Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Steff

Добро-Познат Член
33,700
45,248
113
А како тоа ги пушти низ вода?
Па тие живеат таму, таму владее некоја неформална држава Косово, што он може контра тоа, или било кој? Ако му е гајле за нив, онда што не го признае Косово и завршена прича?
Живеат таму, но таму не постои повеќе никаква српска институција, сѐ е предадено на управување на Косово.

Поентата е што не смее да каже дека е Косово дефакто признато, туку уште се подготвува терен за тоа да испадне дека е некаква победа за Србија. Нов споразум што треба да се имплементира всушност е признавање на Косово.
 

Beauty

Администратор
49,896
61,922
113
Да, јасно.
А ме интересира мислењето на народот - дали е за признавање на Косово или категорично не?

Дел од младите кои мислам дека се буквално ван реалноста, не ги занима Косово и ич не им чуе, само еден пријател ми кажа Србија не е Белград и Београд на води како што вие си мислите па да се добива впечаток од тоа што они мислат и како се понашаат во секојдневието. Луѓето немаат леб да јадат во Србија, ама Београѓани се умислени дека живеат во Њујорк, дека инфлација, политика се небитни.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,700
45,248
113
дали е за признавање на Косово или категорично не?
Категорично не. Затоа и трае ова толку долго и Александар се утепа од смислување начини како тоа признавање да покаже како победа.
 

Beauty

Администратор
49,896
61,922
113
Значи не можам, излегоа колумни на албански и бугарски бог знае што (колумнисти, историчари, господ знае). :blabla: :blabla: :blabla: :smeenje:

Македонија била излезена од фабриката во Белград за да се приклучи во омразата што постоела кон така мирољубиви и народи богати со историја како Албанците и Бугарите. И дека благодарение на лажната српска пропаганда, на Македонците им биле испрани мозоците и затоа имало невидена омраза кон овие две земји, Бугарија и Албанија.

Значи, аман! Омразата дојде од самите вас, да не се мешавте кај што не треба, немаше ни омраза да има ни ова сега што се случува. Седете на страна и доста со глупости.
 

Beauty

Администратор
49,896
61,922
113
Одлична идеја, но додека одат тие постери на ТВ, тоа дете веќе ќе биде предадено и продадено на евтини косовски и италијански мафии.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,752
6,113
113
Одлична идеја, но додека одат тие постери на ТВ, тоа дете веќе ќе биде предадено и продадено на евтини косовски и италијански мафии.
Е сега и ти претера. Не сите деца исчезнуваат затоа што ги крадат да ги продадат. Има разни случаеви на исчезнување деца.

Случајот со Јуриќ е дека ќерката и е убиена. Точно детали што била причината не знам ама од тоа што читав прво убиецот со кола ја удрил па ја земал во кола девојката и некаде ја одвел за да ја убие.

Можеби не дај боже кога и ќе алармира системот (Аmbert Alert) веќе и ќе се случи некаква несреќа со исчезнатото лице ама реакција ќе има доста побрза од можеби предходно што било. Што значи нема да се чека после еден или два дена да дознае народот.
 
Последен пат уредено:

Some Special

Добро-Познат Член
15,184
21,630
113

Beauty

Администратор
49,896
61,922
113
Од каде излезе ова со војната во Израел, мајко мила. Од нигде никаде.
Цццц. Ова е страшно, луѓе.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,700
45,248
113
Па и не е баш од нигде никаде. Израел со децении ги уништува палестинските територии со целта да биде етнички чиста држава. А последниве месеци е пак престрашно, ги оставуваат Палестинците без вода, сега пак без струја и јадење.

И сега со нападот на Хамас врз Израел само ќе добијат муниција да ги уништат Палестинците тотално, како Индијанците.

Жално за обични луѓе што живеат таму.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Од каде излезе ова со војната во Израел, мајко мила. Од нигде никаде.
Цццц. Ова е страшно, луѓе.
Сериозно треба да си најдеш хоби, ај турскине сра_а и професијата прва придружничка на твојата битолска миленичка веќе ти се секојдневни навики, ама ако веќе си се навлекла на вести тоа значи дека дефинитивно немаш никаква занимација, буквално исто како пензионерите.

Дај најди си некое хоби, купи по некоја сардела и занимавај се со хортикултура, научи некој странски јазик, научи да свириш некој инструмент, оди посети дом за деца без родители, има безброј начини на кои можеш да им помогнеш. Ако си стигнала до тоа дереџе да се навлечеш на вести верувај ми не ти се пишува ништо добро, вестите се направени за да ти го испржат мозокот.

А ако навистина те интересира, Израел е држава која се граничи со држави кои си имаат зададено мисија да го избришат Израел од мапата на светот бидејќи е единствената не-муслиманска држава на блискиот исток, но истовремено и бидејќи е најдемократската и најсекуларната држава во тој регион.


Секуларизмот значи целосно одделување на религијата од државата, осносно во превод значи дека на верниците им е оставено да си ја чуваат религијата за себеси, а не да им ја пикаат низ нос на останатите како што тоа го прават кај нас оние небричените низ мегафоните на џамиите. Исто така, бидејќи го имаш гледано Клон, секуларизмот во демократско општество им гарантира еднакви права на жените со мажите, а не таткото/вујкото/братот или било кој друг близок роднина да и` диктира на жената што смее, а што не смее да прави со својот живот, со кого смее, а со кого не смее да стапи во брак и слично.

