Max TV

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Малку се мислам бидејќи нема меѓународни разговори кој мајка ми највеќе ги користи заради тоа што има другарки надвор од Македонија но сепак ако земам Магента на мајка ми ќе и дадам телефон со интернет и нека им се јавува преку Вибер.

Мислам дека со магентава како што гледаше брат ми комбинација ќе ни дојде поефтино од сега што сум пакетов.
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Од денес корисник на Magenta 1 :) Брат ми си зема телефон и го искористи буџетот семеен, а мене ми го даде неговиот телефон плус најверојатно мајка ми ќе зема телефон.

Мене искрено не ми е многу битно телефонот, освен да има интернет и да ме служи колку толку во телкот на денот. Најбитно ми е дека ги добив балканските канали, MTV каналите и порно каналите па по цел ден леванка и десанка шакиќ :406389: Шала на страна супер е ќе гледам RTL Zvjezdice. Tvoje lice zvuci poznato на РТРС еден час порано и се надевам не го затемнуваат каналот тогаш.
 
TVman

Добро-Познат Член
16,697
13,079
113
Блазе си ти,уживај додека можеш.Во темата за Ѕвездички веќе напоменав дека RTL Zvijezdice можат да се гледаат на Dailymotion за кој нема РТЛ,таму ги поставуваат.
 
Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #265
M@RKO напиша:
Мене искрено не ми е многу битно телефонот, освен да има интернет и да ме служи колку толку во телкот на денот. Најбитно ми е дека ги добив балканските канали, MTV каналите и порно каналите па по цел ден леванка и десанка шакиќ :406389: Шала на страна супер е ќе гледам RTL Zvjezdice. Tvoje lice zvuci poznato на РТРС еден час порано и се надевам не го затемнуваат каналот тогаш.
:haha: :haha:

Изглеа треба чат-пат и други теми да отварам, сепак Марче си е Марче.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Новости од Македонски Телеком за корисниците на MaxTV, поконкретно за корисниците на дополнителниот HBO пакет.

http://www.telekom.mk/ns-newsarticle-hbo-zbogaten-so-nov-kanal.nspx

HBO пакетот на Македонски Телеком збогатен со нов HBO 3 канал

25.3.2016

• Новиот HBO 3 канал ќе биде активиран за сите корисници, почнувајќи од 26 март и ќе биде отворен без доплата заклучно до 29 март.

Македонски Телеком го збогатува филмскиот HBO пакет со нов HBO 3 канал. Новиот HBO 3 канал ќе биде активиран за сите корисници, почнувајќи од 26 март и ќе биде отворен без доплата заклучно до 29 март, а потоа ќе биде достапен само за корисниците на HBO пакетот.
HBO 3 е канал кој изобилува со серии во ударен термин. Корисниците ќе можат да уживаат во култните серии препознатливи по HBO квалитетот и посебностa. Освен најбараните хитови од американската HBO продукција, новиот канал донесува и популарни серии на други студија, како и серии од HBO Europe продукцијата. Програмата е дополнета и со внимателно одбрани филмски наслови кои се прикажуваат во текот на денот или во доцните вечерни часови. Новиот HBO 3 канал е достапен за корисниците под реден број 553.

Дополнително, како новина, HBO Comedy станува HBO 2, канал кој донесува широк спектар програмски содржини за целото семејство. Во текот на денот, најмладите ќе уживаат во семејни филмови и детски содржини, додека во вечерните часови на распоредот се комедии, трилери, акции и драмски наслови за сечиј вкус.
 
Hook'O

Добро-Познат Член
1,431
61
48
Новиот HBO 3 ќе биде во пакет со другите два по иста цена?

А за бесплатниот период, го има само на Макс ТВ и Тотал ТВ.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Одговорот го имаш 2 поста погоре.

http://forum.tvpaket.com.mk/viewtopic.php?f=56&t=5640&start=260#p112673

Dexter26 напиша:
Новости од Македонски Телеком за корисниците на MaxTV, поконкретно за корисниците на дополнителниот HBO пакет.

http://www.telekom.mk/ns-newsarticle-hbo-zbogaten-so-nov-kanal.nspx

HBO пакетот на Македонски Телеком збогатен со нов HBO 3 канал

25.3.2016

• Новиот HBO 3 канал ќе биде активиран за сите корисници, почнувајќи од 26 март и ќе биде отворен без доплата заклучно до 29 март.

Македонски Телеком го збогатува филмскиот HBO пакет со нов HBO 3 канал. Новиот HBO 3 канал ќе биде активиран за сите корисници, почнувајќи од 26 март и ќе биде отворен без доплата заклучно до 29 март, а потоа ќе биде достапен само за корисниците на HBO пакетот.

...
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Додадоа и снимена содржина во ТВ- теката од телевизија Нова.
 
Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Денес забележав додека се емитува репризното издание на „Црната роза“ на Хајат тв, нема програма на споменатата телевизија, односно програмата е во прекин.
 
