Ин мемориам

  • Автор на оваа тема Dexter26
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Синоќа починал српскиот актер Небојша Глоговац (48), соопштуваат српските медиуми.


Тој починал во Клиничкиот центар Србија, каде што бил на болницата за пулмологија поради вложена здравствена состојба.

Глоговац пред 10 дена итно беше примен во Институтот за онкологија, кога и медиумите објавија дека тој е тешко болен.

Небојша Глоговац беше роден на 30 август 1969 година, студирал психологија на Филозофскиот факултет во Белград, а по две години се префрлил да студира глума на Факултетот за драмски уметности во Белград.

Тој ќе остане запаметен по бројни улоги на ТВ и во театар.
Лесна му земја.
Нека почива во мир.
Добар глумец беше :((
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #162
^

Бог да го прости !!!

Небојша Глоговац
30 август 1969 - 9 февруари 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #163
Вчера, сабота, 3 март 2018, на точно 20 дена пред неговиот 89-ти роденден на 23 март 2018, почина сер Роџер Банистер - британскиот невролог и атлетичар на средно растојание кој на 6 мај 1954 стана првиот човек кој успеа да истрча 1 милја (1.6 километри) за помалку од 4 минути.

https://aa.com.tr/mk/спорт/почина-првиот-човек-кој-претрча-1-6-километри-за-помалку-од-4-минути/1079664

Почина првиот човек кој претрча 1,6 километри за помалку од 4 минути

04.03.2018

Британецот Роџер Банистер на 6. мај 1954 година претрча четири круга за 3 минути и 59,4 секунди, што за многумина во тоа време беше недостижен резултат



ЛОНДОН (АА) - Роџер Банистер, првиот атлетичар кој претрча една милја (1,6 километри) за помалку од 4 минути, почина во 88. година од животот, пренесува Anadolu Agency (AA).

Семејството Банистер соопшти дека Британецот починал во саботата во Оксфорд.

Банистер на 6. мај 1954 година претрча четири круга за 3 минути и 59,4 секунди, што за многумина во тоа време беше недостижен резултат.

Неколку месеци подоцна, Банистер го победи и австралискиот противник Џон Ленди во трката позната како „милја на векот”, на игрите на Комонвелтот во Ванкувер, кога двајцата претрчаа една милја за помалку од 4 минути.

Од атлетиката се откажа со цел да ја продолжи својата долгогодишна и богата лекарска кариера.
http://www.bktvnews.com/sport/ostali-sportovi/in-memoriam-preminuo-atleticar-koji-je-svojom-trkom-ispisao-istoriju-fotovideo/167114

IN MEMORIAM: Preminuo atletičar koji je svojom trkom ispisao istoriju! (FOTO+VIDEO)

04. Mart 2018. u 17:58


Photo: Shutterstock/Ilustracija

Zbogom, legendo!

Nekadašnji atletičar Rodžer Banister preminuo je u 88. godini života.

"Rodžer Banister je preminuo u svom domu u Oksfordu. Bio je okružen porodicom koja ga je volela", prenose tamošnji mediji.


On je postao i te kako poznat nakon istorijskog događaja koji se odigrao 6. maja 1954. u sklopu atletskog takmičenja između reprezentacije Velike Britanije i Oksfordskog univerziteta u Oksfordu. Naime, on je oborio prvi rekord tako što je milju istrčao za tri minuta i 59 sekundi. Ali, ta slava trajala je samo 46 dana.

U karijeri je osvojio brojne prestižne nagrade, sve dok krajem 1954. godine nije odlučio da se povuče iz atletike i posveti studijama medicine. Kasnje je postao i konsultantski neurolog.

Iako je zvanično napustio atletiku, Banister je rekreativno trčao da bi, kako je nekada pričao, održao kondiciju. Međutim, Banister potpuno odustaje od atletike nakon stravične saobraćajne nezgode 1975. godine u kojoj je slomio nožni zglob.

Atletskoj legendi je 2011. godine dijagnostikovana Parkinsonova bolest, koju je svetu otkrio da ima tek 2014. godine.

"Video sam i radio sa mnogo ljudi koji imaju neurološki ili neki drugi problem, tako da mi nije čudno što sam i ja u ovom stanju. Ironija", rekao je on jednom prilikom.

Izvor: BKTVNews/BBC
Сер Роџер Гилберт Банистер
23 март 1929 - 3 март 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #164
Денес, понеделник, 26 март 2018, во 67-та година од својот живот, почина Симеон Иванов - Канго - македонски музичар, гитарист, поет, сликар и основач на културното друштво Мактеон.

https://kajgana.com/pochina-rokerot-kango

Почина рокерот Канго

26. март 2018 - 12:53 | МИА

Кочани, 26 март 2018 (МИА) - По тешко боледување на 67-годишна возраст претпладнево во Кочани почина рокерот и гитарист Симеон Иванов - Канго.


(Фото: МИА)

Повеќе од 50 години се занимаваше со музика и уметност како поет-сликар, а беше основач и на културното движење „Мактеон“ кое ја промовираше македонската нација, култура и јазик.

