Ин мемориам

  • Автор на оваа тема Dexter26
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #141
Денес, недела, 20 август 2017, во 92-та година од својот живот, почина американската актерска и хумористична легенда Џери Луис.

http://novatv.mk/pochina-slavniot-humorist-dheri-luis/

Почина славниот хуморист Џери Луис

август 20, 2017-9:16 pm



Американскиот глумец и хуморист Џери Луис почина денес во својата 91 година во својот дом во Лас Вегас, информираше неговиот агент.

Вистинското име му беше Џозеф Левич, беше роден во Њу Џерси во еврејска фамилија со руско потекло.Тој беше актер но и продуцент и режисер.

Неговото лице беше познато во целиот свет преку неговите комични гримаси и имитации. Зад него остави над 60 филмови. Славата дојде по неговата средба со Дин Мартин во 1946 година и нивното заедничко учество во шоуто на Ед Саливен во 1948 година. Нивниот прв филм “Мојата пријателка Ирма” постигна неверојатен успех кај публиката. Десет години подоцна секој од нив почна соло кариера.

Луис ги играше главните улоги во филмовите на Френк Ташлин како “Геиша бој” или “Пепелашка со големи нозе”. Подоцна стана и професор на универзитетот во Калифорнија.

По десет години отсуство од филмот, тој и се врати на публиката во филмот “Тешко работење”. Во 1983 година Мартин Скорсезе му понуди улога во филмот “Кралот на комедијата” а во 1991 година Емир Кустурица го покани да игра во “Аризона дрим”.

Луис беше татко на седум деца. Тој активно работеше на интеграција на лица со физички и ментален хендикеп и помагаше во борбата против мускуларната дистрофија. Едно хуманитарно шоу посветено миопатијата (неуро-мускуларна болест) му донесе номинација на Нобелова награда за мир.
http://plusinfo.mk/vest/123749/pocina-slavniot-komicar-djeri-luis

Почина славниот комичар Џери Луис

21:20 20 август 2017

Вистинското име му беше Џозеф Левич, беше роден во Њу Џерси во еврејска фамилија со руско потекло.Тој беше актер но и продуцент и режисер.



Џери Луис, холивудскиот генијален актер и комичар, почина денеска на возраст од 91 година, во неговиот дом во Лас Вегас, потврди неговиот агент.

Неговата смрт е потврдена со соопштение објавено на Twitter, кој ја објави новинар од Las Vegas Review Journal.

„Легендарниот комичар Џери Луис почина од природна смрт во својот дом. Во тие моменти со него беше неговото семејство“, се наведува во соопштението.

Вистинското име му беше Џозеф Левич, беше роден во Њу Џерси во еврејска фамилија со руско потекло.Тој беше актер но и продуцент и режисер.

Неговото лице беше познато во целиот свет преку неговите комични гримаси и имитации. Зад него остави над 60 филмови. Славата дојде по неговата средба со Дин Мартин во 1946 година и нивното заедничко учество во шоуто на Ед Саливан во 1948 година. Нивниот прв филм „Мојата пријателка Ирма” постигна неверојатен успех кај публиката. Десет години подоцна секој од нив почна соло кариера.
Џозеф Џероме Левич - Џери Луис
16 март 1926 - 20 август 2017

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #142
Вчера, петок, 8 септември 2017, во 81-та година од својот живот, почина југословенската актерка легенда Љубиша Самарџиќ.

https://kajgana.com/pochina-akterskata-legenda-ljubisha-samardzhikj-ulogite-po-koi-kje-ostane-zapameten

Почина актерската легенда Љубиша Самарџиќ: Улогите по кои ќе остане запаметен

9. септември 2017 - 11:05

Доајенот на српското и југословенското актерство, режисер и продуцент Љубиша Самарџиќ почина вчера по тешко боледување во 81-та година од животот. Веста за смртта на легендарниот српски актер ја пренесоа сите белградски медиуми.



Самарџиќ во декември минатата годија имаше тешка операција на мозокот. По операцијата, лекарите имале оптимистички прогнози, но по влошување на состојбата со леукемијата од која боледуваше подолго време, општата здравствена состојба му се влошила.

Самарџиќ е роден на 19 ноември 1936 година во Скопје во рударско семејство. Целиот свој живот го посвети на глумата, а потоа и на режирањето. Со сопругата Мирјана беше во брак 50 години, со кого го имаа синот Драган, како и ќерката Јелена од која има внуци.

Оствари бројни незаборавни улоги, но на порашените југословенски простори највеќе го паметат по улогата во серискиот филм ,,Топол ветер“, како Шурда, но и по прекарот „Смоки” кој го доби по истоимениот лик кој го толкуваше уште во 1963 година во филмот ,,Песочен град“.



Меѓу значајни филмски улоги се вбројуваат оние во филмовите „Битката на Неретва”, „Сутјеска”, „Бомбаши”, „Љубовниот живот на на Будимир Трајковиќ”, „Луди години”, „Работа на одредено време”, „Татко на одредено време”, „Не е лесно со мажите”, „Магарешки години”, „Убиство со предумисла”.... Глумеше и во повеќе телевизиски серии како „Враќање на отпишаните”, „Каде одат дивите свињи”, „Подобар живот”, „Полицаецот од Петлов рид”...







https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/film/pochina-ljubisha-samardzhikj

Почина Љубиша Самарџиќ

9 Септември 2017 - 09:02

На 81 годишна возраст, една година по операција на мозокот, почина едно од заштитните лица на југословенската кинематографија. Љубиша Самарџиќ е роден во Скопје, во рударско семејство. Со рударско темпо и снимаше филмови и серии.



„Либералниот капитализам не нè направи среќни па сè почесто сум склон кон размислувањето дека минатото во времето на Тито беше подобра. Се знаеше кој коси а кој вода носи. Денес многумина се на улица, штрајкови кај и да се свртиш... А бестијални војни на сите страни. Дури и меѓу членки на Обединетите нации. Човекот се изгуби. Него го нема! Ете тема за филм кој веројатно никогаш нема да го снимам“, ќе рече Љубиша Самарџиќ во едно интервју од пред две години, пред да се соочи со здравствени компликации.

Рано останува без татко па работи уште кога е во средно училиште. На филм дебитира во 1961 а во 1967 во Венеција добива Златен лав за улогата на Мали во филмот "Утро."

Се профилира како махер во три формати, воени филмови, комедии и серии а улогите по кои ќе се памети е попусто да се набројуваат. Во последните две децении се префрла во режисерски и продуцентски води.

„Пораснав во чесно рударско семејство, рано останав без татко и ѝ се восхитувам на мајката тигрица која нè изведе на пат со мизерна рударска пензија. А бевме три деца. Од таквото детство сфатив дека сиромаштијата не е најстрашната работа која може да се случи во животот. Како што растев со секојдневните драми крај рудникот, кога сирените често најавуваа зло во јамите, бев фасциниран со етиката, добродушноста и солидарноста на рударите и брзо ја сфатив смислата на опстанокот во животот“, ќе рече Смоки, прекарот кој го доби по ликот од филмот „Песочен град“ во 1963 година.

























Од сите режисери со кои има работено за најдобар го сметаше Бранко Бауер а му остана жал што не работел со Слободан Шијан иако имал понуда и за „Маратонци“ и за “Ко то тамо пева“, но поради зафатеност, не успеале да се координираат.

Љубиша Самарџиќ
19 ноември 1936 - 8 септември 2017

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Нека почива во мир. Одличен глумец беше. Ехх скоро сите екс ју стари добри глумци починаа ама тоа е животот не си засекогаш вечен.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #144
Денес, четврток, 28 септември 2017, во 92-та година од својот живот, почина основачот и сопственик на списанието Плејбој, човекот кој и на стари години се прослави со својот адолесцентски жиувот, како и со својата изрека дека животот е премногу краток за да се живее туѓ сон, медиумскиот магнат Хју Хефнер.

http://tocka.com.mk/vesti/246296/umre-hju-hefner-osnovacot-na-plejboj-pocina-na-91-godina

Умре Хју Хефнер: Основачот на Плејбој почина на 91 година

28/09/2017 10:01



Основачот и сопственик на славното списание "Playboy", Хју Хефнер, починал на 91. година во Лос Анџелес.