House_

Нов Член
23
0
1
До колку ресивери е лимитот, дали можи и 3 ресивери да се земаат во 3 max start пакетот??
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
House_ напиша:
До колку ресивери е лимитот, дали можи и 3 ресивери да се земаат во 3 max start пакетот??
Ако мислиш на обичниот 3 Max Start пакет, кој функционира преку ADSL линија, тогаш максимум 2 IPTV рисивера за MaxTV можеш да користиш, така што за вториот IPTV рисивер се плаќа еднократно 999 денари при негово подигнување доколку планираш самостојно да го поврзеш и конфигурираш, или се плаќа еднократно 1499 денари доколку вториот IPTV рисивер го поврзе и го конфигурира теренска екипа од Македонски Телеком.

Подетален опис на 3 Max Start пакетот имаш на Интернет страницата кон која води наредниот линк.

http://www.telekom.mk/paketi-3-max-start.nspx

А ако мислиш на оптичкиот 3 Max Optic Start пакет, кој функционира преку оптичка линија, тогаш можеш да користиш максимум 5 IPTV рисивера за MaxTV, така што за вториот IPTV рисивер се плаќа еднократно 999 денари, а ќе биде поврзан и конфигуран од страна на теренска екипа на Македонски Телеком, а за секој нареден рисивер се плаќаат дополнителни 139 денари месечно.

Подетален опис на 3 Max Optic Start пакетот имаш на Интернет страницата кон која води наредниот линк.

http://www.telekom.mk/3-max-optic-start-paket.nspx

Ако мислиш на 3 Max Optic Start пакетот, а не знаеш дали твојата зграда или куќа, или твојата улица има можност за поврзување со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, тогаш ќе треба телефонски да ги контактираш Македонски Телеком на 122 и да ги прашаш дали е изводливо поврзување на твојата зграда или куќа, или твојата улица, со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

На Интернет страницата кон која води наредниот линк, е објавена мапа на Македонски Телеком на која може да се проверат поединечно населените места низ Македонија на кои е достапен директен пристап до оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, но сепак мапата е застарена, не се обележани понови места на кои од неодамна е достапен директен пристап до оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, а за Скопје па воопшто не е обележана ниту една локација, иако веќе има повеќе населби кои се целосно покриени со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком.

http://www.telekom.mk/optic-lokator.nspx
 
Благодарам за Макс Старт мислев,дали и нивниот 2 ресивер ги има истите опции за снимање и паузирање?
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Да, и вториот IPTV рисивер ги има истите опции за снимање и паузирање како и првиот, така што ги снима ТВ содржините на хард дискот на првиот IPTV рисивер и од таму ги превзема кога ќе сакаш да ги гледаш.
 
House_

Нов Член
23
0
1
Дали можи да се поврзаат два компијутери на 3 max start или само еден ?
 
M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Како мислиш да поврзеш два компјутер ? Рутерот за интернет ли да го поврзеш или да ти дадат два рутера за интернет ?

Aко мислиш на интернетот и имаш два декстоп комјутери на едниот ќе ти наместат рутерот а на другиот ќе се поврзеш преку wi fi- то од рутерот ама поима немам како се прави тоа но знам дека може и така. На лаптоп поврзување преку wi fi е доста поедноставно и мислам дека би требало и ти да знаеш како се прави тоа.
 
Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
House_ напиша:
Дали можи да се поврзаат два компијутери на 3 max start или само еден ?
Рутерот кој Македонски Телеком го дава на користење на сите корисници на 2 Max и 3 Max пакетите - значи без разлика кој пакет (ќе) го користиш - доаѓа со 4 мрежни порти, од кои 2 се резервирани за компјутери, а 2 се резервирани за IPTV рисиверите. Исклучок се оптичките 3 Max Optic пакети на чии што корисници, Македонски Телеком им дава на користење 2 рутера или 1 рутер и 1 мрежен свич.

Исто така, рутерот емитува и безжичен мрежен сигнал, што значи дека може и компјутери, мобилни телефони и таблет компјутери кои имаат сопствена безжична мрежна картица, да се поврзат безжично со рутерот и така да превземаат Интернет сигнал.

Но доколку ги имаш повеќе од 2 компјутера и планираш сите да ги поврзеш жично, односно преку мрежни кабли во компјутерска мрежа, тогаш ќе треба да купиш втор мрежен рутер или уште подобро, мрежен свич, бидејќи мрежните рутери вообичаено имаат 4 мрежни порти, додека мрежните свичови имаат 6, 8, 10, па и повеќе мрежни порти. За волја на вистината, има и рутери со повеќе од 4 мрежни порти, но тие се прескапи и вообичаено се користат од страна на компаниите, а не од страна на домашните корисници. Но втор рутер или мрежен свич ќе ти треба само доколку ги имаш повеќе од 2 компјутера кои планираш да ги поврзеш жично, односно преку мрежни кабли во компјутерска мрежа.

Доколку планираш само 2 компјутера да ги поврзеш жично преку мрежни кабли во компјутерска мрежа, рутерот кој Македонски Телеком ти го имаат дадено или ќе ти го дадат на користење, ќе ти заврши работа за тие 2 компјутера.
 
Top