Во својата долга музичка и поетска кариера Канго издаде седум музички албуми и четири стихозбирки.

Беше препознатлив по својот немирен творечки дух и необичен стил на музицирање и облекување, поради што го нарекуваа македонски Џими Хендрикс.
http://makfax.com.mk/kultura/почина-рок-музичарот-канго/

Почина рок-музичарот Канго

26 март, 2018



Рок-музичарот Симеон Иванов Канго почина денеска, објави неговото семејство.

„На денешен ден, 26 март 2018 година, почина нашиот сакан и почитуван творец, патриот и уметник Симеон Иванов Канго. Нашиот сопруг, татко и дедо. Бог да го прости, со сочувство од фамилијата“, пишува во објавата на неговото семејство.



Симеон Иванов е роден во Кочани на 2 ноември 1951 година, каде што го завршил основното и средното образование. Дипломирал на Правниот факултет во Скопје. Со рокенрол музиката се занимава од раната младост, а во 2005 година го прослави 40-годишниот јубилеј од својата музичка кариера со концерт во Домот на АРМ во Скопје. Во неговата долга музичка кариера свирел заедно со речиси сите музичари од неговиот град и пошироката околина. Канго е и гитарист, текстописец, аранжер, композитор и продуцент на неговиот истоимен бенд, кој опфаќа гитара/вокал, бас гитара и тапани.

Над 20 години Канго е и сопственик на училиште за рокенрол музика каде го предава своето искуство на помладите генерации. Автор е на 4 збирки поезија: „Воскреснување“ (1988), „Вознесување“ (1989), „Вдахновение“ (1990) и поемата „Распетие“ (1997). Има издадено 6 музички албуми: „Воскреснување“ (1991), „Вознесување“ (1994), „Реинкарнација“ (1995) албум со преработки на песни на легендарниот гитарист Џими Хендрикс во изведба на Канго, „Вдахновение“ (1996), „Проповеди“ (1997), „Проповеди“ (1998) кој е компилација од најдобрите песни на Канго по повод 35-годишнината од неговата кариера. Кон крајот на 2007 година излезе седмиот албум наречен „Откровение“.
http://ekran.mk/2018/03/26/in-memoriam-simeon-ivanov-kango/

ИН МЕМОРИАМ: Симеон Иванов Канго

26/03/2018

Денес почина Симеон Иванов Канго. Музичар кој сиот живот го посвети на рокенролот и неговата најголема љубов – гитарата.

„На денешен ден, 26. март 2018. година, почина нашиот сакан и почитуван творец, патриот и уметник Симеон Иванов Канго! Нашиот сопруг, татко и дедо. Бог да го прости, со сочувство од Фамилијата“, напиша неговото семејство на неговата страна на Фејсбук.



Канго, како што сите познавачи на музиката го знаеа, остави длабока трага на мкедонската музичка сцена со својот уникатен и оригинален изглед но и виртуозноста во музицирањето – свирењето гитара.Со својот изглед и начин на свирење неодолливо потсетуваше на својот идол – Џими Хендрикс...



Да се гледа Канго беше неповторливо и уникатно искуство.
Симеон Иванов - Канго
2 ноември 1951 - 26 март 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #165
Завчера, недела, 25 март 2018, во 77-та година од својот живот, почина Линда Браун, афро-американката која како 9 годишно девојче во 1951 година го означи почетокот на крајот на расната сегрегација во САД, откако нејзините родители на 17 мај 1954 успешно се изборија за едногласна пресуда од страна на 9-те врховни судии во Врховниот Суд на САД во нивна корист против Одборот за Образование на Топека, Канзас.

https://www.slobodenpecat.mk/magazin/pochina-zhenata-chij-sluchaj-stavi-kraj-na-segregatsija-vo-uchilishtata-vo-sad/

Почина жената чиј случај стави крај на сегрегација во училиштата во САД

March 27, 2018


Фото - Принтскрин/Инстаграм

Линда Браун, жената чиј татко, кога таа беше девојче, се спротивстави што не и беше дозволено да посетува училиште само за бели луѓе во нејзиното маало и чиј случај стана симбол за еден од најтрансформативните судски процеси во историјата на Америка, случајот „Браун против Одбор за образование“, почина на 25 март во Топека, Канзас. Имаше 76 години.

Тажната вест ја потврдиле од Американската асоцијација за унапредување на положбата на обоени луѓе. Причината за смртта не е наведена.

Афроамериканката стана позната по тоа што нејзиниот случај доведе до забрана на расната сегрегација во американксите училишта.

– Линда Браун беше еден од оние млади херои кои заедно со своите семејства се бореа да стават крај на супремација на белите луѓе – расната сегрегација во државните училишта – изјавила Шерилин Ифил, од Американската асоцијација за унапредување на положбата на обоени луѓе што е основана во 1909 година со цел да ги брани правата на Афроамериканците.

