Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Some Special

Добро-Познат Член
15,170
21,595
113
Целта е Мицко да даде пратеници за измените и да го обвини Грујо. Слично сценарио како за преспанскиот договор.
Ауууу браво. И те како држи вода.

И Стевчо Јакимовски го тврди истото
Значи овој Христијан се обидува да не прејде сите жедни преку вода.
Морам да признаам дека му направиле доста добра стратегија, арно ама, забораваат дека има и политичари од времето на Тито. А таквите подготвени стратегии не од него, туку од странски замешателства ги фаќаат на бранова должина.
Нели Христијан побара гаранција за јазикот и македонскиот идентитет? Тоа беше однапред договорено, покровители на гаранцирањето беа токму Германците со гласање во парламентот. Така ли беше? Нели ви е чудно што Мицкоски го нападна Груевски дека се обидува да му направи раздор во партијата и да обезбеди пратеници за уставните промени токму во германски ФАЦ?
Стратегијата е да се нападне Груевски дека тој е предавникот што договорил дел од пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да гласаат за влез на Бугарите во уставот. На зачестениве средби со странците токму Мицкоски има договорено дел од пратениците да гласаат за измени на уставот, а за тоа да не биде тој виновен туку предавникот Никола Груевски.
Се потрудиле добро да ја осмислат стратегијата да ни глуми лисица, жртва на заговор и обид демек партијата да му се разбива одвнатре, а всушност, трговецот за уставните измени е токму тој. И тоа настапува како трговец-поединец.
Повторно користи иста тактика како за Преспанскиот договор. Таму го обвини Мијалков. Се сеќавате нели? За влез на Бугарите во уставот ќе го обвини Груевски, а тој демек ги чувал македонските национални интереси, ама постојано го поткопувале уценети бивши политичари, инаку тој ќе издржел машки.
 
Beauty

Администратор
49,854
61,841
113
Ама народов не е ист како за со Грците.

Ехееее, доволно пропати и виде од тогаш, не верува никому веќе. Во таков случај, масовно ќе се гласа за Апасиев (јас би за Солзич).
 
nina

Активен Член
184
126
43
Значи секој еден кој ќе гласа за овие две зла ДПНЕ и СДС не заслужува сопствена држава.
 
Beauty

Администратор
49,854
61,841
113
Значи секој еден кој ќе гласа за овие две зла ДПНЕ и СДС не заслужува сопствена држава.
Почекај де.

Ако испадне вака како што се муабетиве, точно.
Ама ако испадне стварно да ова ВМРО нема да поддржи уставни измени, онда е друго. Не се веројатно до толку ретардирани да го мислат народот дека е ретардиран и дека би поминало вакво нешто. Мое мислење.
 
NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
А да не не е ретардиран народот? Барем 90% од овие што сега протестираат на избори како попчиња ќе гласаат за една од двете најголеми партии.
 
Beauty

Администратор
49,854
61,841
113
И јас би гласала за ВМРО зашто ми се чинат способни (друга постава се, не се истите од Грујово време, плус видете колку се само способни градоначалнициве на Штип, Кавадарци, К вода, па и Бутел и Гази баба).

Единствено ќе ме одврати тоа ако се испостави некаква игра со Бугарите. Е тогаш очи да не им видам.
 
За жал ова ДПНЕ нема ништо со ВМРО, ако сакаше Мицко власт до сега 100 пати требаше да го извади народот на протести, а не да дреме како п_чка. И муртинецот беше способен градоначалник на Струмица па го видовме колку му е црпката. Кога бе ќе се разбудите веќе еднаш ?
 
Beauty

Администратор
49,854
61,841
113
А која е третата опција? Нема таква.

Левица е минорна во споредба со другите, ниту има можност било каква да формира влада некогаш, ниту има поддршка од Западот (од Истокот па ич, не ни го знае некој), ниту има машинерија да убеди, промовира, пренесе порака. Само Фејсбукот што го има каде што става статуси ала Ина Многуфина, Миа, Богдан.
Иако многумина од Македонците се согласуваме дека е храбар и дека таков треба, но реално, таа партија нема никаков импакт на ништо. А политика не е само Фејсбук, цела наука и машинерија е.
 
nina

Активен Член
184
126
43
Па ондак уживај си у мизеријава на сегашниве политичари и нека те тртат кој како стигне, друго и не заслужуваш.
 
Beauty

Администратор
49,854
61,841
113
Па Мицкоски не е во сегашната власт па да патам ради него. Како незадоволна од сегашната, доколку остане на ставовите за Уставот, гласам за него.
 
NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
Ниедна трета опција во моментов нема можност да формира влада, но за почеток доволно е да има некој трет со број на пратеници без кој не ќе може да се формира влада, за да им ја разниша комотноста на големите две.
 
Beauty

Администратор
49,854
61,841
113
Ниедна трета опција во моментов нема можност да формира влада, но за почеток доволно е да има некој трет со број на пратеници без кој не ќе може да се формира влада, за да им ја разниша комотноста на големите две.
Комотноста разнишана, Албанците на најјако ќе бидат пуштени тогаш. Работата е Албанциве да се скротат и да немаат избор, како што Груевски не им даде избор. А Западот нема да дозволи коалиција со Левица конкретно. Друга трета опција битна и нема.

