Skopje City Mall

Dexter26

Добро-Познат Член
4,122
446
83
Факт е тоа дека Мекдоналдс продаваат сендвичи наменети за птици, а не за луѓе или животни, судејќи според големината на сендвичите.

Но исто така факт е тоа дека Мекдоналдс продаваат храна приготвена во околина која исполнува здравствени и хигиенски стандарди поголеми и поквалитетни дури и од Хасап (HACCP) стандардите.

Од друга страна, малите сендвичари вообичаено продаваат сендвичи со сомнителен квалитет, помфритот го пржат со старо и веќе користено масло за јадење, кечапот го прават од доматно пире што е во ред, но не се во ред најразните додатоци и емулгатори кои ги додаваат за засладувањето на кечапот, истото го прават и со мајонезот, а за потеклото и квалитетот на месото да не правиме муабет.

Единствено семејните сендвичари кои не работат во близина на фабрики, училишта или било кои други институции, односно зависат во главно од локалното население, а не од работниците или учениците, нудат поголем квалитет од овие останативе.

А алтернатива на сето ова е бурекџилницата, бели пецива и квалитетна храна колку ти душа сака, и здраво и вкусно, за геврекот, пројата (пченкарниот леб), благите и солените кифли, пиците и се разбира, бурекот, повеќе од јасно е дека се приготвени во многу поздрава и похигиенска околина во споредба со сендвичарите кои продаваат брза храна.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Јас мислам дека уште ако напишат дека KFC ќе отварат и нема што повеќе да бидам благодарен, или како што рече Кате, животот ќе биде комплетиран :hehe:
 

Posh Girl

Нов Член
233
0
0
Најмногу се радувам за Старбакс. :bravobravo: И јас имам пиено во Њу Јорк, Њу Џерзи и Јужна Каролина. Да ги донесат и Данкин Донатс и ќе се чуствуваме како во Америка да сме. :ehh:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,616
6,822
113
Вие Скопјаниве ќе можете кога сакате да одите во тој трговски ,па макар и не купите ништо онака само прошетате .. ние од другиве градови ќе си идеме пред зграда во "дуќанчето на Комшо" кај што пазаруваме секојдневно леб јогурт,паштета... :(
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
M@RKO напиша:
ние од другиве градови ќе си идеме пред зграда во "дуќанчето на Комшо" кај што пазаруваме секојдневно леб јогурт,паштета... :(
Да де, а ние од Скопје секојдневно пазаруваме по маркети со дијамантски полици.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
M@RKO напиша:
Вие Скопјаниве ќе можете кога сакате да одите во тој трговски ,па макар и не купите ништо онака само прошетате .. ние од другиве градови ќе си идеме пред зграда во "дуќанчето на Комшо" кај што пазаруваме секојдневно леб јогурт,паштета... :(
:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,616
6,822
113
Burrows напиша:
M@RKO напиша:
ние од другиве градови ќе си идеме пред зграда во "дуќанчето на Комшо" кај што пазаруваме секојдневно леб јогурт,паштета... :(
Да де, а ние од Скопје секојдневно пазаруваме по маркети со дијамантски полици.
Не ,не не зборам за тоа дека вие пазарувате побогато,зборот ми беше дека вие може да посетувате вакви големи трговски центри пошо повеќе кај вас се градат а ние во другите градови сме со малечки трговски центри со едвај добри 2-3 бутици,продавници,кафиќи,кино...
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Де бре Марко колку ти треба од Тетово за да стигнеш до Скопје?
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Па тоа де, имам колешка што секој ден оди на факултет од таму, патем го познава Марче.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,616
6,822
113
Chris напиша:
Па тоа де, имам колешка што секој ден оди на факултет од таму, патем го познава Марче.
Koja e таа?