Таткото на Линда Браун, Оливер Браун, во 1951 година сакал, тогаш деветгодишната Линда, да ја запише во училиштето што им било најблизу до домот, но кое било резервирано само за бели деца. Бил одбиен и морал да ја запише ќерка си во училиште што се наоѓало подалеку и било наменето за деца од семејства на црни луѓе.

Оливер Браун сепак одлучил да поднесе колективна жалба до судот. Судењето траело три години и со поддршка на Американската асоцијација за унапредување на положбата на обоени луѓе било завршено со едногласна одлука на Врховниот суд на САД, во мај 1954 година, дека сегрегацијата во училиштата е спротивна на Уставот на САД.

Таа пресуда се смета за една од најзначајните победи на движењето за граѓански права во Соеднитетите американски држави.

Младите се иднината
Сенаторката на Калифорнија, Камала Харис, оддавајќи и почит на Линда Браун, на Твитер посочи дека таа е потсетник дека младите секогаш се иднината. Нејзината храброст, додаде сенаторката, толку млада да се спротивстави на сегрегација во училиштата засекогаш ја смени борбата за нашите граѓански права.
Линда Браун
20 февруари 1942 - 25 март 2018

Лесна и` земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #166
Вчера, петок, 30 март 2018, во 83-та година од својот живот, почина првиот министер за култура во независна Република Македонија, еден од најреномираните византолози и член на Македонската Академија на Науките и Уметностите, Цветан Грозданов.

https://www.24.mk/pochina-akademik-cvetan-grozdanov-0

Почина академик Цветан Грозданов

31.03.2018 | 10:32



Академик Цветан Грозданов, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите вчера почина во Скопје, извести МАНУ.

Грозданов е роден 5 март 1936 година во Охрид. Студирал на Филозофскиот факултет во Белград, каде што дипломирал и ја одбранил својата докторска дисертација. Во 1985 година е избран за редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

Академик Цветан Грозданов е член на повеќе странски академии на науки и уметности и doctor honoris causa на повеќе универзитети.

За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 мај 1991, а за редовен член е избран на 20 јуни 1996 година. Во периодот од 2004 до 2007 година бил претседател на Македонската академија на науките и уметности.

Погребот ќе се изврши на Градиските гробишта во Охрид на ­­1 април (недела) во 14 часот, а неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капелата во Охрид од 13 до 14 часот.

По повод смртта на Грозданов, Македонската академија на науките и уметностите и Филозофскиот факултет – Скопје во Свечената сала на МАНУ ќе одржат заедничка комеморативната седница на 3 април 2018 година во 13 часот.
http://www.ohrid1.com/vest-statija/61563/pochina-akademik-cvetan-grozdanov

Почина академик Цветан Грозданов

31.03.2018



Академик Цветан Грозданов, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите вчера почина во Скопје, извести МАНУ.

Грозданов е роден 5 март 1936 година во Охрид. Студирал на Филозофскиот факултет во Белград, каде што дипломирал и ја одбранил својата докторска дисертација. Во 1985 година е избран за редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје. Имал повеќе должности и функции во општествените тела од доменот на науката и културата, како и на Универзитетот во Скопје. Бил министер за култура во првата Влада на Република Македонија избрана од плуралистичкото Собрание (1991/92 г.).

Во изминатите три денцении академик Цветан Грозданов исполнувал интензивна научно-истражувачка работа како еминентен византолог со европска репутација. Настапувал на бројни научни собири во земјата и во странство и држел предавања за средновековната уметност во повеќе градови во Југославија, во Париз, во Академијата на науките во Прага, на универзитетите во Солун, Истанбул, Рим, Неапол, Софија и др.

Во целокупниот опус на академик Цветан Грозданов е присутен интересот за проникнување во византиско-словенските културни врски, пред сè во ликовната уметност, почнувајќи од св. Кирил и Методиј и св. Климент Охридски пa сè до XIX век. Неговата работа во голем дел е заснована врз теренските проучувања што ги вршел во повеќе балкански региони, пред сè во Македонија и Света Гора. Хронолошкиот распон на материјата што ја проучува е мошне широк и ги опфаќа спомениците од времето на св. Климент Охридски, Самоиловата држава, Охридската архиепископија до времето на Преродбата. Најголем дел од неговиот опус се однесува на откривањето, идентификувањето и проучувањето на портретите на св. Кирил и Методиј и нивните ученици – св. Климент, св. Наум, св. Горазд, св. Сава, св. Ангелариј (познати како Седмочисленици).

За својата научна дејност академик Грозданов има добиено голем број престижни награди и одликувања во земјата и во странство.

Академик Цветан Грозданов е член на повеќе странски академии на науки и уметности.

За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 мај 1991, а за редовен член е избран на 20 јуни 1996 година. Во периодот од 2004 до 2007 година бил претседател на Македонската академија на науките и уметности.

Погребот ќе се изврши на Градиските гробишта во Охрид на ­­1 април (недела) во 14 часот, а неговите посмртни останки ќе бидат изложени во капелата во Охрид од 13 до 14 часот.

