Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Вчера, понеделник, 3 септември 2012, во болница во Лос Анџелес каде што закрепнуваше од срцев удар кој го преживеа во јули 2012, на 54 годишна возраст, почина Мајкл Кларк Данкан, ѕвездата од Зелената Милја со Том Хенкс, а јас дефинитивно ќе го помнам не само по неговата улога во Зелената Милја, туку и по неговите улоги во Армагедон, Цели девет јарди, Кинг Фу Панда, Град на гревот, како и по неговото гостување во шестата сезона од американската ТВ серија Два ипол мажи.

Прерано заврши животот на прекрасен човек. :(

http://www.mkd.mk/56112/zabava/svezdi/pochina-glumecot-majkl-klark-dankan/

Почина глумецот Мајкл Кларк Данкан

04 сеп 2012 01:20

Мајкл Кларк Данкан, крупниот талентиран глумец номиниран за оскар за ликот на затвореник осуден на смртна казна во „Зелената милја“, почина на возраст од 54 години.



Тој починал вчера наутро во болница во Лос Анџелес, каде што бил однесен поради срцев удар, рече неговата свршеница, Омароса Маниголт, во соопштението објавено од публицистот Џои Фехили, пренесуваат светските медиуми.

Мускулестиот Данкан, поранешен телохранител што се свртел кон глумата во своите 30-ти години, „доживеа миокардијален инфаркт на 13 јули и никогаш не заздраве целосно“, се вели во соопштението.

Данкан имаше неколку мали улоги (меѓу кои и таа во „Армагедон“) пред „Зелената милја“, која му донесе номинација за оскар за најдобра споредна машка улога. Тој брзо стана омилен во Холивуд и почна да се појавува во неколку филма годишно, меѓу кои и хитовите на благајните како „Планетата на мајмуните“ и „Кунг Фу Панда“, „Појадок на шампионите“, „Цели девет јарди“ и „Градот на гревот“.

Роден во Чикаго во 1957 година, Данкан бил одгледан од самохрана мајка, чиј отпор кон неговото играње фудбал предизвикал тој да реши да стане глумец. Но кога неговата мајка се разболела, тој го напуштил колеџот и почнал да работи како копач на ровови и обезбедувач за да може да ѝ го плати лекувањето. На 20 и некоја година тој дошол во Лос Анџелес, барајќи улоги во филм, и работел како телохранител на Вил Смит, Џејми Фокс и на други ѕвезди. Убиството на раперот Ноториус Биг, за кој Данкан бил ангажиран да го штити, го натерало да ја напушти телохранителската работа и да ја оствари својата желба да стане глумец со полно работно време.

Неговата свршеница им се заблагодари на сите за молитвите упатени за Данкан и побара приватност. Датата на погребот ќе биде соопштена дополнително.
Мајкл Кларк Данкан
1957 - 2012

Лесна му земја
нека почива во мир :(

R.I.P.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,749
6,113
113
Мони се обрати за видеото што ја потресе јавноста! :haha: :smeenje:

Откако вчера македонската јавност остана запрепастена од видеото во кое 15-годишното девојче, под името Мони преку камера и објаснува на другарка како се „скинала“ и како „рикала како магарица“, денеска таа сака како што самата вели, да се „исповеда“. Мони не е лута што се објави видеото, таа стои зад кажаното и вели дека секој во животот има право да згреши. Ви jа презентираме нејзината „исповед“ во целост:

„Секој во животот греши, тоа е сосем нормално !
Вие ме осудувате за работа која вас лично не ве засега и мислам дека немаше потреба тоа да се објави јавно на интернет, искрено, ако сум го направила тоа сум го направила од љубов и никој нема право да ми се меша во животот…секој си има свој живот, па така и јас. Видеото го објавив за да докажам дека не се плашам да ја признаам вистината за мојот живот, можеби и самата згрешив што сето тоа го признав јавно, да, до некаде тоа е и моја грешка, но како што кажав не се плашам од вистината! Миле го сакав, не викам не, меѓутоа времето ми покажа дека сето тоа било залудно,целата љубов и сѐ околу него, да целата оваа приказна е вистина, не лажам сѐ што беше кажано е вистина…Како што велат, сѐ што е убаво кратко трае..па така и мојава приказна. Беше убаво додека траеше, но се заврши. Мислам дека нема потреба веќе да се зборува на оваа тема и треба конечно да се затвори! Нема потреба да се занимавате со мојот живот, гледајте си го вашиот, поради тоа што секој греши во животот, можеби вие ќе направите некоја грешка што можеби ќе биде и полоша од мојата па ќе се каете. Тоа е сѐ од мене, поздрав!“
bezpardon
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Долго немам искоментирано. ГО гледав видеото за Охрид, и многу е добро направено, и јас се согласувам дека вреди повеке од Манлевски виедата што ги прави.

