Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

anonimen

Добро-Познат Член
11,551
11,245
113
Нокиа си е Нокиа
Камера супер, меморија има многу

И другарка има Нокиа исто, две години го користи, презадоволна и таа
 

Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,247
113
Дани, за тие пари земи си Самсунг А51. Можи и овој од Стеф, ама јас сум скептик со брендови ала Хуавеи и Шаоми. Самсунг си е Самсунг, башка има супер камера и многу меморија.
Хуавеи што го имав пред овој добар ми беше, сиротињски, ама добро служеше. Сега по овој циркус со забрана од Гугл не дакав воопшто да помислувам да купувам некој.

И јас бев скептик за Чоми / Шаоми како и да се вика, но сите живи ми препоручија, буквално никој еден лош збор ми нема кажано за нивни телефони.

Другар пред мене го купи два месеци, и тој е презадоволен. Генерално вреди буквално секој денар од тие 16 000 или колку и да се.

А пред 5-6 години исто имав некој сиротињски Галакси и толку багови имав да не сакам никогаш повеќе да помислам на поевтини Самсунг телефони. Оние поскапи како С10, 20 се можеби и супер, но овие поевтини никако не би купувал.

А Нокиа е според мене пасе, особено од времето на оние Лумиа телефони и епизода со Мајкрософт што беше голем фејл.
 

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
Не сум некој експерт и не се разбирам многу во технички спецификации, така што не сум некој репер за да кажам дали некој телефон е добар или не. :406389:

Користам Honor 8X веќе година-две отприлика и одлично ме служи. Иако, каков и да е телефонот, кај мене долго ќе тера. :406389:

Да не се фалам, ама едноставно сум таков, си чувам се` како што треба. :406389:
 

Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,247
113
Па ни јас не се разбирам нешто многу во оние комплицирани спецификации за сѐ и сешто од телефони, ама за толку се разбирам за споредба за основно - резолуција, камера, андроид верзија, меморија итн. И секако цена за понуден квалитет.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,182
21,626
113
Бјути, Xiaomi Redmi Note 9 Pro за тие пари е топ, ама прашањето е дали да го купиш баш од Ледиком. Имам читано дека телефоните ги набавувале од сомнителни извори, не давале фискална, а гаранцијата не ја уважувале доколку телефонот има потреба од сервис. Значи со нив одиш на среќа - ако телефонот се погоди, си тераш, ако не, тогаш си на мака.

Сега скоро дознав дека една мобилара од Битола ги носела телефоните од Грција и затоа ја препорачуваат. Отвори на Фејсбук Mobicom Mobile Store, имаат ценовник во закачена објава, разгледај и види.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Се согласувам, Стеф. Јас сум фан на Самсунг и можеби затоа сум наклонет кон нив ама сериитe што излегоја од 2018 (и 2017 е добра) па навака се добри. Еве јас користам Галакси од средна класа, поточно Ј6 2018 и сум презадоволен. Со секој нареден апдејт е се подобар и побрз. Поубаво ќе беше да имаше меморија 4/64 ама океј е 3/32 и онака имам слободни 16 гб. И јас ко НаЕден, многу си го чувам и многу си го сакам телефонот, бај д веј. :406389:

За Шаоми, исто слушам само пофалби. Нудат високи перформанси за скроз прифатливи цени. Така ќе биди дури се пробиваат, си мислам.

Инаку, Дани бирај меѓу овој на Стеф и мојот предлог. За тие пари, пресолидни телефончиња.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,247
113
Да не ме некој разбере погрешно, Самсунг е Самсунг, и за мене се класа, но ете, со телефони и немам некое добро искуство.
 

TVman

Добро-Познат Член
16,698
13,079
113
Јас Samsung Galaxy M10 за поволна цена (7.500 денари) и веќе една и пол година ниту еден пат не ми закочил. Камерата исто е супер, единствено што има помала меморија (2GB рам). Ама не се нешто често сликам па да го полнам со непотребни работи. Апликациите што ги користам ми се на број, така да таман ми е.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,182
21,626
113
Шаоми важи за бренд кој нуди најмногу во однос цена-перформанси. Порано дури мислам дека нудеа и повеќе за парите. И не, не се пробиваат сега, туку се веќе пробиени многу одамна. Само што кај нас подоцна станаа попознати. :)
 

Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,247
113
Шаоми важи за бренд кој нуди најмногу во однос цена-перформанси. Порано дури мислам дека нудеа и повеќе за парите. И не, не се пробиваат сега, туку се веќе пробиени многу одамна. Само што кај нас подоцна станаа попознати. :)
Токму така. Дури имаат и свои продајни објекти, одлична стратегија направија пред 5-6 години кога влегоа на српски пазар (веројатно отприлика во исто време дојдоа и кај вас) и мислам дека тоа дава резултати.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,182
21,626
113
Ние сеуште немаме нивна официјална продавница, но имаме официјален партнер т.е. увозник и дистрибутер на Шаоми производи - Mi Store. Бјути, отвори и кај нив, ама поскапички се цените пошто нели официјални дистрибутери се. :) Видов реклама на Инстаграм дека имаат некоја роденденска акција, па можи ќе начекаш нешто прифатливо таму.
 

Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,247
113
Не можам да изменим претходниот коментар, па еве вака, малку бројки - пазарен удел на 6 најголеми мобилни компании (јули 2020) во Македонија:

Samsung - 44,83%
Huawei - 22,72%
Apple - 13,61%
Xiaomi - 7,22%
Motorola - 2%
Lenovo - 1,55%


Србија:

Samsung - 39,53%
Huawei - 28,94%
Apple - 9,81%
Xiaomi - 7,11%
Motorola - 3,11%
Nokia - 2,95%


На светско ниво:

Samsung - 30,95%
Apple - 24,82%
Huawei - 10,75%
Xiaomi - 8,94%
Oppo - 4,69%
Mobicel - 3,46%

 

Beauty

Администратор
49,889
61,907
113
Фала најмн на сите.
Да тој на Стеф го земам само од каде...
Ледиком и мене ми е сумљив иако сите земаат.
Битолскава... утре ќе прашам.
А во оваа Ми .... верзија 4/128 е 13990. Која е таа верзија? Која верзија да ја гледам?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,104
113
Се согласувам, Стеф. Јас сум фан на Самсунг и можеби затоа сум наклонет кон нив ама сериитe што излегоја од 2018 (и 2017 е добра) па навака се добри. Еве јас користам Галакси од средна класа, поточно Ј6 2018 и сум презадоволен. Со секој нареден апдејт е се подобар и побрз. Поубаво ќе беше да имаше меморија 4/64 ама океј е 3/32 и онака имам слободни 16 гб. И јас ко НаЕден, многу си го чувам и многу си го сакам телефонот, бај д веј. :406389:

За Шаоми, исто слушам само пофалби. Нудат високи перформанси за скроз прифатливи цени. Така ќе биди дури се пробиваат, си мислам.

Инаку, Дани бирај меѓу овој на Стеф и мојот предлог. За тие пари, пресолидни телефончиња.
Jас имам Ј5 2016 и презадоволен бев од 2016 па се до сега го користам но во последно време се исцрпи целиот па денес се загрева максимално телефонот и некогаш се гаси на 20 посто батерија а потоа мора да го полниш скоро цел ден да се вклучи.

Поентата ми беше дека долго гурав со тој телефон презадоволен еве и до ден денес гурам сеуште иако е пред умирачка време е за нов :)
 

TVman

Добро-Познат Член
16,698
13,079
113
Јас порано користев кинески срања кои максимално ми ги искинаа живците, така да моментално не може да ме изнервира ништо :406389:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,104
113
Не се што е кинеско е срање. Ете Huawei тие понови модели се исто добри ама со немање Google го зезнаа малку.
 

anonimen

Добро-Познат Член
11,551
11,245
113
Имав порано Majestic
Треба да му се смени батеријата, онака уште си е ок
Само батеријата треба да ја нарачам од Али Експрес, тула никаде нема
Само никако да се наканам, добар ми е Нокиава
 

TVman

Добро-Познат Член
16,698
13,079
113
Кај мене имаше сешто..

-Гасење на телефон на 40%
-Откако ќе се изгаси и падне под 40%, може да се користи батеријата до крај, само (не дај боже) да заѕвониш на некој или да ти заѕвони, се гаси одма.
-Полнење под одреден агол (вака функционираше едно три месеци)
-Откако не се полнеше ни под агол, ја вадевме батеријата и ја стававме да ја полниме во полначот за фотоапаратот.
-Некои букви од тастатурата не работеа..

Бегајте од DOOGEE само ќе ви кажам..
 

Steff

Добро-Познат Член
33,695
45,247
113
Не се што е кинеско е срање. Ете Huawei тие понови модели се исто добри ама со немање Google го зезнаа малку.
Затоа и не сакав да земам нов Хуавеи, иако бев сосема задоволен со минатиот телефон, иако и не беше нешто многу јак.
 
Top