Bobi напиша:
Chris напиша:
Де бре Марко колку ти треба од Тетово за да стигнеш до Скопје?
Не ми е јасно, демек кој знае колку далеку е :hehe:
Bobi напиша:
Chris напиша:
Де бре Марко колку ти треба од Тетово за да стигнеш до Скопје?
Не ми е јасно, демек кој знае колку далеку е :hehe:
Не е далеку ,може да се тркне до Скопје не е тоа проблем ,но проблемот е што се нема време да се дојде ,да учев во Скопје ајде разбирам ќе идев по трговски...,можам едноставно да идам во Скопје во викенди сабота, недела ама и тоа ретко
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Па добро, а што мислиш тие што се во Скопје ќе имаат време секој ден да висат по 10 саати во трговскиов? Еве мене овој трговски ми е на сосема спротивен крај од Скопје. Сигурно не планирам секој ден да одам таму.
И драго ми е што не се гради во Центар, туку во Карпош, да живнат малку и другите општини.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,616
6,822
113
Burrows напиша:
Па добро, а што мислиш тие што се во Скопје ќе имаат време секој ден да висат по 10 саати во трговскиов? Еве мене овој трговски ми е на сосема спротивен крај од Скопје. Сигурно не планирам секој ден да одам таму.
И драго ми е што не се гради во Центар, туку во Карпош, да живнат малку и другите општини.
Нема да висат ,точно е тоа кој ќе има време да виси во тој трговски центар толку време,убаво е што се гради но јас си викам зошто се се гради само во Скопје не се гради во другите градови 3454

него видете во ГТЦ што се дешава

Светската Банка со последниот извештај за нашава земја конечно испадна дека е во право. Македонија дефинитивно е рај за бизнис! Една прошетка во шопинг зоната во Скопје најубаво покажува за бизнис климата во државава.
Еден куп празни дуќани во ГТЦ, на улица Македонија и во тесното градксо подрачје. Дали ова е резултат од некоја владина реформа или пак се работи за програма за празнење на атрактивните локаци со цел да бидат слободни за странските брендови кои, по се судејќи, потикнати од извештајот ќе навалат во Македонија, оценете сами…
















Повеќе слики тука http://www.zdravo.com.mk/duing-biznis-v ... nija-foto/
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Burrows напиша:
Па добро, а што мислиш тие што се во Скопје ќе имаат време секој ден да висат по 10 саати во трговскиов? Еве мене овој трговски ми е на сосема спротивен крај од Скопје. Сигурно не планирам секој ден да одам таму.
И драго ми е што не се гради во Центар, туку во Карпош, да живнат малку и другите општини.

Се согласувам. Ѓорче живна со новиот трговски СП Планет центар, сега е на ред Карпош со овој, во Центар и онака веќе нема место. :rolleye:
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Аеродром го има Бисер, сеуште работи солидно, но мислам дека времето го гази. Од спротивната страна треба да се гради нов трговски центар, но не знам што се случи со тоа.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,122
446
83
Дури 10 (ДЕСЕТ) 3D кино сали, е тоа ептен ми се допаѓа, ова навистина ќе биде модерен трговски центар.

Лично не ми се допаѓа новата фасада која ја одбраа, првичната беше подобра, поотворена и повеќе поврзана со околината, но инвеститорот сепак најавува дека ова ќе биде современ трговски центар.

За вторник, 20 март 2012, најавена е прес конференција на која би требало да се објават имињата на странските брендови (или барем дел од нив) кои ќе влезат во Македонија со Скопје Сити Мол.

http://www.kapital.mk/mk/makedonija/81541/skopje_siti_mol_kje_ponudi_sosema_novo_shoping-iskustvo.aspx

Интервју со Питер Ворден, директор на Балфин МК

Скопје сити мол ќе понуди сосема ново шопинг-искуство

Игор Петровски

“Со 150 продавници, во коишто ќе има 24 нови брендови, со хипермаркет од 4.000 метри квадратни, со ултрамодерен 3D кино-комплекс, со сала за куглање, центар за забава и многу други содржини, Скопје сити мол ќе понуди не само ново шопинг-искуство, туку и досега невиден простор за разонода и современ животен стил“, вели директорот на Балфин МК, компанија коинвеститор во најголемиот шопинг-центар во Македонија



Балфин МК, подружница на групацијата Балфин од Албанија, заедно со партнерот Фешн груп од Македонија забрзано работат нa комплетирање на својата голема инвестиција – Скопје сити мол (Skopje City Mall), најголемиот трговски центар досега изграден во земјава, проект што почна да се реализира есента 2010 година. Разговаравме со Питер Ворден, директор на Балфин МК, за тоа што сe ќе им понуди Скопје сити мол на потрошувачите од Македонија и од регионот.

Господине Ворден, кога се очекува да биде завршена изградбата на Скопје сити мол? Колку чини целата инвестиција?

-Се планира објектот да биде завршен и пуштен во употреба во септември годинава, а целиот трговски центар ќе има капитална вредност од над 90 милиони евра.