Овие македонциве, искрено ние таму што се новодојдени, се срамиме од ваквите затоа што се дојдени од памтивек, егејци избелгици и сеа мислат дека во Македонија народот уште патува со коњи, пие вода од извори и дека мизерува. А ваквите ко овие грциве хокејари, и Алисија, се кладам дека врска немат македонски, и не се ни декларираат како Македонци. И оваа емисија, не знам кој ја ставил како Македонска,ама е грчка. Значи нема ништо Македонско во неа. Ме револтират вакви работи што и таму ги има.
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Ана Марија ако си го изледала видеото ќе си слушнала дека употребуваат македонски зборови како свадба, зелник, баба итн. Има уште неколку видеа снимени како на годишен голф собир за македонците од Канада и Сад. Додека за презимињата што и се грчки па од Егејска Македонија се тогаш им ги менувале презимињата, а зошто не ги смениле е до нив.
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Да де, за телевизија и ја ке научм што е зелник и баба ;) Не знам како да ви ги опишам, тоа егејците во канада е нешто што треба да се види...Племе се некое, Господ нека им е напомош...
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Do tell.

Завршив средно со син на бегалци од Егејска Македонија, а господинот настрана што е циција за најситни работи, туку и аплицираше за бугарски пасош.

Баш ме интересира како се чувствуваат мајка му и татко му кои избегале од Егејска Македонија бидејќи се Македонци, а тој во бугарска амбасада за да му издадат бугарски пасош рекол дека се Бугари, само бидејќи му се допаднала Германија, која ја посетил во повеќе наврати.

Па и јас ја посетив Германија еднаш и само позитивни критики имам за Германија како држава, додека за Германците како народ имам само негативни критики, добри домаќини се, но како народ се однесуваат повеќе како машини, отколку како луѓе, полесно ќе воспоставиш контакт со камен отколку со Германец, а тоа не е доволна причина за да кукам по работа и живеење во Германија, а уште помалку па со бугарски пасош.
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Е ајде де,ама пак во Македонија е, има и милион македонце што вадат бугарски пасоши. Зборот ми беше за тие што уште во тоа време пребегале во Канада и никогаш ама баш никогаш не се вратиле во Македонија. Имаше еден фосил, го интревјуираа за да каже како е Македонија, а створов никад се нема вратено таму и почна да раскажува како ние тука уште идеме километри да земеме чиста вода,како се возиме со коњи, како живееме во мизерни услови абе ја напраи Македонија бетер од Африка од мизериине. И егејците сите се со грчки имиња, пеат грчки песни, грчки знаат, од Македонија ни М нема у тоа што го прават и многу не мразат нас баш Македонците што сме. Катастрофа се, да ти е гад да ги гледаш.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Се враќа стариот Скопски фестивал

Каролина Гочева , Елена Ристеска, Ламбе, Мики Јовановски- Џафер, Ристо Самарџиев, Верица Пандиловска, Бојан Стојков, се очекува да настапат на возобновениот Скопски фестивал, кој ќе се одржи на 13 ноември. Директорот на фестивалот Кире Костов, координаторот за музичка продукција Љупчо Мирковски и Мери Попова, како координатор од МТВ веќе ги избираат песните и го осмислуваат концептот.

Мирковски се надева дека сите поканети пејачи ќе настапат на реномираниот фестивал кој започна во 1968 година. "Фестивалот е ревијален, и се надевам дека ќе пеат сите познати македонски пејачи. Ќе биде во стилот на стариот Скопски фестивал, сакаме да ја вратиме на сцената убавата шлагерска популарна музика, затоа изведувачите ќе ги придружува ревиски оркестар со кој ќе диригира Кире Костов", ни изјави Мирковски.

