Ин мемориам

  • Автор на оваа тема Dexter26
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #181
Бог да го прости !!!

https://www.24.mk/pejachot-vlatko-ilievski-pronajden-mrtov-vo-svojot-avtomobil

Пејачот Влатко Илиевски пронајден мртов во својот автомобил

07.07.2018 | 17:23



Македонскиот поп пејач Влатко Илиевски (33) е пронајден мртов во својот автомобил „Тојота“ синоќа околу 23 часот на ул.„3-та Македонска Бригада“, информираат од МВР.

Увид на лице место извршил Јавен обвинител и увидна екипа на СВР-Скопје, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот е предадено за обдукција.

Од МВР засега нема информации за причините за смртта на Илиевски. На 2 јули јули, Влатко го прослави 33от роденден.

На музичката сцена беше активен од 2000 година. Свирел гитара во локални скопски бендови, членувал во бендот „Мејд ин Маседониа“, а потоа стана познат како вокал на групата „Морал“ која во 2005 година настапи како предгрупа на концертот на „Дип парпл“ во Скопје. Од 2007 година почна солистичка кариера и имаше два албума со вкупно 20 песни, меѓу кои: „Најбогат на свет“, „Уште си ми ти“, „Со други зборови“, „Гушни ме“, „Скитник“, „Среќа“, „Пред да те знам“, „Се што сакав по тебе“, „Пак на старо“.

Во 2011 година ја претставуваше Република Македонија на Евровизија во Дизелдорф со песната „Русинка“.

Илиевски беше дипломиран актер со завршени студии на Факултетот за драмски уметности во Скопје.

Според првичните информации, кај починатиот поп-пејач Влатко Илиевски не биле видливи траги на насилство, соопшти Основното јавно обвинителство Скопје. Дежурен јавен обвинител од ОЈО работи на расветлување на причините за смртта на 33-годишниот Илиевски. Јавниот обвинител издал наредба за обдукција на починатиот, како и насоки за прибирање траги пронајдени на лице место на кои ќе претстои вештачење.

- Возилото е запечатено и, исто така, е предадено на вештачење. Се преземаат сите дејствија за да се утврдат причините за смртта, наведува ОЈО во соопштението.

Влатко Илиевски
2 јули 1985 - 6 јули 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
Последен пат уредено:

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #182
Вчера, понеделник, 23 јули 2018, после кратко боледување, на 73 годишна возраст почина доајенот на македонското новинарство Ристо Поповски - основач на првата приватна новинарска агенција на Балканот - Макфакс, и еден од иницијаторите за формирање на медиумската платформа на ЦИВИЛ - Центар за слобода.

https://civilmedia.mk/pochina-risto-popovski-doajen-na-makedonskoto-novinarstvo/

Почина Ристо Поповски, доајен на македонското новинарство

24 јули 2018



Почина Ристо Поповски, доајен на македонското новинарство, синоќа, во 22:30 часот, по кратко боледување. Еден од најпознатите новинарски имиња во Македонија и на Балканот, своевремено основач на првата приватна новинска агенција на Балканот Макфакс и еден од иницијаторите за формирање на медиумската платформа на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Голем поборник на слободата на изразувањето и медиумските слободи, демократијата и човековите права. ЦИВИЛ им упатува искрени изрази на сочувство на членовите на семејството и пријателите на нашиот драг и непрежален Ристо.

Големиот новинар Ристо Поповски (1945 – 2018) има пребогата новинарска кариера, а како човек е познат по својата скромност, добрина и солидарност. Тој беше уредник во една од своевремено најмоќните светски новинарски агенции Тајнуг. Работел за Радио Скопје од 1965 година како волонтер, а од 1970 година се ангажира и професионално. Од 1974 година до 1992 година е во новинската агенција Танјуг, најпрво како новинар, а потоа и како шеф на Македонската редакција на Тајнуг. Бил дописник во Москва во време на историските промени на почетокот на деведесетите години.

Во 1992 година ја основа независната новинска агенција Макфакс. Беше коментатор на неделникот Глобус и дневниот весник Слободен печат, а коментатор од Македонија за Ал Џезира. Долги години беше активист на ЦИВИЛ – Центар за слобода. Добитник е на Наградата за животно дело на Здружението на новинари на Македонија.
https://www.slobodenpecat.mk/makedonija/pochina-risto-popovski-doajen-na-makedonskoto-novinarstvo/

Почина Ристо Поповски, доајен на македонското новинарство

24/07/2018

Своите новинарски ставови како коментари ги објавуваше и во неделникот Глобус и дневниот весник Слободен печат, а беше и коментатор од Македонија за Ал Џезира. Добитник е на Наградата за животно дело на Здружението на новинари на Македонија.



