Ин мемориам

  • Автор на оваа тема Dexter26
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Нека почива во мир. Беше и ќе остане една од култните актерки во Србија и екс ју државите.
 

Transporter

Активен Член
521
222
43
Што улога имаше во ЛЗН ? Не се сеќавам баш на неа..
Беше присутна во повеќе од една сезона и беше една од „девојките“ на Изет, го имаше станот најгоре во истата зграда, а беше дојдена од Америка каде живееше и нејзината Ќерка, воедно беа во тандем со Сенка (актерка позната со црна коса ама у моментов не можам да се сетам на име) така да... таа беше Споменка у ЛЗН
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #205
Вчера, понеделник, 15 октомври 2018, во 66-та година од својот живот, од не-Хоџкинсова лимфома почина Пол Ален - еден од основачите на Мајкрософт и еден од пионерите на современата информатичка технологија.

https://www.slobodenpecat.mk/magazin/pochina-pol-alen-chovekot-koj-bil-gejts-go-sozdadoa-majkrosoft/

Почина Пол Ален, човекот кој со Бил Гејтс го создадоа „Мајкрософт“

16/10/2018


Фото - Профимедиа

Коосновачот на најголемата софтверска компанија во светот, Пол Ален, почина од компликации од рак, соопшти неговото семејство. Ален имаше 65 години.

– Мојот брат беше исклучителен човек во скеој поглед – изјавила неговата сестра Џоди, наведено е во соопштение од компанијата на Пол Ален, „Вулкан“.

Пол Ален со Бил Гејтс беа другари од детството и заедно го основаа „Мајкрософт“ во 1975 година. Тој ја напушти компанијата во 1983 година, кога се лекуваше од Хоџкинсов лимфом, но остана член на бордот до 2000 година.

Гејтс за Ален

Во изјава за Еј-би-си, Бил Гејтс рекол дека е скршен заради смртта на еден од неговите најстари и најдраги пријатели.

– Од нашите најрани заеднички денови во училиште, преку партнерството во создавањето на „Мајкрософт“, до некои од нашите заеднички филантропски проекти низ годините, Пол беше вистински партнер и сакан пријател. Компјутерството не би постоело без него. Пол не беше задоволен со стратување на една компанија. Тој ги предизвика својот интелект и страст во втора акција фокусирана на подобрување на животот на луѓето. Беше познат по тоа што велеше дека доколку нешто има потенцијал да слуши за добро, тогаш треба да го направиме. Пол го сакаше животот и луѓето околу него. Тој заслужи многу повеќе време, но неговиот придонес во светот ан технологијата и филантропијата ќе живеат со генерации. Ужасно ќе ми недостасува – посочил Бил Гејтс за својот покоен бизнис партнер и пријател.

Пол Ален беше познат и по филантропските активности, посебно во областа на здравството. Токму тој бил човекот кој го убедил Гејтс да се отпише од Харвард за да го создадат „Мајкрософт“.

Беше меѓу најбогатите

Пол Ален беше меѓу најбогатите луѓе на светот, а пред извесно време се најде и на листата на „Форбс“ на најмоќни луѓе на планетава. Според последните расположливи информации (од август 2018 година), неговото богатство е проценето на 20,3 милијарди долари. Своето богатство Ален го инвестираше и во вселенски патувања, уметности и култура, како и професиоанлни спротови.

Реакции

– Твоето лидерство не инспирираше, ти благодариме и те сакаме... Светот е подобро место заради пасијата на Пол, неговата посветеност и несебичност, никогаш нема да биде заборавен... Тој беше гениј кој се грижеше за човештвото и беше чест да може да се учи до него и да се биде во негова близина – се дел од коментарите што соработници, пријатели и луѓе кои го познавале Пол Ален ги оставија на социјалните мрежи простувајќи се од него.

https://netpress.com.mk/pocina-pol-alen-soosnovacot-na-majkrosoft/

Почина Пол Ален, соосновачот на Мајкрософт

16. октомври 2018

По долго боледување

Соосновачот на „Мајкрософт“, Пол Ален, човекот кој го убеди пријателот од училиштето, Бил Гејтс да го напушти Харвард и да ја основаат најголемата софтверска компанија во светот, почина вчера на возраст од 65 години, соопшти неговото семејство.


Бил Гејтс и Пол Ален во 2003 година

Ален почина во Сиетл од компликации предизвикани од не-Хоџкинсов лимфом.

Иако сите го познаваа како експерт за технологија и филантроп, тој беше сакан брат и вујко, а пред се одличен пријател. Имавме чест да сведочиме за неговиот хумор, топлина, великодушност и голема грижа, изјави сестрата на Ален, Џоди.

На почетокот на октомври, Ален откри на јавноста дека бил лекуван за овој тип на рак, од кој бил третиран и во 2009 година. На почетокот на осумдесеттите години, пред да замине од „Мајкрософт“, тој се разболе од Хоџкиснов лимфом, друг вид на рак.

Ален го напушти „Мајкрософт“ во 1983 година, пред компанијата да прерасне во огромна корпорација, по расправија со Гејтс. Но благодарение на првичниот удел во партнерството, можеше до крајот на животот да ужива во милијардите кои меѓу другото ги трошеше на вложувања во уметност, рок музиката, спортските клубови, истражување на мозокот.
И покрај расправијата која резултираше со заминување на Ален од позицијата главен извршен директор на „Мајкрософт“, тој и Гејтс подоцна се помирија, а не беа ретки случувањата на кои тие беа фотографирани на заедничи дружења.

