Max TV

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Уште нешто да додадам HBO и Cinemax се автоматски од Телеком додадени во Магента L. но ги има и како посебни пакети на кој може да се претплатиш преку приемникот има дел со пакетите.

Cinemax пакетот е 149 денари месечно
HBO пакетот е 359 денари месечно каде доаѓа и со услугата HBO GO која сами треба сами да си ја активирате бесплатно.
Дали тоа е скапо или не е друг моабет.

Jас иако сум Maгента L сепак сеуште ги немам Cinemax но од Телеком ми рекоа дека до крајов на денов ќе ги пуштат а ние корисниците доколку и тогаш ги немаме треба да го ресетираме приемникот и можеби ќе се појават.

На HBO GO може да се гледаат содржините истоовремено на два уреда ( колку што јас разбра нема ограничувања па може да се две исти уредите пример два смарт телевизора или два компјутери) и повеќе уреди не може да се намести за гледање што мене ми е малце безвезе. Јас сеуште не активирав HBO GO но деновиве сакам да пробам дали ќе може да ја делиме услугата заедно бидејќи он живее во друг дом и таму нема HBO пакет на Макс тв но сеуште е он со телефонската заедничка сметка на Магента 1 пакетот со нас мајка ми, татко ми и јас.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Сега дознав дека има нови Магента 1 пакети. Во најскапиот пакет телевизија се и Cinemax каналите и плус може да се бира дали сакаш Balkan и дали сакаш Tring пакет. Старите си остануваат но таму во поскапиот пакет телевизија го нема Cinemax ставено.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Го исклучија AXN со најава дека ќе го вратат овој месец јануари со плус AXN SPIN како нов на MaxTV.

Исто и MTV и E! ги исклучија и нема да ги враќаат сега засега
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
А што се случи со преводот на филмските Тринг канали: MaxM и FantasyM? Зошто го укинаа/прекинаа?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Има превод на Тринг каналите но не на секој филм. Имаат понекогаш проблеми или нема слика или нема превод. Тоа сум го приметил неколку пати.N

Наместо МTV Adria можеа да исклучат некој друг музички канал. Ете да речеме Планета можеа да го исклучат и онака не верувам дека некој премногу го гледа. Koлку и да беше опаднат квалитетот на MTV Adria сепак јас го гледав само ради Домаќица топ листата со регионална музика. Знаат MTV Adria да пуштат добри соло артисти и бендови од балканскиот регион Хрватска, Србија, Македонија.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
А што се случи со Prva World? Ја укинаа ли? Нема програма еве веќе неколку денови.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Колку што прочитав на нивната фејсбук страна од телевизијата на коментари нема ни на Тотал тв. Сигурно овие од Макс тв го земаат од кај Тотал тв.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,180
21,623
113
Одговор од Телеком во врска со Prva World

Дозволете да Ве информирам дека исклучувањето на каналот се случи поради промена на технички параметри од страна на доставувачот на услугата за кое не не информираше. Се надеваме на брзо разрешување, во спротивно каналот ќе биде исклучен.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Ги исклучија Prva World и Happy со известување дека се исклучени ради авторски права и дека ќе има на нивно место нови канали.

Се надевам ќе направат добра одлука и ќе стават добри тв канали. Јас сум за HRT каналите.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
И Happy? И на Кабелнет ја исклучиле Happy. Јас па сакав да се префрлам таму баш ради балканскиве канали кои на Vip TV Lite нема ниту еден од нив.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
И Kopernikus KCN 1 го исклучија. Се надевам нешто подобро ќе стават од ова.

Happy само утринската им ја гледав по некогаш другото безвезе со реалити шоу каде што е собран целиот шљајм од Србија и балканот. Kopernikus ни еднаш го немав погледнато. Така да не ми е криво многу што ги исклучија.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Eве кој канали ќе бидат ставени периодов после исклучувањето на некој балкански канали.
Sport Klub HD, GOLF Klub, Lov i Ribolov, N1 News Channel, OK Bambino, Grand 1, Grand 2.

Не е нешто сјајно но сигурно е ова ќе е погледано од тие исклучените канали. Ме радува за N1 затоа што не знам веќе колку пати им го предложив да го стават.

Eве ги регистрирано во AAABMУ (Свртете го последниот лист од документот)
http://avmu.mk/images/Makedonski_Telekom.pdf
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Ми одговорија дека дури на 1-ви мај ќе ги стават каналите. Не знам зошто толку чекање за овие канали.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,180
21,623
113
Не мислев дека каналите B92 Info/Prva World, Happy и KCN 1 им се толку битни на корисниците на MaxTV. Овие од Телеком пред неколку дена имаа објавено статус на фејсбук промовирајќи ја нивната нова услуга - виртуелен асистент, а корисниците ги преплавија со негативни коментари и критики за исклучувањето на трите канали. Телекомци кога видоа дека таквите коментари се се` побројни, по 2-3 дена го избришаа објавениот статус. Секоја им чест за тоа како се носат со критиките од своите корисници.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Не е никоја чест за Македонски Телеком да се носи со целосно оправданите и заслужените негативни критики за нивната MaxTV услуга.

MaxTV понудите на Македонски Телеком се тапа, со дополнителни плаќања за речиси секој поквалитетен странски ТВ канал, додека кабелската ТВ понуда на Вип ТВ, односно поранешен Близо, е одлична = ХРТ 1, ХРТ 3, ХРТ 4, Спорт Клуб каналите, речиси сите музички канали кои ги нудат - со исклучок на музичките канали од Балканскиот пакет, како и речиси сите канали во висока High Definition (HD) резолуција - со исклучок на HD каналите од Балканскиот пакет и од рамковнистичкиот пакет, им спаѓаат во вториот пакет за 700 денари месечно. Ако се додаде и Балканскиот пакет за дополнителни 100 денари месечно, месечната претплата само за дигиталната кабелска телевизија за 1 (ЕДЕН) телевизор би била 800 денари, односно 1000 денари за 2 (ДВА) телевизора.

А и бидејќи пролетта 2016 и летото 2016 работев за приватна фирма која ја одржува телекомуникациската мрежа на Македонски Телеком во одредени реони низ Скопјево, можам да потврдам дека бакарната телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком е тапа по квалитет и никогаш не би се вратил на Македонски Телеком, освен ако се враќам на новата оптичка телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, која веќе е достапна во мојата населба и во мојата зграда.

Но судејќи според катастрофалните MaxTV понуди на Македонски Телеком, единствено би се вратил на оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком само за оптичкиот Интернет, додека од Вип ТВ и понатаму би продолжил да ја користам нивната дигитална кабелска телевизија. Точно, софтверот на кабелските рисивери им е тапа, но со кабелски CA модул на LCD или плазма телевизор со сопствен DVB-C декодер и надворешен хард диск, кабелскиот рисивер нема да биде потребен.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,180
21,623
113
Во целост се согласувам. А тоа "секоја им чест" го реков саркастично. Се разбира дека негативните критики се целосно оправдани и заслужени, како за телевизијата, така и за АДСЛ интернетот.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Го пуштија денес N1 каналот. Интересна програма има покрај она главното вестите.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,180
21,623
113
ТВ-теката на MaxTV од оваа недела со можност за гледање на програмата 7 дена наназад.
 
Top