По кратко боледување вчера почина Ристо Поповски, основач на првата приватна новинска агенција Макфакс во 1992 година. Поповски остави зад себе импресивна новинарска биографија и беше голем поборник на слободата на изразувањето и медиумските слободи, демократијата и човековите права.

Големиот новинар Ристо Поповски (1945 – 2018) беше човек познат по својата скромност, добрина и солидарност. Работеше и како уредник во една од своевремено најмоќните светски новинарски агенции Тајнуг, работел за Радио Скопје од 1965 година како волонтер, а од 1970 година се ангажира и професионално.

Од 1974 година до 1992 година е во новинската агенција Танјуг, најпрво како новинар, а потоа и како шеф на Македонската редакција на Тајнуг. Бил дописник во Москва во време на историските промени на почетокот на деведесетите години.

Своите новинарски ставови како коментари ги објавуваше и во неделникот Глобус и дневниот весник Слободен печат, а беше и коментатор од Македонија за Ал Џезира. Добитник е на Наградата за животно дело на Здружението на новинари на Македонија.
Ристо Поповски
?? ?? 1945 - 23 јули 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

TVman

Добро-Познат Член
16,691
13,066
113
Денес, 29 јули 2018 по долго и тешко боледување на 70-годишна возраст почина еден од најдобрите машки вокали на бивша Југославија- Оливер Драгоевиќ.

На 71-годишна возраст во Сплит почина легендата на хрватскта музика Оливер Драгоевиќ. Пејачот почина една година откако му беше дијагностициран рак на белите дробови.

Веста за смртта ја потврдило семејството Драгојевиќ за „Слободна Далмација“. Тој починал утрово околу 5 часот во сплитската болница.
Почивај во мир легендо, фала ти за се'. Ќе живееш преку песните !

Оливер Драгоевиќ

(7 декември 1947-29 јули 2018)

:smrk: :((
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #184
^

Бог да го прости !!!

https://www.24.mk/pochina-oliver-dragojevikj

Почина Оливер Драгојевиќ

29.07.2018 | 11:08



Познатиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ починал вчера на 71 годишна возраст, по една година борба со ракот на градите.

Веста ја објави „Слободна Далмација“, откако им била потврдена од семејството на Оливер.

Роден во Вела Лука на островот Корчула, Драгојевиќ растел како уличен музичар за туристите, по што завршил музичко училиште во Сплит. Првпат настапил во 1961 година, на Сплитскиот детски фестивал, по што го формира бендот Батали. Во 1970-ите настапувал низ цела Европа, а од средината на оваа декада датираат и неговите први хитови и соработката со композиторот Зденко Руњиќ, кој е автор на песните каок „Романца“ и „Опрости ми папе“.

Во текот на својата карирера Оливер Драгојевиќ објави преку 30 албуми, а настапувал и во Карнеги Хол, Ројал Алберт Хол и сиднејската Опера.
https://kajgana.com/pochina-oliver-dragojevikj

Почина Оливер Драгојевиќ

29. јули 2018 - 9:22

Сплит, 29 јули 2018 (МИА) - Познатиот хрватски пејач Оливер Драгојевиќ починал вчера на 71 годишна возраст, по една година борба со ракот на градите.



Веста ја објави „Слободна Далмација“, откако им била потврдена од семејството на Оливер.

Роден во Вела Лука на островот Корчула, Драгојевиќ растел како уличен музичар за туристите, по што завршил музичко училиште во Сплит. Првпат настапил во 1961 година, на Сплитскиот детски фестивал, по што го формира бендот Батали. Во 1970-ите настапувал низ цела Европа, а од средината на оваа декада датираат и неговите први хитови и соработката со композиторот Зденко Руњиќ, кој е автор на песните каок „Романца“ и „Опрости ми папе“.

Во текот на својата карирера Оливер Драгојевиќ објави преку 30 албуми, а настапувал и во Карнеги Хол, Ројал Алберт Хол и сиднејската Опера.
Оливер Драгојевиќ
7 декември 1947 - 29 јули 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Оливер ќе фалиш да не потсетуваш што е добра песна. Ми е криво што не отидов на неговите концери кога ги имаше во Скопје.