По повод смртта на Грозданов, Македонската академија на науките и уметностите и Филозофскиот факултет – Скопје во Свечената сала на МАНУ ќе одржат заедничка комеморативната седница на 3 април 2018 година во 13 часот.
https://makfax.com.mk/makedonija/почина-академик-цветан-грозданов/

Почина академик Цветан Грозданов

31 март, 2018



На 82 годишна возраст синоќа во Скопје почина академик Цветан Грозданов. Тој е роден на 5 март 1936 година во Охрид, а студирал на Филозофскиот факултет во Белград, каде што дипломирал и ја одбранил својата докторска дисертација, специјалирал византологија во Париз. Во 1985 година е избран за редовен професор на Филозофскиот факултет во Скопје.

Грозданов е првиот македонски министер за култура во експертската влада на Никола Кљусев. Беше претседател на Македонската академија на науките и уметностите од 2004 до 2008 година. По крајот на својот мандат, бил избран за претседател на Советот за култура.

Грозданов зад себе остави големо богатство во полето на црковната ликовна уметност и нејзината историја. Особено ќе биде запаметено неговото дело посветно на св.Климент Охридски.

За својата научна дејност академик Грозданов има добиено голем број престижни награди и одликувања во земјата и во странство.

Посмртните останки на Грозданов ќе бидат изложени во црквата Св.Софија, утре на 1 април, од 13 до 14 часот. На чинот на опелото ќе началствува неговото високо блаженство архиепископот охридско – македонски г-дин г-дин Стефан, во сослужение на архиереите на македонската православна црква. Погребот ќе биде на градските гробишта во Охрид во 14ч. Општина Охрид комеморативна седница ќе одржи во понеделник, 2ри април.
По повод смртта на Грозданов и Македонската академија на науките и уметностите и Филозофскиот факултет Скопје во салата на МАНУ ќе одржат заедничка комеморативна седница на 3ти април во 13 часот.
https://www.slobodnaevropa.mk/a/29136839.html

Почина академик Цветан Грозданов

март 31, 2018


Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ)

Во Скопје вчера почина академик Цветан Грозданов, редовен член на Македонската академија на науките и уметностите, извести МАНУ.

Тој беше министер за култура во првата Влада на Република Македонија избрана во 1991/92 г.

Во изминатите три денцении академик Цветан Грозданов исполнуваше интензивна научно-истражувачка работа како византолог, а во неговиот опус е присутен интересот за византиско-словенските културни врски, пред сè во ликовната уметност, почнувајќи од св. Кирил и Методиј и св. Климент Охридски пa сè до XIX век
Цветан Грозданов
5 март 1936 - 30 март 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #167
Во вторникот, 10 април 2018, во 85-та година од својот живот, после кратко боледување почина српската актерка Јелена Жигон, жената која засекогаш ќе остане позната на публиката на просторите на поранешна Југославија по нејзиниот лик Јелена Тодоровиќ, која ја толкуваше во вонвременскиот филмски серијал Луде године, познат како Жикина династија.

https://a1on.mk/archives/878934

Почина актерката Јелена Жигон

11/04/2018 - 17:18



Српската актерка Јелена Јовановиќ Жигон почина во Белград по кратко боледување на 85-годишна возраст.

Жигон сними над 50 играни и 15 телевизиски филмови меѓу кои „Првиот граѓанин на малиот град“, „Мојата страна на светот“, „Утро“...

На просторите на поранешна Југославија најголемата популарност ја стекна со улогата во серијалот „Жикина династија“.

Таа е добитничка на наградата „Златен прстен“ за најдобра актерка во 1961 година, како и на други бројни југословенски и меѓународни признанија.
https://plusinfo.mk/почина-српската-актерка-јелена-жигон/

Почина српската актерка Јелена Жигон

11/04/2018 14:54

Најголема популарност стекна со улогата на Јелена Тодоровиќ во филмскиот серијал „Жикина династија“.



Српската актерка Јелена Јовановиќ Жигон почина вчера по кратко боледување.

Актерката родена на 3 ноември 1933 година, снимила над 50 играни и 15 телевизиски филмови.

Најголема популарност стекна со улогата на Јелена Тодоровиќ во филмскиот серијал „Жикина династија“.

Добитник е на наградата „Златен прстен“ за најдобра актерка во 1961 година и многу други.
https://vecer.press/почина-јелена-жигон/

Почина Јелена Жигон

11 април, 2018



Многу познатата српска актерка Јелена Жигон почина во Белград на 85-годишна возраст.Ќе ја памтиме по многу значајни улоги, но најмногу по интересната улога на Јелена, која му беше партнерка на Жика во култната филмска комедија “Жикина династија”, како и во комедиите:”Каков дедо таков внук”, “Дојде време љубов да се проба”….. Таа беше и сопруга на славниот српско-словенечки глумец Стево Жигон, но и мајка на глумицата Ивана и сликарот Никола Жигон.Во Русија се закити со големата филмска награда “Сергеј Бондарчук”, додека во Австралија публиката ќе ја памти по улогата во филмот “Ветена жена”. Актерката Жигон остави длабока трага во екс-југословенското актерство.
https://www.24.mk/pochina-akterkata-jelena-zhigon

Почина актерката Јелена Жигон

11.04.2018 | 23:22

Српската актерка Јелена Јовановиќ Жигон почина во Белград по кратко боледување на 85-годишна возраст.



