Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
expert напиша:
Од кое знаме бе?
Најверојатно мисли ќе формираат знаме со маички па ќе ги снимаат со камера од хеликоптер :) така ако е интересно ќе дојде на преносот на МТВ1
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #863
Снимката е срање невидено... МТВ sucks!
 

damjan

Нов Член
224
0
0
Да, со маици правевме знаме. А иначе, и јас сега зборев за снимката дека е ужас. За HD не слушнале
 

LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
Да се надоврзам на плукањето за преносот. Музика тече, а во позадина се слушаат некои дебили „ај да се качим, бе„. :rolleye:
 

MK_Fan

Член
591
0
16
Ѓорчев, Лилиќ и Жугиќ водители на настанот, некоја поврзаност со нивното заминување од А1 во Сител?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

По тоа што јас го слушнав откако си заминаа уште пред почетокот на изборната кампања при вонредните парламентарни избори 2011, значи додека сеуште А1 работеше со полн капацитет, беше дека им дале да бираат, или ќе интерпретираат серии за едниве, или ќе интерпретираат серии за другиве, немало никаква поврзаност со партиските ориентации, туку едноставно, секоја телевизија сакала да има на располагање екипа на актери и актерки која ќе им биде постојано достапна, за да можат да ги снимаат интерпретациите кога телевизијата ќе ги повика, а не само кога ќе имаат време за оваа телевизија, па за онаа телевизија и така натаму.

Секоја телевизија сакала да си тера бизнис со сопствена екипа на актери и актерки за интерпретација и затоа така испаднале работите на крај, едни во една телевизија, други во друга телевизија и тоа.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
А цело време кога излегуваат водителите Билјана Беличанец пишува, а не Јелена Жугиќ...

За многу години празникот
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
За многу години да ни е празникот. Да ни е вечна и независна Македонија. 465664656646566:150626::150626::150626:
Исто,големо БРАВО за косаркарската репрезентација,која се избори до четвртфинале :jupi:
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Честит (веќе изминат) ден на независноста!
Прееска поминав низ плоштад, ја чекав Каролина на кран ама веќе поминала, па присуствував на целиот говор на Груевски. :hmm:
Го има некаде по сајтовите настапот на Каролина?

Не ми се допаѓа многу постаментот на споменикот на Александар, некако многу ми е натпрупан, ама фонтаната е навистина добра.

Ааааа, да, и огнометот беше прекрасен, неверојатно нешто.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Во тазе новоотворениот музеј заборавија да внесат една работа:

:of lele: КАМЕРИТЕ И МИКСЕТАТА НА МРТВ ОД ДРЕВНО ДОБА !!! :of lele:

Се беше супер, освен е_ано идиотската снимка на МРТВ. :tepam: :tepam: :tepam:
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Честитки за кошаркарите, честитки за организацијата на Плоштадот, честитки за дваесетгодишнината, горд сум што сум Македонец. 46566


Слушам зборувате за преносот на МТВ, ако сте гледале на телевизија, а не сте дошле да го доживеете тоа што се случи вчера навистина сте погрешиле. Јас бев таму од 18.00 часот, па се до 04.00 по полноќ. Немам никакви замерки, народов никогаш досега не сум го видел толку здружен, моментот кога стотици души се фативме на оро непознавајќи се еден со друг, беше незаборавен. Обично не сум љубител на традиционална музика и слично, но тоа што вчера Кирил Џајковски го направи заслужува само вакво поклонување :se poklonuva::! Настапот на Каролина беше супер, отворањето на фонтаната магично, а маршот на Армијата најмоќно! Единствено ми сметаше говорот на Груевски кој траеше полн час, тоа не му требаше. Огнометот траеше предолго, а да не заборавам да ја споменам и Ареа која се погрижи публиката да не застане ни секунда додека настапуваше.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Сите го критикуваат Груевски за предолгите говори, а тој продолжува на секој нареден собир каде што е и тој со истите. :pff:
Ама како што видов на плоштад никој не го ни слушаше, за тоа време сите си правеа муабет.
Најголемата еуфорија се случи кога се појавија кошаркарите на екранот, и потоа кога се пушти фонтаната.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Да, можам да замислам каква ќе биде атмосферата кога ќе се вратат и поминат под Порта Македонија, слушнав дека тоа е планирано.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,734
6,096
113
Како било на концертниот Unplugged на Нокаут
http://www.youtube.com/watch?v=9v3W7eCEttg

Инересен концерт според мене само многу се дере публиката тоа нечини за ваков вид на концерт ,јас не бев,некој од тука да не бил?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Македонија 68:59 Словенија

Значи, од поранешна Југославија, само Србија нема да ја преслушаме на Еуробаскет 2011.

Цело поранешно југословенско крајбрежје, со исклучок на црногорскиот дел, е освоено од страна на македонската кошаркарска репрезентација.

46566 46566 46566
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Имаме шанси и со Србија да играме. Мислам дека веќе го осигуравме второто место, така што нема шанси да се паднеме со Шпанија и Франција во четврт-финалето. :)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Се надевам, ајде и србите да ги преслушаме на Еуробаскет 2011.

Србија не е во првите 4 во групата Е, мора да ја победи Турција за да се најде на четврто или на трето место.

Од друга страна, моментално Македонија е на прво место во групата Ф, но ако Русија ја победи Грција вечерва, тогаш Македонија ќе биде на второ место во групата.

Репрезентацијата која ќе биде на прво место во групата Ф ќе игра против репрезентацијата која ќе биде на четврто место во групата Е, а репрезентацијата која ќе биде на второ место во групата Ф ќе игра против репрезентацијата која ќе биде на трето место во групата Е.

Тоа значи дека ќе играме или против Литванија или против Турција, а можеби против Србија, под услов Србија да ја победи Турција утре.
 
Top