Оливер беше првиот од екс ју музика што го слушнав благодарение на татко ми што купил негови цд-а и тоа беа првите цд-а од екс ју музика заедно со уште едно од Ѓорѓе Балашевиќ. Неговата музика беше толку добра знаеше и да растажи и да развесели. Многу ми е жал за него исто колку и за Тоше кога почина иако Тоше беше доста млад.

Сепак ќе се слуша неговата музика вечно а се надевам оставил и нешто плус материјал демо снимки кој допрва ќе се промовираат.
 

TVman

Добро-Познат Член
16,691
13,066
113
И мене ми е омилен пејач и среќен сум што му бев лани на концерт. Песните несомнено ќе се паметат вечно. За демо снимки и јас се надевам.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #187
Денес, четврток, 16 август 2018, после долго боледување од рак на панкреасот, во 77-та година од својот живот почина Арета Френклин - американската кралица на соул музиката.

https://www.fakulteti.mk/news/16082018/pochina-kralicata-na-soulot-areta-frenklin

Почина кралицата на соулот, Арета Френклин

16.08.2018



Арета Френклин денеска почина на 76-годишна возраст.

Кралицата на соулот, Арета Френклин пред три дена во тешка здравствена состојба беше префрлена во болница во Детроит.

Долги години се бореше со вишокот на килограми и алкохолизмот, а долго време беше и страсен пушач на цигари. Френклин последниот настап го имаше минатата година, а и самата најави дека нема повеќе да прави концерти.

Арета Френклин беше родена на 25 март 1942 во Мемфис, САД. Ќерка е на баптистички свештеник. Од раната младост во пеење ја подучувале ѕвездите на госпелот, како што се Махалија Џексон и Клара Ворд. Врв на кариерата и бил кон крајот на 60-те години на 20 век. Песните како „-{Respect}-“ и „-{Chain Of Fools}-“брзо станаа класика. И покрај личните проблеми, во 1968 година го снимила албумот „-{Lady Soul}-“ кој се продал во милион примероци. Кон крајот на 70-те нејзината кариера почнала да стагнира, но нејзината улога во филмот „Браќа Блуз“ и ја враќа старата слава. Во 80-те години ги сними хитовите како „-{Freeway Of Love}-“ и „-{Who's Zooming Who}-“, а пееше и во дует со Џорџ Мајкл и групата -{Eurythmics}-.. Прекар и е "Кралица на соулот", а според некои извори, нејзиниот глас има распон од четири октави. Англиската пејачка Џош Стоун многумина ја сметаат за нејзина наследничка.


https://kajgana.com/pochina-areta-frenklin-kralicata-na-soul-muzikata

Почина Арета Френклин, кралицата на соул музиката

16. август 2018 - 16:31

Арета Френклин, првата жена која била воведена во Рокенрол холот на славните и неоспорна кралица на соул музиката која ги испеа хитовите „Respect“, „(You Make Me Feel Like) A Natural Woman“ и „Chain of Fools“, почина денеска на 76 години.



Портпаролот на пејачката ја потврди веста преку соопштение во име на семејството.

Френклин почина по битка со рак на панкреасот.

„Во овој момент, еден од најмрачните во нашите животи, немаме зборови за да ја изразиме болката во нашите срца. Ја изгубивме кралицата мајка и столбот на нашето семејство“, стои во соопштението.

Арета Френклин е родена на 25 март, 1942 година во Мемфис, Тенеси.

Го објави првиот албум „Songs of Faith“ во 1956 година.



Нејзината кариера се вивна кон височините со хитот „I Never Loved a Man (The Way I Love You)“ од 1967 година.

Во април истата година ја ообјави преработката на „Respect“ на Отис Ридинг, додавајќи го едноставното спелување на зборот „R-E-S-P-E-C-T“ и песната стана инстантен и вечен хит. Списанието „Rolling Stone“ ја прогласи песната за петта најдобра песна на сите времиња.


https://www.brif.mk/pochina-kralitsata-na-soulot-areta-frenklin/

Почина кралицата на соулот Арета Френклин

August 16, 2018 16:38



Пејачката Арета Френклин почина во 77 година од животот. Кралицата на соулот, како што ја викаа, растажи многу фанови и колеги.

Пејачката почина во својот дом во Детроит, пренесе Associated Press.

