Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,894
61,916
113
  • Автор на оваа тема
  • #261
А зашто Смешко сака избори на 14 јуни, не ми е јасно. И зошто ВМРО не сака?
Да не се лажеме, ама здравјето на народот на никој не му е битно :haha:
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
А зашто Смешко сака избори на 14 јуни, не ми е јасно. И зошто ВМРО не сака?
Да не се лажеме, ама здравјето на народот на никој не му е битно :haha:
Ај ќе нафрлам работи..
Црпко сака побрзо да иде поради тоа што ќе има помала разлика и да изгуби пак да може да се вади...
Мицко сака подоцна, за да се зголеми разликата уште повеќе...
Дополнително, во моментов на Црпко му одговара мала излезност, за помала разлика...
Ако се иде во септември, тогаш излезноста пак ќе се врати на ниво на февруари кога беше според анекти...
Дополнително, побрзи избори, помалку шанси за грешки кај црпко...
Башка не му се седи на Оли веќе во фотељата, а се плашат од Наќе и Рики (СВР Ск)...
Побрзи избори, значи и немање доволно време за избирачкито список, а дополнително немање на набљудувачи, со што има можност за изборен фалсификат...
Да не ги заборавиме и фактите кои говорат за изборен поткуп пресликан како хуманитарни пакети што ги даваше црпко... :) Тие беа спремни за порано, ама сеа ги даде, за да го гласаат во Јуни... Ама во септември ќе заборават овие малцинствата што добија и нема да го гласаат... Додуша немад а го гласаат и сега оти на муслимани им даваше свинско... Им даваше со поминати рокови... А бе хаос хаха.

Има и многу други работи, но доволно ви е ова за почеток, да подразмислите малце и вие, доста ја само куцам хаха.
 

Beauty

Администратор
49,894
61,916
113
  • Автор на оваа тема
  • #264
Јас сепам мислам и избори да има побрзо, и граници да отворат, и кафичи, и се. Вака е измачување. Нека заврши се', па кој преживи, причаче. Тоа е сега.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,107
113
Јас сепам мислам и избори да има побрзо, и граници да отворат, и кафичи, и се. Вака е измачување. Нека заврши се', па кој преживи, причаче. Тоа е сега.
Kaфиќи не се надевај дека кога ќе се отворат ти ќе си седнеш и ќе уживаш со другар/другарка/дечко ти во кафе разговори. Сигурно ќе има фази додека целосно се отвори како што си било најнормално. Сигурно прва фаза земање шалтерски кафе во пластична чаша и тоа е џабе отварање кафиќите. Многу мал број ако биде така ќе сакаат да си пијат кафе од кафиќ, освен тие што се на работа па мора да нарачаат кафе.

Границите еднаш веќе и пишав мое мислење дека најверојатно ќе мора да се имаш тестирано и на граница покрај пасош/лична карта ќе мора тестот да го дадеш да видат резултатите па ќе одлучат дали ќе поминеш граница или не.


Така да со еден збор тешко дека ова со вирусов така лесно ќе се надмине и се ќе биде во нормала за брзо време. Уште неколку месеци вака ќе не мачи овој вирус.
 

Beauty

Администратор
49,894
61,916
113
  • Автор на оваа тема
  • #266
Па тие тестови треба да се бесплатни, а не по 50 евра како што читав на српска и грчка граница. Абе ајде!
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Разлабавување на мерките тешко... :) Комисијата даде негативно мислење.
Башка денеска од сите тестови, 16% се позитивни, највисок процент е досега.

За повеќе инфо, кога ќе добијам и ја некој бриф или ќе дојдам до документи.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,107
113
Идниот понеделник ќе отворат и кафаните и трговските центри, но им се наложува скратено работно време. Ќе работат од 10 до 18 часот секој ден, освен недела. Во недела остануваат затворени. И купувачите и вработените во продавниците ќе мора да носат заштитни маски, и задолжително да држат меѓусебно растојание од 1,5 до 2 метри. По еден купувач на 15 метри квадратни, а пробувањето облека ќе биде забрането.

Доколку на касата нема можност од растојание од два метри фирмата е должна да постави плексиглас, а продавницата мора да се дезинфицира 4 до 5 пати во текот на работното време.

Кафеаните и рестораните на почетокот ќе може да работата до 18 часот, но во функција ќе бидат само терасите, бројката на гости ќе се ограничи, а ќе се служат само оние кои седат. Свадби и крштевки се забранети. Одговорено лице мора да стои пред влезот на објектот за да го регулира протокот на гости.

