Политика и економија

  • Автор на оваа тема Beauty
  • Датум кога е започната темата

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Озбилно постои ваква теорија? :religiozen:

Кој е тој "паметен" што ја дал? :smeenje:
Дап, ја имаше на фб, ја објавив на твитер...

A запознаен си со Бил Гејтс и ид2020?

Последниве месеци сум навлечен на Идиократија јутуб каналот. Отвори го, дечкото ми изгледа океј и паметен. :D

Нека ме извинат другите ако ги замарам лол, ама премногу интересни ми се сите овие работи. :D
Ќе видам во прва прилика, фала на предлогот.
 

Gledy

Активен Член
655
160
43
Гледам ама што да видам, како овие контактните на Шител или Анал5, експерти колку сакаш и секако политиката главна тема. Личности што се продаваат за стотката на Вучич , личности на кои им стана досадно известувањето за се поврзано со вирусот затоа што нели сепак за македончето што и да се случи после три дена веќе не е интересно. Бране, Грујо, Зоќи, Мицко .. криви за се што се случува во државата па и во светот.
Илјадарка да ви дадеше државата пак ќе ви беше малку ама нели стотката ќе ја делат кај комшијата не дома. Да се погодеше личност како министер за здравство како претходникот каде за секоја смрт во државата тој беше крив пак немаше да ви чини како што не ви чини ни овој иако покажува како треба еден министер во државата да работи. Кој и да дојде на власт ќе ви смета затоа што сакате да ви ги среди сите проблеми за еден месец.
 

Beauty

Администратор
49,886
61,906
113
  • Автор на оваа тема
  • #163
Па видовме овој што направи за 3 години. Не баравме еден месец, дозволивме и три години ете. Ама џабе.
Изиграва ПР и мотивационен говорник за рајата, а Клинички пропаѓа од нефункционалност. Тамара на претходниот стана девојкава што почина пред два месеци на овој сега, за која Министерството и институциите заглавиле во бирократија, па Господ не можел да чека и ја зеде кутрата девојка.
Мизерно е здравството до немај каде, не дај боже да влезе човек во тие мизерии. А за мотивациони говорници, има стотици професионалци на интернет, не ми треба овој сега. Наместо тоа, да зел три години да се занимава со вистински проблеми во здравството, не ќе беше лошо.

А народот е доволно напатен и сиромашен, нивните желби и барања се мали во споредба со тоа што му треба. А што овие ликови, како и претходните, не му дадоа. Затоа не смее да се потценува народот. Жално е.
 

Beauty

Администратор
49,886
61,906
113
  • Автор на оваа тема
  • #164
Meне ми е Индиец овој и готово. Симбол за Ром не ми е , туку Индиец. :406389: Допрва мислам ќе биде актуелен овој.
И не само маски, туку и кравати има во разни бои. Ама битно, секогаш е костумиран и културен.
 

Beauty

Администратор
49,886
61,906
113
  • Автор на оваа тема
  • #169
Можда зашто немаат националност и држава? :okokoren:
Дај не треси, без доволна информираност. Човеков е Ром по Националност, како сите роми кај нас. Државата му е Македонија, како може да нема ни држава ни националност :off:
 

TVman

Добро-Познат Член
16,698
13,079
113
Мислам дека Далавера мислеше на тоа дека Ромите се етничка група, немаат своја држава, како и Власите.
 

dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Дај не треси, без доволна информираност. Човеков е Ром по Националност, како сите роми кај нас. Државата му е Македонија, како може да нема ни држава ни националност :off:
Размисли што си пишала, пред да тресеш глупости. Убаво ти објасни ТВ мен погоре.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Ох, долго е да ви објаснам разликите помеѓу етницитет, нација и држава...
Но накусово да не забегам со офтопик, ромите се толку различни, што не се исти од држава до држава... Има разлики дури и од роми во источна и роми во западна Македонија.
Имаше обид да се унифицира односно кодификува нивниот јазик, но мислам дека јалови беа обидите да се направи такво нешто.
Во основа кај нив е номадскиот начин на живот и поради тоа не може да се изгради толку јака национална свест.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Кој и да дојде, здравството нема да го оправи...