Роден е во 1926. година во Чикаго, а во далечната 1953. година, со само 600 долари, Хју Хефнер го основал списанието "Playboy", кое во текот на децениите прераснало во мулти-милионска индустрија.


Хефнер во животот бил окружен од голем број убавици, кои живееле во неговата луксузна вила, а од кои многумина станале и светски познати.

https://twitter.com/ParisHilton/status/913262190358093824/photo/1

Славните зајачици му донеле и слава на Хју, кој важел за голем заводник кој организирал оргии на своите познати забави.



Најпознати зајачици се Џејн Мејнсфилд, Шенон Твид, Џени МекКарти, Памела Андерсон, Ен Никол Смит, Мерилин Монро...



Како што соопштила PR службата на списанието, овој медиумски магнат и милионер починал од природна смрт во својот дом окружен со семејството, пренесува AP.



Со основањето на "Playboy" во 1953. година, Хефнер изградил бренд кој ја дефинирал сексуалната култура во втората половина на 20. век.



"Животот е прекраток за да се живее туѓ сон", е една од неговите најпознати изјави.



https://kajgana.com/pochina-hju-hefner-osnovachot-na-playboy

Почина Хју Хефнер, основачот на Playboy

28. септември 2017 - 8:38 | М.Д.

Основачот на Playboy, Хју Хефнер, почина во 91 година од својот живот.



Како што беше соопштено од неговата компанија, Хефнер починал „мирно и во топлината на својот дом“ на 91 годишна возраст. Исто така наведено е дека починал од природна смрт.

Медиумски магнат, мултимилионер и човекот кој на светот им ги донесе „зајачици“, помагаше во ширењето на сексуалната револуција уште од шеесеттите години на минатиот век со својот еротски магазин Playboy.

Неговиот живот беше проследен со низа на контроверзии, како на пример познатите Playboy журки, по него беше направено и едно реално шоу, а безброј пати беше критикуван поради претерувањата во својот живот.

Тој беше роден во 1926 година, во религиозно семејство, го основаше Playboy во далечната 1953 година, а дел од капиталот за отворање на овој магазин му бил позајмен од неговата мајка!

Зад себе остави три брака, а највпечатлив за медиумите и светската јавност беше последниот кога неговата сопруга беше дури 60 години помлада од него.

http://novatv.mk/pochina-hju-hefner-osnovachot-na-plejboj/

Почина Хју Хефнер, основачот на Плејбој

септември 28, 2017-8:41 am


Хју Хефнер, чијшто магазин за мажи Плејбој го направи гламурозен урбаниот начин на живот и помогна да се поттикне сексуалната револуција од 1960-тите, почина на 91 година, од природна смрт, објавува Си-Ен-Ен, повикувајќи се на извори од компанијата на Хефнер.

Хефнер го основаше Плејбој во 1953 година со 600 долари од сопствени пари и го изгради списанието во мултимилионска империја за забава, која на врвот од 1970-тите вклучуваше телевизиски емисии, џез-фестивал и низа Плејбој клубови со коктел келнерки кои носеа зајачки уши и друга соодветна облека.

Со текот на годините, легендата за “Хеф” растеше со неговите плејбојски навики, се ожени со неколку “девојки ” од неговиот магазин и се приклучи на реални ТВ-шоуа со девојки помалку од една третина од својата возраст.

Некои критичари го отфрлија како остаток од сексистичка ера, особено во неговите подоцнежни години, кога Хефнер отворено зборуваше за неговите сексуални улоги со вијагра во замокот Плејбој. Но, многу луѓе му завидуваа на неговиот животен стил на адолесцентно-фантастичен живот, анализира Си-Ен-Ен.
Хју Марстон Хефнер
9 април 1926 - 28 септември 2017

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #145
Оваа жална вест ја дознавам со доцнење од речиси месец дена, но актерска легенда како Френк Винсент заслужува посвета за неговите актерски достигнувања во било кој ден од годината.

Пред 3 ипол недели, на 13 септември 2017 од срцев удар починал американскиот актер Френк Винсент, на 80 годишна возраст.

Винсент го толкуваше ликот на Фил Леотардо во 5-та и 6-та сезона од Сопранови, а се прослави и по неговото учество и во бројни гангстерски филмови режирани од страна на Мартин Скорсезе, од кои се издвојуваат Добри момци (Goodfellas, 1990) и Казино (Casino, 1995).

Најпознатата сцена на Френк Винсент од Добри момци, можеби најпозната и од целата негова кариера.


http://www.brif.mk/pochina-frenk-vinsent-zvezdata-na-the-sopranos/

Почина Френк Винсент, ѕвездата на “Сопранови”

September 14, 2017 9:44



Американскиот актер Френк Винсент, познат по улогата во серијата “Сопранови” и неколку филмови на Мартин Скорсезе, почина во 81-та година.

Винсент имаше компликации по операцијата на срцето во болницата во Њу Џерси, објави ТМЗ. Во серијата “Сопранови” го глуми гангстерот Фил Леотардо, главниот непријател на Тони Сопрано во последната 6-та сезона. Исто така, глумеше опасни момци во филмовите “Raging Bull”, “Goodfellas” и “Casino”.

Винсент е роден во Норт Адамс во Масачусетс, а во светот на шоубизнисот беше воведен од неговиот татко, кој беше аматерски актер. Своето деби го имаше во 1975 година, во филмот на режисерот Ралф Девит, “Death Collector” . Во текот на 40-годишната кариера често пати играше мафијаши, а особено беше познат по улогата на Били Батс во филмот “Goodfellas” од 1990 година.

Винсент исто така беше музичар, комичар, продуцент и автор.

“Изгубивме одличен глумец и голем човек. Засекогаш ќе остане во нашата меморија”, изјави неговиот колега Винсент Пасторе.
http://tocka.com.mk/vesti/244302/pocina-amerikanskiot-akter-frenk-vinsent-dzvezdata-na-serijata-the-sopranos

Почина американскиот актер Френк Винсент, ѕвездата на серијата “Сопранови”

14/09/2017 10:05

Американскиот актер Френк Винсент, познат по улогата во серијата “Сопранови” и неколку филмови на Мартин Скорсезе, почина во својата 78-ма година.



Винсент имал компликации по операција на срцето во болницата во Њу Џерси, пренесува TMZ. Во ТВ серијата на HBO, тој ја толкува улогата на гангстерот Фил Леотардо, непријател на главниот лик Тони Сопрано во последната 6-та сезона. Исто така, се појавува во улога на опасни момци во филмовите “Raging Bull”, “Goodfellas” и “Casino”.

Популарниот актер доживеал инфаркт минатата недела.


Винсент е роден во Норт Адамс во Масачусетс, а во светот на шоу-бизнисот го вовел неговиот татко, кој бил аматерски актер. Своето деби го имал во 1975 година во филмот “Death Collector” во режија на Ралф ДеВито. Во текот на својата четириесетгодишна кариера, тој често толкувал улоги на мафијаши, а посебно е познат по улогата на Били Батс во филмот “Goodfellas” од 1990 година.



Френк исто така бил музичар, комичар, продуцент и автор.

“Изгубивме одличен актер и голем човек. Засекогаш ќе остане во наше сеќавање”, изјавил неговиот колега Винсент Пасторе.

Почина Френк Винсент, актерот од „Сопранови“ и „Добри момци“

September 14, 2017


Фото - Профимедиа

Познатиот актер Френк Винсент, на кого му беа ривали Џејмс Гандолфини и Роберт де Ниро во неговите најпознати улоги, почина на 80 години.

