Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,883
61,902
113
Toa било 3 гига рам, значи ништо од тоа. Мене ми треба значи оваа верзија со 6 рам.

Само Ледиком или битолската, ќе се јавам денес во двете да видам за гаранција, боја и фискална.
Во Ми го нема тој, потрошен е, видов на ФБ. За 1000ка помалку ја има таа верзија со 3 GB RAM, значи ништо од таму.

Кај мене имаше сешто..

-Гасење на телефон на 40%
-Откако ќе се изгаси и падне под 40%, може да се користи батеријата до крај, само (не дај боже) да заѕвониш на некој или да ти заѕвони, се гаси одма.
-Полнење под одреден агол (вака функционираше едно три месеци)
-Откако не се полнеше ни под агол, ја вадевме батеријата и ја стававме да ја полниме во полначот за фотоапаратот.
-Некои букви од тастатурата не работеа..

Бегајте од DOOGEE само ќе ви кажам..
Леле, имав Doogee многу краток период и се согласувам, телефонот е ужас.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
Затоа и не сакав да земам нов Хуавеи, иако бев сосема задоволен со минатиот телефон, иако и не беше нешто многу јак.
Има начини се што е од Google преку веб ќе се отвара. Ама не и тоа за работа, мејл да не ти стигаат нотификации.

Некаде читав на постарите модели на Хуавеи кога ќе завршела лиценцата за Android можно е да нема веќе надоградба на нова верзија а и прашање како ќе работи тогаш верзијата Аndroid што ја има телефонот. Колку е ова точно не знам.

Брат ми има Хуавеи P30 Lite и телефонот е супер, барем засега му тера одлично.

Исто така прочитав дека од наредна година новиве телефони на Samsung, Apple iPhone ќе се продаваат без полначот за да има помалку отпад бидејќи тоа и го бара европската унија, што значи сите телефони би требало да користат еден ист полнач со USC C приклучок. Најверојатно логично ми е дека ќе мора на сите телефони да има иста волтажа на батеријата и полначот/адаптерот. Ова сигурно одма ќе го направат и другите производители на телефони.

 

Steff

Добро-Познат Член
33,694
45,246
113
Има начини се што е од Google преку веб ќе се отвара. Ама не и тоа за работа, мејл да не ти стигаат нотификации.
Има начини, но зошто да се замарам? Нема потреба за тоа, навистина.

А ова за полначи ми е глупост. Па мене за 2 години најдолго ми во главно пропаднат тие полначи, така да секако морам да купам нов.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
Има начини, но зошто да се замарам? Нема потреба за тоа, навистина.

А ова за полначи ми е глупост. Па мене за 2 години најдолго ми во главно пропаднат тие полначи, така да секако морам да купам нов.
Да повеќето кога ќе земат нов телефон ќе мора да купат полнач бидејќи не секој што има полнач од стариот телефон е таков каков што ќе биде потребен за новите телефони со USB C. Ќе има луѓе што ќе прејдат од телефон од 2018 година на телефон од 2020/21 година затоа што ќе сакаат да направат скок/промена на телефон од поново производство.
 

dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Прв пат слушам Самсунг дека бил срање. Што се' нема да чуе човек. :smeenje:
 

Beauty

Администратор
49,883
61,902
113
Да, срање е, почетокот е нормално супер, потоа почнува стандардното кочење и намалување на векот на батеријата. Така да Самсунг иако секогаш сум користела и сум навикната, сепак е сосема ок за првите две години. Потоа е силување.
 