Жигон сними над 50 играни и 15 телевизиски филмови меѓу кои „Првиот граѓанин на малиот град“, „Мојата страна на светот“, „Утро“. На просторите на поранешна Југославија најголемата популарност ја стекна со улогата во серијалот „Жикина династија“ каде ја толкуваше улогата на Јелена Тодоровиќ популарната сваќа Прија.

Таа е добитничка на наградата „Златен прстен“ за најдобра актерка во 1961 година, како и на други бројни југословенски и меѓународни признанија.

Во декември, актерката беше гостинка во нашата емисија Патот до успехот, каде по 20 години за првпат зборуваше за својот живот и кариера. Родена е во Белград и во својата актерка кариера има запишано безброј театарски и филмски улоги. На 16 години се запишува на факултетот за драмски уметности каде нејзиниот иден сопруг Стево Жигон бил асистент. По една година помината во Париз каде била манекенка, Јелена се враќа во Белград и се посветува на семејството и кариерата. Во серијата „Винету“ играше и со светски познатиот актер Стујарт Гренџер кој бил вљубен во неа, па иако знаел дека е мажена ѝ понудил брак.

Јелена и Стево беа родители на ќерката Ивана, денес успешна актерка и режисерка и синот Никола, сликар. Таа е единствената актерка од бивша Југославија која ја има добиено наградата за животно дело „Сергеј Бондарчук“ на меѓународниот форум „Златен визтез“ во Русија. Малку е познато дека Јелена влече корени од познатата кралска династија Караџорџевиќ.

Јелена ќе биде погребана во петок на Ново бежаниско гробље во Алејата на заслужните граѓани до нејзиниот сопруг Стево.

http://www.rts.rs/page/magazine/sr/story/471/svet-poznatih/3102035/preminula-glumica-jelena-zigon.html

Preminula glumica Jelena Žigon

sreda, 11. apr 2018, 12:54 -> 17:57

Glumica Jelena Jovanović Žigon preminula je u utorak posle kraće bolesti, saznaje RTS. Opelo će biti održano 13. aprila u 12.30 u Crkvi Svetog Nikole na Novom groblju.

Glumica rođena 3. novembra 1933. godine snimila je više od 50 igranih i 15 televizijskih filmova, među kojima se izdvajaju Prvi građanin male varoši, Moja strana sveta, Jutro, Divlje seme, Sudar na paralelama, Kapetan Leši...

U znak sećanja na Jelenu Žigon

http://www.rts.rs/upload/storyBoxFileData/2018/04/11/11646810/jelena-zigon-110418.mp4

Najveću popularnost je stekla je ulogom Jelene Todorović u desetodelnom filmskom serijalu Žikina dinastija, gde je igrala uz Dragomira Bojanića Gidru i Marka Todorovića – Lude godine (1977), Došlo doba da se ljubav proba (1980), Ljubi, ljubi, al' glavu ne gubi (1981), Idi mi, dođi mi (1983), Kakav deda, takav unuk (1983), Šta se zgodi kad se ljubav rodi (1984), Žikina dinastija (1985)...

U dalekoj Australiji snimila je sa velikim uspehom dva filma – Obećana žena i The Picture Show Man. U legendarnoj seriji o Vinetuu, koja je ostala zabeležna u svetskoj kinematografiji, imala je zapaženu ulogu sa poznatim holivudskim glumcem Stjuartom Grendžerom.

Dobitnica je nagrade „Zlatni prsten“ za najbolju glumicu 1961. godine, „Zlatnog beočuga“, kao i Plakete Jugoslovenske kinoteke za izuzetan doprinos domaćem filmu 2006. godine.

Na zenitu svog života i uspešne karijere, sasvim nedavno, u martu na međunarodnom forumu Zlatni vitez u Rusiji, dobila je nagradu za životno delo u oblasti filma po imenu filmskog stvaraoca Sergeja Bondarčuka – kao najveće priznanje koje se dodeljuje na tom festivalu.

Povodom nagrade „Sergej Bondarčuk“, Saša Erdeljanović je izjavio da je jedna od najlepših izjava ljubavi u srpskoj kinematografiji upravo izjava Jelene Žigon u Prvom građaninu male varoši Puriše Đorđevića.

U Republici Srpskoj nagrađena je za svoj rad sa ranjenicima Ordenom Njegoša prvog stepena, a potom u Crnoj Gori od mitropolita crnogorsko-primorskog Amfilohija dobila je Medalju Njegoša za plemenitost svog umetničkog i dobrotvornog rada.

