Мобилни оператори

  • Автор на оваа тема Burrows
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,864
61,855
113
Мене ме чуди зашто не постојат повеќе понуди од 300, од 555 итн. кај мобилниве оператори?
Сега гледам понуди од 699 денари и кај Уан и кај ВИП за роденден. А пред две години беше 555 понудата за ВИП.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
^

Златно спојување.

О НЕ... ВИП !!!

Допрва следуваат никакви времиња, без трет мобилен оператор сме осудени на дуопол и на непоснодливо високи цени.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
^

А дали е важно тоа дали веќе функционираат заедно или не ?

На хартија веќе функционираат заедно, а наводно во октомври 2015 и официјално ќе се спојат во еден оператор, со што бројот на мобилни оператори од 3 ќе се намали на 2. Блазе нас.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,604
113
Стартува со работа оне.Вип

Новоформираната компанија која настана со спојување на ОНЕ и Вип официјално стартуваше со работа. Со спојување на кориснички бази на двете компании, оне.Вип прерасна во еден од најголемите телекомуникациски оператори во Република Македонија кој ќе опслужува над 1,3 милион корисници со услуги во мобилната и фиксната телефонија, интернет комуникациите и телевизијата.

„Заедно создадовме телекомуникациски гигант кој и понатаму ќе нуди најдобри услуги, со што ќе биде првиот избор на македонските корисници“, изјави Никола Љушев, Извршен директор на оне.Вип, нагласувајќи дека „новата компанија и понатаму ќе се труди да создава повеќе вредност за сите – за корисниците, вработените, акционерите, за пазарот и општеството во целина“.

Со спојувањето, новата компанија ќе има поголем капацитет за инвестирање во сите телекомуникациски сегменти, што ќе овозможи збогатување на понудата со најновите светски технолошки достигнувања, понатамошно унапредување на квалитетот и развој на иновативни услуги базирани на најнапредни технологии во фиксниот и мобилниот домен, креирајќи го најдоброто портфолио на конвергентни фиксни-мобилни комуникациски услуги за корисниците во Македонија.

Во периодот до целосна интеграција на сите оперативни и технички системи што се очекува да се комплетира до крајот на 2016-та година, оне.Вип ќе продолжи да функционира преку две засебни постојни мрежи, системи за наплата, тарифни портфолија и продажни места на Вип и ОНЕ. Ова значи дека корисниците и понатаму ќе ги задржат своите постојни договори и ќе продолжат да ги добиваат услугите, под истите услови, квалитет и цени, како и досега. За таа цел, оне.Вип ќе ги задржи сите 900 вработени од двете досегашни компании.

„Започнува нова етапа во развојот на телекомуникацискиот сектор, што за нас е дополнителен предизвик. Следува период на целосна интеграција што ќе генерира нов, дополнителен квалитет за корисниците и понатамошен развој на пазарот. На крајот на тој процес, новата компанија ќе биде подготвена да ги нуди сите најсовремени комуникациски услуги на едно место, со најдобар квалитет и најдобро севкупно корисничко искуство. Ќе понудиме нови производи, услуги и нова содржина, задржувајќи го фокусот кон потребите на корисниците. Истовремено ќе бидеме оние што ќе ја стимулираат конкуренција, кои ќе инвестираат во инфраструктура, иновации и технологија со што ќе придонесеме и за вкупниот развој на македонската економија“, истакна Љушев.

Компанијата продолжува да обезбедува стабилност за своите вработени, овозможувајќи им услови да ги развиваат вештините неопходни за следење на најновите глобални трендови во телекомуникациската индустрија со што тие полесно и поефикасно ќе можат да се имплементираат и во Македонија.

Дополнително ќе продолжат и вложувањата во проекти значајни за заедницата, со што новата компанија, негувајќи ги вистинските вредности, ја продолжува традицијата на силен поддржувач на македонското општество.

Договорот за спојувањето на подружниците на Телеком Австрија Групацијата и Телеком Словеније Груп во Македонија беше објавен на 22. октомври 2014 година. Според тој договор, Телеком Австрија Групацијата поседува 55% и ќе има целосна контрола врз новосоздадената компанија оне.Вип, додека Телеком Словеније Груп поседува 45% од сопственоста. Покрај тоа, договорот вклучува и опции за излез на Телеком Словеније Груп од заедничката компанија во рок од три години од завршувањето на спојувањето.
Извор: http://onevip.mk/mk/start-one-vip/
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,604
113
Dexter26 напиша:
Дали досега можеше да се прави комбинација на услуги по желба кај 2 Max и 3 Max пакетите ?

