Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,749
6,113
113
добро испеа црнчево :bravobravo: ,како се расплака на почеток :smrk:
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Građani Kikinde od danas imaju mogućnost da na jednostavan način, dok šetaju gradom, dopune svoje mobilne uređaje putem solarnog punjača koji je postavljen u centru grada. U saradnji sa kompanijom „Strawberry energy“, mt:s je novi solarni punjač pod nazivom „Strawberry drvo“ poklonio Opštini Kikinda i njenim građanima.

https://www.facebook.com/media/set/?set ... 427&type=1
Што мислите ќе биде како кај нас, или ќе опстои подолго ?

Извор: mt:s facebook
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Мислам дека ни самата Лиса Лоухид не е свесна какви прекрасни ремек дела отпеала во втората половина на 1980-те години.

Како ми недостигаат Ракуните и Киро Стипсата, уште песнава ми фалеше за да ме потсети на прекрасни спомени од детството и да ме расплака, се разбира.

 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,749
6,113
113
A некој се сеќава на оовој сериски филм со Бетмен и Робин од 1966 година ,на МТВ го даваа



Tреба пак МТВ оваа серија да ја изрепризира ја обожавав серијата, не беше премногу серозна серија ,туку и комична беше
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,749
6,113
113
Гледајте девојчево како го прославила својот 18 ти роденден , Ова не личи ни малку на роденден претерала малку повеќе од што треба

https://www.facebook.com/media/set/?set ... 834&type=3


а погледајте го и овој албум на фејсбук ,погреб ли се фотографира бе ? ај што го фотографирал
целиот погреб туку и на фејсбук го ставил

https://www.facebook.com/media/set/?set ... 827&type=3

Боже ,Боже што не ќе им текне на луѓево :zid:
 

Blagojche

Добро-Познат Член
4,280
715
113
M@RKO напиша:
Гледајте девојчево како го прославила својот 18 ти роденден , Ова не личи ни малку на роденден претерала малку повеќе од што треба

https://www.facebook.com/media/set/?set ... 834&type=3


а погледајте го и овој албум на фејсбук ,погреб ли се фотографира бе ? ај што го фотографирал
целиот погреб туку и на фејсбук го ставил

https://www.facebook.com/media/set/?set ... 827&type=3

Боже ,Боже што не ќе им текне на луѓево :zid:
Ај зародендено ај, ами за погребон . . . Ненормални дали се слика нешто такво? Луѓето не знаат каде им е главата а тие зеле сликале . . . Мрднати се ова Србиве . . . Како шо праев муабет со една комшивка така и ке биде верувајте кај да е ке почнат и погреби да снимаат за успомен . . . . :off: :off: :off: 345435 345435 345435
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Како некој кој воопшто не прати спорт, со исклучок на снукер, завчера, понеделник, 30 јули 2012, шетајќи низ ТВ каналите, застанав на МТВ 1 или на ЕуроСпорт, не помнам точно, имав некакво претчувство, но воопшто не знаев дека на далечина од 2000 километри од Лондон, индиректно преку телевизорот, ќе сведочам на историски настан, освојувањето на првиот златен медал за Литванија на Летни Олимписки Игри во пливање од осамостојувањето на Литванија, го освои 15 годишната Рута Меилутите, нека е жива и здрава и нека и се множат и годините и успесите.


Кога сме кај Мексиканките, настрана Мексиканките во теленовелите, вчера, вторник, 31 јули 2012, ми докажаа дека добро знаат да настапат и при синхронизиран скок од платформа на височина од 10 метри, 26 годишната Паола Еспиноса и 15 годишната Алехандра Ороско го освоија сребрениот медал за Мексико, нека се живи и здрави и нека им се множат и годините и успесите.


А кога сме кај Кинезите, особено кај Кинескињите, мислам дека не треба многу да се коментира, самиот факт дека американците веднаш се нафрлија да плукаат по 16 годишната Шивен Је, обвинувајќи ја дека користела стероиди за да ги освои златните медали во пливање во трките на 200 метри и на 400 метри, а истовремено воспостави нов светски рекорд во пливање во трката на 400 метри, говори повеќе од доволно дека кој губи има право да се лути, за волја на вистината, американците не треба да го имаат ни тоа право бидејќи не подлежат на допинг тестирања, бидејќи американската влада гарантира дека се чисти, па со тоа не би требало да имаат право да се лутат и да ги обвинуваат останатите спортисти за допинг и слични обвиненија, но како и да е, и на 16 годишната Шивен Је и посакувам да е жива и здрава и нека и се множат и годините и успесите.

