Skopje City Mall

M@RKO

Добро-Познат Член
19,614
6,822
113
убави слики предобро изгледа вака на сликиве
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
@ Marko договори ти со некој од форумов за шетање :)

Инаку одлично изгледа. А овие Bershka, Pull&Bear баш и со сличен распоред како Космос.

Се надевам ќе ви дојдеме на гости натаму за брзо
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,614
6,822
113
Missy напиша:
@ Marko договори ти со некој од форумов за шетање :)
Да можев ќе се договорев,ама сега деновиве со обрвски ми се и не ми е во план трошење пари ,а да влезеш во Сити мол не ќе влезеш само за да шеташ мора на нешто да потрошиш пари :D

Off.net.mk со јака зафрканција за Сити мол :hehe:

СИТИ МОЛ БЕСПЛАТЕН ЗА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО ВТОРНИК И ПЕТОК
Собранието на Град Скопје го усвои предлогот на градоначалникот, новоотворениот трговски центар Сити мол во вторник и петок да биде бесплатен за пензионерите. Градските власти со овој потег очекуваат директно да се подобри перцепцијата за куповната моќ на возрасното население.
Со 47 гласа за, 74 против и тројца оправдано присутни, Собранието на Град Скопје го усвои предлогот на градоначалникот Коце Трајановски, деновите вторник и петок да бидат бесплатни за пензионерите кои ќе го посетат трговскиот центар Сити Мол.

Освен драстичното зајакнување на куповната моќ, со оваа уредба се очекуваат и други бенефити за градскиот живот, како што е растоварување на гужвите во ЈСП во истоимените денови.

Сите пензионери од Скопје во вторниците и петоците ќе можат комплетно бесплатно да го посетат Сити Мол и истовремено, исто така бесплатно, неограничено да ги распрашуваат продавачките што им е најтазе и кога сабајле отвораат.

Како доказ за пензионерскиот статус ќе биде доволно да се искаже мислење дека ќе се расипе времето бидејќи вртат колената или да се даде некој друг лесен пензионерски пасворд.

Дознаваме дека градот ја разгледува и можноста во останатите денови, барем дел од производите од Сити Мол да бидат ставени на позитивна листа како и предлог закон цените да мора да бидат означени со поголем фонт.

Здружението на пензионерите го поздрави овој потег на град Скопје напоменувајќи дека надлежните треба да посветат особено внимание во Сити мол да не дојде до појава на промаја, која, како што е познато, е причина број 1 за насекираност кај возрасните лица.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Бев во Сити Мол некаде кај 20 часот, и имаше ненормална гужва, волкава маса на луѓе на исто место одамна не сум видел, т.е не ни памтам да сум видел. Во Карфур ненормална гужва, значи не можам да разберам зошто мора уште првиот ден толкава навала кога тие промоциите траат дури до 28 октомври. Патетично беше да видеш толкав народ пред Карфур, па полицајци да ги смират, па колички полни до горе како да немат видено тоалетни хартии, кока коли и слично, ужас. Жити само можам да разберам за белата техника, навистина добри промоции. Карфур е одличен маркет, го знам од Грција и ептен сум среќен што го има и кај нас.

Центарот е феноменален, многу ми личи на Софија Мол, и ентериерот и надворешно. Секоја чест. Се подновив со нешто ново од Зара и Pull and Bear. Страшна гужва насекаде внатре, и не можев секаде да стигнам. Јовица, Селио* ќе ти го посетам некогаш, само во Барселона си имам купено од таму маичка, а од овде сакам некое парче за навечер излегување, какви се цените? Гледам на интернет сѐ уште нема апдејтирано за Македонија.

Сооо хепи :ehh: :ehh:
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Има некој од тие каталозите од Карфур? Многу напишале дека имаат, ама на никој не му текнало да го слика и да аплоадира на интернет.

И дали видовте за шампонот за кој ве замолив погоре?
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Дали има онлајн каталози од некои од продавниците?

Читав по други форуми дека кај нас цените биле многу поскапи во споредба со Грција, Бугарија, а за другите европски држави да не се споредува
Пример Зара јакна кај нас 3999 денари, во Грција истата со 1000 денари поевтина. Ако останат вака цените повеќе ми се исплаќа да одам во Космос отколку кај нас макар што такво нешто ретко можам да си дозволам. Во попуст повеќе ама сепак останува да видиме
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Јас не влегов во Карфур бидејќи беше страшна гужва, а тие флаерите ги имаше низ градот а и во зградите на влезовите многу оставија јас од таму го најдов.

Иначе @Missy, е поскапо, но не нешто премногу. Искрено мене многу ме интересира за време на оние поголемите попусти какви цени ќе понудат. Иначе оди на страната на Зара или другите и можеш да видиш македонски цени и грчки па да споредуваш денари/евра за колку е поскапо.
 

