^
Не можеби, туку факт е дека ќе го направат тоа, но прашањето е кога, баш како што ти спомна.
А јас сум шворц овие денови и не можам да купам нов хард диск и нова телевизиска картичка
за да можам да снимам со појака резолуција, сегашнава телевизиска картичка што ја имам снима со резолуција 320x480, нема нови драјвери повеќе од 6 години и можам да ја користам само во Windows XP, кого го баталив пред повеќе од година дена кога преминав на Windows 7 и не планирам да се враќам на Windows XP само поради старите драјвери.
Затоа чекам Ти-Хоум да го средат софтверот на нивните Интернет рисивери за да може да се превземаат снимените содржини преку USB, еден мочан Фејсбук се фалат дека го ставиле на MaxTV, а никако да им текне да го средат софтверот за да работи со USB уреди, е тоа ме нервира.