Ваквите општествени темели и вредности се косат целосно со теократските држави со мнозинско муслиманско население со кои се граничи Израел, кои водат активна војна против Израел уште од првиот ден од објавувањето на независноста на возобновената држава Израел во мај 1948. Теократско општествено уредување е тотално спротивно на секуларизмот, односно во теократско општество религијата игра доминантна улога во општеството, законодавството, судството, образованието, културата, уметноста и буквално сите пори на живеењето - убаво ти е прикажано во Клон, а Израел е токму се` спротивно од ова.

Но бидејќи Израелците подготвени ги начекаа арапите уште во 1948 година, им удрија добар ќотек и од тогаш секој пат кога Израел бил нападнат од страна на муслиманските држави, вообичаено им враќа со минимум три пати посилен ќотек во споредба со ударите кои му ги нанеле. Како последица на ова, во јуни 1967 Израел им удри толку добар ќотек на Египет, Сирија, Јордан и Ирак за време на Шест дневната војна, по што Израел воспостави речиси целосна територијална контрола врз западниот брег на блискиот исток, вклучувајќи го и Ерусалим. Ова се смени после Јом Кипурската војна во октомври 1973, кога Израел мораше да му го врати Синајскиот полуостров на Египет, но и покрај тоа Израел беше и остана најдобро вооружена и најдобро подготвена воена сила на блискиот исток, и се разбира, до денешен ден го држи Ерусалим под своја територијална и воена контрола. Добар фактор во ова игра задолжителната воена служба за буквално сите военоспособни мажи и жени во Израел, затоа и државата секогаш успева набрзина да активира воени резерви во вонредни и воени состојби.

Кога сме кај Палестинците, тоа што им се случува на нив е целосно нивна вина.

После крајот на Втората Светска Војна во 1945 година, а пред Израел да прогласи независност во мај 1948, на Палестинците им беше понудено решението за создавање на две држави: независна Палестина и независен Израел, така што Ерусалим би бил дел од територијата на независна Палестина. Тоа е најдоброто решение за државност кое им беше понудено на Палестинците во 20-от век, но тие го одбија бидејќи за нив било какво постоење на не-муслиманска држава на блискиот исток беше неприфатливо, без разлика што беше предвидено Израел да се простира на далеку помала територија и без Ерусалим.

Како последица на ова, Палестинците до денешен ден живеат во меѓународно непризнаена држава, а во Газа - територија која е одделена од Палестина, но сепак Израел ја признава како палестинска територија - исламистичките ѓубриња од луѓе наречени Хамас, чија што основачка повелба повикува на уништување на Израел, користат жени и деца како живи штитови секој пат кога ќе извршат напади со ракети против Израел, а киднапирањето на израелски цивили од Израел и нивно шверцување преку подземни тунели во Газа од поодамна им е редовна и рутинска пракса.

Затоа Израел безмислосно возвраќа секој пат кога е нападнат од страна на исламистичките ѓубриња од луѓе, бидејќи колку и да се обидува да се помири со нив, за нив било каков обид за помирување е знак дека Израел е слаб и немоќен, па подобро е да го нападнат кога е во таква состојба отколку да му остават простор да застане на нозе и да им возврати.

А Палестинците се колатерална штета во оваа ситуација како за Израел, така и за Хамас. На пример, во внатрешните палестински територии Израел им наплаќа на Палестинците за пристапот до вода за пиење која се наоѓа на палестинска територија, што технички е злосторство против човештвото, но бидејќи Палестинците не се заинтересирани да го следат меѓународното право, Израел им врќаа мило за драго на ист начин.
 

Beauty

Администратор
49,896
61,922
113
2023 сме, кој нормален млад човек гледа вести. Секој нормален чита вести на нет.

А за инструменти и посетување домови за сираци, немам време од турски и трач, одтавам на тебе да ги посетиш и подучиш за светската подреденост.Мене тоа не ме занима, ги следам западните насоки на Еу и ЈуЕсЕј на дејствување и вистини.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
2023 сме, кој нормален млад човек гледа вести. Секој нормален чита вести на нет.

А за инструменти и посетување домови за сираци, немам време од турски и трач, одтавам на тебе да ги посетиш и подучиш за светската подреденост.
Сепак очигледно е дека имаш слободно време кое непотребно го трошиш на читање вести на Интернет.

Ти реков, вестите се направени за да ти го испржат мозокот, најди си некое хоби.
 

Beauty

Администратор
49,896
61,922
113
Така не мисли светот, затоа си читаме, се информираме и секогаш сме на вистинската страна - САД и ЕУ
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Така не мисли светот, затоа си читаме, се информираме и секогаш сме на вистинската страна - САД и ЕУ
Грешиш на дебело, поголемиот дел од светот не знае да ги најде САД и ЕУ на мапата на светот, а уште помалку па Израел, а најмалку знае што се случува во Израел во моментов. Најди си хоби.
 

Beauty

Администратор
49,896
61,922
113
А што па ми е гајле за тој што не знае да ги најде, негов проблем, мене ми е битно јас што знам каде се , а западноориентираните ги негуваме нивните вредности и политики, а и немаме време за хоби како да сме 19 век, ај ако не клавир да земам да свирам или да одам на балови.
Нема време за тоа, сега е динамично време
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
А што па ми е гајле за тој што не знае да ги најде, негов проблем, мене ми е битно јас што знам каде се , а западноориентираните ги негуваме нивните вредности и политики, а и немаме време за хоби како да сме 19 век, ај ако не клавир да земам да свирам или да одам на балови.
Нема време за тоа, сега е динамично време
Тоа со динамично време е изговор од почетокот на времето за да се избегне нечиј совет или препорака.

Најди си хоби.
 
Top