– Легендарниот актер Френк Винсент почина мирно, опкружен со неговото семејство на 13 септември. Ве молиме да ја почитувате нашата приватност за време на овој тежок период – посочило семејството на актерот во изјава.

Винсент ќе остане запаметен како гангстерот од филмот на Мартин Скорсезе, „Добри момци“.


Фото – Принтскрин/Јутјуб

Тој се придружи и на екипата на „Сопранови“ како Фил Леотардо, лик кој умира на крајот во шокирачки момент на насилство.

– Можам да речам дека Фил беше еден од најголемите телевизиски негативци. Не се шегуваше. Фил беше сериозен – изјави Винсент во интервју од 2011 година.

Актерот е роден во 1937 година во САД во семејството на мигранти од Италија. На почетокот Винсент бил заинтересиран за музика, но потоа учествувал во нискобуџетен филм со неговиот колега Џо Пеши, каде што бил забележан од актерот Роберт Де Ниро, што на некој начин било пресудно за неговата кариера.

Скорсезе бил фасциниран од неговата актерска вештина и веднаш го ангажирал во филмот „Разбеснетиот бик”.

Френк Винсент Гатузо Јуниор
15 април 1937 - 13 септември 2017

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

TVman

Добро-Познат Член
16,692
13,067
113
Што значи ова ? Нема повеќе смешни видеа/промоа ? Пак ли забранија ?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Неко од Јутјуб каналите сеуште постојат иако одамна немате ништо ставено на нив.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #149
На возраст од 74 години почина македонската спортска и телевизиска легенда Сашо Панов.

https://sdk.mk/index.php/magazin/pochina-sasho-panov-neformalniot-gradonachalnik-na-popova-shapka/

ПОЧИНА САШО ПАНОВ, НЕФОРМАЛНИОТ ГРАДОНАЧАЛНИК НА ПОПОВА ШАПКА

27 ноември 2017


Сликарот Сашо Панов е еден од ретките жители кој цела година живееше на Попова Шапка, па викендашите го викаат градоначалник. (Фото: СДК.МК)

Во 74 година од животот почина Сашо Панов, режисер во МТВ, сликар, спортист, освојувач на бројни медали во скијање на скијачки купови и наш познат тенисер. По заминувањето во пензија, постојано живее на Попова Шапка во неговата викендичка поради што и ја доби почесната титула „Градоначалник на Попова Шапка“.

Сашо Панов беше голем вљубеник во Попова Шапка, беше еден од ретките кој во текот на целата година живееше во викенд населбата, беше препознатливо лице на оваа наша планинска убавица. Неуморно се бореше со сите проблеми кои ја засегаа Попова Шапка и со сите сили настојуваше овој наш најпознат зимски туристички центар да ги поврати старата слава и сјај кои некогаш ги имаше.

„Јас сум вљубен во Попова Шапка. Таа ги има најдобрите услови за скијање. Прв пат овде дојдов како дете уште во 1954 година и бев воодушевен од ова место. Од тогаш секоја зима бев овде да се скијам а по пензионирањето овде почнав и да живеам за постојано да бида близу до оваа убавина“, знаеше да каже Сашо Панов.

СЛИКАМ И ГИ БРОЈАМ ДИВОГРАДБИТЕ, ВЕЛИ САШО ПАНОВ, „ГРАДОНАЧАЛНИКОТ“ НА ПОПОВА ШАПКА

Иако навлезе во осмата деценија од животот Сашо ни за момент не го напушти скијањето. Во зима секој ден по два три часа одеше на скијање.

„Секогаш кога ќе стапнам на ските се потсетувам на оние убави моменти кога се натпреварував на бројни скијачки натпревари во тогашна Југославија и надвор од неа, се сеќавам и на бројните успеси што ги постигнав за скијачката репразентација на Македонија и на Југославија“, со гордост зборуваше Сашо за минатите времиња.

Откако замина во пензија целосно се пресели на Попова Шапка. Неговата скомна викендичка ја претвори во ликовно ателје. Сликаше пејзажи, актови, астракции, икони, кучето шарпланинец му беше омилена сликарска тема како и убавините на Шара.

„Овде сум по цел ден и уживам во сликањето. Ваков мир и убавина тешко можат на друго место да се најдат. Сликањето ми е меракот на душата. Татко ми беше професор по ликовно и од него го наследив овој талент. Имам работено и иконостаси во неколку цркви, мои слики има низ цел свет. Сум имал и изложби но веќе немам намера да правам . Најголемото задоволство ми е да си сликам само за себе“, зборува Сашо Панов за неговата втора или прва љубов после скијањето.

Сашо Панов починал во својата викендица опкружен со своите слики, освоените медали, спортските реквизити и се она што му значеше во животот. Погребот на Сашо Панов ќе се изврши утре на градските гробишта во Скопје.

З. АНДОНОВ
http://www.novamakedonija.com.mk/NewsDetail?title=Почина-Сашко-Панов-легендата-на-Попова-Шaпка&id=dd10741f-b930-4b63-a8ef-a99918cfcb62

Почина Сашко Панов, легендата на Попова Шaпка

27.11.2017 14:50



На Попова Шапка беше најден починат еден од ретките постојани жители во овој зимски центар, 74-годишниот Сашко Панов. Скопјанецот таму живееше повеќе од десетина години, веднаш по пензионирањето. Луѓето кои работеа или често престојуваа на Попова Шапка го препознава по прекарот „градоначалникот на Попова Шапка“.

Сашко Панов е познат и во спортската јавност. Во младоста се занимавал со многу спортови, а пред сè со скијањето. Тоа што постојано бил на скии и имал викендичка бил еден од мотивите да се одлучи да живее на Попова Шапка. Бил член на скијачкиот клуб Љуботен заедно со легендарните Бранко Иљоски-Чајка, Рефик Јахја, а бил и дел од репрезентација на СФР Југославија.

Дури 38 години има работено во Телевизија Скопје-МТВ како телевизиски режисер. Бидејќи по вокација е сликар на Попова Шапка деновите ги поминувал и со слиакње покрај скијањето на зима и пешачењето на лето.

Бидејќи е најден сам во викендичката во викенд населбата тетовската полиција соопшти дека е направен и увид. Јавен обвинител, екипа од Секторот за внатрешни работи Тетово и лекар по судска медицина извршиле увид и при тоа не биле констатирани траги на насилство. По наредба на јавен обвинител, ќе се врши обдукција врз безживотното тело Панов.

А.С.
http://sitel.com.mk/memoriam-pochina-sportskata-legenda-sasho-panov

ИН МЕМОРИАМ: Почина спортската легенда Сашо Панов

27. November 2017 - 19:38



Во 74. година од животот на Попова Шапка, каде што ги минуваше пензионерските денови, ненадејно почина македонската спортска легенда Сашо Панов. Тој, покрај тоа што беше истакнат спортист, целиот работен век го мина во Македонската телевизија, каде што ги реализираше и најодговорните спортски проекти, како што беа преносите од хокејарскиот турнир на Олимпијадта во Сараво – 1984 година. Тој беше и истакнат уметник, кој зад себе остави многу слики од Старо Скопје и икони, а беше автор и изведувач на иконостасот во црквата на Попова Шапка.

Во долгогодишната спортска кариера, која почна во првата половина од 50. години од минатиот век, Сашо Панов, иако хендикепиран-без една рака која ја загуби по експлозија на бомба уште како дете на скопското Кале, беше повеќекратен тениски пионерски, младински и сениорски првак на Македонија. Во тенис беше и втор на Европското првенство за пионери 1956 година во Суботица. Потоа, од неговата спортска биографија ги бележиме победите и титулите освоени на првенствата на Македонија во алпско скијање, а во слалом беше првак на Југославија за инвалиди, а беше и победник на Зимската Олимпијада за инвалиди одржана во Куршевел (Франција) во 1972 година.