Смртта на девојчето Тамара нема директна врска со надлежните државни институции. :) Осудете ме, обедесете ме, но самиот родител е виновен и тоа мислам дека ќе се докаже... Не може државата кај ти обезбедила болница и операција во Германија или кај беше, ти да одбиеш зошто си сакала да идеш во Турција... Ако сакаш да си бираш, ќе си идеш приватно... Државата нема неограничени пари, едноставно си бира кај најповолен економски оператор.
Дополнително, девојчето не почина од болеста на рбетот или како беше... Починала од компликации на белодробието, нешто за што е виновна мајката, бидејќи не го однела девојчето подолго време на лекар и дошло до компликации и добила бронхоплумонија.

А за најболна реформа, (секоја вистинска реформа е навистина болна, а без болка е само обично шминкање) за нашето здравство е следнава:
целосна приватизација на сите нивоа на здравството, од примарно до секундарно и на крај со терцијалното. Но, секако има но, секоја здравствена установа ќе мора да соработува со фондот за здравство и ФЗОМ да покрива добар дел од тие третмани. Дополнително, приватното инвестирање во здравствено осигурување, како што се и животното и неживотното, исто така да има удел како сега што е во затечот.

Факт е дека тоа што е приватно, има повеќе инвестиции и подобро управува, не само за здравството, за се'.
Ако се сака, ќе се напраи добра реформа, добра приватизација, но никој не се осудува тоа да го стори, оти ќе нема кај да си ги пикне своите партиски војничиња.
 

dallavera

Добро-Познат Член
3,664
4,308
113
Ти ја истресе најголемата, дека Ромите немале националност.
Друго, ромска националност не постои, туку постои ромски етникум. Ако постои ромска националност, треба да имаат и ромска држава. Така што те молам не се брукај.

Трето, точно е тоа дека немаат ни унифициран јазик како што рече Јефто, зашто имале неколку дијалекти и не можеле да се договорат кој да биде земен за основа (според она што го знам џамбаскиот најчесто го користат ко основа) и ко што рекоа погоре Роми од истокот и западот тешко ќе се разберат а не роми од различни држави.
 

Beauty

Администратор
49,886
61,906
113
  • Автор на оваа тема
  • #176
Друго, ромска националност не постои, туку постои ромски етникум. Ако постои ромска националност, треба да имаат и ромска држава. Така што те молам не се брукај.
за Албанците: Македонско државјанство / националност Албанец
за Турците: Македонско државјанство / националност Турчин
за Ромите: Македонско државјанство / националност Ром
Еве ти го Заев, па негирај го него и Уставот.
Исто лајно се и циганите и Индијците, подли, лажливи и гледаат само како да те заебат и опљачкаат. Работев и со едните, работам и со другите. Потполно иста семка.
Вакви глупости не, забрането е на форум навреда на било која основа. Ќе ти биде избришан тој дел од постот.
 

JeftoMKD

Добро-Познат Член
724
1,545
93
Да ви разјаснам од стрчен аспект што точно претставува етницитетот... Според еден голем ум, Антони Смит (не ја...), етничките групи се вид на културен колектив кои ја истакнуваат улогата на митовите за потеклото и историските спомени и истите се препознаваат по една или повеќе културни разлики како религија, навики, јазик или инстиуции.
Дополнително, би додал и делот од Доналд Хоровиц (исто така голем ум, а не сум ја за жал) кој вели дека постојат и независни варијабли кои влијаат врз вредноста на групата т.е. етницитетот а тоа се образованието, застапеноста во јавната администрација, независните професии, богатството и застапеноста во бизнисот како и степенот на урбана-рурална поделба.
Еден друг паметен, Дејвид Мејсон (аман, здосадив со умовиве, знам) би рекол дека потиснувањето на на етницитетот на теоретска периферија од современата општествена наука е резултат на парадигматичниот натпревар помеѓу теориите за модернизацијата и марксистичките школи на општествениот развој. И двете теории ја опишале етничката идентификација како примордијално чувство чија важност би се намалила со експанзијата и навлегувањето на модерното индустриско општество. Но спротивно на очекувањата за намалување, денес сме сведоци на повторно оживување на етничката политика.
Сумирано, би додал дека етничките групи меѓусебно се натпреваруваат и споредуваат меѓусебно со цел да си ја докажат својата супериорност. Од тука пак произлегуваат етничките конфликти, посебно како во нашето поделено општество. Е сега Претседателот доктор Ѓорѓе Иванов (Хорхе наш, голем ум колку и да го мразат, а може еден сончев ден ќе дочекам да ја исполнам желбата да бидам новиот Хорхе ако остане земјичето до тогаш, ако не, Гоце ќе бидам можеби хахаха) би дефинирал што е тоа поделено односно рацепено општество дека под тој поим се подразбираат они хетерогени општества во кои постојат остри политички расцепо, произлезени од етничката, религиозната, расната, јазичната пропадност и кога политичките партии, медиумите, невладините с еорганизирани според тие поделби и се создва на клима на потенцијални или реални конфликти поради вклученост или исклученоста во пристапот кон власта, односно донесувањето на политичките одлуки. Овие расцепи придонесуваат до создавање на ембриони на нови општества.
Мхм, ние ги имаме сите критериуми за да бидеме поделено општество, посебно со најголемото етнички малцинство, а потоа ако сакате и со ромите, бошњаците и македонските муслимани односно т.н. торбеши (поим што е навредлив) за кои државата направила стратешки грешки од осамостојувањето па наваму.