Bavila se dramatizacijom poezije Dušana Kostića, Desanke Maksimović, Dragana Kolundžije, a autor je i scenarija za scensko-muzičku poemu o Simonidi, koja je izvedena u martu u beogradskom Narodnom pozorištu.

Smatrali su je muzom mnogih velikih pesnika, jer su o njoj napisane desetine pesama.

Među njima se izdvaja antologijska poema Ace Sekulića posvećena Jeleni Bar ti budi večna. Kao veliki čuvar književne i poetske reči prošle godine nagrađena je i „Zlatnim beočugom“ Beograda.

Jelena Žigon bila je supruga glumca Steve Žigona (preminuo 2005) i majka glumice Ivane Žigon i slikara Nikole Žigona.

Sa ćerkom Ivanom i Gavrilom Kujundžićem je pre 14 godina osnovala ansambl „Kosovski božuri“.
Јелена Јовановиќ Жигон
3 ноември 1933 - 10 април 2018

Лесна и` земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #168
Вчера, петок, 13 април 2018, во 87-та година од својот живот, почина чешко-американскиот режисер Милош Форман, кој се прослави со филмовите Лет над кукавичкото гнездо и Амадеус за кои два пати го освои Оскарот за најдобар режисер во 1975 година и во 1984 година, а беше номиниран за Оскар за најдобар режисер и за неговиот филм Народот против Лари Флинт од 1996 година.

За овие три филмови, Форман го освои и Златниот Глобус за најдобар режисер.

https://a1on.mk/archives/880235

Почина режисерот Милош Форман

14/04/2018 - 11:27



На 86-годишна возраст по кратко боледување синоќа почина познатиот американски режисер со чешко потекло Милош Форман.

Како што соопшти менаџерот на Форман, Денис Аспланд, режисерот-оскаровец починал во неговиот дом во местото Ворен во американската сојузна држава Конектикат.

Форман е добитник на Оскар за режија за филмовите „Лет над кукавичкото гнездо“ и „Амадеус“, а меѓу неговите останати познати дела се и „Народот против Лари Флинт“ и „Човек на Месечината“.

Тој е роден на 18 февруари 1932 година во местото Часлав во близина на Прага, како Јан Томас Форман. Неговите родители биле убиени во нацистичкиот концентрационен логор Аушвиц и Форман поголем дел од детството минал во дом за деца без родители.

Во 50-те години на минатиот век почнува да се занимава со снимање филмови, како еден од претставниците на „златната генерација на чехословачката кинематографија“. Во 1968 година за време на советската воена интервенција во Чехословачка, Форман се наоѓа во Париз, од каде емигрира за САД и во 1975 година добива американско државјанство.
https://makfax.com.mk/kultura/почина-култниот-режисер-милош-форман/

Почина култниот режисер Милош Форман

14 април, 2018



Чешкиот режисер Милош Форман кој својата слава ја стекна во Холивуд, почина вчера на возраст од 86 години.

Веста за неговата смрт ја пренела неговата сопруга Мартина. Форман почина во САД по кратко боледување.

За култните филмови „Лет на кукавичкото гнездо“ во 1976 и и за „Амадеус“ од 1984 е награден со престижниот Оскар.
Јан Томаш "Милош" Форман
18 февруари 1932 - 13 април 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #169
Вчера, сабота, 21 април 2018, во 50-та година од својот живот почина Верн Тројер - еден од најниските актери во светот, познат по своите улоги во филмскиот серијал Остин Пауерс, Луѓе во црно и Хари Потер и каменот на мудроста.

https://plusinfo.mk/почина-актерот-верн-тројер/

Почина актерот Верн Тројер

22/04/2018 12:37



Актерот Верн Тројер, кој стана најпознат по улогата Мини Јас во серијалот филмови „Остин Пауерс“, почина на 49 години во болница во Лос Аџелес.

Тројер минатата недела бил хоспитализиран во алкохолизирана состојба, бидејќи се обидел да изврши самоубиство.

Актерот подолг период страдаше од депресија и алкохолизам, а минатата година замина на рехабилитација.

Тројер беше специфичен поради неговата височина од 81 сантиметар.

Освен во филмовите за Остин Пауерс, позабележителни улоги имаше во „Луѓе во црно“ и „Параноја во Лас Вегас“.
https://www.slobodenpecat.mk/magazin/holivud-taguva-pochina-vern-trojer-mini-mi-od-ostin-pauers/

Холивуд тагува: Почина Верн Тројер, Мини Јас од „Остин Пауерс“

April 22, 2018


Фото - Принтскрин/Твитер/Verne Troyer

Американскиот актер и комичар Верн Тројер, познат како Мини Јас од филмот „Остин Пауерс“, почина на 49 години.

Во соопштението од неговиот портпарол се споменувале и депресија и суицидна состојба, но не се открива од што точно починал актерот.

Тројер, кој живееше во Лос Анџелес, јавно говореше за својата борба со алкохолизмот. На почетокот на април тој бил примен во болница во Лос Анџелес, но официјално не е соопштена причината. Лани беше во болница заради алкохолизам.