Ален остана во одборот на директори на „Мајкрософт“ до 2000 година, а потоа беше советник на менаџментот на компанијата.

Тој исто така беше сопственик на кошаркарскиот клуб „Портланд“, како и на „Сиетл Сихокс“ од НФЛ лигата и посветен филантроп кој донираше долари повеќе од 1,5 милијарда долари.

Пол Ален е две години постар од Гејтс, со кого се сретнаа во 1968 година на престижното училиште Лејксајд во Сиетл и откриле дека делат страст кон компјутери. Ален го продолжил образованието на Државниот универзитет во Вашингтон, но од студирањето се откажал во 1974 година и се вработил во Бостон. Додека бил таму упорно го наговарал Гејтс, кој студирал во блискиот Харвард, да му се придружи во револуцијата на персоналните компјутери кои тогаш се раѓаа.

Гејтс конечно прифати во 1975 година па заедно го развија основниот софтвер BASIC за Алтеир 8800, гломазен десктоп компјутер кој чинеше 400 долари.

Потоа се преселиле во Албекерки во Ново Мексико за да се доближат до прозиводителот Алтеир. Идејата на Ален била компанијата да ја наречат Micro-Soft, комбинирајќи ги термините микропроцесор и софтвер во едно име.

Ален беше одговорен за техничките операции во првите осум години и беше меѓу ретките заслужни за настанувањето на првиот софтвер како MS-DOS и Word кои овозможија револуција на персоналните компјутери и го исфрли „Мајкрософт“ на врвот на индустријата.

Ален никогаш не се оженил и немал деца. Според Форбс, тој починал како 44-тиот најбогат човек на светот чие богатство било проценето на над 20 милијарди долари.

https://inovativnost.mk/2018/10/16/почина-пол-ален-еден-од-основачите-на-м/

Почина Пол Ален, еден од основачите на Мајкрософт

Датум: 16/10/2018

Почина човекот кој го наговори својот школски пријател Бил Гејтс да го напушти Харвард и да ја стартува најголемата софтверска компанија во светот. Коосновачот на Мајкрософт Пол Ален почина во понеделникот на 65 години после повеќегодишна борба со ракот, соопшти семејството



Ален го напушти Мајкрософт во 1983 година по кавгата со Бил Гејтс, непосредно пред компанијата да прерасне во дивовска корпорација. Благодарение на првичниот партнерски удел тој можеше да ужива во милијарди кои ги трошеше на јахти, уметнички дела, рок музика, спортски клубови, истражувања на мозокот и недвижности. Тој беше сопственик на кошаркарски и фудбалски клуб, но и посветен филантроп кој донираше повеќе од 1,5 милијарди долари.

Како познат љубител на музика, Ален имаше бројни пријатели од светот на музиката, како Боно од У2. Инаку, Пол Ален е роден во Сиетл во 1953 година. Тој бил две години постар од Бил Гејтс кога во 1968 година се запознале во престижното училиште Лејксајд во Сиетл и откриле дека делат иста страст кон компјутерите. Ален го продолжил школувањето на Државниот Универзитет во сојузната американска држава Вашингтон, но во 1974 го напуштил студирањето и се вработил во Бостон. Додека бил во Бостон упорно го наговарал Гејтс, кој студирал на Харвард, да ги напушти студиите и да му се придружи во револуцијата на личните компјутери (PC), која се раѓала во тоа време.


Пол Ален и Бил Гејтс

Во 1975 година Гејтс конечно се согласил и тие двајцата заедно го развија BASIC софтверот за Altair 8800, гломазен компјутер кој во тоа време чинеше 400 долари. Потоа се селат во Ново Мексико за да бидат поблиску до производството на Altair. Ален ја дал идејата компанијата да се нарекува Micro-Soft, спојувајќи микро-компјутер и софтвер во едно име.

Ален беше задолжен за техничките операции во првите одум години и еден од малкуте задолжени за креирањето на првите софтвери како MS- DOS и Word, кои овозможија револуција на личните компјутери (PC) и го исфрлија Мајкрософт на самиот врв во индустријата.

Пол Гарднер Ален
21 јануари 1953 - 15 октомври 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #206
Денес, понеделник, 12 ноември 2018, на помалку од 7 недели од својот 96-ти роденден, почина авторот и издавачот на стрипови, основачот на стриповската издавачка куќа Марвел, Стен Ли.

http://kajgana.com/pochina-sten-li-stripovski-genij-i-osnovach-na-marvel

Почина Стен Ли – стриповски гениј и основач на Marvel

12. ноември 2018 - 20:50 | Кирил Зарински

Неповторливиот автор и издавач кој стои зад стриповската машинерија Marvel, Стен Ли, почина денеска на 95-годишна возраст, а веста ја потврди и неговата ќерка Џеј Си Ли. Тој стоеше зад култни стриповски и филмски франшизи како „Spider-Man“, „The X-Men“, „Thor“, „Iron Man“ и многу, многу други.



Легендарниот Стен Ли успеа да доживее длабока старост, но неговите дела и наследството кое го остави за стриповската и филмската индустрија ќе останат да живеат засекогаш.

Стен Ли е роден на 8 декември 1922 година и за првпат почна да работи на стрипови за Капетан Америка во четириесеттите години од минатиот век, кога неговиот вујко го вработи во Timely Publications. Кратко потоа, тој служеше војска за време на Втората светска војна и се здоби со ветерански статус.

Неговиот пробив кон славата дојде само 20 години подоцна, кога во 1961 година заедно со Стив Дитко, Џек Кирби и неколкумина други ја преименуваше компанијата Atlas Comic (Timely Publications) во Marvel Comics. Раѓањето на легендата започна кога излезе првиот број на „Fantastic Four“ – до денешен ден најстариот и најдолгиот стрип серијал за група суперхерои.

