Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Совет или препорака од тебе, не. Ти имаш погрешна слика за светот и политиката така да фала… но не, фала :haha:
 

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Ако бидат 8 мај изборите, Стефани, те чекам !
Три дена ќе се пее и игра !!!
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
404
83
Не бидејќи ве интересира дечиња, но за да не можете да кажете дека не сте биле информирани, нека си стои тука статијава.

https://off.net.mk/zhivot-i-zabava/zdravje/ivermektinot-ne-chineshe-samo-zatoa-shto-beshe-evtin

Ивермектинот не чинеше затоа што беше евтин

5 ноември 2023 - 19:48

Ивермектинот беше најнапаѓаниот и најомаловажуваниот лек во времето на пандемијата. Корпоративните западни медиуми систематски му правеа хајки, надмено оцрнуваји го како „лек за глисти кај коњи“ а еден од главните гревови му беше што имаше поддршка од нивниот архи-непријател - Доналд Трамп. Но, Трамп беше само фасада на приказната. Кај парите е финтата.



Ивермектинот има скромно потекло: бактеријата која го прoизведува е откриена во примерок од почва во близина на терен за голф во Јапонија (тоа и денес е единственото место во светот каде што ja има). Овој природен лек кој го викаат и народен лек, за здравјето има сторено како ретко кој друг во историјата.

Со добри причини, комитетот за Нобеловата награда го нарече „чудесен лек“ и „прекрасен подарок од земјата“ - и тоа пред ковид ерата.

Се знае дека ја доби Нобеловата награда за медицина во 2015 година за лекување паразитски болести како елефантијазис и речно слепило; се знае дека беше наведен на списокот на СЗО на „есенцијални лекови“; се знае дека помага околу ковид и спасува животи преку различни механизми.

Има уште барем шест карактеристики кои вредат да се наведат:

1. Ја револуционизираше ветеринарната медицина. Кога беше објавен во 1981 година, тој брзо стана најпродаваниот ветеринарен лек во светот, единствен по неговите својства за ефикасно убивање паразити, внатрешно и надворешно. Од домашни миленичиња па до искоренување паразити кај говеда, свињи, овци, кози... заради што може да се каже дека значително придонел за стабилизирање на глобалниот фонд на добиток, односно човечкото снабдување со храна.

2. Активен е против грип и RSV. Ја инхибира репликацијата на вирусот, поради што е вклучен во протоколите за грип и RSV. За тие што патуваат по светов, интересно е да знаат дека е активен и против Зика, Денга, Западен Нил, Жолта треска и ХИВ (тука)

3. Ги намалува воспаленијата низ целото телото, односно има системски антиинфламаторни ефекти.

4. Го подобрува гастроинтестиналниот микробиом со зголемување на нивото на пробиотикот бифидобактериум. Откритието дојде од истражување на д-р Сабине Хазан.

5. Може да помогне во атлетските и спортските перформанси со зголемување на клеточната енергија на срцето. Поедноставно кажано, ивермектинот веројатно им овозможува на клетките на срцевиот мускул поефикасно да создаваат енергија - дури и кога имаат помалку кислород отколку што им треба (како во случај на интензивно вежбање). Може да се прочита овде. Уште на времето луѓе имаат забележано дека тркачки коњи што добивале ивермектин, како да трчаат побрзо. Во тоа време никој не знаел зошто.

И ако тоа е малку, шестата точка е:

6. Има сериозни антиканцерогени својства.

Колку сериозни?

* Ја намалува отпорноста на клетките на ракот на хемотерапија (овде)
* Го инхибира протеинот (PAK1) кој е од суштинско значење за растот на повеќе од 70% од сите видови на рак (овде)
* Покренува повеќе механизми против рак на дојка (овде).

А сега за Мерк, таа славна компанија која прва го разви и донесе ивермектинот на пазар.

Џорџ Мерк има кажано:

„ Ние се трудиме никогаш да не заборавиме дека медицината е за луѓето. Таа не е само за профит. “

Актуелниот менаџмент на Мерк очигледно размислувал поинаку.

Иако прелиминарните наоди сугерирале дека ивермектинот има големи потенцијали против ковид, компанијата одби да ги проучува тие својства, претпочитајќи наместо тоа да го бутка нејзиниот патентиран и скап Молнупиравир.



А тој има занимлива историја:

* Првично развиен од фармацевтската компанија Фармасет, таа го напушта во 2003 година откако ги открила неговите мутагени својства („промовирање на рак“).

* Го превзема Универзитетот Емори, кој обезбеди 26 милиони долари грантови од американските даночни обврзници и му направи неколку измени (овде).

* Правата за него потоа ги купува една небитна „биотехнолошка“ компанија (без лаборатории и без производствени капацитети), управувана од менаџери на хеџ фондови, која брзо им ги продава на Мерк, откако обезбедија права на стотици милиони долари од идните профити (овде).

* Мерк им ги предава на американската влада и обезбедува гаранција за набавка вредна 2,2 милијарди долари, пред лекот да биде одобрен (овде).

* Потоа едвај го минува независниот панел за безбедност на Агенцијата за храна и лекови (ФДА) со 13 гласа за и 10 против (овде).

Сомнежите и дилемите главно биле околу тоа што создава мутации во геномот на вирусот: Дали може тоа истото да го прави и со човечкиот геном? Никој не знае.

* Се појави федерален свиркач и се дигна галама (овде). ФДА тоа го игнорира и продолжува со вонредната лиценца врз основа на една студија која беше рано прекината.

