^
Ова е сурова реалност во Скопје изминативе 3 и повеќе години Beauty.
Од кога започна градежната офанзива во Центар, воздухот е само повеќе загаден од порано.
Како да не се доволни Железара и Охис кои го загадуваат воздухот и од едната и од другата страна на Вардар, градежната офанзива во Центар само додава масло на огнот.
На крајот на краиштата, на сите ни е познато како едноставно преку ноќ беа отстранети мерните станици низ Центар кои го прикажуваа квалитетот на воздухот, наводно поради нивно редовно одржување беа отстранети, но никогаш не беа вратени, а и веб сајтот на кој се објавуваа податоците од истите тие мерни станици беше затворен.
Во зима дува северниот ветар кој со себеси носи студен и тежок воздух, а загадувањето само дополнително ја влошува ситуацијата.
Само целосна забрана за движење на моторни возила низ градот, целосна забрана за градежните работи во централното градско подрачје и делумна, ако не и целосна забрана за работа на индустриските гиганти од типот на Макстил, односно Железара, може да ја подобри ситуацијата.
Бидејќи знаеме дека тоа нема да стане реалност, единствена алтернатива е дожд или снег, останува да му се молиме на Бога за да се случи првото или второто.
Ова не е нешто ново, се случува со години во Скопје, ново е тоа што сега одеднаш им текнало на властите да ја прогласат загаденоста на воздухот за алармантна.