбата Чаир на улица Џон Кенеди.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Моментално ОНЕ има најслабо покриеност со 3Г мрежа. И ТМОбиле И ВИП ја проширија нивната мрежа, оне ништо.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
ВИП со извинување до сите корисници
Во текот на вчерашниот ден, 7 јули, во периодот од 15 до 16.50 часот, дојде до неочекувани технички проблеми во дел од телекомуникацискиот сообраќај во мрежата на Вип. Во споменатиот период, поради проблем во позадинските процеси во сообраќајот, корисниците на Вип почувствуваа потешкотии при воспоставувањето на комуникација, како и намалени капацитети на мрежата, односно беа делумно оневозможени да ги употребуваат гласовните, податочните, СМС и ММС услугите од Вип.
Професионалните тимови на Вип оператор и добавувачите ги презедоа потребните мерки за санирање на проблемот со што техничките потешкотии беа надминати во најкус можен рок и нормалниот режим на сообраќај беше повторно воспоставен.

Вип оператор ги презеде сите мерки за информирање на своите ценети корисници преку сите свои расположливи канали за комуникација со корисниците и тоа продажните салони на Вип, официјалните страни на социјалните мрежи, веб страната на Вип.

Вип им се извинува на корисниците за настаната ситуација и најискрено се надева дека ваквите или слични ситуации нема да се повторат во иднина.

Во исто време, Вип ги информира сите свои припејд и постпејд корисници дека поради несаканата ситуација од вчерашниот ден, ќе им овозможи еден ден бесплатно користење на услугите од Вип. Имено, на постпејд корисниците ќе им биде доделен попуст во нивната сметка за месец јули во износ од 1/30 од месечната сметка (еквивалентно со еднодневна бесплатна употреба на услугите од Вип, имајќи ја предвид и широката употреба на пакети со неограничени услуги), додека на припејд корисниците ќе им бидат доделени неограничени национални разговори и СМС пораки со важност од еден ден по добивање на известување од Вип кое ќе биде испратено во текот на наредните неколку недели.

Дополнително, Вип ги зема предвид и потешкотиите при надополнување на припејд сметките на корисниците кои можеле да настанат за време на ситуацијата и затоа сите надополнувања кои се случувале во овие два часа веќе им се доделени на корисниците. Вип секогаш оди еден чекор понатаму и затоа ќе ги одземе од корисничката сметка трошоците настанати од сообраќај во овие два часа во пограничните региони, каде што постои можност корисниците да биле преземени од оператор од соседните земји. Со цел да се избегнат дополнителни трошоци за корисниците, Вип ќе ги кредитира сите корисници за трошоците поврзани со роаминг од соседни земји настанати во овие два часа.

Како што се наведува во соопштението, Вип се надева дека ќе наиде на разбирање за несаканата ситуација од страна на корисниците и однапред им се заблагодарува на укажаната доверба.
Мкд.мк http://www.mkd.mk/makedonija/ekonomija/ ... -korisnici
 
Top