23.12.2013
Пронаоѓачот на легендарната пушка АК-47, Михаил Калашников, почина денеска по подолго боледување на возраст од 94 години. Автоматската пушка го носи неговото име и најпознатата и според многу армии, најдоброто оружје од тој вид на светот.
Калашников од 17 ноември бил на интензивна нега во Ижевск поради проблеми со срцето. Токму во ова место е и фабриката што ја произведува пушката.
Калашников бил почитуван како херој на Русија. Тој бил самоук тенковски механичар.
На критиките дека создал оружје од кое загинале милиони луѓе Калашников велел создал оружје за заштита на татковината и дека не се кае, но дека му е жал што тоа е омиленото оружје и на терористите. Понекогаш давал изјави дека ќе било подобро да измислел косилка за трева и дека подобро ќе заработел.
[ ]