Оттогаш Стен Ли ги издаде легендарните „Spider-Man“, „Thor“, „Iron Man“, „The Hulk“ и многу, многу други наслови кои денес се поголем дел од поп културата од било кога претходно. Неговото наследство остана да живее преку кратките појавувања во филмовите на Marvel, а безброј млади луѓе се запознаа со неговиот лик и дело токму преку нив. Низ текот на годините тој стана светски познат бизнисмен и неговата слава растеше од ден на ден, но тој остана доследен на љубовта за стриповите до последниот ден од животот.

Во последните неколку години тој боледуваше од разни болести, беше хоспитализиран поради пневмонија и неговото здравје беше дискутабилно во секој момент. Неговата сопруга Џоан Клејтон Букок, со која беше во брак 70 години, почина во 2017 година а тој остана да живее со неговата ќерка Џеј Си Ли.

Почивај во мир, Стен.

Excelsior!

https://www.fakulteti.mk/news/12112018/pochina-sten-li-vistinskiot-superheroj-na-marvel

Почина Стен Ли, вистинскиот суперхерој на „Марвел“

12.11.2018

Подготвил: Тамара Гроздановски


Стен Ли, човекот кој ги создаде највлијателните современи херои на денешницата, како Спајдермен, Ајронемен и Фантастичната четворка, почина во Лос Анџелес на 95-годишна возраст. Причината за смртта сè уште не е позната.

Стен Ли беше уредник и издавач на „Марвел комикс“, а неговите дела го направија реален суперхерој за љубителите на стриповите низ целиот свет.

Ли започна со работа во далечната 1939 година и беше автор и коавтор на Блек Пантер, Спајдермен, Иксмен, Тор, Фантастичната четворка, Хулк, Дардевил и многу други ликови. Соработувал со уметници како Џек Кирби, Стив Дитко и многу други. Себеси си обезбеди успех создавајќи херојски ликови со кои можеме сите да се поистоветуваме, наместо типични, безгрешни и совршени личности.


Фото: Тхе Мичо

Речиси сите негови херои го пронашле патот до профитабилни филмови, серии, видеоигри, играчки и разни видови предмети. Тие се основа на „Марвел ентертенјмент“, што сега е мултимедијална компанија во која „Марвел комикс“ е само еден аспект од бизнисот.

Ли бил горд на неговиот однос со обожавателите, одговарајќи на илјадници писма со својот уникатен стил и потпишувајќи ги со познатата фраза „Excelsior!“ Тој го создал таканаречениот Марвел-метод на пишување стрипови, со кој на колегите им проследувал основен синопсис на приказната, наместо да им обезбеди целосно сценарио. Ова значи дека други стрип-автори обработувале поголем дел од креативната работа, додека Ли честопати си ги преземал заслугите.

Џек Кирби бил особено лут на овој метод. Во 1971 година тој создал лик врз основа на насоките на Ли и го нарекол Фанки Флашмен - тој бил негативец кој ги експлоатирал другите луѓе, убедувајќи ги креативно да придонесат.

Откако го напуштил „Марвел“, тој останал во очите на јавноста поради успехот на филмовите на „Марвел“, во кои е наведен како извршен продуцент, а честопати и бил дел од самите филмови.

Огромното влијание на Стен Ли врз историјата на „деветтата уметност“ од него создаде икона позната во сите делови од светот, но исто така во голема мера благодарение на брилијантноста на неговата личност, интелект и топлина во неговата смисла за хумор. Тој инспирирал цела генерација на стрип-автори да го земат пенкалото в рака и да ја започнат нивната кариера.

https://makfax.com.mk/zanimlivosti/легендата-на-стрипот-стен-ли-почина-на/

Легендата на стрипот, Стен Ли, почина на 96 години

12 ноември, 2018



Творецот на Спајдермен, Икс-луѓе, Ајронмен, Тор, Црниот пантер и други култни стрип-приказни и ликови, Стен Ли, почина на 96 години. Легендарниот писател и уредник на „Марвел комикс“, починал во утринските часови во медицинскиот центар „Чедар-Синај“ во Лос Анџелес, пренесе „Холивуд репортер“.

Ли почна со создавање на измислените ликови во 1939 година и заедно со Џек Кирби и Стив Дитком, во својата кариера го осмисли Црниот пантер, Спајдермен, Икс-луѓе, Тор, Ајронмен, Фантастична четворка, Дердевил, Ентмен и бројни други ликови.

И покрај тоа што во заедницата на љубителите на стриповите од секогаше бил големо име, на пошироката јавност и` стана познат кога во 2009 година компанијата „Дизни“ го купи „Марвел ентертејнмент“ за четири милијарди долари.

https://tocka.com.mk/vesti/287914/pocina-osnovacot-na-legendarnite-marvel-superheroi

Почина основачот на легендарните Марвел суперхерои

12/11/2018 21:33

Стен Ли, еден од основачите на легендарниот Marvel Comics почина на 95 годишна возраст.



Веќе минатата година, кога здравјето започна да му се влошува започнаа дискусии за тоа кој ќе го наследи неговото големо богатство во вредност од 70 милиони долари.

Во понеделникот состојбата на Ли се влошила рано наутро во неговиот холивудски дом и итно ќе биде префрлен во болницата Сидарс Синаи, но набрзо по хоспитализирањето починал.



