Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,104
113
Ајдеееееееееее
Тука живеете, а земате српски пари? :smeenje:
Зошто да не земе? Роден е во Србија, Белград татко ми и поради тоа можеше да си земе лична карта. Татко ми кога бил малав заедно со дедо ми и баба ми се дојдени тука во Македонија ради работа на дедо ми и си останале тука.

Имам јас и доста бугарско потекло бидејќи тоа место од кај што е дедо ми и баба ми некогаш припаѓало во Бугарија а сега е дел од Србија :406389:
 
Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83

Марко со неговата мултинационалност ќе го спаси Балканот:uzivkanje:
 
Some Special

Добро-Познат Член
15,182
21,626
113
Јефто, спомна за изборите дека мали се шансите (или нема шанси) да бидат во јуни, а овие од СДС ги гледам наголемо се спремаат како да е решено дека ќе бидат во јуни. Како да е усогласено со опозицијата, како да е договорен датумот, како да имаат амин од странство... Некое ново инфо да не имаш, да не се има нешто десено во меѓувреме?

Друго, ја погледнав оваа анкета направена сега скоро, и изненадувачки ми е тоа што СДС го има овој рејтинг и покрај се` што направи.
 
Beauty

Администратор
49,889
61,907
113
  • Автор на оваа тема
  • #305
Ама чекај не е ова со Беса? Ау, не е. :okokoren:
Ма каква Левица, таа нема толкава поддршка, освен ако идеално не би било да се приклучи со ваква бројка кон владејачко мнозинство.

Па еве вонредната е продолжена за 14 дена, тоа е до 29 мај. И после не знам колку дена беа дозволени до избори, и таман во јуни изборите :off:
Ама затоа економската криза јули ав септ кога ќе ни дојде.... оф мори мајко ќе биде. Сега народот не е ни свесен, па затоа овие користат.
 
Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
Доколку има избори во Јуни, мислам дека сдсм најмногу ќе изгуби во таа ситуација. Многу од неопределените не би излегле на избори во сред пандемија. вмро секако ќе си го активира членството да излезе што помасовно.
Од друга страна пак, доколку изборите се подоцна, којзнае уште колку срања ќе направи сдсм.
 
Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
Друго, ја погледнав оваа анкета направена сега скоро, и изненадувачки ми е тоа што СДС го има овој рејтинг и покрај се` што направи.
Проблемот е што сдсм не направи ништо, затоа и е чуден рејтингот. Или се што направи беше lite верзија на вмро. И името и договорите, се'. И вмро ќе го сменеше името многу скоро, можеше само подобар договор да направат.
 
Beauty

Администратор
49,889
61,907
113
  • Автор на оваа тема
  • #308
Велат дека во СДСМ има голема разлика и нетрпеливост меѓу крилото на Заев и она право СДСМовско крило на Шеќеринска и компанија.

Рејтингот е таков затоа што мислам дека добар дел од народот се уште не сака Груевски да се врати, а јас искрено се надевам дека од Груевски веќе нема ни Г. Бар овие ми изгледаат доста способни интелектуалци - Мицкоски, Муцунски, Мисајловски, Милошевски.
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Зошто да не земе? Роден е во Србија, Белград татко ми и поради тоа можеше да си земе лична карта. Татко ми кога бил малав заедно со дедо ми и баба ми се дојдени тука во Македонија ради работа на дедо ми и си останале тука.

Имам јас и доста бугарско потекло бидејќи тоа место од кај што е дедо ми и баба ми некогаш припаѓало во Бугарија а сега е дел од Србија :406389:
Од секогаш знаев дека имаш бугарско нешто во себе, презимето пред сВе... Ама за ова со српсково брат, немав ни на крај памет поим хахаха...
А да прашам, нешто македонско да не ти се наоѓа случајно, по грешка? :haha:

*без навреда, немав таква намера, мала шега...

Јефто, спомна за изборите дека мали се шансите (или нема шанси) да бидат во јуни, а овие од СДС ги гледам наголемо се спремаат како да е решено дека ќе бидат во јуни. Како да е усогласено со опозицијата, како да е договорен датумот, како да имаат амин од странство... Некое ново инфо да не имаш, да не се има нешто десено во меѓувреме?

Друго, ја погледнав оваа анкета направена сега скоро, и изненадувачки ми е тоа што СДС го има овој рејтинг и покрај се` што направи.
Засега немам информација, освен дека нема да се дозволи избори без мониторинг од странство, нешто што во моментов не е возможно. Европа е затворена до 16ти Јуни и евентуално и повеќе...

