Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Ако се паднеме со Србија во следното коло ќе треба да покажеме многу подобра игра не да се мачиме 60 поени да собереме. Дефинитивно треба повеќе, а инаку за победата :jupi:.
 

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
Poradi golemiot uspeh na nashata najdobra kosharkarska reprezentacija zgolemen e brojot na alkoholicari vo Makedonija za plus 1-JAS ;) na zdravje.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Пресреќен сум за успехот на нашиот тим, очекувам добра прослава кога ќе дојдат во Македонија.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,948
6,280
113
Chris напиша:
Пресреќен сум за успехот на нашиот тим, очекувам добра прослава кога ќе дојдат во Македонија.
Како не беше на 7ми финалето и да играа Македонија и да победеше па на 8 ми да ги пречекавме ем славење на независност ем за победа на кошаркарите
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
^

И уште потазе снимен материјал на МРТВ за да го репризира до бескрај.
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Многу си ги обожувам новиве министри за образоваие и овој за здравство. Од утре до четврток јас сум на школо само 2 часа: 10:00 - 12:00
Колку сум си радосен :jupi:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
^

Секако дека продолжуваме, уште од 8 септември 2011 кога Македонија ја победи Грузија со 65:63, обезбеден ни е пласманот во четвртина финалето на Еуробаскет 2011.

Ако ја победевме Русија, во четвртина финалето ќе игравме против Србија, а вака, бидејќи изгубивме од Русија, во четвртина финалето ќе играме против Литванија.

Нашинците ќе си имаат тешки маки, ќе играат против репрезентацијата на домаќинот на првенството, која повеќе од очигледно е дека ќе има многу повеќе обожаватели на трибините отколку репрезентацијата на Македонија.

Каков ќе биде исходот во четвртина финалето на Еуробаскет 2011 за репрезентацијата на Македонија, ќе дознаеме на 14 септември 2011.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
:( Лошо, ама немаме што да жалиме, одигравме на ниво со Русија. Среќата ги послужи. Одиме понатаму!

Докузовски. :haha:

 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
^

Што му фали на Докузовски ?

Секогаш мора да има дежурен виновник ?

Да ти е_ам светот, сите се користољубиви денеска, повеќе не е важно само да се настапи, туку и да се победи.

Само победниците заслужуваат почит и да бидат сакани ?

Па дајте бе да ги издрогираме со стероиди, ќе се вратат со трофејот, ама затоа до крајот на животот ќе бидат зависни од лекови за стабилизирање на мускулите и организмот, бидејќи доволно е само еднаш да земеш стероиди и отиде здравјето у 100 пм.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
@Dexter26

Што му фали на Докузовски?(?!) Каде забега човеку, дали ја погледна сликата да ја сфатиш поентата на смајлито за Докузовски?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
^

Го разбрав смајлито, но ете, избрзав со реакцијата, стандардно е за нас Македонците да имаме дежурен виновник, па избрзав со реакцијата мислејќи дека вината за поразот ја припишуваш на Докузовски.
 

Unfaithful

Нов Член
132
0
0
Можеби сум единствен,но сепак сметам дека е подобро што како противник во наредната фаза ја имаме Литванија,а не Србија.Точно е дека литванската репрезентација е поквалитетна од српската,меѓутоа доколку би играле со Србија,голема би била можноста нашите репрезентативци да потпаднат психолошки,бидејќи колку што јас знам,до сега редовно губиме од нивната репрезентација...А и Србите би биле стимулирани да не победат,иако од досегашната игра,ние сме поквалитетен тим...
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,948
6,280
113
„Ниш 2013“ по примерот на „Скопје 2014“
Со цел туристичка промоција на градот, по примерот на претворањето на Скопје во модерна европска метропола, градоначалникот на Ниш, пред неколку месеци најави проект „Ниш 2013“.


По повод одбележувањето на 1.700 години од донесувањето на Миланскиот едикт, градот Ниш планира до 2013 година да ги стави во функција сите споменици кои постојат во градот и да изгради споменик на царот Константин I Велики.

-Нивна задача е до 2013 година да ги стават во функција сите споменици кои постојат во Ниш, зошто овој град имал исклучиво богата и бурна историја, изјави градоначалникот Милан Симоновиќ.