Што покажала таа студија? Од 709 луѓе кои примиле Молнупиравир, 6,8% биле хоспитализирани или починале во одреден период, во споредба со 9,7% од 699 луѓе кои примиле плацебо.

На прост јазик: ако сте лекувале 100 од тие ковид пациенти со шеќерче, 10 завршуваат во болница или мртви; ако таа група сте ја третирале со молнупиравир, 7 пак ќе завршат исто. Така, во споредба со асолутно ништо, лекот им врши работа на само тројца од 100 луѓе. (овде).

Сето ова горенаведено лудило станува уште појасно и повидливо ако директно ги соочите ивермектинот и молнупиравирот:



Ивермектин: 62% подобрување во спроведени 99 студии; еден долар за апче.
Фаворитот на Мерк: 15% подобрување во 34 студии; 707 долари за апче.

Видете и ја оваа табела за „трошоци по спасен живот“:



Ивермектин: 24 долари за да се спаси еден живот од ковид.
Молнупиравир: 137.653 долари за еден спасен живот од ковид.

Што не е јасно?
 

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Пендаровски : Јасно е каков ќе биде исходот од декемврискиот самит на ЕУ, со оглед дека предусловот го имаме во европската преговарачка рамка, не можеме да го исполниме, тоа е очигледно. Во меѓувреме, за жал, поради тврдиот став на опозицијата, ништо не се промени во таа насока. И јасно дека во декемврискиот самит не може да има позитивна одлука за нас.
Што реков јас, а? Што реков?
А што рече ти?
Кој си ти, а која сум јас ???
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
404
83
Каков срам и резил за балканските северњаци, кога и на една Северна Кореја не можат ниту вода да и` носат.

Овие од последниот видео запис директно на лет во еден правец за Пјонгјанг и да останат таму уште толку колку што имаат досега поживеано.

Откако ќе поминат буквално половина од сопствениот животен век слугувајќи му на милиот лидер, ќе го стекнат правото да го користат изразот Северна, од Македонија и онака веќе своеволно се` откажаа и се` одрекоа.

https://off.net.mk/video/muzika/ova-e-severna-a-ne-vie

Ова е Северна а не вие

19 ноември 2023 - 10:24

Многу надреално изгледа и звучи кога од Северна Кореја, во сиот оној дисциплиниран слетовски дизајн, ќе грмне песна како „I Want to Break Free“од Квин. Огромен хор, огромен оркестар, огромен лидер... Млади корејски скоевки во миничи, некои од нив на гитари, на бубњеви, додека дебелкото аплаудира со цигара во рака. Дејвид Линч не би го извел ова подобро.


***************

Моќно, нели? Се разбира, не е сè така како што изгледа. Пред да настанат забуни, ова е оригиналот:


***************

Додека сме кај нив, да чуете уште една надреална:


****************

Да се вратиме на локалниот чемер, тоест север. Не ни текнува која посоодветна песна би им се залепила на овие, од онаа на Чорба „Како је лепо бити глуп.“

 

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
За ваква глупост се фрлале пари? Ццццц, па деца ќе се лекувале со тие пари.
Мада денес не верувам дека голем дел од овие би се појавиле тука, конкретно Бени Шахири и Тамара кои се имаат изгорено.
Другиве се небитни скрос, така да дали би пееле или не вакво нешто, никому не е битно.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,071
404
83
За ваква глупост се фрлале пари? Ццццц, па деца ќе се лекувале со тие пари.
Мада денес не верувам дека голем дел од овие би се појавиле тука, конкретно Бени Шахири и Тамара кои се имаат изгорено.
Другиве се небитни скрос, така да дали би пееле или не вакво нешто, никому не е битно.
Навистина не знаеш што е тоа лицемер ?

Продадени души се продадени души, вчера би продале роден(а) татко/мајка, денес би продале роден(а) татко/мајка, и утре би продале роден(а) татко/мајка.
 

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Охохооо избори во мај, почеток.

ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ ќе биде на плоштад, ЛЕЛЕ ЛЕЛЕ
 

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Ајде ајде, и двајцата за брзо нема да се вака окезени и да пијат вина и јадат софри на наша сметка.

Абе во живот немам јадено и пиено на туѓа сметка, не затоа што не сум можела, туку затоа што не сум сакала. Не сакам и крај. Каква е оваа неконтролирана желба да се јаде и пие на државна сметка, не сфаќам. Абе Господ гледа бре луѓе, аман.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,731
6,088
113
Ајде ајде, и двајцата за брзо нема да се вака окезени и да пијат вина и јадат софри на наша сметка.

Абе во живот немам јадено и пиено на туѓа сметка, не затоа што не сум можела, туку затоа што не сум сакала. Не сакам и крај. Каква е оваа неконтролирана желба да се јаде и пие на државна сметка, не сфаќам. Абе Господ гледа бре луѓе, аман.
Кој и да дојде на власт после овие пак ќе јаде и пие на наша сметка.

Туку глеј го нашиот без никаква култура се уфрли од нигде никаде го прекина Вучиќ на сељачки начин.
 

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Не сакам да го гледам, и не е наш, затоа што не го осеќам како мој.
Кој и да дојде на власт после овие пак ќе јаде и пие на наша сметка.
После овие, што и да дојде е подобро.
А тек па ако има визија и способност за стопанство, уште подобро.
 

Beauty

Администратор
49,854
61,842
113
Top