Со екипата на Еврејско маало беше и екипен првак на Македонија во пинг-понг. Со сите тие постигнувања Сашо Панов има почесно место во македонскиот спорт, во кој ќе биде запаметен како вистинска спортска легенда.

Неговиот животен пат заврши онаму каде го поврзуваа спомените од минатото - на Попова Шапка. Таму каде што некогаш победуваше, секогаш беше добредојден на белите патеки, каде и во 70. години од животот на младите вљубеници на белиот спорт им ги демонстрираше скијачките вештини.

Погреб ќе биде во вторник (28 ноември 2017) на Градските гробишта Бутел во 13.00, во Капела од 12.00.
Сашо Панов
?? ?? ???? - ??.11.2017

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #150
Денес, вторник, 5 декември 2017, во 97-та година од својот живот, почина последниот романски крал Михај Први.

http://expres.mk/умре-последниот-романски-крал/

Умре последниот романски крал

December 5, 2017



Поранешниот крал на Романија, Михај, почина во Швајцарија на 96-годишна возраст, објави новинската агенција Ројтерс.

Информацијата беа потврдена од кралското семејство денес.

Кралот Михај, последниот владетел на романската монархија, се повлече од јавност минатата година заради болест.

Михај, инаку братучед на британската кралица Елизабета Втора, беше принуден да се откаже од престолот во 1947 година.
http://tatkovina.info/2017/12/05/почина-поранешниот-романски-крал-мих/

Почина поранешниот романски крал Михај

05.12.2017



Пооследниот романски крал Михаj Први почина на 96-годишна возраст во неговата резиденција во Швајцарија. По неговата смрт, последниот жив државен монарх од времето на Втората светска војна останува Симеон Саксобурготски, кој бил цар на Бугарија од 1943 до 1946 година.

Михај умрел во 13 часот, а со него во последниот негов час била неговата мала ќерка Марија. Во изминатата година и половина, поранешниот крал беше тешко болен.

Наследничката на романската круна, принцезата Маргарета ќе се обрати вечерва.

Ковчегот со телото на кралот Михај ќе биде поставен во почесната сала на замокот Пелеш во романскиот град Синаја, а потоа за два дена – во трон-салата на кралскиот дворец во Букурешт.

Опелото ќе биде во Патријаршиската црква во главниот град на Романија.

Поранешниот крал ќе биде погребан во градот Куртја де Арџеш.

Романскиот претседател Клаус Јоханис бил информиран за смртта на Михај за време на неговиот состанок со амбасадорите на ЕУ во Букурешт и на негово барање, во негова памет било оддадено едноминутно молчење.

Кој е кралот Михај?

Михај Први е роден на 25 октомври 1921 година Во 1925 година таткото на Михај Карол II се откажува од престолонаследството и така 4-годишниот Михај станува наследник на својот дедо Фердинанд. По смртта на вториот во 1927 година, кралот се качува на тронот со регенти. Првиот период од неговото владеење продолжува до 1930 година. Тогаш политичарите незадоволни од регентството го поканиле Карол II да се врати во земјата. Карол се качува на престолот и останува на него 10 години.

Во 1940 година, маршал Јон Антонеску направил државен удар со кој го соборил Карол од престолот. Тогаш 19-годишниот Михај повторно се качува на престолот, но нема вистинска моќ. Романија се приклучува за време на Втората светска војна на страната на оската. Во првите години од војната, земјата успева да ги окупира населените со Бугари Бесарабија и делови со населената со Унгарци Трансилванија. И покрај тоа што војната беше успешна во првите години, меѓу 1943 и 1944 година Романија паѓа во криза поради огромниот извоз на нафта за нацистичка Германија и хиперинфлацијата на лејот.

Кралот, кој е против режимот Антонеску, се обединува со опозициските партии на комунистите, монархистите и либералите. На 23 август 1944 година, по инвазијата на Црвената армија во Романија, опозицијата го симнува Антонеску од власт. Премиер на Романија станува Константин Санетеску, а земјата е ослободена од советските сили.

Постепено, земјата попаѓа под влијание на СССР, по формирањето на комунистичка влада.

Уредувањето е преобразено во социјалистички, и покрај тоа што уставно Романија останува монархија. Во овој период, државата се карактеризира како „социјалистичка монархија“, а Михај се нарекува „кралот комсомолец“. На 6 јули 1945 година, кралот е награден со орденот ʺПобедаʺ од страна на советската влада, станувајќи најмладиот негов кавалер и единствениот кој сѐ уште е жив до денес.

На крајот на 1947 година, владата на Петру Гроза го принудува Михај да абдицира во полза на прогласената Народна Република. Кралот се населил во Швајцарија, каде што станал пилот и работел во авиокомпанија.

Во 1992 година, три години по т.н. 1989 револуција, романската влада му дозволила на Михај да се врати во земјата за Велигденските празници. Вратениот крал привлекува огромни толпи, според некои над еден милион луѓе. Неговата популарност го вознемирува претседателот Јон Илиеску, кој за време на следните пет години го забранува пристапот на Михај во Романија. Во 1997 година, откако Илиеску беше поразен на изборите претходната година, владата му го враќа романското државјанство на Михај и повторно му дозволува да престојува во земјата.

Михај е прапраправнук на кралицата Викторија и трети братучед на кралицата Елизабета II. Тој е оженет со Ана Бурбон-Пармска, која има 5 ќерки.
Михаил Први Романски
25 октомври 1921 - 5 декември 2017

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #151
Вчера, недела, 17 декември 2017, почина Иван Карадак - таткото на модерната македонска сатира и креатор на македонското сатирично радио шоу Хихирику.

https://sdk.mk/index.php/uncategorized/gospod-da-e-na-vlast-satirata-e-literatura-na-otporot-pochina-ivan-karadak/

ПОЧИНА ИВАН КАРАДАК, МАЈСТОРОТ НА САТИРАТА ВО „ХИХИРИКУ“

18 декември 2017 12:12 am


Карадак беше познат на пошироката јавност по емисијата “Хихирику” што секоја недела, се до март годинава, цели 40 години одеше на првата програма на Mакедонското радио, во 11 часот.

Креаторот на најстарата и уникатна сатирична емисија, своевиден бренд на Македонското радио, „Хихирику“, Иван Карадак почина вчера во Скопје.

Карадак беше познат на пошироката јавност по емисијата „Хихирику“ што секоја недела, цели 40 години одеше на првата програма на Македонското радио, во 11 часот.

Емисијата престана да се емитува во март годинава, иако обиди поради немање пари да се затвори емисијата имаше и во 2014 година, но по реакции во јавноста, МРТ успеа да ја спаси.

Карадак тогаш рече: „Претерано понижувачки е сето ова. Во средата ја снимивме емисијата, во петокот требаше да ја монтираме, и тогаш ме викна Главниот уредник и ми рече, ’ако сакате монтирајте, ама и не морате‘. Од Главната дирекција на Радиото не ме ни удостоија да ме поканат и да ми кажат во што е проблемот. Наводно, од Министерството за финансии нема одобрено средства за сите хонорарни соработници во МРТ“.

Големиот мајстор на сатирата велеше дека таа е коректор на власта, па која и да е и дека е здрава за секое општество: „И Господ да е на власт, сатирата е литература на отпорот и ќе најде за што да зборува“.

Карадак беше автор на театарските претстави: „Угоре високо – Удолу длабоко“, „Хумористична партија“, адаптацијата на текстот „Како да ја убиеш сопругата и зошто“, три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма „Мајче“ и многу други.

Беше автор и на неколку книги: афоризмите „Коприварник“, сатиричните песни „Талкач по душата“, сатиричните песни „Записи врз водата“, куси сценарија „Лајач на месечина“ и најновата книга афоризми „Мисли со Боцки“. Беше автор и на многу телевизиски драми и серии, меѓу кои: првонаградената „Цвеќе на карпата“, познатите „Камчевци“, „Алф од Ново Лисиче“, „Ало Ало“, „Агенција осамени срца“, „Балканбенд ”.