И не убедувам, но кога е таква ситуација, треба Македонците да се обединат контра ова сега, а со расфрлани гласови, исходот ќе биде ВМРО + албански, а може и Дуи. Ама доколку имаат за 61 пратеник, онда е веќе друго.
 
nina

Активен Член
184
126
43
Ниедна трета опција во моментов нема можност да формира влада, но за почеток доволно е да има некој трет со број на пратеници без кој не ќе може да се формира влада, за да им ја разниша комотноста на големите две.
Па тоа го зборуваме и јас, со два пратеника се борат и упорно се правиме слепи. Кога веќе се изгубивме во овие 30 години, зошто да не им се даде шанса на Левица да стигнат до 10 пратеника ? Тек тогаш ќе биде друга песна, али не ние не знаеме ништо повеќе од СДС и ДПНЕ, епа нека ни е дупење кога сме толку прости и заостанати како народ. Ова што се случува со продажбава на се македонско, да се случеше во некоја комшијска држава, се ќе беше запалено до сега.
 
Beauty

Администратор
49,854
61,841
113
Чекај чекај
Со Бугарите ништо уште нема. Не дај Боже да има, тек тогаш народот ќе збесне.
 
Beauty

Администратор
49,854
61,841
113
Ете така, можеме само Ба Бај да им кажеме на Бугарите. БА БАЈ !
 
Beauty

Администратор
49,854
61,841
113
@Steff
Не ми е јасно со северно Косово? Претпоставувам Срби во главно има таму , тогаш зошто е земен и тој дел од Албанците ? Зборам на времето. Ако се Срби таму.

И да, тажно ми е ова. Луѓе растени како Срби во земја која им е татковина Србија, сега приморани да имаат државјанство од Косово, да имаат косовски таблички на возилата. Греота
 
Beauty

Администратор
49,854
61,841
113
Лелеее ова е врв.
Бугарите со нови глупости - Србија морала да плати што мачела и убивала Бугари на Косово и што го создала македонизмот. Тие две работи не и ги простувале.

Ама доста, од каде ви текнуваат секој ден будалаштини :hehe: :hehe: :hehe: :hehe:
 
Steff

Добро-Познат Член
33,677
45,224
113
Не ми е јасно со северно Косово? Претпоставувам Срби во главно има таму , тогаш зошто е земен и тој дел од Албанците ? Зборам на времето. Ако се Срби таму.
Зошто во тој дел порано е формиран некој вид на отпор, убиениот Оливер Иванович и уште некои луѓе го зачуваа северот, иначе и од таму ќе избегаа луѓето.

Но, благодарение на Вучиќ, денес таму владеат неговите мафијашки структури предводени со Милан Радоичиќ и Звонко Веселиновиќ, па така луѓе не знаат од кого да стравуваат, дали од српската или од албанската мафија.

Плус, глупава измислена партија на Вучиќ Српска листа е таму главна па дојдоа на уште една умна идеја да се бојкотираат избори (со целта да се така предаде и север на Албанците) каде во тие општини Срби се мнозинство. Но колку испратив, на крај Србите се вратија во институциите.

И да, тажно ми е ова. Луѓе растени како Срби во земја која им е татковина Србија, сега приморани да имаат државјанство од Косово, да имаат косовски таблички на возилата. Греота
Благодарение на хиперинтелигентната политика на Милошевиќ во крајот на 80ти и текот на 90ти денес гледаме ова што се случува. Србија нема јак сојузник, Вучиќ само тие луѓе долу користи за дневнополитички потреби, иначе му е гајле за нив. Ги пушти низ вода како што и Милошевиќ ги пушти Србите во Хрватска и Босна во војната од 90ти.

Тажно е да, но ништо од ова не е неочекувано.
 
Steff

Добро-Познат Член
33,677
45,224
113
Бугарите со нови глупости - Србија морала да плати што мачела и убивала Бугари на Косово и што го создала македонизмот. Тие две работи не и ги простувале.
Натпревар кој ќе биде коловоџа на лудило, Александар, Бугарите, Курти

Едвај чекам да и Данела стане претседателка премиерка на Македонија па да имаме фантастична четворка.
 
Beauty

Администратор
49,854
61,841
113
Зошто во тој дел порано е формиран некој вид на отпор, убиениот Оливер Иванович и уште некои луѓе го зачуваа северот, иначе и од таму ќе избегаа луѓето.

Но, благодарение на Вучиќ, денес таму владеат неговите мафијашки структури предводени со Милан Радоичиќ и Звонко Веселиновиќ, па така луѓе не знаат од кого да стравуваат, дали од српската или од албанската мафија.

Плус, глупава измислена партија на Вучиќ Српска листа е таму главна па дојдоа на уште една умна идеја да се бојкотираат избори (со целта да се така предаде и север на Албанците) каде во тие општини Срби се мнозинство. Но колку испратив, на крај Србите се вратија во институциите.

Благодарение на хиперинтелигентната политика на Милошевиќ во крајот на 80ти и текот на 90ти денес гледаме ова што се случува. Србија нема јак сојузник, Вучиќ само тие луѓе долу користи за дневнополитички потреби, иначе му е гајле за нив. Ги пушти низ вода како што и Милошевиќ ги пушти Србите во Хрватска и Босна во војната од 90ти.

Тажно е да, но ништо од ова не е неочекувано.
А како тоа ги пушти низ вода?
Па тие живеат таму, таму владее некоја неформална држава Косово, што он може контра тоа, или било кој? Ако му е гајле за нив, онда што не го признае Косово и завршена прича?
 
Top