Но тоа што можам да го кажам е дека на сите анкети води ВМРО, а не како што крека Зајко дека водат со ни мање-ни више, повеќе од 6%...
Исто како и на другите места, од дома и од странство, Левица се наметнува полека за влез во Собранието.
Ќе напоменам, дури и од Холандија имаа анкета пред некој месец и таму губеше СДС на нашата земја, а потенцирам дека Холандија е земја како најголем поддржувач на северџаниве...
Во албанскиот блок, ДУИ е стабилен, иако првичната идеја беше негово соборување, но тоа им даде ветер во грб на другиве да збеснат и за тоа ќе бидат казнети... (не од граѓаните, од други места).

Ама чекај не е ова со Беса? Ау, не е. :okokoren:
Ма каква Левица, таа нема толкава поддршка, освен ако идеално не би било да се приклучи со ваква бројка кон владејачко мнозинство.

Па еве вонредната е продолжена за 14 дена, тоа е до 29 мај. И после не знам колку дена беа дозволени до избори, и таман во јуни изборите :off:
Ама затоа економската криза јули ав септ кога ќе ни дојде.... оф мори мајко ќе биде. Сега народот не е ни свесен, па затоа овие користат.
Левица има можност да иде и поголем процент, но единствено нешто што може да ѝ биде пречка да има 2 или повеќе пратеника е изборниот модел со 6 изборни единици и Донтов метод. Долго е да ви објаснувам од стручен аспект како се пресметуваат мандатите, но може да си изгуглате и да си вежбате со калкулаторот. Само финтата е што ова е за цела тероторија, најдобро ќе биде приказ по изборни единици да се има анкета. Очекувам од една наша агенција да искочат со такво истражување кога и да е, а јас ќе имам од прва можеби таков приказ на информации, но ќе видиме за тоа - потоа.
Во однос на Беса, треба да се има на ум две работи: Прво БЕСА се подели на Беса на Касами и отиде во коалиција со СДС на нашата земја, а второто е дека остатокот од Беса е Алтернатива на Гаши, која ако не грешам отиде во коалиција со Алијанса на Села... Алијанса инаку се создаде од самата ДПА.

За вонредната, да, 14 дена иако се барало 30. Но тоа не значи дека нема да се продолжи и нареден пат, по четврти пат, ако тоа го бара ситуацијата... Избори ептен е малце веројатно да се одржат сега, нема поддршка од никој црпко, ни од дома ни од надвор, а дополнително ДИК искочи со издржано соопштение, не може за 22 дена да се пречисти избирачкиот список, потребни се 50на дена... Има законски рокови, а нашиот Устав и законите не познаваат прекинување на избори па повторно продолжување...

Доколку има избори во Јуни, мислам дека сдсм најмногу ќе изгуби во таа ситуација. Многу од неопределените не би излегле на избори во сред пандемија. вмро секако ќе си го активира членството да излезе што помасовно.
Од друга страна пак, доколку изборите се подоцна, којзнае уште колку срања ќе направи сдсм.
Народот нема да гласа ЗА сдс на нашата земја, народот ќе гласа ПРОТИВ сдс на нашата земја. :) Нешто што го направи на претходните предвремени парламентарни избори. Мислам дека е доволно добро објаснето со оваа едноставна реченица.

Велат дека во СДСМ има голема разлика и нетрпеливост меѓу крилото на Заев и она право СДСМовско крило на Шеќеринска и компанија.

Рејтингот е таков затоа што мислам дека добар дел од народот се уште не сака Груевски да се врати, а јас искрено се надевам дека од Груевски веќе нема ни Г. Бар овие ми изгледаат доста способни интелектуалци - Мицкоски, Муцунски, Мисајловски, Милошевски.
Верувај, одамна нема ни Г од Грујо во новата бела палата. Тоа можам да те уверам. Со чинот на бегање, доби премногу непријатели и во самите тие редови, а да не зборам што сите најблиски соработници ги остави на цедило... Мислам дека и од нив имаше реакции...
Мицко не го знаете воопшто, не го знам ни јас доволно, но според кажувања, ќе биде јако...
Мене ми е важно безбедносно-разузнавачките кадри, но на чело со Наќе мислам дека е премногу јасно. Ќе пали и ќе гаси... Со Рики на СВР Скопје, дефинитивно ќе се стави ред во скопскиот регион и малцинството ќе се смири малце со дрогите и оружјата... А ако се точни моите претпоставки кој ќе биде на АНБ (агенцијата за национална безбедност, поранешната Управа за безбедност и контраразузнавање) ќе биде е тек тогашка ред и поредок... Типувам на лик што многу го дискредитираат во јавноста периодов, од судења, до распити и слични чуда...
Владо Мисајловски не ужива толкава доверба и симпатии ни во Ѓорче, ни во 2ра изборна единица... Но тоа е, го ставија носител иако требаше Рашела...
За Муцунски, не можам да коментирам, не го познавам доволно добро дечкото, но верувам дека е добар кадар според податоците...
А за Милошовски, верувајте, ќе биде доста интересно допрва... Има да ги уништи комуњарата...