Beauty

Администратор
51,548
64,742
113
Дали попустите ќе бидат кога ќе бидат и во Грција, јануари?
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Beauty напиша:
Дали попустите ќе бидат кога ќе бидат и во Грција, јануари?
Зимските се во јануари а летните некаде од 20 јули почнуват и траат некаде до 20 август. :)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,122
446
83
Има објаснување за цените на производите во Македонија и во Грција.

Zara, Bershka, Pull and Bear, Massimo Dutti, Stradivarius и ред други се шпански брендови во сопственост на шпанската групација Inditex.

Шпанија е полноправна држава членка на ЕУ, исто како и Грција, и како такви, нема царина при увозот на производи од Шпанија и од други држави членки на ЕУ во Грција, па од тука се разбирливи и ниските цени во Грција и во другите држави во кои се врши трговска размена по истите тие ниски цени, бидејќи сите тие држави се членки на евро-зоната, го користат еврото како своја валута и меѓусебната трговска размена ја вршат во евра.

Од друга страна, Република Македонија не е полноправна држава членка на ЕУ, не е држава членка на евро-зоната, не го користи еврото како своја валута, но ова и не е толку важно колку што се важни царинските стапки при увозот на производи од странство во Република Македонија.

Имено, царината за текстилните производи изнесува помеѓу 18% и 20%, а тоа не е баш согласно со македонскиот животен стандард.

Едно е Карфур, која е француска компанија, а Франција и нејзината развиена економија играат важна улога во ЕУ, па затоа француските компании како Карфур можат да си дозволат да ризикуваат со ниски цени при влегувањето на странски пазар, но таквиот ризик им се исплати поради огромната добивка, додека Шпанија во моментов се наоѓа во тешка економска и должничка криза, поради што шпанските текстилни брендови не можат да си го дозволат тој ризик во држава која не е членка на ЕУ и на евро-зоната, не го користи еврото како своја валута и како капак на се, наплаќа царина помеѓу 18% и 20%, да настапат со ниски цени, надевајќи се на огромна добивка.

Не плачете и не кукајте по влез во ЕУ, бидејќи ова е Балкан и балканските политичари знаат како да ги доведат своите народи до питачки стап и со членство во ЕУ и без членство во ЕУ, прашајте ги грците кои се професионалци во задолжување.

Но жалете им се на македонските политичари и побарајте пониски царински стапки и пониска стапка на ДДВ за компаниите од текстилната индустрија, па тогаш можете да очекувате пониски цени на производите кои странските текстилни брендови ги продаваат во Македонија, а истото ова важи и за цените на нафтата и на нафтените деривати, на автомобилите и на ред други производи кои се увезуваат во Република Македонија.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
19,614
6,822
113
Имало најава на фолмови за во киното Cineplexx и филмовите биле Skyfall , Django Unchained , LIfe of Pi , Amour... но ќе треба да почекате до Ноември :)
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
M@RKO напиша:
Имало најава на фолмови за во киното Cineplexx и филмовите биле Skyfall , Django Unchained , LIfe of Pi , Amour... но ќе треба да почекате до Ноември :)
:mhhh: :mhhh:

П.С Се сложувам со сѐ горе што кажа Декстер, тотално е во право.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
И јас истото го прочитав со цените, а сепак има и нешто што барем на грчкиот сајт од Зара како што гледав е поскапо. Си најдов зимска јакна ама 7000 ми се премногу.

Малку оф топик ама за тие од Прилеп ( и сите што ќе го посетат :) ) во Лукас шопинг центар се наоѓа гардероба и тоа во поголем дел од брендот Tally Weijl во делот за женски

А сајтот од Сити Мол ми е скоро ист со Космос односно во изработка да биде ист како Космос
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Се отвори денес Бургер Кинг. Цените на Whopper-ите се малку високи, најмногу се исплати Хамбургер оброк кој чини 94 денари и има хамбургер (иста големина како во МекДоналдс) и среден помфрит и 0.3 или 0.4 литри Пепси (не знам точно, не пишуваше на чашата, но веројатно е второто). Во МекДоналдс Хамбурер оброк е 99 денари со мал помфрит и 0.2 литри Кока-Кола.
 

Beauty

Администратор
51,548
64,742
113
99 денари го направиле во Мекдоналдс?
Па нели беше до лани 70 и нешто, а чизбургер оброк 80 и нешто.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Beauty напиша:
99 денари го направиле во Мекдоналдс?
Па нели беше до лани 70 и нешто, а чизбургер оброк 80 и нешто.
Многу станаа катастрофа со цените. Откако го воведоа катастрофалното „Топ Цени Мени“ ниту еднаш не сум јадел од таму.
 
Top