И не мора да се има држава за да се осеќаш дека припаѓаш кон некоја националност т.е. етничка група т.е. етницитет. Во светот има не знам колку илјади етнички групи, но само околу 200 држави... Ние македонците имаме таква историска среќа што сме свои на своето и имаме каква-таква држава... Видете ги ромите... Видете ги во Каталонија како се борат за отцепување (иако морам да нагласам, дека само едвај 40на% се за делење и осамостојување од Шпанија), видете ги курдите кои се во 4 држави и се милионски народ, но ниту Турција, ниту Иран, ниту Ирак ниту Сирија им дава да направат своја држава... Во некои од овие земји курдите уживаат своја автономија, но не е исто да си имап одредена управна автономија и да имаш своја држава.
Но за разлика од тие етнички групи, видете ги чавкиве на балканот што имаат у најмала рака две и пол држави...
И да, во многу од соседниве напредни европски земји (НЕ! Сарказам за соседиве), како Хеленската Република и Татарите на исток, не дозволуваат на луѓето да си ги искажат своите чувства за етничка припадност односно на југ се признава само религиската припадност но со силни интервенции и таа не е реално претставена, јазичната е исто така проблематизирана, додека на истокот не признаваат постоење на македонското малцинство... Но интересно е да се потенцира, татарите ќе бидат малцинство во својата држава за неколку години, односно ромите и турците ќе бидат мнозинство во Бугарија. Во однос на вакво прашање, интересно беше да се набљудува и во Црна Гора каде што постоеше можност црногорците да бидат малцинство наспроти србите, но некако се заташка, нашминка и се среди какако демек... Но морам и да потенцирам дека не сум до крај упатен во црногорските проблематики и не сум истражувал до крај.

Во Македонија, црпнатиот воведе нешто што е без преседан, нефомен, суи генерис... Етничката припадност да биде македонец/граЏанин на република с. Македонија... Океј, во системот на државните институции националноста беше //// (коси црти).
Во англискиот јазик не се прави разлика помеѓу државјанството и етничката припадност, со што кај нас и двете се македонец/граџанин на с... Штетноста на договорот од Нивици (симболично место е, симболичен датум) е до тоа што од македонско државјанство односно македонец, сега си граџанин на експерименталнта творба... Искрено се надевам дека еден сончев ден, македончето ќе се разбуди и ќе стане Македончиште и ќе наплати тродупло на неоврховистичките невакцинирани копита кои потпишуваа штетни договори за нас како народ.

Конечно, темава за етницитетот е преопширна, премногу можам да дискутирам, да зборам, да куцам, но горе-доле поентата мислам дека ја објаснив на некој разбирлив но сепак научен степен.

Кој бара реплика или збор, нека се пријави, седницата започнува ахаха.
 

Aslan Turkey

Добро-Познат Член
4,249
1,736
113
Народе сакам да ви кажам дека од понеделник се иксклучувам се одјавувам од форумот
Ќе ме нема подог период .
 
Top