Верн Тројер глумеше и во филмот „Хари Потер и каменот на мудроста“ од 2001 година.

Верн Тројер глумеше и во филмот „Хари Потер и каменот на мудроста“ од 2001 година. Колегите од него се простија со зборовите: Благодариме за сите насмевки, љубезноста и поддршката... Живееше голем живот, пријателе... Тој беше уникатна душа. Почивај во мир.
https://makfax.com.mk/kultura/почина-мини-ми-ѕвездата-од-филмот/

Почина „Мини јас“, ѕвездата од филмот „Остин Пауерс“

22 април, 2018



Американскиот актер и комичар, Верн Тројер, познат како Мини Јас во филмот „Остин Пауерс“, почина на 50 години. Не се соопштени причината и местото каде починал Верн Тројер, кој беше висок само 81 сантиметар.

Во соопштението на неговиот портпарол, се споменува депресија кај актерот и суицидна состојба. Тројер, кој живеел во Лос Анџелес, јавно говореше за својата борба со алкохолизмот.

Глумеше во филмот Хари Потер и камен на мудростите во 2001 година. На почетокот на месецот, Тројер бил примен во болницата во Лос Анџелес, но официјално не е соопштено поради што, наведува Би-Би-Си. Минатата година бил во болница поради алкохолизам.
Верн Тројер
1 јануари 1969 - 21 април 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

TVman

Добро-Познат Член
16,691
13,066
113
Почина и пејачот Avicii. Лесна му земја, нека почива во мир :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #171
TVman напиша:
Почина и пејачот Avicii. Лесна му земја, нека почива во мир :(
Бог да го прости !!!

https://www.24.mk/pochina-di-dzejot-avichi

Почина ди џејот Авичи

20.04.2018 | 21:02



Швеѓанецот Тим Берглин попознат како ди џеј Авичи, почина денеска во Оман. Тој попладнево бил најден во местото Мускат, во државата Оман. Според неговиот публицист, не е позната причината за смртта.

Пред две години, Авичи објави дека нема да настапува повеќе во живо, а во последно време боледуваше од панкреатитис поради преголемата употреба на алкохол. Уметникот кој светот го освои со хит песните „Levels" и „Wake me up" четирисе наоѓаше на листата на најпалтените светски ди џеји со заработка од 57 милиони долари.

28 годишниот ди џеј има освоено две MTV награди и двапати беше номиниран за Греми. Соработуваше со Дејвид Гета, Мадона и Лени Кравиц. Годинава е номиниран за музичката награда Билборд.
http://ohridpress.com.mk/?p=86626

Почина светскиот диџеј Авичи

Мускат, 20. април 2018 (ОХРИДПРЕС)

Светскиот познатиот диџеј Авичи беше пронајден мртов денес во Мускат, Оман.



Шведската диџеј атракција, кој престана да оди на големи светски турнеи уште во 2016-та година, имаше само 28. години. Веста за неговата смрт ја потврди и Дијана Барон, која се грижеше за неговите односи со јавноста.

– Тој беше пронајден мртов во Мускат, Оман, денес, 20-ти април во попладневните часови. Семејството е скршено од болка и ги замолуваме сите да им дадат приватност во овие тешки моменти за нив, изјави Барон.


Иако живееше многу кратко, Тим Берглинг, познат како Авичи, зад себе остави забележителна кариера. Во 2011-та година беше рангиран на шестото место на Топ 100 листата, за веќе следната година да се искачи на третата позиција.

Роден е на 8-ми септември 1989 година во Стокхолм, Шведска, каде многу рано започнал да се занимава со неговата голема љубов – музиката. Првично започнал со правење на ремикси, а подоцна и создавање на сопствени песни, на возраст од само 18 години. Неговите пријатели го убедиле да ја објави музиката на интернет, што подоцна доведе до негова голема популарност. Следуваше поддршка и од светски познатиот диџеј и продуцент Тиесто, од кого доби покана да настапи во престижниот клуб „Privilege“, на Ибица. Поради неговиот огромен талент, тој беше препознаен и почитуван од многу други негови колеги. Поддршка стигна и од Пит Тонг кој го издаде неговиот прв сингл „Manman“.

(Крај)

извор: djmag.com
фото: djmag.com
Тим Берглинг - Авичи
8 септември 1989 - 20 април 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

TVman

Добро-Познат Член
16,691
13,066
113
Па ,нели е пејач ? Во Wake me up пее како што знам. А, и што е тоа битно.
 

TVman

Добро-Познат Член
16,691
13,066
113
Благодарам што ме исправивте. Не ја следам странската музика, па не знам :)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #178
Вчера, недела, 13 мај 2018, во 70-та година од својот живот, почина канадската актерка Марго Кидер, која се прослави со нејзината улога на Лоис Лејн во филмскиот серијал Супермен, каде што глумеше заедно со покојниот актер Кристофер Рив.

https://republika.mk/916623

Почина најпознатата девојка на Супермен

14.05.2018 20:00



Во 69. година од животот почина актерката Марго Кидер, јави „Би-би-си“.