Најмалку 9,6 метри квадрати е просторот кој ќе смее да зафаќа една маса за 4-рица гости и на секоја маса ќе мора да има средство за дезинфекција.

 

Beauty

Администратор
49,894
61,916
113
  • Автор на оваа тема
  • #271
И ајде НЗС сега?
Денес најголем процент на заразени и олабавување на мерки од идна недела? Која е тука логиката?

Или идат избори на Заев па затоа? :off:
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Избори засега тргнете ги, образложив што е и како е...
Пак ќе повторам, нема амин од странство, башка дамата од Калето кажа јок.

Мерките дали ќе продолжат или не наредната недела, зависи од ситуацијата сега. Дополнително, лидерска деновиве ќе има, а во петок Советот за безбедност ќе видиме што ќе донесе. Но и продолжувањето на вонредната е малце извесно, но без неа па ќе колабрираме ептен...

Во моментов кога единствена институција со полн капацитет е институцијата Претседател, верувајте не ни се најсјајни деновите...
 

Beauty

Администратор
49,894
61,916
113
  • Автор на оваа тема
  • #273
A зошто би требало да има вонредна пак, не сфаќам? И зошто би колабирале ако немало вонредна?
Демек не смеат уредби за мерки да се изрекуваат ако нема вонредна?
 

Beauty

Администратор
49,894
61,916
113
  • Автор на оваа тема
  • #275
А дозволиво ли е вонредна состоја по трет пат едно по друго?
Мислам дека ништо не е дозволено, како што пишуваат професориве на Правен факултет, но... кај нас се' e можно.
 

kristijan10

Добро-Познат Член
3,468
4,936
113
Ме интересира, соседниве земји помалку случаи од нас имаат што ги олабавија мерките? :cekam:
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
A зошто би требало да има вонредна пак, не сфаќам? И зошто би колабирале ако немало вонредна?
Демек не смеат уредби за мерки да се изрекуваат ако нема вонредна?
Бидејќи како и за се' друго немаме до крај пропишано, голема е веројатноста да дојде до крах во поглед на сите поволности и бенефити што ги добиваа фирмите и граѓаните во вид на помош... Т.е. таман да добијат некој денар фирмите, тие минималните плати, ако прекине, ќе нема да може да им се дадат. За да се продолжи важноста, ќе треба да се изгласа во вид на закон во Собрание, институција која ја немаме...
Правна дилема има и за тоа дали треба или не да се вратат. Ако ме прашуваат мене, мандатот им е активен дур не ги замени друг, имаат засновано работен однос и зимаат плата иако викаат дека не се пратеници веќе...
Потоа, без вонредна состојба, ќе нема да може да се регулираат многу прашања поради оваа ситуација во која сме нефункционална територија бетер од БиХ и Косово...
Дефинитивно треба прв закон после новиот состав на Собрание што ќе биде донесен, да е тој за вонредна состојба... Кој би пропишал многу прашања... Евентуално и измени на Законот за Влада.

А дозволиво ли е вонредна состоја по трет пат едно по друго?
Прашање на место, иако имаше реакција на ХАХА.
Уставот не пропишува ни втор пат. :) Односно пропишува само еднашка... Малце саркастично до творците на Уставот би рекол, а што ако имаме војна, само 30 дена ли ќе војуваме? Еве пандемијава кај нас само 30 дена ли треба да седи?
Треба да се иницира уставна измена за допрецизирање... Додуша не, целосно нов Устав во секој поглед.
Ако ме прашуваш мене, да, треба да е дозволиво да се носат нови одлуки за вонредни состојби. Но во моментов, голема е веројатноста Пендаровски да го има прекршено Уставот поради продолжувањето на состојбата, а на таа линија е и неговата изјава дека ќе размисли дали да прогласи и трети 30 дена.
 

NaEdenCovekBratMu

Добро-Познат Член
5,957
9,594
113
Но во моментов, голема е веројатноста Пендаровски да го има прекршено Уставот поради продолжувањето на состојбата, а на таа линија е и неговата изјава дека ќе размисли дали да прогласи и трети 30 дена.
Не би да го бранам Пендаровски, ама тој нели прогласи НОВА вонредна состојба?

Тој (ако не се лажам) сочека еден ден откако помина рокот на првата вонредна состојба, па потоа објави нова.
Техникалија е во прашање веројатно, така што мислам дека ова не е ПРОДОЛЖЕНА вонредна состојба.
 

Beauty

Администратор
49,894
61,916
113
  • Автор на оваа тема
  • #280
На денот на лидерската, само 10 заразени.
Абе ајде, Естрамботика верува и сака правда, ама ова мене не ми изгледа на нормален тек на случајности.
 
Top