Одговорот на ова прашање е истиот одговор и на твоето прашање.
3 Max, 2 Max и Call & Surf се формулирани пакети, а услугите во Magenta 1 се поделени со свои утврдени цени.

Колку што дознав, Телеком првично планирале да има комбинација на услуги по желба, но потоа се премислиле. Но, доколку претпоставиме дека Телеком воопшто не планирале да има комбинација на услуги по желба, логично би било во понудата да нема поделба на тие услуги со свои утврдени цени, туку едноставно ќе беше објавена само конечно дефинираната цена
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
^

И 3 Max, 2 Max и Call & Surf пакетите исто така имаат свои утврдени цени, исто како и Магента пакетите, со што се враќаме на почетокот - нема исполнување музички желби.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,604
113
Никој не кажа дека пакетите 3 Max, 2 Max и Call & Surf немаат свои утврдени цени.

Поопширно да објаснам - услугите (мобилна, фиксна & интернет, макс тв) како што можеш да видиш во понудата на Magenta 1 се поделени и секоја од нив има своја цена (Magenta 1 S - мобилна 2x499 денари, фиксна & интернет 699 денари, макс тв 699 денари). Што значи дека доколку не планирале комбинација на тие услуги по желба на корисникот, немаше да бидат посебно одделени и напишани која услуга колку чини, туку едноставно ќе беше напишана само цената 1.917 денари
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
^

Но нема опција за користење на едни услуги и некористење на други услуги, поради што цената од 1.917 денари е конечна, а со тоа сите тие други цени наброени се чиста формалност која нема никаква важност.

Кога купуваш 4 чоколади по цена за 3 ипол чоколади, а компанијата се фали дека ти нуди 4 по цена за 3, тоа се вика лажен маркетинг, но за жал, доста успешен на балканскиве простори.

Нема 5 пара чорапи за 100 денари, крај на приказната.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,604
113
Dexter26 напиша:
Но нема опција за користење на едни услуги и некористење на други услуги, поради што цената од 1.917 денари е конечна, а со тоа сите тие други цени наброени се чиста формалност која нема никаква важност.
Да, сега нема таква опција, но првично била така пуштена. Според тоа, нема потреба од дополнително повторување и објаснување на истите работи
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
Some Special напиша:
Да, сега нема таква опција, но првично била така пуштена. Според тоа, нема потреба од дополнително повторување и објаснување на истите работи
Точно, нема потреба од дополнително повторување и објаснување на работи кои не се случиле и очигледно нема да се случат.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,604
113
Ти ако си убеден дека нештото не се случило, не значи дека тоа навистина не се случило
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
^

Добредојден си да ме убедиш во спротивното со конкретни докази за тоа.

Но како и да е, твоето прашање беше:

Дали ќе може да се прави комбинација на услуги по желба ?

А одговорот на твоето прашање е:

Не.

А што и како било планирано, тоа се чаршиски приказни, и за Скопје Сити Мол првично беше планирана фасада кај која ќе доминираат белата, портокаловата и плавата боја, но на крај направија фасада кај која доминира маслинестата боја.

Едно е тоа што било планирано, а друго е готовиот производ.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,604
113
Другар, сигурно тоа што го кажав, не го измислив јас. Штом сум го пишал, значи има причина
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
^

Е добро де, дај линк од твојот извор на информации за да се увериме во неговата веродостојност.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,174
21,604
113
Сигурно не мислиш дека информацијата е објавена некаде на интернет ;)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,073
406
83
^

Е па тоа ја прави уште повеќе неофицијална и уште повеќе чаршиски муабет отколку потврдена информација.

Во ред, некој ти кажал дека требало да биде овозможено комбинирање на услуги по желба - воопшто не се сомневам во тоа и воопшто не мораш да ни откриеш од каде ти е таквата информација.

Но сега знаеме дека таквата информација е неточна, исто како што и информацијата која наоколу шета изминативе 2 недели за наводното спојување на Вип и Близо е неточна, бидејќи во повеќе наврати е потврдено дека ќе се спојуваат само Вип и ОНЕ - заедно со Боом ТВ, а Близо останува независна фирма.

Верувам дека сега можеме да ставиме крај на рекапитулацијата на потврдените информации наспроти шпекулациите и чаршиските муабети.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Како се нервирам што во најевтиниот пакет имаат мизерни 300 МВ. Барем еден гига да пуштат. Ист случај и со ОНЕ.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Па нормално дека ќе имаат малку во првиот пакет, иначе како би активирале вие поголем пакет или пак дополнителни пакети (не зборам конректно за ова со интернетот, зборам општо)?
За се` така, кај сите: сакате за интернет, сакате за телевизија, за фиксната не знам (но претпоставувам и таму е така), а за мобилната веќе да не збориме.
 
Top