Арета Френклин речиси десет години се соочуваше со здравствени проблеми, како и со рак на панкреасот дијагностициран во 2010 година, за што јавноста дозна година подоцна. Таа ја негираше борбата со болеста и не сакаше да зборува за тоа.

Најпозната е по хитовите “Respect” и “I Say a Little Prayer”.


Арета Луиз Френклин
25 март 1942 - 16 август 2018

Лесна и` земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
Последен пат уредено:

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #189
Денес, четврток, 23 август 2018, во 76-та година од својот живот, после долгогодишно боледување почина доајенот на македонскиот балет Екрем Хусеин.

https://sdk.mk/index.php/kultura/pochina-doajenot-na-makedonskiot-balet-ekrem-husein/

ПОЧИНА ДОАЈЕНОТ НА МАКЕДОНСКИОТ БАЛЕТ ЕКРЕМ ХУСЕИН

23 август 2018


„Екрем беше голем пријател и советник на балетските танчари од сите генерации, не се штедеше да дели совети и пофалби“, велат неговите долгодишни соработници и пријатели од МОБ

Доајенот на македонскиот балет Екрем Хусеин почина денес по долго боледување. Имаше 75 години. Хусеин, кој важи за еден од најомилените уметници и колеги во Македонската опера и балет (МОБ), беше активен во балетскиот ансамбл сè до пред 4 години.

„Тој беше балетски феномен, од типот на Маја Плисецкаја која играше сѐ до 70 години. Екрем беше голем пријател и советник на балетските танчари од сите генерации, не се штедеше да дели совети и пофалби. Често знаеше зад кулиси да викне ‘Браво’ и тоа да се слушне до публиката. Таков беше, со големо срце и љубовта кон балетот и колегите беше поголема од него“, ни рекоа неговите долгодишни соработници и пријатели од МОБ.

Хусеин е роден на 6 март 1943. Во 2008 играше во претставата „Црвениот лебед“ во кореографија на Искра Шукарова, со која обележа 50 години кариера. Во 2008 ја доби наградата Менада на „Танц фест Скопје“ за врвни достигнувања во областа на танцот.

Хусеин ќе биде погребан денеска, а од МОБ велат дека поради колетивниот годишен одмор, комеморацијата ќе се одржи следната недела.

Б. НЕСТОРОСКА

https://www.slobodenpecat.mk/kultura/pochina-vrvniot-baletan-ekrem-husein/

Почина врвниот балетан Екрем Хусеин

23/08/2018

На 75-годишна возраст си замина незаборавниот Петар Пан, енергичниот Меркуцио, Црвениот лебед...


Мкд.мк

На 75-годишна возраст си замина незаборавниот Петар Пан, енергичниот Меркуцио, Црвениот лебед...

Екрем Хусеин, играчот што остана во балетот до речиси 70 години, живееше за балетот и речиси живееше во театарот.

Нашиот најпознат балетан Екрем Хусеин, роден скопјанец, оствари незаборавни улоги во балетските претстави „Рејмонда“, „Шехерезада“, „Есмералда“...

На сцената е од 1950 година, а се пензионира во МОБ. Зад себе остави две деца. Погребан е на Градските гробишта во Бутел во Скопје.

https://okno.mk/node/73275

Почина Екрем Хусеин, доајенот на македонскиот балет

23.08.2018 19:33



Доајенот на македонскиот балет Екрем Хусеин почина денеска (23 август) по долго боледување. Имаше 75 години.

Ќе остане запаметен по бројни улоги во балетските претстави во неговата над 50-годишна кариера, ствари незаборавни улоги во балетските претстави „Рејмонда“, „Шехерезада“, „Есмералда“ и многу други.

Во 2008 година ја доби наградата „Менада“ на „Танц Фест“ – Скопје за врвни достигнувања во танцот.

„Тој беше балетски феномен, од типот на Маја Плисецкаја која играше сѐ до 70 години. Екрем беше голем пријател и советник на балетските танчари од сите генерации, не се штедеше да дели совети и пофалби. Често знаеше зад кулиси да викне ‘Браво’ и тоа да се слушне до публиката. Таков беше, со големо срце и љубовта кон балетот и колегите беше поголема од него“, велат неговите долгодишни соработници и пријатели од МОБ.

Хусеин е роден на 6 март 1943.

Во 2008 играше во претставата „Црвениот лебед“ во кореографија на Искра Шукарова, со која одбележа 50 години на балетската сцена.