Целта на овој проект, според него е целата инфраструктура да се промени,да се постават нови споменици и да се модернизираат старите, со што градот ќе добие сосема нов лик.

Сепак централно место во проект Ниш 2013 е изградбата на споменикот на Константин I Велики, кој ќе се работи според идејното решение на вајарот Вук Ѓуричковиќ. Со ова решение, царот Константин I е претставен како седи на престол под импозантна порта. Според проектот, димензиите се импресивни, а се предвидува самиот споменик да биде висок шест метри, а портата 20 метри. Со неговата изградба граѓаните на Ниш ќе добијат импозантен споменик кој се доближува до димензиите на централниот споменикот на плоштадот „Македонија“ во Скопје.
Споменикот под работен наслов „Воин на коњ“ кој свечено беше пуштен во употреба на денот на независноста на Македонија, веќе ги постигнува саканите резултати. Секојдневно крај него се собираат граѓаните и уживаат во неговата големина во секоја смисла. Споменикот привлекува голем број на странски туристи, а истиот го доби центарот на вниманието и во медиумите од регионот.

Идејата на Ниш, неспорно наликува на идејата која ја промовира „Скопје 2014“. Единствената драстична разлика е што во Ниш таквата идеја од секого беше прифатена со голема радост и внимание.


Ниту еден српски медиум до сега не објави негативен прилог за „Ниш 2013“. Ниту еден новинар или политичар не кажа дека нема потреба од трошење на пари за споменици. Никој не истакна дека нема потреба од вакви грандиозни споменици како и употреба на термини дека некој се обидува да го ромеизира градот Ниш и српскиот народ.

Кај нас не беше така. „Скопје 2014“ уште пред да започне беше осуден од опозицијата и медиумите блиски до неа.

Очигледно, политичарите на Ниш и српскиот народ добро знаат да го искористат своето културно наследство и истото да го комерцијализираат искористувајќи го како добра туристичка понуда. Со скопска идеја.
Превѕемено од kurir.mk


Папата Бенедикт XVI доаѓа во Ниш 2013 година!?


Во Ниш започнаа подготовките за одбележување на 1.700 годишнината од Миланскиот едикт и се очекува на прославата што по повод овој јубилеј ќе се одржи во тој град да допатува поглаварот на Римокатоличката црква Папата Бенедикт XVI.
Белградските медиуми, како што пренесува еРепортер, пишуваат дека белградскиот надбискуп Станислав Хочевар и бискупот на Зрењанин Ласло Немет го потвдиле ова религиозната конференција што е во тек во Зрењанин.

„Поканата на Папата да ја посети Србија му е упатена повеќе пати, а последен пат тоа го стопри претседателот Борис Тадиќ кон крајот на минатата година“, вели белградскиот надбискуп.

Тој објасни дека за посетата на Папата се водат полуофицијални разговори и оти протоколот на поглаварот на Римокатоличката црква ги организира посетите на Бенедикт XVI во оние земји од кои ќе добие покана од мнозинската црква. Затоа се очкува поканата на Папата наскоро да му ја упати и Српската православна црква.

Инаку, Миланскиот едикт претставува мошне важен момент за христијанството. Со овој указ во 313 година царот Константин ја вовел слободата на веросиповед и го прекинал прогонот на христијаните во Римското царство.

Во 2013 година се навршуваат 1.700 години од овој едикт./крај/ (еР) тт
Превѕемено од ereporter.com.mk
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
Медиумите да се појават на берза и да станат акционерски друштва


http://www.sitel.com.mk/dnevnik/makedonija/mediumite-da-se-pojavat-na-berza-i-da-stanat-akcionerski-drushtva

Опа бато!

Што мислите вие народе, за овој предлог ?

На мене ми звучи како предлог од соништата, бидејќи вакво нешто тешко дека ќе се случи кај нас.

Јас се согласувам со предложеното, сакам и јас да си имам свој сопственички удел во Сител, Канал 5, Телма, Алфа, А2, па можеби и А1 ако имам пари за да ја раздолжам и за да си ја купам за мене.

Веќе полетав во друга галаксија со нескромниве амбиции. :haha:
 
Top