Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
^

Па, на почетокот од интервјуто спомна дека Љиљана Петрович терала бизниси со доста сомнителни партнери со криминални досиеја, нешто што владата од периодот 2002-2006 вешто го прикривала и го поддржувала, а актуелната власт уште од 2006 почнала да го одвртува клопчето и го предупредила Тоше Проески за да знае со каква менаџерка тера бизнис.

Потоа спомна една доста позната работа, човечката алчност, спомна дека владата од периодот 1998-2002 имаше одлична можност за да го разоткрие пред јавноста и казни криминалот на владата од периодот 1994-1998, но поради алчноста на луѓе како Љубчо Георгиевски и Драган Даравелски, кој во моментов бега од македонските власти и се крие во Србија со српски пасош, таквиот криминал до денешен ден не е ниту разоткриен, ниту казнет, и сето тоа поради алчноста на овие две личности кои одлучиле дека и тие сакаат свој дел од криминалните бизниси на владата од периодот 1994-1998.

За актуелните шпекулации дека радио Канал 77 планира да прерасне во телевизија поддржана и финансирана од актуелната опозиција, спомна дека сопственикот на Канал 77, Горан Гаврилов, должи 10000 евра за струја која ја крадел од улична светилка така што, ако некој ден таква личност формира телевизија, истата таа телевизија уште од самиот почеток ќе биде се, само не независна телевизија.

Ги спомна и триста и кусур други работи за кои целата јавност знае дека постојат и се случуваат, но не знае како се организирани и како функционираат.

Се разбира, во целост очекувано, по интервјуто, во емисијата веднаш почнаа да се јавуваат квазипатриотите во одбрана на актуелната влада, а Јанко "непартискиот и независниот новинар" Илковски, со најголемо задоволство им се придружи во плукањето по човекот кој преку Skype беше присутен во неговата емисија пред неполни 30 минути.

Залудно опишувам дополнително, ќе морате да ја гледате репризата, распрашајте се ако некој ја снимил за да ја закачи на Интернет, вакви вистини во македонскиот етер се емитуваат ептен ретко, едвај еднаш или два пати во 10 години, и мораат да бидат снимени, размножени и дистрибуирани меѓу граѓаните на Република Македонија.
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Тоа дека Гаврилов крадел струја и слични работи се само глупости и ништо друго, на човекот уште што не му сторија вмровците, па уште и за тоа ќе фали да го обвинат. А доколку Канал 77 навистина прерасне во телевизија па зошто да не биде опозициска, веќе со таа независност отупеа сите. Како на запад има телевизии кои се партиски определени зошто да нема и кај нас. Пр. Фокс во Сад има забранувано влез за личности кои кажале нешто негативно за републиканците. Додека на Гаврилов сестраму е пратеник од Сдсм моментално, а таткому имаше два мандата како градоначалник од страна на Сдсм.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
^

Молам без коментари за ова, освен ако ја гледавте емисијата, се што јас спомнав во постовите #844 и #846 не е ниту мое мислење, ниту мое тврдење, туку тврдење на Зоран Божиновски.

Гледајте ја репризата од емисијата и научете од истата, без коментари молам, ниту јас, ниту било кој друг член на форумов, е овластен да говори во име на Божиновски, ниту пак самиот Божиновски говори на форумов во свое име, барем досега не сум забележал нешто такво.

Затоа, ве молам, не коментирајте за вчерашната емисија на Јади Бурек, чувајте го своето мислење за себеси, исто како што и јас го чувам своето мислење за себеси.

Ве повикувам да ја гледате репризата од емисијата исклучиво поради информативни причини, а не бидејќи сум на нечија страна или бидејќи му верувам или бидејќи не му верувам на Божиновски.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Хммммм, по ова се прашувам дали воопшто ќе има реприза од емисијата. :)
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Секој може да си го каже тоа што го сака. Тоа што дотичниот господин изнесувал такви тврдења според мене мора да помине со коментар секако кој како сака, јас дадов мислење останатите се на ред.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
Burrows напиша:
Хммммм, по ова се прашувам дали воопшто ќе има реприза од емисијата. :)
Јас тоа се прашувам уште од кога Јанко "непартискиот и независниот новинар" Илковски експресно го заврши интервјуто откако прими критики од Зоран Божиновски на своја сметка поради своите "непартиски и независни" ставови, се разбира.

Но сепак, ако имате дигитални рисивери, закажете снимање, ако имате простор во меморијата или хард дискот, не знам каков рисивер користите и како функционира истиот, земете снимете ја цела среда од Наша ТВ, па да видиме дали ќе ја емитуваат репризата од емисијата.

Ова мора да биде закачено на Интернет, за да може целата светска јавност да го гледа.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
Во меѓувреме, додека да ја изгледаме репризата од вчерашната емисија на Јади Бурек, најдов на Интернет нешто постаро, исто така со Зоран Божиновски и доста интересно:

http://www.youtube.com/watch?v=2GlxBYalhcA
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Не знам што е толку страшен моментот со Портата Македонија, нормално е да не успеат да ја завршат за толку кратко време кога во истовреме се градат уште многу други грандиозни проекти, патем, подобро побавно да се изгради, а квалитетно, отколку брзо, а шитовско!
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
Повели народе, гледај и слушни ја вистината за македонските политичари, за организираниот криминал, како и за криминалните врски на менаџерката на покојниот Тоше Проески, Љиљана Петрович:

Прв дел:
http://www.youtube.com/watch?v=-IJ2RLSFPjY

Втор дел:
http://www.youtube.com/watch?v=6O8jo83QnS8

Трет дел:
http://www.youtube.com/watch?v=7yGffR5n4u4

Четврт дел:
http://www.youtube.com/watch?v=Th_ZFaPGNts

Петти дел:
http://www.youtube.com/watch?v=cUoqZOkUydQ
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
^

Моја претпоставка е дека е негова заебанција.

Но држи вода теоријата, Хаг мора да пресуди до крајот на годинава, обврзан е на тоа, требаше да пресуди овој месец, септември 2011, но ја одложи пресудата за ноември 2011, кој знае, можеби грците навистина успеале да издејствуваат пресуда во нивна корист.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,080
411
83
^

Па биди поконкретен батка.

Јас веднаш вмешав политика бидејќи мислев дека зборуваш за судењето во Хаг против Грција за ветото во Букурешт во 2008.

Биди поконкретен.

А ова и не е баш 100% сигурна информација бидејќи ем доаѓа од Интернет извор кој е про-владин, ем не го потенцираат изворот на информацијата.

А инаку, овој Интернет извор на информации е Интернет копија на Сител, кои без да потенцираат апсолутно никакви извори, како главна вест ја ставија информацијата дека Шакира "била Колумбијка со македонска жичка", информација која уште од поодамна е потврдена како неточна од самата Шакира.

Зарем има што уште да се дискутира, кога си имаме работа со медиуми кои несериозно си ја вршат својата работа, најчесто намерно ?
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
За многу години да ни е празникот Македонци !!!
Да ни е жива, здрава и вечна Самостојна, Независна, Слободна Република Македонија !!! 46566:150626:
 

igorao85

Нов Член
1,784
0
0
Заедно под едно сонце! Честит празник Македонијо, заедно кон нови предизвици и победи!
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
  • Автор на оваа тема
  • #857
Дали некаде вечер ќе се врши пренос од церемонијата на плоштад? Ќе бидам излезен и сакам да го снимам некако.
 
Top