*****

„На сцената сум од 1950 и некоја, уште како ученик во средното балетско училиште. Дебитирав во претставата „Ромео и Јулија“ од Димитрие Паниќ, кореограф од Белград. Затоа и велам дека прославувам 55 годишен јубилеј, а официјално со договор, со плата, ме ангажираа во 1960-та, 61-ва година. И така. Кореографот од Белград ме избра да играм во претставата. Напорно вежбав, но за сето тоа време не ми кажуваа дека ќе ја играм улогата на Меркуцио. Тогаш сè уште не знаев дека можам да играм таква голема и важна улога. Немате претстава колку многу народ дојде тогаш на претставата, колку многу ни аплаудираа.

15 минути скандираа. Јас не бев свесен што се случува. Сè уште бев дете. Тоа беше првиот и единствен пат кога мајка ми ме виде на сцена. Дојде на претставата со внуката. На сцената каде што мене, како Меркуцио, ме прободуваа со меч, солзи ронела. Среќен сум што ме гледаше тогаш зашто после ме испратија во војска. Ми одложија 1-2 години, но после морав да одам. Служев 18 месеци. Таа се разболе и почина додека јас бев војник во Црна Гора“.

дел од интервју во Мкд.мк 2013 година

Екрем Хусеин
6 март 1943 - 23 август 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Почина Ванчо Петрушевски

Актерот и еден од доајените на македонското глумиште Ванчо Петрушевски почина денеска. Според се уште непотврдени информации Петрушевски најверојатно починал од струен удар.
Настанот се случил денес, во Орешани, а полициските екипи моментало биле присутни на увид на самото место. Од МВР велат дека сеуште не можат да откриваат детали, бидејќи увидот е во тек.
Веста дека познатиот глумец трагично го изгубил животот ја потврди неговиот колега и директор на Драмскиот театар, актерот Сашо Тасевски.
„Тукушто разбрав дека доајенот на Драмски театар и македонското глумиште, Ванчо Петрушевски, трагично го загуби животот. Почивај во мир Рамче. За комеморацијата и погребот дополнително ќе известиме“, напиша Тасевски на фејсбук.​
Ванчо Петрушевски е роден на 19 април, 1951 година во Скопје. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје” од Д. Јовановиќ. Учествувал во голем број радио-драмсики проекти, телевизиски драми, серии и слично. Добитник е на бројни престижни награди и признанија за својата дејност.
 

TVman

Добро-Познат Член
16,691
13,066
113
Нека почива во мир. Извонреден актер кој на сите на некој начин ни го одбележа детството преку Македонските народни приказни.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Не само народни приказни туку и многубројните детски тв драми со Ванчо го одбележаа детството на повеќе генерации.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #193
Бог да го прости !!!

https://www.fakulteti.mk/news/25082018/pochina-akterot-vancho-petrushevski

Почина актерот Ванчо Петрушевски

25.08.2018



Ванчо Петрушевски, еден доајените на македонската глума, почина денеска на 67-годишна возраст. Струен удар е причина за смртта на големиот актер, за пошироката публика незаборавен по улогата на Рамче, дознава fakulteti.mk .

Ванчо Петрушевски е роден на 19 април 1951 во Скопје. Веднаш по завршувањето на Високата музичка школа, отсек за актерски кадри во Скопје во 1975 година се вработил во Драмскиот театар во Скопје, каде неговиот раскошен талент го истакнал веќе во првата претстава „Ослободување на Скопје“. Тој учествуваше во голем број радио-драмски проекти, телевизиски драми, серии и слично и зад себе остави големо наследство. Петрушевски беше еден од најпрепознатливите глумци на нашата сцена, кој беше неуморлив и по пензионирањето.

Од „Пресуда“, преку „Диво месо“, па сѐ до „Солунски патрдии“, „Среќна Нова '49“, „Опстанок“, „Хихируку“, „Погрешно време“, Македонските народни приказни и многу други проекти, Ванчо Петрушевски со секоја нова улога одново и одново ја освојуваше публика. За својата неуморност тој има добиено и голем број награди.

Почивај во мир, голем актеру!

Фото: МНТ

Ванчо Петрушевски
19 април 1951 - 25 август 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #195
Завчера, петок, 31 август 2018, после тешко боледување почина македонската новинарка од областа на културата Катица Трајковска Абјаниќ.

https://www.slobodenpecat.mk/kultura/pochina-novinarkata-katitsa-trajkovska-abjanik/

Почина новинарката Катица Трајковска Абјаниќ

01/09/2018

По тешка болест, вчера почина новинарката од областа на културата, Катица Трајковска Абјаниќ.