За местото на одржување на настанот ќе се знае дополнително, а за сега во опција се Универзалната сала, МОБ и Метрополис Арената. (М.Џ.)

Извор: Вест
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Доста интересно видео за изгледот на државите од Европа, споредени со соодветна слика од еден германец. :)
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Изгледа само ревијален треба да биде фестивалот за да настапат познати пејачи. Па зошто тогаш да е фестивал и тоа Скопски? Нека си ги пуштат песните на радио.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
По повод вчерашната вест дека градот Скопје до крајот на септември 2012 ќе распише тендер за избор на концесионер за класичен трамвај, наместо за денивелирана лесна железница:

http://www.sitel.com.mk/dnevnik/biznis/skopje-ke-dobie-tramvaj-izgradbata-startuva-do-godina

Скопје ќе добие трамвај - изградбата стартува до година

17.09.2012 - 15:28

Македонската метропола конечно ќе добие трамвај. 12 километарската трамвајска линија во Скопје ќе почне да се гради од следната година.



Тендерската документација е веќе завршена, според градоначалникот Трајановски овој месец Град Скопје планира да распише тендер, а до крајот на годината да се избере концесионерот што ќе стопанисува со трамвајот. Истиот концесионер ќе има обврска да ја изгради инфраструктурата низ градот и да ги набави трамвај вагоните.

Заинтересирани компании според Трајановски веќе постојат, се оствариле и средби со неколку од нив за да им се доближат условите од тендерската постапка. Проектот би чинел околу 150 милиони евра, изградбата би траеле две до три години.

Со овој проект, со набавката на новите едноподни и двокатни автобуси, земјава станува лидер во регионот во вложување во јавниот транспорт, изјави претседателот на меѓународната организација за јавен транспорт на конференцијата што денеска се одржа во Скопје, а каде свои искуства во вложување во јавниот превоз дадоа администрацијата од неколку главни градови од регионот.
Членот Andrej_LJ на форумот на build.mk активно превзема чекори за информирање на македонската јавност за разликите помеѓу трамвај, односно класичен трамвај, и денивелирана лесна железница, односно брз трамвај, со објавување на статии на македонската верзија на Википедија, со отворање на анкети, отворање на Фејсбук страница, како и отворање на посебен веб сајт на кој ќе се објавуваат предлози за железнички превоз во Скопје.

Заинтересираните можат да се информираат повеќе со читање на статијата на македонската Википедија за Брз трамвај:

http://mk.wikipedia.org/wiki/Брз_трамвај

Andrej_LJ најавува нови статии на македонската Википедија поврзани со шински превоз во урбани средини.

Заинтересираните исто така можат да ја пополнат наредната анкета, со надеж дека можеби ќе успееме да извршиме притисок врз скопските власти за да ја сменат својата одлука и наместо тендер за класичен трамвај, објават тендер за денивелирана лесна железница, односно за брз трамвај:

http://freeonlinesurveys.com/s.asp?sid=yoqviwmsetfwrso113915
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Don't touch it !!!

Легендарните Сопранови, поконкретно легендарниот Јуниор Сопрано, додека боледува од рак на цревата, му наредува на својот внук Тони Сопрано, наводно најмоќниот мафијаш во цело Њу Џерси, да не му го чепка термостатот.


:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:

Убаво вели еден од коментарите на клипчето.

Mental note: If I visit Junior;

1. Shut the door

2. As for the thermostat, DON'T TOUCH IT ! ! !!
:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Добро е тоа што имам занимација деновиве, во спротивно ќе ја гледав серијава повторно од почеток до крај.

Ова е безвременска серија.

Тони Бландето го убива детиштето Џои Пипс и тоа со стил, ете го подоцна на погребот, а на надгробната плоча му го пишале надимакот на презимето Пипс, наместо неговото вистинско презиме Пепарели.

А како капак на се, Тони Сопрано го брани сопствениот братучед Бландето пред Џони Сак иако е свесен дека најверојатно тој го извршил убиството.

" И ти доаѓаш тука ? "

" Ќе му веруваш на еден пијан Ирец наместо на мене ? "

" Се мислевме да побараме помош од тебе. "

Свет полн со лаги и со прекрасен хумор, најчесто црн хумор, но сепак хумор, прекрасен хумор.

:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:



:smeenje: :smeenje: :smeenje: :smeenje: :smeenje:
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Кога сме кај сериите и филмовите зачекав филм на ХРТ1 P.T Barnum
И во него глуми овој актер


R.I.P

Кога и да го видам некаде најпрво се сеќавам на Passions. Сеуште не знам кај имам гледано епизоди, но прва асоцијација на серијата ми се Табита и Тими. На нив се сеќавам најмногу, а и најмногу сакав да ги гледам нивните сцени. Џош ( Тими) предобар актер, баш и во овие сцени од филмот го забележав тоа.
Фали тема за серијава. А исто може и прајмтајм актери и прајмтајм актерки да се отвори како подфорум. Знам дека има мал милион, но некои заслужуваат да бидат запаметени

За потсетување од серијата
http://www.youtube.com/watch?v=UMmJJBhDiMg
http://www.youtube.com/watch?v=V9X_UVbMOSM
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Косовски албанец поседува две телевизии во Македонија

Косовски албанец кој подолго време живее на територијата на Македонија деновиве е следен и се наоѓа под истрага а во врска со новиот закон за вршење на Радиодифузна дејност.
Имено според овој закон лице кое врши јавна функција или пак доколку член од неговото семејство врши јавна функција тој не смее да биде сопственик на телевизија.
А овој човек чиј идентитет не се открива наводно изјавил дека врши јавна функција.Цитираме
„Го вршам јавна функција. Кај мене све е јавно тука на тезга јавно го продавам роба.“
Прашан дали е јавна личност одговорил потврдно.
Она што ги заинтересирало инспекторите од совоетот за радио дифизија е следново.
Лицето со иницијали З.Љ пред сведоци изјавило дек поседува телевизија и тоа не една туку две.
“Го поседувам телевизија по дома.И синот го има една по дома.И даљинско го имам.Некогаш го губам ама го имам.“
Од страна на инспекторите не е соопштено за која телевизија се работи, ниту дали е побарано лицето З.Љ да поднесе оставка од јавната функција.
Извор: News.Vrabotuvanje.com.mk

:haha: :haha: :haha:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Расипан телефон игранка во Сопранови.

А општо прифатена е претпоставката дека вообичаено жените се повеќе расположени за игранка расипан телефон. :haha:

Од 4:30 до 5:30.

 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Што се случува кога Дачо Паторот оди во посета на Мексико ?

Има и други епизоди, една доста смешна кога Дачо наследува имот во Мексико и си има работа со Спиди Гонзалес, кој непрекинато го забавува со своите маријачи, но и оваа епизода е супер.


:smeenje: :smeenje: :smeenje: :smeenje: :smeenje:
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Насловната од ВЕЧЕР не можев да ја ставам во спојлер
http://a1on.mk/wordpress/wp-content/upl ... cer-01.jpg



Многу полемики има по интернет и по форумиве за сликата и текстот од ВЕЧЕР.

Барем за мене многу неприкладна е фотографијата и за текстот, а и за тоа што ја ставиле на насловна. Фотографија (18+ или година-две плус минус) не е за на насловна каде што сите деца можат да ја видат
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Зарем читаат весник децата ?

Јас мислев дека децата се повеќе по фудбалот и по кошарката, судејќи според тренинзите кои гледам се одржуваат во спортските сали, надвор од редовната наставна програма во основното и во средното образование во Република Македонија.

Добро, зависи кој весник, јас гледам децата повеќе читаат Македонски Спорт и билтени од спортските кладилници, богами јака младина имаме, а Латас и таквите како него не придонесуваат баш нешто многу кон создавањето на подобра македонска младина.

Како и да е, додека бракот не се дефинира како заедница помеѓу еден брак и една жена во самиот Устав на Република Македонија, секоја влада слободно ќе може да кажува и да прави што сака, актуелната влада на Република Македонија вели дека нема да дозволи бракови помеѓу истополови партнери, наредната влада можеби ќе има поинаков став, се додека не се дефинира бракот како заедница помеѓу еден маж и една жена во самиот Устав на Република Македонија, секој ќе може да си тера свои политики како сака.
 
Top