Тој зад себе ја остави својата ќерка Џоан Селиа, а неговата сопруга Џоан починала уште во јуни минатата година после мозочен удар, а парот во брак беше полни 70 години.

Ли се прослави во 60-те години, кога беше еден од основачите на Marvel Comics од кој потекнуваат најголемите суперхерои на денешницата кои се обожувани ширум светот. Hulk, Thor, X-Men, Dr. Strange, Iron Man, Spider-Man и Captain America се само дел од нив.



Стенли Мартин Либер
28 декември 1922 - 12 ноември 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #207
Вчера, недела, 25 ноември 2018, на помалку од 3 недели пред неговиот 75-ти роденден, почина македонската актерска легенда Мите Грозданов.

https://tocka.com.mk/vesti/289375/pocina-mite-grozdanov-bardot-na-makedonskoto-glumiste

Почина Мите Грозданов, бардот на македонското глумиште

26/11/2018

Вчера, 25 ноември, 2018 година, почина еден од бардовите на македонското глумиште, Мите Грозданов.



Тој е роден во Струмица, на 14 декември, 1943 година.

Мите Грозданов веднаш по дипломирањето на Театарската академија во Белград на отсекот за глума во 1967 год. се вработува во Драмскиот театар кој ќе остане негова матична сцена сѐ до пензионирањето во 2008 година.

Случајот сакаше така што токму нему му се посреќи на самиот почеток да се вивне во уметничките височини закитувајќи се со Златниот ловоров венец на престижниот сараевски фестивал МЕСС за насловната улога во Партитурата за еден Митрон. Помеѓу оваа претстава и „Историската хроника“, монодрама која тој ја одигра по повод официјалното заминување во пензија се врамени уште многу улоги, награди, монодрами, но и поетски збирки, приватниот театар Македонија, а на крајот секако не помалку значајно за неговата кариера и творечко кредо тука се подразбира и неговата боемштина која лично ја смета за составен дел на деликатната и тешка професија на актер.

Мозаикот на неговите ангажмани уште подразбира и стотици радиодрами, режии (во професионални и аматерски ансамбли), настапи на телевизиски драми и серии, како и неколку филмски улоги. Во сите овие форми на театарското изразување до израз доаѓа неговата нескротлива енергија, неисцрпна и фасцинантна концентрација, моќ за трансформација.

Грозданов има добиено бројни награди.

За монодрамата по стихови на Ацо Шопов, Дрво на ридот , тој станува добитник на Сребрената медалја на фестивалот на монодрама и пантомима во Земун. Од неговите награди да ги споменеме и оние на весникот односно ревијата Млад борец и Екран. Но, иако досега неколку пати е номиниран и предложен за наградите 13 Ноември и 11 Октомври, тој не успеа да се закити со нив.

„Да се пишува за некого значи да се оттргне еден живот, една индивидуа, еден неспорен факт на лицето на земјата од заборавот, од патината, од дното на заборавената меморија... Да се пишува за некого значи да се остави траг кој и по простосмртноста останува да сведочи дека некој, некогаш, за нешто, со нешто, живеел, творел, градел, надградувал, создал... Да се пишува за некого значи да се оддаде почит кон незаборавот на личноста која сама по себе му пркоси на мигот, имајќи ја за цел вечноста... Да се пишува за еден од најголемите , кој и буквално умеел со својата појава и моќ за творба да нè остави без здив, значи да се стави уште една точка, сјајна како ѕвезда во аналите на културното театарско (и не само такво) живеење“ напиша Борче Грозданов, театарски критичар и син на Мите Грозданов.

Играл во повеќе театарски претстави, „Јане Задрогаз“, „Болва в уво“, „Солунски патрдии“, „Рибарски караници„, „Мајка“, „Грдиот Нарцис“, „Војцек“, „Тигар“, „Подбивна среќо моја“, „Зојкиниот стан“, „Татко“, „Собирен центар“, „Самоубиец“, „Од првиот здив“, „Вазна од порцелан“...

Поважни театарски улоги:

Главна улога – Партитурата за еден Мирон од Коле Чашуле, ДТС

Деметар – Скршената шапка од Мазилу, ДТС

Леоне – Мајка од Виткиевич, ДТС

Нарцис – Грдиот нарцис од Т. Арсовски

Војцек – Војцек од Бихнер, ДТС

Карлос Хоменидес – Болва во уво од Фејдо, ДТС

Божин Лебаро – Јане Задрогаз од Г. Стефановкси, ДТС

Чехов – Подбивна среќо моја од Маљугин, ДТС

Тигар – Тигар од Шизгал, ДТС

Светозар Митиќ – Карамазови од Д. Јовановиќ, ДТС

Гус – Зојкиниот стан од Булгаков, ДТС

Капетанот – Татко од Стринберг, ДТС

Михајло – Собирен центар од Д. Ковачевиќ, ДТС

Сејмон – Самоубиец од Ердман, ДТС

Годо – Од првиот здив од Д. Коцевски, ДТС

Мите Грозданов
14 декември 1943 - 25 ноември 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
Последен пат уредено:

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #208
Вчера, понеделник, 26 ноември 2018, во 58-та година од својот живот, од амиотрофична латерална склероза почина Стивен Хиленбург - креаторот на анимираниот лик Сунѓерот Боб и на истоимената анимирана ТВ серија.

https://kajgana.com/pochina-stiven-hilengburg-kreatorot-na-sungjerot-bob

Почина Стивен Хиленбург – креаторот на Сунѓерот Боб

27. ноември 2018 - 19:53 | К.З.

Американските медиуми денеска ја пренесуваат жалната вест за смртта на Стивен Хиленбург, креаторот на еден од најобожуваните ликови од анимираните филмови – Сунѓерот Боб. Хиленбург имаше 57 години.