По тешка болест, вчера почина новинарката од областа на културата, Катица Трајковска Абјаниќ.

Таа целиот свој работен век го помина како новинар од областа на културата во Редакцијата за култура на МТВ.
Ги правеше неделните културни магазини, организираше фестивали на уметничко видео, отвори простор за дигиталната уметност.

Режисерот Срѓан Јаничиевиќ во својата проштална порака напиша:

– Не така одамна го изгубивме Хинки, еден од најзначајните наши уметници. Денес ја загубивме и неговата сестра и прекрасен човек Катица Трајковска Абјаниќ. Катица во 80-тите го правеше Културниот магазин еднаш неделно на МРТ, емисија која ги пробиваше границите на нашето познавање за уметност, особено за видео артот и новиот уметнички израз. До ден денешен, немало емисија што може и од далеку да се приближи до квалитетот на Културен магазин“, напиша Јаничиевиќ.

Погребот на Катица Трајковска Абјаниќ ќе биде извршен во понеделник во 14 часот на гробиштата во Бутел.

https://okno.mk/node/73455

За чудесната Катица Трајковска Абјаниќ

01.09.2018 12:02

Кица Колбе



Почина една од најзначајните новинарки во областа на културата, Катица Трајковска Абјаниќ.

Ме потресе веста дека почина драгата Катица Трајковска Абјаниќ. Колку ја сакав таа чудесно блага, префинета, продуховена личност! Колку редок човек, полн со добрина. Колку редок ерудит, со скромност на неискусно дете. Познавач на француската литература, познавач на сета светска култура, но, притоа, тивка и совесна, со дарба за восхит за успесите на другите. Ја видов првпат во аулата на Шумарскиот факултет, каде и двете студиравме на Филозофскиот факултет. Таа романска филологија, јас философија. Ја среќавав постојано во ходниците на факултетот или во градината околу него таа убава, шармантна студентка, секогаш облечена по најновата мода. Со незаборавна блага насмевка, со очи полни со некои тајни светлини. Катица имаше неверојатна харизма. А харизмата значи во христијанското богословие љубов. Таа навистина зрачеше љубов и благост.

Потоа со Горан Стефановски, мојот драг пријател уште од младоста, отидов во некоја барака кај Треска, за да присуствуваме на пробата на Театарот Св.Никита Голтарот. Таму пак го видов тој секогаш благо насмеан, мил лик на Катица. И незаборавниот, восхитувачкиот лик на Слаѓана Милчин, која исто пребрзо нè напушти. Така дознав дека Катица била и даровита артистка. По некоја година таа почна да работи во МРТ, а јас на Филозофскиот факултет.
Години подоцна, откако одамна живеев во Германија, кога ја објавив книгата „Егејци", едно пролетно утро Катица се јави кај моите родители, оти беше дознала дека сум на посета кај нив. Ме покани на едночасовен разговор за мојата книга. Тие емисии се емитуваа на сателитската телевизија. Многумина од новинарите тогаш уште ја игнорираа мојата книга, секој од своја причина. Катица ја беше прочитала многу внимателно, оти ме прашуваше за многу поединости во неа.

Тоа беше најпродуховениот, најсуптилниот и најдлабокоумниот разговор за литературата, за творештвото и за културата што кога и да е сум го водела со новинар во Македонија. Тоа не беше класично интервју. Тоа беше разговор на автор и на вљубеник во книгата, во зборот, во поезијата. Зборувавме за нејзината и мојата љубов за Пруст, за мирисите и за нивната сила да го повикаат изминатото време, за домот и за татковината, за патувањата, за восхитит за Европа, за Паул Кле, за чија снаа, Ефросина Грежова Кле, пишував во едно поглавје во „Егејци". Катица го водеше разговорот со толку суптилност и луцидност, како да читаше невидливо писмо, што ѝ се откриваше мигновено. Тогаш сфатив колку широко е нејзиното образование, колку култивирана е нејзината личност. Катица беше вистинската Парижанка во Скопје, со стил и вкус, со мерка во сите нешта, во говорот, во движењата, во погледите. Тие погледи кои беа полни со љубопитност и срамежливост.