Добитник е на повеќе награди, меѓу кои државната награда „Св. Климент Охридски“.

Погребот е денеска (понеделник) во 12 часот на Градските гробишта Бутел во Скопје.
http://cooltura.mk/razno/memoriam-pochina-ivan-karadak

IN MEMORIAM: Почина Иван Карадак

12/17/2017 - 18:47

Денес во Скопје, почина таткото на модерната македонска сатира, големиот човек - Иван Карадак.



Иван Карадак беше познат на пошироката јавност по емисијата "Хихирику" што секоја недела одеше на првата програма на македонското радио, во 11 часот, цели четириесет години.

Иван Карадак беше автор на бројни театарски претстави и беше текстописец на првото кабаре во Мaкедонија насловено "Кабаре – Коприварник ".

Беше автор на театарските претстави: "Угоре високо – Удолу длабоко", "Хумористична партија ", адаптацијата на текстот "Како да ја убиеш сопругата и зошто", три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма "Мајче" и многу други.

Беше автор и на неколку книги: афоризмите "Коприварник", сатиричните песни "Талкач по душата ", сатиричните песни "Записи врз водата", куси сценарија "Лајач на месечина" и најновата книга афоризми "Мисли со Боцки ". Беше автор и на многу телевизиски драми и серии, меѓу кои: првонаградената "Цвеќе на карпатa ", познатите "Камчевци", "Алф од Ново Лисиче ", "Ало Ало ", "Агенција осамени срца", "Балканбенд " и други.

Добитник е на многу награди меѓу кои државната награда Св. Климент Охридски.

Последниот поздрав ќе биде утре, во 12 часот, во Капелата на гробиштата во Бутел.

Слава му!
http://a1on.mk/archives/833311

Почина Иван Карадак

17/12/2017 - 22:18



Денеска, утрово, ненадејно почина Иван Карадак, познат хуморист и сатиричар.

Иван Карадак и беше најпознат на пошироката јавност по емисијата „Хихирику“ што секоја недела одеше на првата програма на македонското радио, во 11 часот, цели четириесет години.

Иван Карадак беше автор на бројни театарски претстави и беше текстописец на првото кабаре во Мaкедонија насловено „Кабаре – Коприварник“.

Беше автор на театарските претстави: „Угоре високо – Удолу длабоко“, „Хумористична партија“, адаптацијата на текстот „Како да ја убиеш сопругата и зошто“, три новогодишни претстави за деца, првонаградената радио-драма „Мајче“ и многу други.

Беше автор и на неколку книги: афоризмите „Коприварник“, сатиричните песни „Талкач по душата“, сатиричните песни „Записи врз водата“, куси сценарија „Лајач на месечина“ и најновата книга афоризми „Мисли со Боцки“.

Беше автор и на многу телевизиски драми и серии, меѓу кои: првонаградената „Цвеќе на карпатa“, познатите „Камчевци“, „Алф од Ново Лисиче“, „Ало Ало“, „Агенција осамени срца“, „Балканбенд“ и други.

Беше добитник на многу награди меѓу кои и државната награда Св. Климент Охридски. Последниот поздрав ќе биде утре, во 12 часот, во Капелата на гробиштата во Бутел.
Иван Карадак
?? ?? ???? - 17 декември 2017

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #152
Вчера, недела, 17 декември 2017, на 74 годишна возраст почина Стамен Филипов - пензиониран правник и чувар на македонскиот Устав.

http://makfax.com.mk/daily-news/почина-стамен-филипов-уривачот-на-зак/

Почина Стамен Филипов – уривачот на закони пред Уставниот суд

10:31 | декември 18, 2017



На 74 години почина Стамен Филипов, правник во пензија, човекот што поднесе најмногу иницијативи пред Уставниот суд за преиспитување на уставноста на многу закони и законски решенија.

Стамен Филимов или како што го нарекуваа новинарите уривачот на закони, борецот против лошите закони, човекот кој две децении будно ја штитеше уставноста на нашата земја беше симбол на граѓанскиот активизам. Филипов до судот во текот на своите пензионерски денови поднесе 1.200 претставки, од кои дури 308 му биле прифатени.

Филипов беше пензиониран правник од АРМ со чин потполковник и уживаше голема почит меѓу своите колеги. Тој пред Уставниот суд ги оспоруваше Законот за лустрацијата, Законот за измените на ДДВ и многу други.
http://faktor.mk/pochina-stamen-filipov-chovekot-koj-loveshe-loshi-zakoni

Почина Стамен Филипов, човекот кој ловеше лоши закони

18 Декември, 2017



Вчера почина Стамен Филипов, човекот кој беше рекордер во Република Македонија според бројот на поднесени претставки до Уставниот суд. Тој може да се нарече ловец на лоши закони бидејќи наоѓаше голем број на грешки и недоследности во законските решенија кои не се во согласност со македонскиот Устав.

Правникот Филипов до судот, во текот на своите пензионерски денови поднесе 1200 претставки , од кои дури 308 му биле прифатени.

Од вкупно поднесените иницијативи, Уставниот суд ми уважил 304 иницијативи, од тоа: 239 законски одредби се укинати или поништени, од кои 9 закони во целина и 65 подзаконски прописи,од кои 32 подзаконски прописи се укинати во целина. Уставниот суд по повод моите иницијативи има одржано и 15 подготвителни седници. За 569 иницијативи Уставниот суд, не повел постапка. Во оваа бројка не се вброени решенијата, со кои се отфрлени иницијативите”-резимираше Филипов за Фактор.

Според него, Уставниот суд не одлучува на време по поднесените иницијативи, затоа што е под директно политичко влијание.

Филипов водеше голем број на тешки и значајни иницијативи пред Уставниот суд за законски решенија кои ја поделуваа стручната јавност, но и самите граѓаните ги оценуваа како штетни или наметнати од страна на власта.

Тој почина на 74 годишна возраст.
http://fokus.mk/pochina-stamen-filipov-urivachot-na-zakoni-koj-podnese-1-200-pretstavki-do-ustaven-sud/

Почина Стамен Филипов, „уривачот на закони“, кој поднесе 1.200 претставки до Уставниот суд

18/12/2017



На 74 години, почина Стамен Филипов, правник во пензија, човекот кој поднесе најмногу иницијативи пред Уставниот суд за преиспитување на уставноста на многу закони и законски решенија.

Стамен Филипов до судот, во текот на своите пензионерски денови поднесе 1200 претставки , од кои дури 308 му биле прифатени.

Стамен Филимов или како што го нарекуваа новинарите „уривачот на закони“, „борецот против лошите закони“, човекот кој две децении будно ја штитеше уставноста на нашата земја беше симбол на граѓанскиот активизам.
https://sdk.mk/index.php/makedonija/pochina-stamen-filipov-rekorderot-po-podneseni-initsijativi-ustavniot-sud/

ПОЧИНА СТАМЕН ФИЛИПОВ, РЕКОРДЕР ПО ПОДНЕСЕНИ ИНИЦИЈАТИВИ ДО УСТАВНИОТ СУД

18 декември 2017 11:03 am


Филипов поднесе 1.200 претставки за оценување на уставноста на законски одредби и разни решенија, а од нив му биле прифатени 308. (Фото: Фејсбук)

Стамен Филипов, пензиониран правник од АРМ со чин потполковник, познат каков човекот што поднел најмногу претставки до Уставниот суд на Република Македонија, почина вчера на 74-годишна возраст, објави агенцијата „Мета“.

Во текот на своите пензионерски денови, Филипов поднесе 1.200 претставки за оценување на уставноста на законски одредби и разни решенија, а од нив му биле прифатени 308.