Стивен Хиленбург е креатор не само на ликот на Сунѓерот Боб, туку и на сите останати ликови и светот во кој живее најпознатиот сунѓер од дното на морето.

Како што објави телевизиската мрежа Nickelodeon, каде што се прикажуваше анимираната серија „SpongeBob SquarePants“, Хиленбург починал денеска како последица на амиотрофична латерална склероза, болест со која живееше веќе подолго време.



Хиленбург може да се пофали со дури 242 епизоди на популарната анимирана серија, кој иако е еден од омилените детски франшизи, сепак многумина го сметаат за цртан филм за возрасни. Апсурдниот хумор и уникатните ликови го направија овој анимиран филм еден од култните телевизиски феномени на модерното време.

Првата епизода е прикажана уште дамнешната 1999 година, а Хиленбург велеше дека оригиналната идеја ја добил уште во 1986 година. Сунѓерот Боб се појави и во неколку долгометражни анимирани филмови кои исто така беа одлично прифатени од публиката и критичарите.

https://vesnik.com/life/pochina-tatkoto-na-sungjerot-bob

Почина таткото на Сунѓерот Боб

27 ноември 2018 - 21:40



Стивен Хиленбург, креаторот на популарната анимирана серија „Сунѓер Боб", почина на 57 години.

Американскиот аниматор, сценарист и режисер во март минатата година објави дека боледува од амиотрофна латерална склероза (АЛС), но и покрај тоа, продолжи да работи на серијата на телевизијата „Никелодеон", од која досега се емитувани околу 250 епизоди.

„Неговите оригинални ликови и подводниот свет на Бикини Ботом долго ќе останат како пример за вредностите на оптимизам, пријателство и неограничена моќ на имагинацијата", се вели во соопштението на „Никелодеон".

Стивен МекДанел Хиленбург
21 август 1961 - 26 ноември 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
Последен пат уредено:

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #209
Вчера, среда, 28 ноември 2018, во 88-та година од својот живот, почина најистакнатиот македонски историчар на денешнината, еден од творците на слободна и самостојна Македонија, уредник на првата - и засега единствената - Македонска Енциклопедија, потпретседател на првата влада на независна Македонија и еден од најголемите патриоти и великани во историјата на слободна и независна Македонија, академик Блаже Ристовски.

https://sdk.mk/index.php/kultura/pochina-akademik-blazhe-ristovski-potpretsedatel-na-prvata-vlada/

ПОЧИНА АКАДЕМИК БЛАЖЕ РИСТОВСКИ, ПОТПРЕТСЕДАТЕЛ НА ПРВАТА ВЛАДА

29 ноември 2018


Академик Ристовски беше потпретседател на првата Влада на Македонија во 1991 и уредник на првата Македонска енциклопедија (Фото: М. Златевска)

Академик Блаже Ристовски, истакнат македонски книжевен историчар, филолог, фолклорист и историчар, и потпреседател на првата Влада на независна Македонија од 1991 , почина синоќа во Скопје на 87 години, соопшти Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ). Тој е уредник на првата Македонска енциклопедија во издание на МАНУ.

Комеморацијата по повод смртта на академик Ристовски во МАНУ е закажана за утре во 10, 30 часот, а погребот е во 13 часот на Градските гробишта „Бутел“.

Ристовски потекнува од семејство кое дирекно било вклучено во македонското револуционерно ослободително движење, неговиот дедо Ристо бил деец на Македонската револуционерна организација, кој поради својата дејност бил на три пати осудуван на по сто и една година затвор како селски началник на Организацијата.

Основно образование завршил во родното село Гарниково, а гимназија во Кавадарци. Завршил Филолошки факултет во Скопје во 1955, во 1965 докторира на филолошки науки. Уште како дете, во летото 1943, се вклучил во Народноослободителната борба протиф фашизмот, носел писма до Јованче Балавура. Во 1944, иако уште не бил доволно свесен и информиран, учествувал на собирите во Кавадарци каде се зборувало за слободата. На 13 години бил поставен за помошник-учител, на назначениот учител во Гарниково, а во Кавадарци на одреден начин ги одржувал конференциите во ИВ реон.

Во 1945 учествувал во формирањето на конспиративната група Македонска активна народно-комунистичка организација (МАНКО). Во овој период Ристовски активно учествувал во создавањето на библиотека со скромен фонд од областа на историјата и културата на Македонија и на првата демонстрација, поради што бил уапсен од полицијата. Меѓутоа властите не ја откриле конспиративната група и Ристовски заедно со останатите уапсени бил ослободен. Во учебната 1945/46 Ристовски учествувал во нелегалното печатење на околу 300 летоци, кои подоцна ги сокрил во својата куќа, меѓутоа поради лошите услови тие биле уништени. Ристовски им предложил на Ристо Чулев и Киро Велковски, негови блиски пријатели, да испечатат летоци и да ги растурат во текот на училишната екскурзија. Идејата била прифатена, текстот бил напишан од Ристовски, а летоците биле испечатени и поделени во три дела. Но, полицијата дознала за ова, сите ученици тргнале на ексурзијата, а автобустот со кој патувале бил застанат во Скопје каде што Ристовски, заедно со Ристо Чулев и Киро Велковски, бил уапсен на 15 април 1948.