Потоа таа ми откри зошто толку ја трогнала мојата книга. Заради нејзиното детство во Автокоманда, каде таа растела во егејскиот свет. Откривме дека сме оделе во истото основно училиште- „Стив Наумов". Тогаш почнав да се прашувам дали затоа толку ме фасцинираше нејзиниот лик на факултетот, затоа што сум го паметела тој благ насмев, тие секогаш насмеани очи уште од детството, од дворот и од ходниците во училиштето.

Македонската културна јавност изгуби несекојдневна личност - Катица Трајковска Абјаниќ. Таа не беше од гласните, таа не беше од самовљубените интелектуалки. Таа беше од оние тивките, тие исполнетите со спокој во себе, тие со поглед што гледа зад хоризонтот, зад нештата. Колку е сиромашна Македонија без благите, даровити луѓе како Катица, како Огнен Чемерски, како Лиле Дирјан...Тие толку многу не беа од овој свет со нивната дарба на љубовта, што, напати, си велам дека си заминаа пред да настапи времето на омразата и делбите во Македонија. Тие љубеа, твореа и обединуваа. Во моментов кога се збогувам со милата Катица, ѝ благодарам и нејзе, но, и на Огнен, на Лиле, на тие чудесни луѓе, кои само мигновено минаа низ мојот живот, но ми го допреа срцето засекогаш. Почивајте во мир, мили пријатели!

Катица Трајковска Абјаниќ
?? ?? ???? - 31 август 2018

Лесна и` земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #196
Денес, четврток, 6 септември 2018, во 83-та година од својот живот од срцев удар почина американската актерска легенда Берт Рејнолдс.

https://www.novamakedonija.com.mk/zivot/magazin/почина-берт-рејнолдс/

Почина Берт Рејнолдс

06.09.2018 21:34



Познатиот американски актер Берт Рејнолдс починал денеска на 82 годишна возраст. Ѕвездата на серијалот „Gunsmoke“, „Smokey and the Bandit“ и „Boogie Nights“ починал во болница во Флорида.

Познат како еден од опасните момци на американската филмска сцена, Рејнолдс ја започна кариерата на филмското платно во култниот филм „Deliverance”.

Го глумеше и полицискиот детектив Ден Огуст во истоимената серија, а во 1997 година беше номиниран за Оскар за најдобра споредна улога во „Boogie Nights“.

https://ako.mk/почина-легендарниот-холивудски-глум/

Почина легендарниот холивудски глумец Берт Рејнолдс

септември 6, 2018



Популарниот холивудски глумец, Берт Рејнолдс, почина во 82 година од животот.
Тој ја започнал кариерата во педесетите години од минатиот век, и има снимено многу филмови и серии.

Во моментот на неговата смрт бил ангажиран за филмот на Квентин Тарантино ,,Беше еднаш во Холивуд“.

Рејнолдс е најпознат по улогата на бандит во акциската комедија ,,Смоки и бандитот“ од 1977.



Бартон Леон "Берт" Рејнолдс Јуниор
11 февруари 1936 - 6 септември 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #197
Минатата ноќ помеѓу 13 октомври 2018 и 14 октомври 2018, после 9 дена откако го прослави својот 78-ми роденден на 5 октомври 2018, после долго боледување почина една од најголемите актерски легенди на поранешните југословенски простори, Милена Дравиќ.

https://sdk.mk/index.php/kultura/pochina-filmskata-legenda-milena-dravik/

ПОЧИНА ФИЛМСКАТА ЛЕГЕНДА МИЛЕНА ДРАВИЌ

14 октомври 2018


Во кариера долга шест децении, Милена Дравиќ оствари повеќе од 150 филмски улоги (Фото: РАС Србија)

Една од најпознатите југословенски актерки Милена Дравиќ почина ноќеска во Белград на 79 години по тешко боледување, потврди Здружението на драмски уметници.


Во филмот „Вратата останува отворена“

Родена на 5 октомври 1940 година, Дравиќ важеше за една од најголемите филмски диви во поранешната држава, остварувајќи повеќе од 150 улоги, а најголемата популарност ѝ донесе партнерството со Љубиша Самарџиќ.


Со Љубиша Самарџиќ во „Лито валовито“

Милена Дравиќ се појави на филм во 1959 година и потоа играше и во театар и на телевизија.


Во филмот „Прекубројна“

Таа е единствената југословенска актерка која била наградена на Канскиот филмски фестивал, за „Посебен третман“ во 1980 година, а награди добиваше и на фестивалите во Венеција, Авелино и во Пула, каде што повеќе пати освои Златна и Сребрена арена. Доби и низа награди за животно дело.


