Chris напиша:
Доста се жалите бе, на ништо не личеше градов, сега е одлично.
Во целост се согласувам со тебе Chris, но сето ова Скопје 2014 туку така го претставија на јавноста преку ноќ со една анимација и ајде здраво, така ќе биде.
Не велам дека не е супер, но можеше да биде уште посупер, секогаш може да биде уште посупер, од наједноставна причина бидејќи совршеност не постои.
Јас лично мислам дека спомениците на плоштад се пренатрупани, би можеле цар Самуил да го однесеме во Охрид, таму му е тврдината, а и плус, таму нема ниту еден споменик на цар Самуил, освен ако грешам.
Јустинијан Први би можеле да го преместиме на истоимениот правен факултет во Скопје, гемиџиите во Велес, бидејќи таму ги координирале своите акции и од таму тргнувале во извршување на истите, а останатите споменици нека си останат вака како што се.
И фонтаните во Вардар ги поддржувам, но прво градење на колекторски систем за прочистување на водите на Вардар, па после вклучување на фонтани, вака луѓето ќе го избегнуваат Камениот мост за да не се истушираат под "гомноскокот".
Се останато од Скопје 2014 е во ред, но останува фактот дека не само Скопје е Македонија, и надвор од Скопје е Македонија, и надвор од Скопје треба да се инвестира во инфраструктура, транспортна, водоводна и канализациона, енергетска и така натаму.
Thiago Bedoya Aguero напиша:
Јас не се согласувам. Жичарата на Водно што ја стаија стварно е патетична, коњот на плоштад-no comment! Тие пари можеа да се вложат во многу други попаметни работи
Не сум се возел со жичарата на Водно, бидејќи одлично ме служат нозете, па секоја недела 2 или 3 пати, а ако сум во ептен добра кондиција, и по 4 пати неделно се шетам од државна болница до крстот и назад, ем ќе се изнадишам чист и свеж воздух, ем ќе го мрднам задникот.
Но жичарата е добра за тие кои не се во кондиција, како и за мрзливците, како што е една моја другарка, која не сака да качи над 80 килограми, но сепак не превзема ништо околу тоа, купи Орбитрек, а го нема чепнато.
А дали ти се допаѓа како изгледа жичарата на Водно или не, тоа си е твој вкус и никој нема право да ти се меша во тоа.
А што се однесува до споменикот на Александар Велики на плоштад Македонија, јас лично повеќе би сакал споменик на Филип Втори Македонски да поставеа на плоштадот, бидејќи Филип Втори бил чистокрвен Македонец, а Александар Трети Македонски бил од мешано потекло, татко Македонец, а мајка Епирка, а Епир било грчко кралство. Филип Втори ги ширел македонските вредности, македонската религија, македонските традиции и македонската култура, а Александар Трети во териториите кои ги освојувал ги ширел грчките, односно хеленистичките вредности, традиции, религија и култура, затоа јас повеќе за Македонец го сметам Филип Втори отколку Александар Трети.
Но подобро да имаме на главниот плоштад во престолнината на Македонија споменик на било кој македонски владетел познат и прославен низ историјата, отколку воопшто да немаме споменик на ниту еден македонски владетел.