Кидер беше најпозната по улогата на Лоис Лејн, девојката на Супермен кој го глумеше Кристефер Рив во седумдесетите и осумдесетите години на минатиот век.



Актерката беше родена во Канада, а американско државјнаство доби во 2005 година.
https://gostivarpress.mk/luis-lejn-od-supermen-zamina-od-ovoj-svet/

Лоис Лејн од Супермен замина од овој свет

14/05/2018



На 69 годишна возраст почина актерката Марго Кидер, најпозната по улогата на новинарката Лоис Лејн во „Супермен“. Светските медиуми објавија дека Кидер починала во неделата во својот дом во Ливингстон, Монтана.

Својата кариера ја започнала во нискобуџетни канадски Тв серии, но потоа добила забележителни улоги во филмови како „Сестри“, „Големиот Валдо Пепер“ и други. Сепак, светот ја запозна преку улогата на Лоис Лејн која ја играше во неколку продолженија од серијалот.

Кидер страдала од биполарно нарушување и имала чести психички кризи. Три пати се разведувала и родила ќерка.
http://www.rts.rs/page/magazine/sr/story/471/svet-poznatih/3137315/preminula-margo-kider-luis-lejn-iz-supermena.html

Preminula Margo Kider, Lois Lejn iz „Supermena“

ponedeljak, 14. maj 2018

Kanađanka Margo Kider, koja se proslavila ulogom Lois Lejn u prvom filmskom „Supermenu“, preminula je u 69. godini.

Glumica je umrla u svojoj kući, saopštilo je pogrebno preduzeće iz Livingstona u saveznoj državi Montana.


Margo Kider

Uzrok smrti nije saopšten, a njena menadžerka navela je da je umrla u snu, prenosi AP.

Margo Kider je rođena u Kanadi, a na početku karijere igrala je u nekoliko niskobudžetnih kanadskih serija.

Prvu veliku ulogu dobila je u filmu „Veliki Valdo Pejper“ sa Robertom Redfordom, a proslavila se ulogom Lois Lejn u „Supermenu“ sa Kristoferom Rivom.
http://www.novosti.rs/vesti/scena.147.html:727379-Preminula-glumica-Margo-Kider---novinarka-Luis-Lejn-iz-Supermena

Preminula glumica Margo Kider - novinarka Lois Lejn iz "Supermena"

14. maj 2018. 20:53

Glumica Margo Kider, poznata po ulozi Lois Lejn u filmovima o Supermenu 70-ih i 80-ih godina, preminula je u 69. godini u Livingstonu, u američkoj saveznoj državi Montani



Glumica Margo Kider, poznata po ulozi Lois Lejn u filmovima o "Supermenu" 70-ih i 80-ih godina, preminula je u 69. godini u Livingstonu, u američkoj saveznoj državi Montani.

Kider je preminula u svom domu, uzrok smrti nije saopštena, a njena menadžerka navela je da je umrla u snu, prenosi AP.

Ona je u filmovima o "Supermenu" glumila pored Kristofera Riva.
http://www.telegraf.rs/jetset/holivud/2958525-preminula-glumica-margot-kider-lois-lejn-iz-filma-supermen

Preminula glumica Margo Kider, Lois Lejn iz filma "Supermen"

14. maj 2018 | 19:24

Poznata glumica, koja je igrala Lois Lejn u čuvenom ostvarenju, preminula je u 69. godini


Printskrin: Youtube/Flashback FM

Glumica Margo Kider, koja se proslavila u serijalu filmova "Supermen", gde je igrala ulogu novinarke Lois Lejn, preminula je u 69. godini. Kako piše TMZ, ona preminula u svojoj kući u Montani, a uzrok smrti nije poznat.

Podsetimo, Margo je igrala u prvom i trećem serijalu filma "Supermen", zajedno sa legendarnim Kristoferom Rivom. Nakon uloge Lois Lejn, nastavila je sa glumom. Igrala je u serijama, filmovima i pozorišnim predstavama.

Tokom svog života, Margo se udavala tri puta.

Podsetimo se kako je Margo Kider igrala u "Supermenu" zajedno sa Kristoferom Rivom.


(Telegraf.rs)
Маргарет Рут "Марго" Кидер
17 октомври 1948 - 13 мај 2018

Лесна и` земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Познатите се згобугаат со Влатко Илиевски
Пејачот Влатко Илиевски синоќа беше пронајден мртов во неговиот автомобил на улицата Трета македонска бригада во Скопје.

Причините за смртта ќе се истражуваат, неговото тело е дадено на обдукција, а од обвинителството засега соопштија само дека нема траги на насилство.

Веста за неговата смрт ја потресе македонската естрада и неговите фанови. Колегите на пејачот и други познати личности, преку социјалните мрежи во неверица се збогуваат со Илиевски.






Почивај во мир. Ќе фалиш на македонскава естрада но твојата музика долго ќе се слуша.
 
Top