Во култниот, со децении забранет филм „Мистерии на организмот“ на Душан Макавејев

„Нејзиното филмско лице трепери во нашите сеќавања, и кога ќе ги затвориме очите илјадници мали целулоидни квадратчиња намигнуваат со нејзините сини очи и не ни даваат да остареме. Тоа е вечниот филм кој што ни го подари со своето лице Милена“, рече еден од најблиските пријатели и колега Раде Шербеџија во говорот при доделата на наградата „Добричин прстен“ за Милена Дравиќ лани во декември.


Четири и пол децении беше во брак со еден од најомилените југословенски актери Драган Николиќ

Четири и пол децении беше во брак со еден од најомилените југословенски актери Драган Николиќ, по чија смрт пред две и пол години тешко се разболе.

https://www.novamakedonija.com.mk/zivot/почина-актерката-милена-дравиќ/

Почина актерката Милена Дравиќ

Од НМ - 09:46 14.10.2018



Актерката Милена Дравиќ почина ноќеска во Белград на 79 години, по тешко боледување, јави Танјуг.

Милена Дравиќ, една од најпознатите српски и југословенски актерки, е родена на 5 октомври 1940 година во Белград.

Играше во преку сто филмови, а најголемата популарност ја доби во соработка со колегата Љубиша Самарџиќ.

Нејзини најпознати улоги се во филмовите „„Утро“, „Козара“, „Битката на Неретва“, „Работа на одредено време“, „Татко на службен пат“, „Секула повторно се жени“, „Не е лесно со мажите“, „Зона Замфирова“ ...

Позната е и по култните серии „Театар во куќа“ и „Луд, збунет, нормален“.

Со својот трет сопруг и колега Драган Николиќ од 1972 до 1974 година ја водеше популарната шоу програма „Образ покрај образ“.

Милена Дравиќ е добитник на наградата за најдобра споредна женска улога на Канскиот филмски фестивал, на специјалната филмска награда „Златна роза“ на Венецискиот филмски фестивал, како и на најпрестижните српски награди за целокупниот придонес кон југословенската и српската кинематографија.

https://a1on.mk/archives/961723

Почина Милена Дравиќ

14/10/2018 - 08:36



Легендарната југословенска глумица, Милена Дравиќ почина ноќеска во Белград, на 78-годишна возраст, по тешка болест, потврдија од Здружението на драмските уметности на Србија.



Пред две и пол години таа остана без својот сопруг, актерот Драган Николиќ. Оваа година беше промовирана монографијата за актерката.

Милена Дравиќ е родена на 5. октомври 1940-та година во Белград.



Филмската, театарската и телевизиската актерка важи за една од најголемите диви на просторите на поранешна Југославија.



Има одиграно дваесетина театарски улоги во претстави од различни продукции, а некои од нив се повеќе пати наградувани и играни по повеќе од 15 години. Според некои податоци таа има глумено во 150 филмски или телевизиски улоги.


Нејзини најпознати улоги се во филмовите „Утро“, „Козара“, „Битката на Неретва“, „Работа на одредено време“, „Татко на службен пат“, „Секула повторно се жени“, „Не е лесно со мажите“, „Зона Замфирова“ ...



Позната е и по култните серии „Театар во куќа“ и „Луд, збунет, нормален“.

Во брак со актерот Драган Николиќ беше четири и пол децении.



Овој познат српски актерски пар, иако има играно во речиси 200 домашни филмови, заедно се појавил во само три филма.


Милена Дравиќ е добитник на наградата за најдобра споредна женска улога на Канскиот филмски фестивал, на специјалната филмска награда „Златна роза“ на Венецискиот филмски фестивал, како и на најпрестижните српски награди за целокупниот придонес кон југословенската и српската кинематографија.


Таа е единствена актерка од поранешна Југославија, чие име е впишано во Ларусова светска енциклопедија на филмот и единствена југословенска актерка на насловната страница на „Њујорк тајмс“.


Милена Дравиќ
5 октомври 1940 - 14 октомври 2018

Лесна и` земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 
Последен пат уредено:

Transporter

Активен Член
521
222
43
Стварно голема загуба за актерското творештво... Ќе ја памтам по серијата Луд Збунет Нормален и феноменалната улога на Споменка.
 

TVman

Добро-Познат Член
16,691
13,066
113
Што улога имаше во ЛЗН ? Не се сеќавам баш на неа..
 
Top