Сериозни финансиски институции, како што е Европската банка за обнова и развој, влегоа во проектот со свои средства. Според вас, што беше клучно за привлекување вакви инвеститори во проектот? Колкав е уделот на ЕБРД во вкупните инвестиции?

Носителите на проектот уште од самиот почеток работат со висококвалитетни дизајнери и консултанти од светска класа. Високото ниво на професионализам придонесе за создавање доверба во врска со проектот и за привлекување на голем број меѓународни инвеститори и банки, вклучувајќи ја и ЕБРД, која инвестираше речиси 19 милиони евра.

Што го привлече Балфин да инвестира во Македонија?

-Балфин заклучи дека во Скопје има драстичен недостиг од соодветен шопинг-простор и тоа н$ поттикна да побараме погодна локација. Во моментов Скопје има 50 метри квадратни модерен малопродажен простор на 1.000 жители. Споредете го ова со Загреб, каде што има 500 метри квадратни, или со Будимпешта, каде што има 1.150 етри квадратни за истиот број жители, и станува очигледно дека има огромна потреба за малопродажен простор. Недостигот од модерен малопродажен простор спречува голем број меѓународни брендови да отворат свои продавници во Македонија.

Може ли повторно да објасните за нашите читатели што се ќе содржи овој трговски центар?

-Трговскиот центар ќе содржи 39.000 метри кцадратни простор за малопродажба и за разонода, распореден на три ката, како и подземен паркинг на повеќе нивоа за 1.300 автомобили. Ќе има 150 продавници, од мали киосци до големи продавници, на две нивоа за корисниците на голем простор. Во центарот ќе има хипермаркет од 4.000 метри квадратни, со кој ќе раководи меѓународен бренд. Трговскиот центар, освен продавници, ќе обезбедува и простор за разонода и животен стил, кој ќе вклучува барови, места за храна, кафулиња, ресторани, сала за куглање, центар за забава и најсовремено *3D кино со 10 сали за проекции. Сите ресторани имаат тераса, за да можат луѓето да седат надвор на свеж воздух и да пушат ако сакаат. Се на се, посетата на Скопје сити мол ќе претставува многу повеќе од шопинг.

Го најавувате Скопје сити мол како најмодерен трговски центар во регионот. Во што е поинаков споредено со сличните комплекси на Балканот?

-Дизајнот е на Лагварда лоу (Laguarda Low), еден од најзначајните дизајнери на трговски центри во светот, а внатрешно содржи најсовремена климатска опрема и софтвер кој ќе обезбедува минимална енергетска потрошувачка. Дури и стаклото е специјално изработено за да ја минимизира загубата на топлина во зима и навлегувањето на топлината во лето. Дизајнот на продавниците е посебно изработен за да им обезбеди на трговците оптимални услови во однос на просторот...

Целиот текст може да го прочитате во бизнис магазинот "КАПИТАЛ И МЕНАЏЕР" од 14 март 2012 година (среда).
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Замислите IMAX да има :sto zboris: :sto zboris: :uzivkanje: :uzivkanje: :rock: :bravobravo: Tих, тих, со каков убав старт ќе ми почне студентската година :haha:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,616
6,822
113
Кај нас ќе има City Mall ,во Србија Икеа :) :bravobravo: нека се множат само да има пари да се купува и да се оди да се шета


Во Србија ИКЕА ќе отвора пет продавници

Во Србија, еден од најголемите светски произведувачи на мебел ИКЕА, ќе отвори пет стоковни куќи, од кои две ќе бидат во Белград, една во Нови Сад, една во Ниш и една во околината на Чачак и Крагуевац. Кон крајот на 2013 се очекува отворање на еден од петте мега маркети во Белград, објави „Танјуг“.
Претседателот на Србија, Борис Тадиќ рекол дека, тоа е добра вест што ИКЕА доаѓа во Србија, по состанокот со извршниот директор на шведската компанија,Микаел Олсон. Со отворањето на петте мега маркети во Србија се отвараат и 400 нови работни места.
Претседателот на Србија рекол дека доаѓањето на ИКЕА во Србија ќе биде значајно како за Србија така и за земјите од регионот во кои е присутна оваа компанија. ИКЕА денес со 285 големи продажни објекти во 37 земји од светот, е петти по ред трговски синџир по вкупниот промет и најголема продавница за мебел во светот.
Превземено од plusinfo.mk
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Браво! :) IKEA скоро секое одење во Солун ја посетувам :)
 
Top