Во поглед на крилата, сум објаснувал, допрва ќе биде интересно, и да не се лажете, се спремаат за одење во опозиција и внатрешно преструктуирање, иако никој нема да го признае тоа, а пред народ се обидуваат да го бустаат своето членство оти таман работа да им речат дека ќе изгубат...
 
Beauty

Администратор
49,889
61,907
113
  • Автор на оваа тема
  • #310
Редовни избори во декември ќе биде многу добро. Може лошо е вака што зборам, но на есен ќе се почувствуваат ефектите од кризата врз џебот на народот, затоа велам.
Муцунски ми е кул, Мицко инаку го познавам, но немам оформено мислење, а секси ми е Мисајловски сега :406389:

И некои албански политичари знам , верувал или не, не заради политика, туку ми кажуваа за албанскиве телевизии, и емисиите што ги земаат од Албанија, и серии што може да се купат за алб и мк права :off::406389::406389::406389:
 
Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
Јас сепак мислам дека сдсм пак ќе победи, формира влада.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,104
113
Од секогаш знаев дека имаш бугарско нешто во себе, презимето пред сВе... Ама за ова со српсково брат, немав ни на крај памет поим хахаха...
А да прашам, нешто македонско да не ти се наоѓа случајно, по грешка? :haha:

*без навреда, немав таква намера, мала шега...
Секако дека сите фамилијарно си имаме македонски пасоши и лични карти. Српското е можеби најмало колку што е бугарското но јас сепак си се чувствувам повеќе македонец а и си ги сакам и србите :)

Туку ова продолжувањето на вонреднава состојба им е тотално непотребно а и законски не смеат воопшто да го прават тоа сега.
 
Реков погоре, мала шега брат ми...

А за тоа дали можат или не, дискутабилно е, зборев неколку пати...
 
Beauty

Администратор
49,889
61,907
113
  • Автор на оваа тема
  • #314
Сега и Србите им го кажаа вицот денеска, треселе зелени пред Германците вчера. :off: На крај и без поддршка на Србија ќе останат.

Пример се регионалниве земји значи за национално единство и одбрана на националните стратегии. И не само Србите, и Бугари, Хрвати, и ред други во регионот. А нашиве зеле по грешка да печатат карти за Голема Хрватска, по грешка да кажуваат изјави за Косово.... абе ноу комент веќе.
 
Some Special

Добро-Познат Член
15,182
21,626
113
Сега и Србите им го кажаа вицот денеска, треселе зелени пред Германците вчера. :off: На крај и без поддршка на Србија ќе останат.

по грешка да кажуваат изјави за Косово....
Не сум во тек. За што станува збор, накратко?
 
Beauty

Администратор
49,889
61,907
113
  • Автор на оваа тема
  • #316
Не сум во тек. За што станува збор, накратко?
Пендаровски зборел нешто за граници на Србија и Косово, па денес рипнаа Србите (Вучиќ и министри во Србија) - Претседателот на Северна да не зборувал многу работи што не треба на јазикот, кој само Србите го признаваат.
 
Some Special

Добро-Познат Член
15,182
21,626
113
Пендаровски зборел нешто за граници на Србија и Косово, па денес рипнаа Србите (Вучиќ и министри во Србија) - Претседателот на Северна да не зборувал многу работи што не треба на јазикот, кој само Србите го признаваат.
Од кај му текнало на Пендаровски да зборува за тоа, Бог да чува. :religiozen: И која е потребата за тоа? :off:
 
Beauty

Администратор
49,889
61,907
113
  • Автор на оваа тема
  • #318
Е ајде де. Сакал нешто да тресе пред Германија, Франција... да се направи паметен.
А Србите му рекле пред тоа да не коментира ништо, него да си стои на страна, што е нормално. Но, ете, не послушала таа македонска уста.
 
Some Special

Добро-Познат Член
15,182
21,626
113
Абе кој од нив знае да каже нешто паметно или да направи паметно... За три години направија милион глупости.
 
Top