Max TV

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Some Special

Добро-Познат Член
15,180
21,623
113
Јас прв пат забележав во понеделникот кога имаа пуштено да се гледа 5 дена наназад, за вчера да забележам дека додале уште 2 дена т.е. вкупно 7. Да не се подолу од Вип.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Али Vip ги јаде во балкански канали. Народот кај нас имам чувство дека сака да гледа, Ете и јас сум еден од тие што сака да гледа балкански тв канали.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Pink каналите и на MaxTv. Регистрирани се кај АААВМУ.

Подобро да ги регистрирале HRT каналите али "боље ишта него ништа" :)

Да надополнам веќе се пуштени каналите Pink промотивно во април бесплатно за сите. Покрај Pink пакетот тука се и Grand 1 и 2 а и некој бошњачки Slon extra канал.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Уште неколку нови тв канали овој месец
Ги додадоа и Sport klub 1, 2, 3 во HD и плус Sport klub HD кој е посебен канал, исто така го додадоа и Lov i Ribolov во HD.

Сето ова во нов пакет Sport HD за 249 денари месечно (50 денари повеќе од Sport пакетот) со се Arena Sport HD каналите и еден плус порно канал. Истиов пакет го има вклучено и кај некој од Магента 1 пакетите.

Во пакетот HD канали додаден е N1 HD.

Надвор од пакетиве додаден е Banbino детскиот канал.
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Колку само пакети има кај МахTV. :off: И сигурно ниту на најскапата тарифа, не ги нудат комплет сите канали.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Поатрактивните тв пакети ги нудат кај најскапата тарифа на Магента. Сега имаат нови Магента пакети и во најскапата тарифа ги има пакетите HBO, Cinemax, Sport HD, Маx Balkan.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Имавте ли проблем денес со услугите на T-Home? Јас, да, еве дури сега дојде интернетот и телевизијата, но имам едно прашање поврзано со МАКС ТВ. Бидејќи долго време стоеше тоа розовиот екран со добредојдовте на најдобрата дигитална телевизија макс тв ми се појави опција “откажи корисник“, по некоја случајност ја притиснав таа опција и сега нема телевизија, т.е. се' уште стои тоа розовиот екран и покрај тоа што го рестартирав приемникот, решение? Што откажав ако може да ми објасните?

*проблемот е решен :)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Мене пред некој ден ми снема интернет. Нити времето беше врнежливо нити ништо. Снема од 16 часот до некаде 20 часот. Среќа па тој ден не ми требаше интернет и телевизија, можев да издржам и без нив.


Eве нешто што прочитав денес вести од хрватскиот Телеком
http://www.bug.hr/vijesti/maxtv-svim-sv ... 60446.aspx

Они на сите корисници ќе им ги менуваат приемниците. Кај нас тоа само за нови корисници даваат нови ресивери. Мене ужасно ме нервираат овие првиве што ги имаше Македонски Телеком. Главниот црн приемник е безвезе голем, тежок и гломазен. Јас го имам тој првиот, ми се има еднаш расипано и овие скржавиве ми дадоа пак ист. Ок ај што ми дадоа исти туку и тоа што имав снимено и зачувано засекогаш да ми стои не ми го дадоа.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
M@RKO напиша:
Мене пред некој ден ми снема интернет. Нити времето беше врнежливо нити ништо. Снема од 16 часот до некаде 20 часот. Среќа па тој ден не ми требаше интернет и телевизија, можев да издржам и без нив.


Eве нешто што прочитав денес вести од хрватскиот Телеком
http://www.bug.hr/vijesti/maxtv-svim-svojim-korisnicima-mijenja-set-top-boxo/160446.aspx

Они на сите корисници ќе им ги менуваат приемниците. Кај нас тоа само за нови корисници даваат нови ресивери. Мене ужасно ме нервираат овие првиве што ги имаше Македонски Телеком. Главниот црн приемник е безвезе голем, тежок и гломазен. Јас го имам тој првиот, ми се има еднаш расипано и овие скржавиве ми дадоа пак ист. Ок ај што ми дадоа исти туку и тоа што имав снимено и зачувано засекогаш да ми стои не ми го дадоа.
Снимените ТВ содржини не спаѓаат меѓу обврските на телекомуникацискиот оператор за редовно одржување на опремата.

Инаку, токму Моторола 300/301/302/3xx IPTV рисиверот кој ти го дале на користење е еден од најдобрите на Македонски Телеком, најиздржлив, со најдобри технички спецификации и треба да им бидеш благодарен бидејќи не ти го смениле, дури и најновите IPTV рисивери на Македонски Телеком можат вода да му носат.

Интернетот не го снемува само поради дожд - иако не треба поради дожд да снемува Интернет, но ете колку внимаваат Македонски Телеком на чување и одржување на нивната опрема. Може да снема Интернет и поради други фактори - преоптоварена мрежа, падната бандера, преработка на приклучоците на телекомуникациската изводна кутија - меѓу кои спаѓа и твојот телекомуникациски приклучок, редовно или нередовно сервисирање или менување на опремата во телекомуникациската централа, и други фактори.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Почитувани корисници,
Ве информираме дека сите кои имавте прекин на услугите во текот на вчерашниот ден како последица на невремето, во месец јуни ќе добиете бесплатни услуги и содржини како надомест. MaxTV корисниците ќе можат да ги гледаат бесплатно каналите вклучени во Sport HD и Pink & Grand пакетите, како и каналите M1 и M1Gold. Корисниците на Smart постпејд и Мagenta 1 пакетите ќе добијат двојно повеќе мобилен интернет во месец јуни, a oстанатите постпејд корисници во јуни ќе добијат 1 GB интернет бесплатно. Двојно повеќе мобилен интернет во јуни, ќе добијат и бизнис корисниците на Magenta 1 Business и Business Mobile, додека останатите бизнис постпејд корисници, ќе добијат 2 GB бесплатен мобилен интернет во јуни.
Уште еднаш се извинуваме за вчерашниот прекин на услугите.


Jaс уште денес добив некој од Pink каналите и Sport klub HD каналите ги добив уклучени :)
 

SomebodyUnique

Добро-Познат Член
6,400
3,140
113
Браво за професионалноста! Не за џабе корисниците го прогласија за најдобар оператор. Вип да почне вака да им се оддолжува на корисниците, ќе треба се' да нуди бесплатно. :haha:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

На мене Вип не ми должи ништо, имам одлична услуга од нив и немам причини за да се жалам - засега.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Тие канали кои Макс тв ги вети веќе се пуштени. А до кога ќе бидат достапни, до јуни? хаха :)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
По налог на Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиуми тргнати се од листата четири регионални канали меѓу кој и Ултра Тетово.

Денес приметив ми ја немаше Ултра и овој одговор го добив на Фејсбук, само не знам кој се другите тргнати а и зошто се тргнати.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,739
6,102
113
Нема соодветна тема па ќе пишам тука

HBO GO достапен и без претплата на HBO пакет во Vip и Телеком.

Пробај 1 месец бесплатно. Без обврски.

Отсега HBO GO е достапен директно. Пробај го бесплатниот период од еден месец и откажи кога сакаш. Потоа, можеш да продолжиш да ја користиш услугата по цена од 399,00 ден/месечно.
 
Top