Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Многу интересно :bravobravo:

Извор

КАФУЛЕ ВО КОЕ САМО ВРЕМЕТО СЕ НАПЛАЌА

Неодамна во Лондон се отвори „Зиферблат“, првото кафуле во кое сѐ е бесплатно освен времето. Односно, во ова кафуле, гостите земаат будилник, кој го навиваат во зависност од тоа колку време сакаат да поминат таму. Ова не е обично кафуле; во него сите имаат на располагање бесплатно кафе, овошје, зеленчук, интернет, може самите да си подготват храна, да отсвират на клавирот, а доколку се чувствуваат расположени, и да измијат некоја чинија. Единствено што се наплаќа е времето, еден час чини една фунта и 80 пени, односно 135 денари.

Можеби и нам ни е потребно едно вакво кафуле, кое ќе нѐ натера да размислиме дека сето она што го правиме, всушност, не го плаќаме со своите пари, туку со своето време. Незаменлив дел од нашето студентско патешествие се долгите маратони, кои започнуваат со три кратки зборови: „Ај на кафе“. Понатаму, на сите ни е познато како лета времето, како половина час се претвора во три часа, филџаните се редат во кули, а следниот ден се повторува истата приказна. Како млади луѓе, располагаме со доволно слободно време, кое би можеле да го искористиме покреативно, нели?

Извор: Гардијан
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Дали ќе може некој да најде торент од целата сезона на Dancing with the Stars 2013 USA? :)
 

alek

Активен Член
785
249
43
знае ли некој страница за симнување на преводи а да не титлови? :)
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Ако со конфузно напишаново мислење сакаше да побараш страница за преводи, а да не е titlovi.com, јас ја знам уште prijevodi-online.org од балканските.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Јас го користам http://www.subtitleseeker.com/ таму ги собираат преводите од сите страни и за сите формати, па лесно е да се најде превод

А за сериите, симнувам "превод" на англиски, полесно ми е кога истовремено ги читам.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
А зошто воопшто симнување на преводи од страница, симни си BS Player и автоматски ти бара превод кога ќе го вклучич филмот/епизодата, и си бираш само од понудените.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Мене веќе почна да ме мрзи да чекам да се симнуваат работи, ги гледам директно на putlocker.to.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
podnapisi.net

И пак јас да ва прашам дали може да најдете линк или веќе имате од 16 сезона на Танц со ѕвездите САД, сите епизоди... :) ?
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Blagojche напиша:
podnapisi.net

И пак јас да ва прашам дали може да најдете линк или веќе имате од 16 сезона на Танц со ѕвездите САД, сите епизоди... :) ?
Јас пребарав веднаш откако напиша, на сајтовите каде што пребарувам немаше ништо, има само поединечно од последниве сезони, епизода по епизода.
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
^
Сепак благодарам, ДаркШадоу :)
Мислам дека последната бесе 17 сезона зна4и ова е предпоследната, ама не знам дали сум во право... :) Сепак, благодарам... :)
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Blagojche напиша:
^
Сепак благодарам, ДаркШадоу :)
Мислам дека последната бесе 17 сезона зна4и ова е предпоследната, ама не знам дали сум во право... :) Сепак, благодарам... :)
Во САД, две сезони одат годишно, една на пролет, една на есен, така што 16/17 беа за 2013 година.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Blagojche напиша:
podnapisi.net

И пак јас да ва прашам дали може да најдете линк или веќе имате од 16 сезона на Танц со ѕвездите САД, сите епизоди... :) ?
Види овде
http://eztv.it/shows/69/dancing-with-the-stars/
ги има сите епизоди.

Ако бараш целосно како ДВД верзија со сите епизоди наеднаш немам таков торент
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
Missy напиша:
Blagojche напиша:
podnapisi.net

И пак јас да ва прашам дали може да најдете линк или веќе имате од 16 сезона на Танц со ѕвездите САД, сите епизоди... :) ?
Види овде
http://eztv.it/shows/69/dancing-with-the-stars/
ги има сите епизоди.

Ако бараш целосно како ДВД верзија со сите епизоди наеднаш немам таков торент
Еее, супер Миси, ти благодарам многу... :) Супер е и вака... :)
 
Top