Max TV

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Beauty напиша:
Атлас е бесплатен на Телекабел, уште РТЛ да ги земат и ќе ги видам овие дали ќе наплаќаат.
Хехе Beauty, ако Телекабел ги отстрани германските РТЛ канали и ги замени за хрватските РТЛ канали, а истовремено не наплаќа дополнително за нив, тогаш Ти-Хоум и Близо ќе можат најкомотно да се збогуваат со сите корисници кои повеќе сакаат да гледаат српски и/или хрватски ТВ канали наместо турски и индиски глупости.

Па уште и без обврзувачки договор со Телекабел како што е сега, Ти-Хоум и Близо ќе се повлечат како полжави во своите школки.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Не ми е јасно зошто е во пакет на плаќање Kopernikus 1 . Тој канал е безвезе и не вреди ни да постои а не пак да завзема место на Макс тв или било кој друг оператор.
 
TVman

Добро-Познат Член
16,697
13,079
113
Најдобро на MaxTV моментално се РТЛ каналите,но штета што го немам.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Ништо посебно сега за сега РТЛ каналиве, единствено што е добро се сериите на РТЛ и РТЛ 2 квизот Коло среќе и Елен на РТЛ Ливинг а другото емсии со шопинг, крв није вода... Можеби подоброто од самата телевизија е на летна пауза па програмата е доста послаба.
 
TVman

Добро-Познат Член
16,697
13,079
113
РТЛ од есен ќе има неверојатна програмска шема,Ѕвездички,Големиот Брат,нивната серија од домашна продукција и др.
 
Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
M@RKO напиша:
Ништо посебно сега за сега РТЛ каналиве, единствено што е добро се сериите на РТЛ и РТЛ 2 квизот Коло среќе и Елен на РТЛ Ливинг а другото емсии со шопинг, крв није вода... Можеби подоброто од самата телевизија е на летна пауза па програмата е доста послаба.
И јас се сложувам со истото (види болд) безвеза, Крвта не е вода, некоја си пророчица, немам ништо интересно начекано... Ужас!
 
Hook'O

Добро-Познат Член
1,431
61
48
Blagojche напиша:

Не е HRT, ама има The Big Bang Theory, How I met your mother. Без разлика колку се стари, барем ги даваат во прајм тајм, што кај нас одамна немало. И баш се изненадив што ја даваат Елен на RTL Living.
 
Beauty

Администратор
49,881
61,895
113
HRT е поим од телевизија и за Нова и за РТЛ. Квалитет од секој жанр, нешто што не може да се каже за РТЛ и особено не за Нова.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Златен Телекабел Данице, уште да ги отстрани германските RTL канали и да ги замени со хрватските RTL канали и ги пречекувам на златен килим во јануари 2016, откако ќе ми истече договорот со Близо на крајот од декември 2015, се разбира.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Hook'O напиша:
Не е HRT, ама има The Big Bang Theory, How I met your mother. Без разлика колку се стари, барем ги даваат во прајм тајм, што кај нас одамна немало. И баш се изненадив што ја даваат Елен на RTL Living.
За серииве се сложувам, би ги спомнал квизовите, Елен е супер, филмовите се супер. Она со емисиите Мењам жена, Шопинг кралица, Крв није вода и слични такви им се безвезе дел од програмата.
 
Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Од овие новиве балкански телевизии што ги додадоа, искрено најдобра ми е ТВ1 (босанска). Секоја им чест на програмската понуда која ја нудат, филмови од секаков жарн (денеска начекав Боливуд филм - My name is Khan), имаат летна филмска програма, серии (освен турски, имаат и една историска - Хазрети Омер, мислам, Катарска серија) и многу други различни телевизиски проекти..
 
TVman

Добро-Познат Член
16,697
13,079
113
Според мене,дефинитивно најлошата од сите,секојдневно пушта некои турски и индиски идиотизми.На РТЛ може само вода да и носи.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Ќе има уште два канали нови Russia Today и RT documentary. Без доплата најверојатно ќе се.
 
Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
TVman напиша:
Според мене,дефинитивно најлошата од сите,секојдневно пушта некои турски и индиски идиотизми.На РТЛ може само вода да и носи.
ТВ1 веќе не емитува индиски серии..
 
TVman

Добро-Познат Член
16,697
13,079
113
Но,емитува турски-а тие се од истата сорта.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Од пакетов балкански најдобри канали се РТРС , Jugoton и нормално RTL.

Југотон пушта добра музика од поранешна југославија и нешто ново и старо од хрватска, додека пак РТРС има фудбал, тенис, интересни серии од србија и други содржини. Додека пак за. RTL веќе пред некој ден пишав.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Да не знае некој дали ќе има пренос од забавава на Телеком на Макс тв ?
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
На Макс тв пуштена е Pickbox видеотеката ,бесплатно не знам до кога а и не знам точно дали месечно или пак секој филм ќе се плаќа при изнајмување.

Тогаш влегов дома и видов на Макс тв ми излезе порака али на грешка стиснав OK и ја искличив не допрочитав.
 
Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
^
Нема такво нешто кај мене. До пред некоја недела го имав HBOonDemand ама сега веќе не, дали тоа е затоа што брат ми ги активира спортските или HBO каналите се деактивираа сами, не знам што се случи. :neznam:
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Ако немате ресетирајте го ресиверот ќе се појави во видеотеката. Никој не искоментира за ова на нивната фејсбук страна нити па они објавија нешто за ова. Ме чуди никој да не приметил или само кај мене се појави ова без да мора да рестартирам.
 
Top