Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,894
61,916
113
  • Автор на оваа тема
  • #186
Еве го бе, отвара он веќе.

Кај нас нели нема вакви рестрикции, или се лажам? Јас мислам кај нас се' си работи, горе долу?
Мислам на пекари, фризерници, дуќани, продавници за разни материјали и облека, нормално со мерки за заштита и сменет ред на услуга.
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93

Индиректни забрани има, ретко кој бербер, занаетчија работи... Башка сите молови се затворени со шо дуќаните т.е. продавниците не работат во нив.
Ќе се разгледа шо и како е но не е исклучена можноста до крајот на годината да се шета задолжително со маски и ракавици... Рано е сепак да се каже, се чека на седница на влада да се разгледаат и таквите предлози.
 
Beauty

Администратор
49,894
61,916
113
  • Автор на оваа тема
  • #188
Јефто, сега не се шета со маски и ракавици, а не па понатака. Тоа може само за старите.

Мерки очекувам дека ќе има за кутрите пензионери :smrk: А за нас другите веројатно кафичите ќе бидат со дистанца. Друго ништо особено.

Само жално ќе биде ако концерти, одење во дискотеки и собири да нема до крај на годината. Авалон најавува концерти во јуни, очекувам пак да им ги откажат.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,745
6,107
113
Јас очекувам кај нас да има построги мерки после велигден што значи маски задолжително да се носат, ако не се носиш и ако те фатат ќе си платиш парична казна. Да има задолжително во маркет обезбедување, редар и ако те види без маска нема да те пушта да влезеш воопшто внатре.

Очекувам на лето полека полека да се олабавуваат мерките ама не верувам дека до лето магично ќе исчезне вирусот.

Во Тетово деновиве пред викендов празничен беше гужви невидени, како нормален ден да е повеќето во групи си шетаа.
 
Beauty

Администратор
49,894
61,916
113
  • Автор на оваа тема
  • #190
Па рекоа во Тетово и Куманово ќе биде така, нели. И за Прилеп исто.
 
Beauty

Администратор
49,894
61,916
113
  • Автор на оваа тема
  • #192
Си заборавил да купиш маска.
Одиш во аптека да купиш маска, оти немаш маска.
Не те пуштаат да влезеш оти немаш маска. :406389:
Па и да влезеш, зар се наоѓаат маски по аптекиве?
Од влада викаат маска или шал обавезно во Тетово, Прилеп и Куманово. Каков шал бре на ова сонце :smeenje::smeenje::smeenje::smeenje:
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Јефто, сега не се шета со маски и ракавици, а не па понатака. Тоа може само за старите.

Мерки очекувам дека ќе има за кутрите пензионери :smrk: А за нас другите веројатно кафичите ќе бидат со дистанца. Друго ништо особено.

Само жално ќе биде ако концерти, одење во дискотеки и собири да нема до крај на годината. Авалон најавува концерти во јуни, очекувам пак да им ги откажат.
Интровертот во мене ги сака рестриктивните мерки за седење дома и не одење по дискотеки и концерти... Икономистот за штедење се приклучува кон заложбите за меркиве да траат вечно за сите заштеди ахахахха :haha:

Инаку не ги правам ја мерките, но премногу беа задоцнети, а премногу и без ефект... Но ќе видиме како ќе биде, ништо не е вечно, сега го воведуваат, после може да го укинат, не мора да трае 30 дена на пример...

Си заборавил да купиш маска.
Одиш во аптека да купиш маска, оти немаш маска.
Не те пуштаат да влезеш оти немаш маска. :406389:
Мала анегдота... Во еден маркет на една почнале да ѝ викаат панично да се тргне од еден маж... И оваа кога рекла како ма да се тргнам од сопругот, продавачката рекла ма не ми е гајле шо ти е, два метра имајте... :smeenje: Така шо, ова со аптекиве, не ме чуди хаха.

Па и да влезеш, зар се наоѓаат маски по аптекиве?
Од влада викаат маска или шал обавезно во Тетово, Прилеп и Куманово. Каков шал бре на ова сонце :smeenje::smeenje::smeenje::smeenje:
Се наоѓаат... А и реално не се толку скапи, 30на денари во Зегин, во не знам како се викаше аптекава кај мене, имаш и за 65...
Разликата е во материјалот, но и двете се перат. Така што, ќе си се снабдите со повеќе маски и ќе ги менувате, ќе ги перете.
Проблем единствено можеби се ракавиците, но и тие се наоѓаат тук-тамо.
 
Beauty

Администратор
49,894
61,916
113
  • Автор на оваа тема
  • #194
Од 15ти мај ќе се отвораат кафичи и ресторани со само дозволен 20 посто капацитет на гости.
Што знам, 20 посто место? :haha: Тоа е ако има 10 маси надвор, само на 2 маси ќе може да се седи.
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Од 15ти мај ќе се отвораат кафичи и ресторани со само дозволен 20 посто капацитет на гости.
Што знам, 20 посто место? :haha: Тоа е ако има 10 маси надвор, само на 2 маси ќе може да се седи.
За почеток е доволно и тоа. Мора постепено инаку нашава раја, предводена од тинејџерите што не одат на школо и од мамичките со дечиња што седат дома и се ослободени, ќе земат масовно да окупираат кафичи и ресторани...

Неофицијално, се чека одлука на седница на Влада да помине и предлогот за укинвуање на полицискиот час после првомајскиот продолжен викенд. Евентуално другата варијанта е постепено поместување на почетокот на полицискиот час, па наместо од 16 да започнува од 17-8 часот... Но рано е да се види што предлог ќе појде, а штом ќе добијам некое инфо, согласно можностите, би изнел и овде како екскузивитет.
 
Beauty

Администратор
49,894
61,916
113
  • Автор на оваа тема
  • #196
Телма објавија дека по првомајскиот викенд, се укинува полицискиот час во целост. Но ќе видиме баш. Мислам дека треба да е постепено баш за тој џган на тинејџери невоспитани, мајки несовесни и инфлуенсери прости да не навалат секаде.
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Телма објавија дека по првомајскиот викенд, се укинува полицискиот час во целост. Но ќе видиме баш. Мислам дека треба да е постепено баш за тој џган на тинејџери невоспитани, мајки несовесни и инфлуенсери прости да не навалат секаде.
Че видиме Наќе шу ќе каже ахаха. Но ја би постепено наместо целосно укинување, ние сме посебен народ што хаос ќе направи...
 
JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Леле луѓе, замислете колку алкохол и дрога ќе се користи после ова? :406389:
Не мора да замислам, знам хахах. Не дека и сега не е нешто поинакво со домашниот карантин за време на викенди. Ако сте читале полициските билтени, ќе се крстите од шо народ сме... Да не зборам за чавките шо „летаа“ од автопатот некаде од Кичево до Скопје, па хаос направија по колите на полицијата и едвај ги застанаа, па ништо од преносот на „брашно“ до домаќинствата за време на полицискиот час.
 
Beauty

Администратор
49,894
61,916
113
  • Автор на оваа тема
  • #200
@JeftoMKD
полицискиот час уште е од 16 часот или од денеска е од 19 часот? Помина тој предлог за од 19 часот?

И ова некој се заебава со денес само 7 заразени? :haha: Како 7 кога до пред некој беа 107 дневно.
 
Top