Од нив, 239 законски одредби се укинати или поништени, од кои 9 закони во целина и 65 подзаконски прописи, а 32 подзаконски прописи укинати во целина. За 569 негови иницијативи, судот не почнал постапка.
Стамен Филипов
?? ?? ???? - 17 декември 2017

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #153
Пред 11 дена, на 14 декември 2017, на помалку од 3 месеци пред неговиот 100-ти роденден, почина американскиот аниматор Роберт Гивенс - човекот кој работеше на првиот долгометражен цртан филм на Волт Дизни и општо во историјата на филмската анимација - Снежана и 7-седумте џуџиња, како и на бројни анимирани филмови и ликови за Ворнер Брос, Хана Барбера и бројни други студија за анимиран филм, а најзапамтен ќе остане несомнено по неговото дело, еден од најпознатите и најсмешните анимирани ликови - Душко Долгоушко.

http://skopje24.mk/site-go-obozavavme-pocina-idejniot-tvorec-na-dusko-dolgousko/

СИТЕ ГО ОБОЖАВАВМЕ: Почина идејниот творец на Душко Долгоушко!

декември 19, 2017



Тажна вест за сите љубители на еден од најпознатите цртани ликови, Душко Долгоушко, почина аниматорот и креаторот на овој популарен лик, Боб Гивенс.

Цртаниот филм кој со својата занимлива појава и нестрашливост ги освои срцата на публиката ширум светот остана без својот творец, аниматор и креатор, Боб Гивенс, кој почина во својата 99 година од животот.



Ликот познат по својата зборливост, њујоршкиот нагласок и хумористична природа, секогаш успешно се бори против своите непријатели.

Прв пат се појави на 30 април 1938 година во филмот „Поркиевиот лов на зајак“ (Porky’s Hare Hunt), но дури во „Дивиот зајак“ (A Wild Hare) од 1940 година стана фигурата која денес ја познаваме.



Во тој филм за прв пат излезе од дупката и ја изговори својата препознатлива реченица „Што е, другар“ (What’s Up, Doc), која од него ќе направи еден од најславните анимирани ликови на сите времиња.



Иако Душко Долгоушко и друштвото повеќе не се популарни како некогаш, тие секогаш ќе останат икони.



Гивенс за Дизни работел и на првиот долгометражен анимиран филм „Снежана и седумте џуџиња“, а подоцна преминал во Ворнер Брос.



Бил војник во Втората светска војна, а работел и на проекти како што се „Попај“, „Химен“ и „Господари на Универзумот“.

Својата работа ја извршуваше до почетокот на 2000 година откако престана да предава на студентите. Гивенс почина од природна смрт на 14 декември во болницата Свети Јосиф во Бурбанк, Калифорнија, пренесуваат американските медиуми.



http://reporter.mk/seshto/pochina-bob-givens-animatorot-na-dushko-dolgoushko/

Почина Боб Гивенс, аниматорот на Душко Долгоушко

19/12/2017



Американскиот уметник, аниматор и креатор на популарниот лик на цртаниот филм Душко Долгоушко, Боб Гивенс, почина на 99-годишна возраст.

Гивенс починал од природна смрт на 14 декември во болницата „Свети Јосиф“ во Бурбанк, Калифорнија.

Работел за „Дизни“, „Ворнер брос“ и „Хана – Барбера“, а најпознат бил по тоа што бил креатор на оригиналниот Душко Долгоушко.

Гивенс за „Дизни“ работел на првиот долгометражен анимиран филм „Снежана и седумте џуџиња“, а подоцна се вработил во „Ворнер брос“.

Бил војник во Втората светска војна, а работел и на проектите како што се „Попај“, „Химен“ и „Господари на Универзумот“.

Својата работа ја вршел до почетокот на 2000 година, по што почнал со предавања на студентите.
http://zazabava.com/pochina-bob-givens-tvoretsot-na-dushko-dolgoushko/

Почина Боб Гивенс, творецот на Душко Долгоушко

декември 23, 2017

Американскиот аниматор Боб Гивенс, попознат како основач на популарниот лик Душко Долгоушко, почина на 99-годишна возраст.



Гивенс почина од природна смрт во болницата Св. Јосиф во Бурбенк, Калифорнија.

За време на неговата голема професионална кариера работеше во компании како Дизни, Ворнер Брос и Хана Барбер.



Сепак, тој е најпознат како творец на популарниот лик Душко Долгоушко.

Работел, меѓу другото, и на проекти како Попај, Химен и Господари на Универзумот.

http://makfax.com.mk/daily-news/почина-авторот-на-душко-долгоушко/

Почина авторот на „Душко долгоушко“

10:49 | декември 23, 2017



Авторот на цртаниот филм „Душко долгоушко“ Боб Гивенс почина на 99 години. Американскиот аниматор, чија долга и богата кариера исполнета со соработка со компании како што се Волт Дизни, Ворнер Брос и Хана-Барбера, почина од природна смрт на 14-ти декември во болницата Свети Јосиф во Бурбанк, Калифорнија, пренесуваат американските медиуми.
Роберт Херман "Боб" Гивенс
2 март 1918 - 14 декември 2017

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #154
Вчера, вторник, 26 декември 2017, во 88-та година од својот живот почина британскиот актер Алфи Куртис кој ја одигра малата, но незаборавна улога на негативецот доктор Корнелиус Евазар во првиот филм од филмската франшиза Војна на ѕвездите.

http://www.press24.mk/pochina-poznatiot-akter-od-vojna-na-dzvezdite

Почина познатиот актер од „Војна на ѕвездите“

27.12.2017 - 22:05



Актер од сагата “Војна на ѕвездите”, чие осмо продолжение оди на екраните во светот, почина на 87 години. Актерот Алфи Кертис, кој пред 40 години одигра мала, но незаборавна улога во првиот филм од сагата “Војна на ѕвездите” – Епизода IV, “Нова надеж”, соопшти The Hollywood Reporter.

Тогаш тој го играше негативецот доктор Корнелиус Евазан против кој имаше издадено смртни казни во 12 ѕвездени системи и беше заглавен со Лук Скајвокер во вселенскиот бар на Мос Ајсли каде синот на Дарт Вејдер и Оби-Ван Кеноби имаат средба со Хан Соло и Чубака.

Интересно е дека Корнелиус Евазан се појавува и во филмот Rogue One, кој не е дел од серијалот, но ги претставува настаните што се случуваа пред Епизода IV.

Таму тој и неговиот пријател Понда Баба се обидуваат да се степаатт со главните ликови Џин и Касиан на пазарот во Џеда, каде што тие го бараат СО Герера.

Касиан се одбива да се занимава со нив и тие на крајот на краиштата избегаа, за да може Евазан да биде убиен во барот малку подоцна. Во Rogue One сепак улогата на докторот негативец ја игра Мајкл Смајли.

Освен во “Војна на ѕвездите”, Алфи Кертис игра и во “Човекот слон”, како и во минисерија “Изгубени империи”.

Причините за смртта засега не се објавена. Сочувство за смртта на колегата на социјалните мрежи изрази Марк Хамит кој го игра Лук Скајвокер. Според него во филмот Алфи изгледал застрашувачки, но како човек бил добар со хумор на вистински господин.
Алфи Куртис
28 јули 1930 - 26 декември 2017

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #155
Минатиот петок, 5 јануари 2018, во 88-та година од својот живот, почина Џон Јанг - единствениот американски астронаут кој учествуваше во Гемини, Аполо и Вселенскиот шатл - 3-те најголеми вселенски програми на НАСА, и само еден од тројца астронаути кои два пати патувале до Месечината, еднаш како пилот на Аполо модулот за командување и за одржување, и еднаш како пилот на Аполо модулот за слетување на Месечината.

http://netpress.com.mk/astronautot-koj-setase-po-mesecinata-dzon-jang-pocina-vo-87-ta-godina/

Астронаутот кој шеташе по Месечината Џон Јанг почина во 87-та година

07. јануари 2018. @ 00:58

Американскиот астронаут Џон Јанг, кој се прошета на Месечината во 1972 година и дури шверцувал сендвич со говедско во орбитата во текот на кариерата којашто го направи единствената личност која летала во три вселенски програми на американската агенција за вселенски истражувања НАСА, почина на возраст од 87 години, соопштено е во саботата.