Во текот на два месеца, Ристовски бил испитуван од тајната полиција УДБА по што бил преместен во Централниот затвор во Скопје. Три дена по пристигнувањето во овој затвор на Ристовски му бил доставен обвинителен акт според кој тој и неговите пријатели биле обвинети за „непријатели на слободата на нашиот (македонскиот) народ“. Според обвинтителниот акт, уште во 1946 групата ја започнала својата „противнародна дејност и создавање на терористичка и бандитска група“. По добивањето на обвинението, Ристовски заедно со останатите притворени бил одведен до окружниот суд каде што бил осуден на 6 месеци затвор. По изрекувањето на пресудатата, казната ја издржувал во Идризово. Неколку дена пред истекот на 6-месечната казната, Ристовски бил ослободен.

Со научна дејност започнал да се занимава уште по запишувањето на студиите, а првиот истражувачки труд го објавува во тогашниот орган на Катедрата за јужнословенски јазици – Македонски јазик. Во 1988 бил избран за дописен член на МАНУ, а во 1996 за редовен член.

По одбраната на докторската дисертација за животот и делото на Крсте П. Мисирков, во 1965 е избран за директор на Институтот за фолклор во Скопје. Како научен советник, преминува во Институтот за национална историја, каде што го раководи тимот за културната историја и Балканолошкото одделение. Избран е за прв потпретседател на првата Влада на самостојна Република Македонија (1991 – 1992), а до пензионирањето е научен советник во Институтот за старословенска култура (1993 – 1995). Беше член на редакциите на списанието Етнологиа Славика (Братислава), Демос (Берлин), Народно стваралаштво – Фолклор (Белград), Погледи, Современост, Гласник на Институтот за национална историја (Скопје).

Беше претседател на Здружението на фолклористите на Македонија и на Сојузот на здруженијата на фолклористите на Југославија, прв потпретседател на Одборот на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид (1967), член на Републичката комисија за културни врски со странство, претседател на Советот на Филозофско – историскиот факултет цивилизации (Сорбона ИИИ) во Париз (1986 и 1992) и секретар на МАНУ (1999 – 2002).

Ристовски е татко на пратеничката на ДОМ, Лилјана Поповска.

https://www.taratur.mk/zamina-ushte-eden-velikan-pochina-akademikot-blazhe-ristovski/

Замина уште еден великан: Почина академикот Блаже Ристовски

2018-11-29 11:53:30

Еден од најголемите поборници за заштита на македонскиот национален идентитет, кој напиша голем број дела посветени на македонското национално дело, почина на 87-годишна возраст.



Почина академик Блаже Ристовски (1931-2018), редовен член на Македонската академија на науките и уметностите, соопшти Македонската академија на науките и уметностите со голема тага.

Беше жесток противник на промената на нашето име, за што своевремено апелираше за погубноста на целиот процес.


Академик Блаже Ристовски е роден на 21 март 1931 година во с. Гарниково, Кавадаречко. Дипломирал на Филозофскиот факултет во Скопје (на Групата за литература на народите на СФРЈ и македонски јазик), а по одбраната на докторската дисертација „Крсте П. Мисирков – живот и делото“ (1965), бил избран за директор на Институтот за фолклор во Скопје. Како научен советник, преминува во Институтот за национална историја (1977-1991) каде што раководел со тимот за културната историја и со Балканолошкото одделение, а до пензионирањето работи како научен советник во Институтот за старословенска култура во Прилеп (1993-1995).

Академик Ристовски го посвети целиот свој работен век како неуморен и многу плоден истражувач на македонската литература, на јазичната и националната историја, на фолклорот, на појавата и развитокот на македонскиот народ и македонската национална мисла, кои се објавени во голем број книги. Неговиот научноистражувачки интерес беше насочен кон истражување и афирмација на националните дејци од XIX и XX век – Крсте П. Мисирков, Димитрија Чуповски, Ѓорѓија Пулевски, Петар Драганов, Марко Цепенков, Кочо Рацин, Васил Икономов, Наце Димов и други. Објавил над 800 статии и други прилози во разни списанија и зборници на трудови во земјата и во странство. Собраните дела на Крсте Мисирков претставуваат еден од најзначајните проекти на академик Блаже Ристовски во Македонската академија на науките и уметностите, којшто со документиран, аналитички и критички приод ја претстави панорамата на македонскиот културно-национален развиток во еден клучен период од нашата историја.

Академик Блаже Ристовски бил член на редакциите на списанијата „Etnologia Slavica” (Братислава), “Demos” (Берлин), „Погледи“, „Современост“, Гласник на Институтот за национална историја (Скопје) и други. Бил претседател на Здружението на фолклористите на Македонија, на Сојузот на здруженијата на фолклористите на Југославија, потпретседател на Одборот на Балканскиот фестивал на народни песни и игри во Охрид (1967), член на Републичката комисија за културни врски со странство, претседател на Советот на Филозофско-историскиот факултет во Скопје. Ќе остане во сеќавање неговата целосна посветеност кон работата, кој со зрелоста на неговите научни достигнувања значајно придонесе во афирмацијата на македонската историографија.

Од 1991 до 1992 година, академик Блаже Ристовски ја вршеше функцијата потпретседател на првата Влада на самостојна Република Македонија.

За дописен член на Македонската академија на науките и уметностите е избран на 7 октомври 1988 година, а за редовен член на 20 јуни 1996 година. Беше научен секретар на МАНУ од 1999 до 2002 година, а во периодот од 2011 до 2015 година беше секретар на Одделението за лингвистика и литературна наука.

Погребот на академик Блаже Ристовски ќе се изврши на Градските гробишта „Бутел“ во Скопје утре, во 13 часот, а посмртните останки ќе бидат изложени во Капелата од 12 до 13 часот.