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
Исто така прочитав дека од наредна година новиве телефони на Samsung, Apple iPhone ќе се продаваат без полначот за да има помалку отпад бидејќи тоа и го бара европската унија, што значи сите телефони би требало да користат еден ист полнач со USC C приклучок. Најверојатно логично ми е дека ќе мора на сите телефони да има иста волтажа на батеријата и полначот/адаптерот. Ова сигурно одма ќе го направат и другите производители на телефони.
Екологијата е само изговор. Повеќе парички се во прашање кога ќе мора секој посебно да си купува полнач. :406389:
 

Beauty

Администратор
49,883
61,902
113
@Some Special
во битолската го нема. Иста цена е и во Ледиком, даваат гаранција, даваат фискална, така да... порачан е :406389: На домашна адреса ќе ми стигне денес или утре.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
Екологијата е само изговор. Повеќе парички се во прашање кога ќе мора секој посебно да си купува полнач. :406389:
Во право си. Се се врти околу парите и сигурно некој маркетинг трик ќе направат да мора оргинал полнач да купуваш.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Луѓе, знам вие купувавте мобилни, се разбирате...

Предлог за мобилен и од каде да земам? Оној Ледиком од Чаир или ?
Од операториве не планирам, ми треба само апарат.
Јас купив од Нептун, Samsung Galaxy A21s, океј телефон е.

Да, срање е, почетокот е нормално супер, потоа почнува стандардното кочење и намалување на векот на батеријата. Така да Самсунг иако секогаш сум користела и сум навикната, сепак е сосема ок за првите две години. Потоа е силување.
Му го дадов на брат ми Самсунгот J5 (2017) и е топ, нема проблем.
За батерија, на секој телефон е исто, слабее...

И да, нокиа немој да се зезнеш, мајка ми има, катастрофа е, батеријата ќе ти се празни ептен.
Другарче имаше Хуавеи и сеа има Шаоми. Што марки, стварно не знам, вака си е задоволен. Но сепак мислам дека подобро од Самсунг, нема.

А да, Хуавеи има проблем со САД; така што многу апликации може и да ги немаш, а не се знае шо и како ќе биде. Да, има нивна продавница, ама сепак сум резервиран за во иднина.
 

dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Да, срање е, почетокот е нормално супер, потоа почнува стандардното кочење и намалување на векот на батеријата. Така да Самсунг иако секогаш сум користела и сум навикната, сепак е сосема ок за првите две години. Потоа е силување.
Е сега зависи и што Самсунг ќе земеш и колку дремеш на него.
 

Beauty

Администратор
49,883
61,902
113
Е сега зависи и што Самсунг ќе земеш и колку дремеш на него.
Па со оглед дека два пати го имам треснато од ѕид, потопено во коктел и му имам сменето десетици заштитни стакла и маски, можеби и во право си :406389:
 

Steff

Добро-Познат Член
33,694
45,246
113
Па со оглед дека два пати го имам треснато од ѕид, потопено во коктел и му имам сменето десетици заштитни стакла и маски, можеби и во право си :406389:
Хахахахахахаа има некој апарат што го немаш треснато од ѕид, земја? :haha:
 

dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Па со оглед дека два пати го имам треснато од ѕид, потопено во коктел и му имам сменето десетици заштитни стакла и маски, можеби и во право си :406389:
И после производителот бил крив. :haha:

Користам Ј5 од 2017 како брат му на Јефто, веќе 2 години и немам никаква замерка. Не кочи, освен кога ќе се намали меморија што е нормално за секој телефон, ама чистиш кеш и нема гајле.

А за полнење, го полнам секојден зашто дремам на нет, кога не седам на нет и имам обврски, и по 3 дена знае да држи.

ПС.го немам трескано досега и го немам учено да плива нит во мирни нит во алкохолни води.:406389:
 

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
Па со оглед дека два пати го имам треснато од ѕид, потопено во коктел и му имам сменето десетици заштитни стакла и маски, можеби и во право си :406389:
Штом е така, јас би ти препорачал да му купиш и еден оклоп и да го осигураш, за секој случај. :406389: :406389:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
Ама подалеку од плажата, да не поплива сосе новиот телефон. :406389:
Me потсети на една случка едно лето во Грција на одмор со мојте и имаше македонџи позади нас на плажата. Се излажа едниот од тие црнџите купи од оние торбици за мобилен во вода да го користиш. Си влезе човеков во вода со него и си го зезна телефонот Ајфон модел немам поима кој му беше.
 
Top