Џон Јанг, кој во космосот леташе шест пати, починал во петокот ноќта во својот дом во Хјуустон по компликации предизвикани од воспаление на белите дробови, соопшти портпаролот на Националната аеронаутичка и вселенска администрација НАСА, Олард Беутеч во електронска порака до медиумите.

Поранешниот пробен пилот на американската воена морнарица беше деветтата личност којашто стапнала на Месечината, што им успеа на уште тројца по Јанг. На крајот од кариерата стана еден од астронаутите со најмногу постигнувања во историјата на американската вселенска програма.

Летал двапати во Вселената во текот на програмата „Гемини“ на НАСА во средината од 1960-те, двапати во месечевите мисии „Аполо“ и двапати на вселенскиот шатл во 1980-те. Единствено Јанг летал во сите овие три вселенски програми на НАСА.

„Богатата кариера на астронаутот Џон Јанг се протега низ три генерации вселенски летови. Ќе стоиме на неговите раменици додеа гледаме кон следната човекова граница“, се истакнува во соопштението на челникот на НАСА, Роберт Лајтфут.

Јанг, кого НАСА во твит го нарече „нашиот најискусен астронаут“, се пензионираше во 2004 година по 42 години работа во американска вселенска агенција.

Мисијата „Аполо“ во април 1972 година, неговиот четврт вселенски лет, го одведен на површината на Месечината. Како командант на мисијата, тој и неговиот колега од екипажот Чарлс Дјук го истражуваа подрачјето на месечевата планина Декарт, собрале 90 килограми карпи и примероци од почвата и се провозеле повеќе од 26 километри во месечевото возило ровер до места како што е кратерот Спук.

Првиот лет на Јанг во космосот се случи во 1965 година во мисијата „Гемини 3“, којашто заедно со астронаутот Гас Грисом го одведе во орбитата околу Земјата во првиот американски вселенски лет со две лица. На оваа мисија Јанг ја извел својата шега со сендвичот кој не ги насмеала шефовите во НАСА но сигурно го усреќила Грисом кој уживал во ужината.

Астронаутот Волтер Вали Шира, кој не летал во оваа мисија е единствениот кој летал во почетните три миси на НАСА, купил сендвич со говедско во ржен леб во продавница за деликатеси во Кокоа Бил на Флорида и го замолил Јанг да му го даде на Грисом, кој бил заедно со Шира меѓу првите седум елитни пробни пилоти во вселенските тестови, да му го даде во космосот. Во текот на летот додека разговарале за храната обезбедена за мисијата, Јанг му го дал сендвичот на Грисом.

Во НАСА го укориле Јанг поради ова подметнување, кое што довело и до критики од парламентарците и медиумите, но неговата кариера не трпела последици поради тоа.

Неговата мисија „Аполо 10“ во мај 1969 година послужила како генерална проба за историската мисија на „Аполо 11“ два месеца подоцна во којашто Нил Армстронг стана првиот човек кој зачекорил на Месечината. Јанг и неговиот екипаж ги извеле сите аспекти на оваа мисија, освен што не слетале на Месечината.

Петтата вселенска мисија на Јанг во која бил командант бише првиот лет на првиот шатл „Колумбија“ во 1981 година. Тој беше првиот пилот кој леташе во шесте вселенски мисии во 1983 година кога заповедаше со споменатиот шатл на нејзиниот прв лет околу Вселенската лабораторија, со екипаж кој извел повеќе од 70 научни тестови.

Потоа повеќе никогаш не леташе во вселената. Јанг требало во 1986 година да командува со летот кој е откажан по експлозијата на шатлот „Челинџер“ на почетокот од истата година.

Јанг е роден на 24-ти септември 1930 година во Сан Франциско, а растел во Орландо на Флорида. Откако дипломирал аеронаутичко инженерство на Технолошкиот институт Џорџија во 1952 година стапил во морнарицата и дипломирал на школата за пробни пилоти. Во 1962 година бил избран од НАСА за нејзината вселенска програма.
http://www.mia.mk/mk/Inside/RenderSingleNews/119/134054240

Почина американскиот астронаут Џон Јанг

недела, 07 јануари 2018



Вашингтон, 7 јануари 2018 (МИА) - Американскиот астронаут Џон Јанг, деветтиот човек кој стапна на Месечината во 1972 година, почина на 87-годишна возраст од последици од воспаление на белите дробови, соопшти денеска НАСА.

Тој починал во петокот ноќта во својот дом во Хјустон.

За време на својата долга кариера, која траела повеќе од 40 години, Јанг двапати бил на Месечината, а шест пати во вселената.

Тој е единствен астронаут кој пилотирал и бил командант на четири различни всленески летала.

Бил поморски офицер, тест-пилот и астронаутски инженер.
Џон Ватс Јанг
24 септември 1930 - 5 јануари 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #156
Вчера, вторник, 9 јануари 2018, по кратко боледување, на 71 годишна возраст почина Љупчо Тозија - македонски режисер, поранешен директор на МРТВ и поранешен амбасадор на Република Македонија во Италија.

https://kajgana.com/pochina-rezhiserot-ljupcho-tozija-poraneshen-direktor-na-mtv-i-ambasador-vo-italija

Почина режисерот Љупчо Тозија, поранешен директор на МТВ и амбасадор во Италија

10. јануари 2018 - 13:47

По кратко боледување вчеравечер во Скопје почина режисерот Љупчо Тозија, поранешен директор на Македонската радио и телевизија и наш амбасадор во Италија.



Тозија зад себе остави бројни режисерски потписи меѓу кои на играни телевизиски, документарни филмови и театарски претстави како „Желба во глината“, „Каменот тежи на своето место“.

Режисерското деби го имаше во 1973 година во Драмскиот театар со претставата „Хамлет од Долно Гаштани“. Неговата храброст своевремено да пласира критичка мисла преку оваа претстава резултираше со забрана по втората изведба. Неретко низ неговата биографија се провлекуваше силната критичка мисла и посветеност на државата.
http://fokus.mk/pochina-lupcho-tozija-rezhiser-i-eks-ambasador/

Почина Љупчо Тозија, режисер и екс амбасадор

10/01/2018



По кратко боледување вчеравечер во Скопје почина режисерот Љупчо Тозија, поранешен директор на Македонската радио и телевизија и наш амбасадор во Италија.

По завршувањето на Академијата за театар и филм во Загреб во 1974, Тозија речиси целиот професионален ангажман го помина во Македонската телевизија (МТВ), се до 2005 кога беше поставен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Италија, во Рим. Беше автор, режисер, уредник на редакции, се до извршувањето задачи како директор и главен и одговорен уредник на МТВ од 2002 до 2005. Потписник е на голем број снимени телевизиски емисии, театарски претстави и документарни филмови.

Посмртните останки на Љупчо Тозија ке бидат изложени утре од 12 часот во капела на гробиштата Бутел, а погребот ќе се одржи во 13 часот.
https://plusinfo.mk/vest/139807/pocina-ljupco-tozija

Почина Љупчо Тозија

13:53 10 јануари 2018

Љупчо Тозија беше поранешен директор на Македонската радио и телевизија и наш амбасадор во Италија.



По кратко боледување вчеравечер во Скопје почина режисерот Љупчо Тозија, поранешен директор на Македонската радио и телевизија и наш амбасадор во Италија.

Тој беше уредник на Драмската редакција, каде има режирано повеќе играни и драмски серии.

Тозија зад себе остави бројни режисерски потписи меѓу кои на играни телевизиски, документарни филмови и театарски претстави како „Желба во глината“, „Каменот тежи на своето место“.