По повод смртта на академик Блаже Ристовски, во Свечената сала на Македонската академија на науките и уметностите ќе се одржи Комеморативна седница утре во 10:30 часот.

Блаже Ристовски
21 март 1931 - 28 ноември 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #210
Денес, четврток, 6 декември 2018, во 82-та година од својот живот, после кратко боледување почина Љубиша Георгиевски - македонски режисер, драмски писател, професор по театарска режија и актерска игра, политичар, поранешен кандидат за претседател на Македонија на редовните претседателски избори одржани во 1994 година, поранешен претседател на Собранието на Македонија од 2006 до 2008 година, и поранешен амбасадор на Македонија во Бугарија и во Србија.

https://www.24.mk/details/pochina-ljubisha-georgievski

Почина Љубиша Георгиевски

чет, 06.12.2018 | 5:48 pm

Слободанка Илиевска



Ако некогаш не знаете што е исправно во политиката, прашајте што е најтешко. Ако сакате да сте исправни, правете го она што е најтешко и тогаш ќе бидете на правиот пат. И тоа е тоа значајно што треба да го научите“ - кажа при една прилика Љубиша Георгиевски - театарски и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра. Георгиевски почина утрово на 81.

Роден e во Битола на 30 мај 1937 година. На македонската јавност Георгиевски и è познат и како кандидат за претседател на државата во 1994 година. Тој беше амбасадор во Бугарија од 2000-2004 и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008.

Љубиша Георгиевски замина но остави плодна кариера со над 161 театарска претстава, дваесетина филмски остварувања, голем број есеи, колумни и театролошки текстови.

Има издадено повеќе од десет книги, има напишано преку 200 авторски колумни.
Како режисер работел во Лос Анџелес и Далас, во Полска, Романија, Италија, Хрватска, Србија, Бугарија, а неговите текстови и претстави се прикажуваат во Москва, Виена, Париз, Варшава, Будимпешта, Букурешт, Лоѓ, Софија, Белград, Загреб, Трст.

Многумина знаат да кажат дека е театарски педагог за кого неговите некогашни студенти раскажуваат легенди, се колнат во него и го имаат како репер според кој ги одредуваат личните и професионалните стандарди: естетички, етички, жителски, дури и семејни, интимни.

Љубиша Георгиевски è интелектуалец од онаа вонстандардна, речиси ренесансна, денес веќе изумрена сорта: неуморен читател на недобројни книги, вечен немирник/љубопитник кој секогаш мисли , полиглот кадарен да зборува, пишува, мисли и сонува на еден куп јазици.

Беше и остана почитуван професор на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Љубиша Георгиевски è човек кој ја задолжи Македонија со својата неуморна работа и силна посветеност во развојот на културата и остави силен печат во светската културна ризница. Неговото име ќе остане запаметено како еден од најголемите амбасадори и промотори на нашата култура, идентитет и традиција.


https://www.novamakedonija.com.mk/makedonija/почина-режисерот-љубиша-георгиевски/

Почина режисерот Љубиша Георгиевски

Од НМ - 10:49 06.12.2018



На 81 година утрово почина театарскиот и филмски режисер, драмски писател, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра, Љубиша Георгиевски.

Тој е роден во Битола на 30 мај 1937-та година.

На македонската јавност и е познат и како кандидат за претседател во 1994-та година, беше амбасадор во Бугарија и во Србија и претседател на Собранието на Република Македонија од 2006-2008 година.

Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград, 1974.

Како театарски режисер, има поставено преку 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде на универзитетите во Јужна Калифорнија и Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра.

Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и истите гостувале ширум Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена. Има објавено десеттина книги, а како филмски режисер има режирано четири филма.

Добитник е на повеќе од дваесетина награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение” од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона.

https://telma.com.mk/pochina-lubisha-georgievski/

Почина режисерот Љубиша Георгиевски

6 декември, 2018 во 10.49 ч.



Pо кратко боледување, на 81 година почина истакнатиот македонски театарски и филмски режисер Љубиша Георгиевски.

Георгиевски е роден во 1937 во Битола, беше професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радио режија”, во Белград, 1974.

Како политичар, во 1994 беше и претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, потоа амбасадор во Бугарија (2000-2004) и претседател на Собранието од 2006 до 2008 од редовите на ВМРО-ДПМНЕ.

https://telma.com.mk/pochina-lubisha-georgievski-korifej-na-makedonskiot-teatar/

Почина Љубиша Георгиевски, корифеј на македонскиот театар

6 декември, 2018 во 14.11 ч.



„Ако понекогаш блескав, тоа беше само затоа што горев“. Вака нашиот докажан режисер, Љубиша Георгиевски, кој утрово ја изгуби битката со животот на 81 година, по кратко боледување, го опиша својот животен пат во еден од последните јавни настапи . Во неговата исклучително плодна кариера, по дипломирањето на Академијата во Белград 1974 година, се вбројуваат 165 театарски претстави, поставени во земјава, регионот, Европа, САД и Русија. Режираше и филмови, меѓу кои се вбројуваат : „ Планината на гневот, “„ Републиката во пламен“, Цената на градот“, Под исто небо“.Георгиевски беше и професор по актерска игра на ФДУ во Скопје, а предаваше и на универзитетите во Јужна Калифорнија и во Тексас.

Беше македонски амбасадор во Бугарија, претседател на Собранието, претседателски кандидат од партијата ВМРО-ДПМНЕ 1994 , а се вклучи и во протестите на движењето „ За заедничка Македонија“, минатата година . Зад себе остави и повеќе книжевни објави што ќе сведочат за неговиот уметнички и општествен ангажман. Изложувањето на посмртните останки на Љубиша Георгиевски во капелата на гробиштата во Бутел и погребот, ќе бидат во недела од 11 до 13 часот, соопштија од неговото семејството.


