kristijan10
Добро-Познат Член
- 3,468
- 4,936
- 113
Ццц.. за џабе пуштив музиката тука, се разиграв.. сега со балади да почнам.Лага е Aaslan Turkey никаде не оди тука е и ќе ве демнее
Ццц.. за џабе пуштив музиката тука, се разиграв.. сега со балади да почнам.Лага е Aaslan Turkey никаде не оди тука е и ќе ве демнее
„Секој ден е ден за хумор.“Не е денот, ама мора малку хумор
Индиректни забрани има, ретко кој бербер, занаетчија работи... Башка сите молови се затворени со шо дуќаните т.е. продавниците не работат во нив.Еве го бе, отвара он веќе.
Вучиќ: Во Србија од вторник се отвораат занаетчиските дуќани, полицискиот час ќе почнува во 18 часот - 360 степени
Српскиот претседател најави дека стоте евра помош за секој полнолетен граѓанин, кои ги вети државата, ќе бидат...360stepeni.mk
Кај нас нели нема вакви рестрикции, или се лажам? Јас мислам кај нас се' си работи, горе долу?
Мислам на пекари, фризерници, дуќани, продавници за разни материјали и облека, нормално со мерки за заштита и сменет ред на услуга.
Па и да влезеш, зар се наоѓаат маски по аптекиве?Си заборавил да купиш маска.
Одиш во аптека да купиш маска, оти немаш маска.
Не те пуштаат да влезеш оти немаш маска.
Интровертот во мене ги сака рестриктивните мерки за седење дома и не одење по дискотеки и концерти... Икономистот за штедење се приклучува кон заложбите за меркиве да траат вечно за сите заштеди ахахаххаЈефто, сега не се шета со маски и ракавици, а не па понатака. Тоа може само за старите.
Мерки очекувам дека ќе има за кутрите пензионери А за нас другите веројатно кафичите ќе бидат со дистанца. Друго ништо особено.
Само жално ќе биде ако концерти, одење во дискотеки и собири да нема до крај на годината. Авалон најавува концерти во јуни, очекувам пак да им ги откажат.
Мала анегдота... Во еден маркет на една почнале да ѝ викаат панично да се тргне од еден маж... И оваа кога рекла како ма да се тргнам од сопругот, продавачката рекла ма не ми е гајле шо ти е, два метра имајте... Така шо, ова со аптекиве, не ме чуди хаха.Си заборавил да купиш маска.
Одиш во аптека да купиш маска, оти немаш маска.
Не те пуштаат да влезеш оти немаш маска.
Се наоѓаат... А и реално не се толку скапи, 30на денари во Зегин, во не знам како се викаше аптекава кај мене, имаш и за 65...Па и да влезеш, зар се наоѓаат маски по аптекиве?
Од влада викаат маска или шал обавезно во Тетово, Прилеп и Куманово. Каков шал бре на ова сонце
За почеток е доволно и тоа. Мора постепено инаку нашава раја, предводена од тинејџерите што не одат на школо и од мамичките со дечиња што седат дома и се ослободени, ќе земат масовно да окупираат кафичи и ресторани...Од 15ти мај ќе се отвораат кафичи и ресторани со само дозволен 20 посто капацитет на гости.
Што знам, 20 посто место? Тоа е ако има 10 маси надвор, само на 2 маси ќе може да се седи.
Че видиме Наќе шу ќе каже ахаха. Но ја би постепено наместо целосно укинување, ние сме посебен народ што хаос ќе направи...Телма објавија дека по првомајскиот викенд, се укинува полицискиот час во целост. Но ќе видиме баш. Мислам дека треба да е постепено баш за тој џган на тинејџери невоспитани, мајки несовесни и инфлуенсери прости да не навалат секаде.
Не мора да замислам, знам хахах. Не дека и сега не е нешто поинакво со домашниот карантин за време на викенди. Ако сте читале полициските билтени, ќе се крстите од шо народ сме... Да не зборам за чавките шо „летаа“ од автопатот некаде од Кичево до Скопје, па хаос направија по колите на полицијата и едвај ги застанаа, па ништо од преносот на „брашно“ до домаќинствата за време на полицискиот час.Леле луѓе, замислете колку алкохол и дрога ќе се користи после ова?