Режисерското деби го имаше во 1973 година во Драмскиот театар со претставата „Хамлет од Долно Гаштани“.

Посмртните останки на Љупчо Тозија ќе бидат изложени утре од 12 часот во капела на гробиштата Бутел, а погребот ќе се одржи во 13 часот.
http://telma.com.mk/vesti/memoriam-pochina-ljupcho-tozija-rezhiser-i-eks-ambasador

Ин мемориам: Почина Љупчо Тозија, режисер и екс амбасадор

10 January, 2018 - 16:49



Вчера во Скопје почина Љупчо Тозија.

Режисерот Тозија по завршувањето на Академијата за театар и филм во Загреб од 1974 година, скоро целиот професионален ангажман го помина во Македонската телевизија, се до 2005 кога беше поставен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Италија во Рим.

Беше автор, режисер, уредник на редакции, се до извршувањето задачи како директор и главен и одговорен уредник на телевизијата од 2002 до 2005 година.

Потписник е на голем број снимени телевизиски емисии, театарски претстави и документарни филмови.

Посмртните останки на Тозија ќе бидат изложени утре од 12 часот во капелата на гробиштата Бутел, а погребот ќе се одржи во 13 часот.
http://novatv.mk/in-memoriam-pochina-lupcho-tozija-rezhiser-i-eks-ambasador/

Ин мемориам: Почина Љупчо Тозија, режисер и екс амбасадор

January 10, 2018-1:48 pm



Вчера во Скопје на 71 годишна возраст почина Љупчо Тозија, режисер и поранешен амбасадор на Македонија во Италија.

По завршувањето на Академијата за театар и филм во Загреб во 1974, Тозија речиси целиот професионален ангажман го помина во Македонската телевизија (МТВ), се до 2005 кога беше поставен за вонреден и ополномоштен амбасадор на Република Македонија во Република Италија, во Рим. Беше автор, режисер, уредник на редакции, се до извршувањето задачи како директор и главен и одговорен уредник на МТВ од 2002 до 2005. Потписник е на голем број снимени телевизиски емисии, театарски претстави и документарни филмови.

Посмртните останки на Љупчо Тозија ке бидат изложени утре од 12 часот во капела на гробиштата Бутел, а погребот ќе се одржи во 13 часот.
Љупчо Тозија
?? ?? ???? - 9 јануари 2018

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

TVman

Добро-Познат Член
16,692
13,067
113
Мажот на Сабина Тозија ? Нека почива во мир.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
405
83
  • Автор на оваа тема
  • #158
Денес, понеделник, 15 јануари 2018, во 47-та година од својот живот, ненадејно и од засега непознати причини почина Долорес О'Риордан, водечката пејачка на ирскиот рок бенд The Cranberries (Боровинки).

https://kajgana.com/pochina-dolores-oriordan-pejachkata-na-bendot-cranberries

Почина Долорес О’Риордан, пејачката на бендот „The Cranberries“

15. јануари 2018 - 18:58 | М.Д.

Пејачката на популарната ирска група „The Cranberries“, Долорес О’Риордан, починала во Лондон на 46 години, објави нејзиниот публицист.



Рок ѕвездата, која во последно време настапуваше со групата „Д.А.Р.К“, почина за време на својот престој во престолнината на Велика Британија.

Нејзиниот публицист не изнесе никакви детали околу причината за смртта, освен дека билa изненадувачка и голем шок за нејзиното семејство.

„Главната пејачка на ирскиот бенд „The Cranberries“ беше на снимање во Лондон. Засега не можеме да соопштиме повеќе детали. Нејзиното семејство е под шок од овие вести и бара приватност во овие тешки времиња“, изјави нејзиниот публицист.

http://netpress.com.mk/nenadejno-pocina-dolores-o-riordan-pejackata-na-the-cranberries/

Ненадејно почина Долорес О’Риордан, пејачката на The Cranberries

15. јануари 2018. @ 20:26

Пејачката на ирската рок група The Cranberries, Долорес О’Риордан ненадејно почина во понеделникот во Лондон во 46-та година, објави нејзината агенција за односи со јавноста Lindsey Holmes Publicity, додавајќи дека пејачката престојувала во британската престолнина поради снимање.



„Засега не може да се соопштат повеќе детали. Нејзиното семејство е во шок од овие вести и бара приватност во овие тешки времиња“, објави нејзината пиар агенција. Се додава дека засега не може да се шпекулира за причината за смртта, освен дека е ненадејна.

Бендот The Cranberries беше на врвот од својата популарност во 1990-те со нумерите како „Zombi“, „Just My Imagination“ и „Animal Instinct“ кога продадоа повеќе од 40 милиони носачи на звук во светот. Албумот „No Need to Argue“, исто така, забележа голем успех.

Во 2003 година членовите на групата договорија пауза и секој од нив се занимаваше со приватни проекти. Долорес О’Риордан во разговор во 2012 година спомна дека во тој момент имала петгодишен син и двегодишна ќерка, како и дека им била потребна промена.

Групата повторно се собра во 2009 година и три години подоцна го издадоа албумот „Roses“. Нивниот последен албум со наслов „Something Else“ беше објавен минатата 2017 година.

http://reporter.mk/dzet-set/pochina-dolores-oriordan-od-krenberis/

Почина Долорес О’Риордан од „Кренберис“

15/01/2018



Пејачката на ирскиот бенд „Кренберис“, Долорес О’Риордан почина денеска на 46-годишна возраст. Пејачката била во Лондон каде што снимала нова песна. Детали за смртта на пејачката засега не се познати.

Долорес зад себе остави три деца.

Минатата година пејачката откри дека боледува од биполарно нарушување.

Публиката ја памети по многу хитови, од кој најголем е „Зомби“, продаден во 17 милиони копии.
http://www.libertas.mk/pejachkata-na-krenberis-dolores-o-riordan-pochina-na-46-godini/

Пејачката на Kренберис, Долорес о’Риордан почина на 46 години

15.01.18 19:09

Пејачката на ирскиот бенд Кренберис Долорес О’Риордан почина во Лондон на 46 години, соопшти нејзиниот публицист.



„Пејачката на ирскиот бенд Кренберис беше во Лондон за куса сесија на снимање. Во моментов нема повеќе детали“, се вели со соопштението на публицистот.

Во 2017 година, Кренберис најавија турнеја низ Европа и САД, но во мај, кусо по почетокот на европската турнеја, бендот ги откажа остатокот од концертите поради здравствени проблеми на пејачката. Официјалното соопштение на Кренберис беше дека пејачката има проблеми со грбот.
http://makfax.com.mk/daily-news/почина-долорес-ориордан-пејачката-н/

Почина Долорес О’Риордан, пејачката на бендот „Кренберис“

19:47 | јануари 15, 2018



Пејачката на популарната ирска група „Кренберис“, Долорес О’Риордан денеска почина во Лондон, во 47. година од животот за време на нејзиниот престој во Велика Британија.

Засега не се познати официјални детали за причината за смртта, освен дека починала ненадејно и нејзиното семејство е во шок.

https://www.popularno.mk/2018/01/15/почина-долорес-ориордан-пејачката-н/

Почина Долорес О’Риордан, пејачката на бендот „Кренберис“

јануари 15, 2018

На 47 годишна возраст во Лондон ненадејно почина Долорес О'Риордан - пејачката на популарната ирска група „Кренберис“.



Според информации од лондонската полиција, засега не се познати деталите за причината за смртта, освен дека починала ненадејно и нејзиното семејство е во шок.

Долорес Мери Ајлин О'Риордан
6 септември 1971 - 15 јануари 2018

Лесна и` земја
нека почива во мир

R.I.P. :(
 

TVman

Добро-Познат Член
16,692
13,067
113
Нека почива во мир, и ја знам песната Zombie.
 
Top