Сотир Трајков

https://www.fakulteti.mk/news/06122018/pochina-ljubisha-georgievski

Почина Љубиша Георгиевски

06.12.2018



Утрово, на 81-годишна возраст, почина Љубиша Георгиевски, театарски и филмски режисер, драмски писател и есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Георгиевски на македонската јавност, освен од уметноста, ѝ е познат и од политиката. Тој во 1994 година беше кандидат за претседател, потоа од 2000 до 2004 година беше амбасадор во Бугарија, а во периодот од 2006 до 2008 беше претседател на Собранието на Република Македонија.

Георгиевски е роден на 30 мај 1937 година во Битола. Дипломирал на Академијата за театар, филм, радио и телевизија, група „Театар и радиорежија“, во Белград 1974.

Како театарски режисер, има поставено над 160 постановки во Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Словенија, Бугарија, Романија, Полска и други држави, како и четири постановки во САД, каде што на универзитетите во Јужна Калифорнија и во Тексас предавал теорија на театарот и актерска игра. Неговите претстави се играат на повеќе од десет јазици и тие гостувале низ Европа, од кои позначајни гостувања се во Москва и Виена.

Георгиевски има објавено десетина книги. Како филмски режисер има режирано четири филма.

Добитник е на повеќе од дваесет награди во рамките на поранешна Југославија, како и наградата од критиката за претставата „Искушение“ од Вацлав Хавел во Theater Center како најдобра претстава на театарската сезона.

https://off.net.mk/net-roulette/lokalno/ljubisha-georgievski-1937-2018

Љубиша Георгиевски (1937-2018)

6 Декември 2018 - 09:46

На 81 годишна возраст почина Љубиша Георгиевски, театарски и филмски режисер, драмски писател, есеист, теоретичар на театарот и професор по театарска режија и актерска игра на Факултетот за драмски уметности во Скопје, претседател на Собранието и амбасадор на Република Македонија.



Љубиша Георгиевски
30 мај 1937 - 6 декември 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
Последен пат уредено:

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Биљана Беличанец пронајдена мртва

Актерката и поранешна градоначалничка на Кисела Вода Билјана Беличанец синоќа е пронајдена мртва во стан во Скопје. Од МВР потврдуваат дека нејзината смрт ја пријавил член на семејството синоќа околу 22.40 часот
Според извори од истрагата, се работи за самоубиство со бесење.

Беличанец беше актерка во Драмскиот театар во Скопје. Таа беше градоначалник на скопската општина Кисела Вода од 2013 до 2017.

Која беше Билјана Беличанец- Алексиќ?

Билјана Беличанец – Алексиќ е поранешен градоначалник на општина Кисела Вода. Таа беше и театарска, телевизиска и филмска актерка.

ПРИВАТЕН ЖИВОТ
Родена е 25 јули 1973 година во Скопје. Сопруга е и мајка на две деца. Ќерка е на познатиот ТВ спикер и водител на манифестации, Симон Беличанец.

ОБРАЗОВАНИЕ
Во 1994 година дипломирала како најмлад актер на Факултетот за драмски уметности на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

КАРИЕРА
По дипломирањето во 1994 година се вработила во Народниот театар „Војдан Чернодрински“ во Прилеп, каде претежно игра главни улоги за кои подоцна добива награди и признанија. Во 1997 година се вработила во Драмски театар – Скопје. Остварила бројни главни и споредни улоги во повеќе театарски проекти во Драмски театар и други институции и проекти.

Добитник е на наградата за актерско остварување за улогата на г-ѓа Мартин во претставата „Ќелавата пејачка“, наградата „13 Ноември“ на град Прилеп за особено учество и придонес во културата, наградата за млад актер на Фестивалот МЕС Сараево 2000 година. Во 2009 година ја добила наградтаа за главна женска улога на театарскиот фестивал „Војдан Чернодрински“ за претставата „Кинегонда во Карлаленд“ и во 2012 година за улогата на Сара во „Генетика на кучињата“.

Добитник на признанието „Мајка Тереза“ во 2012 година.

Посебно забележана во јавноста е по синхронизацијата на македонски на некои турски серии, а народот и даде прекар „Хурем“, по синхронизацијата на ликот на Хурем Султан во турската серија „Величествениот“.

ПОЛИТИЧКА КАРИЕРА
На локалните избори во 2013 година, како кандидат на ВМРО-ДПМНЕ, таа беше избрана за нов градоначалник на општина Кисела Вода.

ИЗВОРИ
Веб-сајт на градоначалничкиот кандидат Билјана Беличанец – Алексиќ – Биографија

Комплетна – Постои добра причина зошто сме тие коишто сме – Билјана Беличанец Алексиќ

Почивај во мир Туфи :((
 
Последен пат уредено:

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Претажно! Ноќеска се здрвив ко прочитав.

Почивај во мир!
 

TVman

Добро-Познат Член
16,691
13,066
113
Нека почива во мир :( Воопшто не го очекував ова. Млада актерка, навистина штета.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #215
Бог да ја прости !!!

Билјана Беличанец Алексиќ
25 јули 1973 - 6 април 2019

Лесна и` земја
нека почива во мир !!!

R.I.P. :(
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,170
21,595
113
Се шокирав кога ја прочитав веста.

Нека почива во мир. :smrk:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Се знае точната причина зошто си го одземала својот живот ?
 
Top