Max TV

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,102
113
Извинете за пост врз пост но да информирам дека наместо Bambino детскиот канал сега имаме ребренд на каналот во ново име Pikaboo. Каналот има и македонска и албанска синхорнизација но Телеком сеуште ги немаат додадено тие аудио синхронизации. Ќе почекаме да видиме утре дали ќе средат сега сигурно не ни знаеа дека се смени бидејќи тоа се случи вечерва.

Каналот е на United Grup/ Media кој се познати по Sport klub, N1, Cinemania, Ultra...
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,102
113
Овие ладно си продолжуваат со регистрирање албански канали. Немам ништо против но што е ова бре!? Ќе се насоберат еден куп албански канали и наместо да има од различни држави подеднакво ние на Телеком ќе имаме највеќе албански.

Каде се HRT, RAI, БНТ, Slovenia, France, TRT, RTCG, ARTE, ProSeiben.. ?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Одговорот на твоето прашање е: на Телекабел и на Вип ТВ.

За волја на вистината, не ги има баш сите тие ТВ канали, но ги има повеќето, како и бројни други канали кои ги нема на MaxTV.

Нема смисла твоите да трошат пари на тапа телевизиска програма од MaxTV, кога ќе ви истече договорот за Магента, слободно баталете ја MaxTV телевизијата и ставете си дигитална кабелска телевизија од Телекабел или од Вип ТВ или од било кој друг кабелски или дигитален оператор.

Ако вашата улица/станбена зграда не е поврзана со оптичката телекомуникациска мрежа на Македонски Телеком, тогаш можете и Интернетот од Македонски Телеком да го баталите и да земете кабелски Интернет од кабелскиот или дигиталниот оператор на кој ќе се префрлите.

Од Македонски Телеком единствена квалитетна услуга - после оптичкиот Интернет, ако воопшто е достапен во вашата улица/станбена зграда - е мобилната телефонија, и само таа услуга треба да ја задржите, за сите останати услуги слободно мигрирајте на некој од кабелските или дигиталните оператори.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,102
113
Ги нема на другите оператори заедно во понуда и Аrena sport и HBO, Cinemax.

Taтко ми гледа понекогаш спорт Лига Шампиони а и филмскиве највеќе ги гледа навечер.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Е па кажи му на татко ти да се одвикне од Лига на Шампиони, а HBO ги има и на Вип ТВ, а сигурно и на други кабелски и дигитални оператори.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,102
113
Малце тешко да го убедиш татко ми.

Исто на Vip ги нема повеќето Спорт клуб во HD. Јас некогаш кога би менувал оператор би одбрал или Vip или NeoTV Neotel.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Е па тогаш ќе си терате со MaxTV и нивните канали.
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,180
21,623
113
Оф, Господи! :nervozen: Со какви лудаци сме фатиле работа. Како се осмелуваат да го направат ова кога плаќаме астрономски суми за сметки?
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,102
113
Ајде за Дискавери и не e некоја штета што ќе го нема ама за Еуроспорт е стварно безвезе да го немаш. Па Еуроспорт е поим за спортски канал кој е во основен пакет и без него е назамислив еден кабелски или дигитален тв оператор.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,102
113
Стварно бре ги исклучија каналиве и тоа уште од сабајлево ги заменија со тие кој ги пишува во веста на Кајгана порталот.
Food network ќе биде пуштен наскоро а BBC Earth и Viasat Epic Drama без превод заникаде.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
А која е причината поради кои ги укинаа каналите на Discovery Networks? Без веза ми е сега, без Discovery, TLC, Discovery Identification... Срам да им е!
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,102
113
Причината е изгледа тие Discovery Networks накачиле цена и овие операторите не се договориле за цената. Читам и во Хрватска два оператора ги исклучиле тие канали.

Кога тогаш ќе ги уклучат сепак гледани канали се поготово за Еуроспорт има луѓе што се бунат.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Додека Вип и Телеком укинуваат Дискавери и Еуроспорт, прилепски Кабелнет нè почести со уште два Дискавери канали. :lilee:
 

Some Special

Добро-Познат Член
15,180
21,623
113
Дали некој кој што е корисник на некој од пакетите со Max TV од Телеком поднесе приговор за исклучувањето на Eurosport и Discovery каналите?

Јас поднесов и барав обесштетување и се разбира, приговорот ми го одбија. Како образложение ми навеле дека Македонски Телеком веќе обезбедил замена со канали од сличен тип кои веќе биле достапни и биле интересни, како и сосема нови содржини. :off:

Е сега ќе поднесам приговор до АЕК, па ќе видам што ќе излезе.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,102
113
За Discovery ич не ми е жал што ги исклучија и онака мислам дека не се она што некогаш беа ама Eurosport за тенис ми вршеше работа. Сега морам на интернет да барам линкови за Australian open.

Повеќе јас гледам балкански канали, спорт само тенис кога игра Ѓоковиќ.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Ако не конкретно Discovery каналот, жално е за TLC и ID extra, врв канали! Инаку, тој food каналот го има и во HD.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,741
6,102
113
ID extrа врв канал :off:

BBC Earth од вчера доби и македонски превод кој до крај на март најверојатно ќе биде на цела програма, засега не на сите емисии го има.

BBC Earth има интересна програма но штета не ни го ставиле за сите достапен во HD. Таков канал не се гледа во SD.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
^
Ако не си љубител на убиства, криминал и низа такви слични емисии, нормално дека нема да ти е врв каналот, сите случки кои се прикажуваа беа реални (реконструирани), тоа е телевизија!

И, надоградување и listening activity за сите оние кои знаат/предаваат англиски, извор за нов вокабулар (без превод) поврзан со криминал, убиства, судења и сл.. !
 
Top