А за останатите Кинези и Кинескињи кои учествуваат на ЛОИ 2012 па да не правиме муабет, нивните успеси се астрономски и неверојатни, но додека американците плукаат по нив поради допинг, јас верувам дека мора да има вистински таленти и победници во државата со над 1 милијарда и 300 милиони народ.
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Колку ги мразам кинезине уф не можам да ги глеам на олимпијада. Среќа кога и да пуштам се пливање се погодува па деноиве американците освоија повеќето медали. Литванката браво, колку убаво коа глеаш дека некој се радува и јас се радував за неа :D Од сабота ке почнат атлетичарите,па сакам они да видам што ке напраат. Нашите во која категорија се натпреваруваат?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Еее околу тоа со Кинезите не би се согласил со тебе, гледајќи ги сликите на Интернет за тоа низ каква тортура поминуваат за да соберат сила, храброст и пред се, подготвеност за да настапат на Олимпијада, ги сметам за вистински спортисти во споредба со американците кои си даваат право да плукаат по Кинезите за допинг, а истовремено се ослободени од допинг тестови бидејќи американската влада гарантира дека се чисти.

Тортура или одличен тренинг, не ме интересира, останува фактот дека американците немаат морално право да плукаат по Кинезите или по било кој друг учесник на Олимпијада поради допинг, а тоа не само Кинезите врз кои се вршат над 100 допинг тестови, туку и сите останати учесници на Олимпијада кои на допинг тестовите испаѓаат чисти, ги прави спортисти кои се на барем 1 (ЕДНО) ниво над американците, без разлика кој ќе освои повеќе медали на крај.

А кога сме кај македонските спортисти учесници на ЛОИ 2012, во атлетските трки на 400 метри за мажи и за жени, ќе треба да се квалификуваат:

Христина Ристеска - 400 метри - жени:
3 август 2012 - Квалификации за полуфинале;
4 август 2012 - Полуфинале - квалификации за финале (доколку воопшто успее да се квалификува за полуфинале);
5 август 2012 - Финале - учество во финале (доколку воопшто успее да се квалификува за финале).

Кристијан Ефремов - 400 метри - мажи:
4 август 2012 - Квалификации за полуфинале;
5 август 2012 - Полуфинале - квалификации за финале (доколку воопшто успее да се квалификува за полуфинале);
6 август 2012 - Финале - учество во финале (доколку воопшто успее да се квалификува за финале).
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,749
6,113
113
Денес случајно видов банер на Кајгана порталот со текст „Филе го фрли телевизорот" и Филе беше на беше на сликата од Топки емисијата
кликнав се појави едно видео како Филе го фрла телевизорот во канта и на крајот уклучува компјутер
http://kajgana.com/file-go-frli-televizorot/

видеото е како најава , но дали станува збор за некоја негова интернет емисија или....?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Вчера, вторник, 7 август 2012, немав никакво претчувство, но сепак сведочев на прекрасниот настап на учесничките во финалето на настап на греда широка само 10 сантиметри за жени при ЛОИ 2012.

Искрено ми е жал за првата американска учесничка во финалето, 16 годишната Габи Даглас прекрасно настапи, но за жал изгуби рамнотежа и падна од гредата, од друга страна, мислам дека втората американска учесничка во финалето, 18 годишната Али Рејсман која ги освои 3-то место во финалето и бронзениот медал добро настапи, но воопшто не се сомневам дека 3-то место и бронзениот медал ќе ги освоеше Габи Даглас ако не изгубеше рамнотежа и ако не паднеше од гредата.

А која сме кај кинеските учеснички во финалето, 20 годишната Денг Линлин која ги освои 1-то место и златниот медал и 20 годишната Суи Лу која ги освои 2-то место и сребрениот медал, нивните настапи беа едноставно незаборавни, настапот на Денг Линлин ми делуваше како да води битка со самата греда, а не само со својата сонародничка и актуелна светска шампионка во настап на греда Суи Лу, како што може да се види во наредните 2 клипчиња, за малку ќе ме заразеа со нивните солзи радосници на крајот кога им беа доделени медалите.


 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,749
6,113
113
Весникот ДЕН продаден на „руски инвеститор“?
Дневникот весник Ден добива нови газди. Новинарите од весникот информираат дека досегашниот сопственик Живко Серафимовски го продал весникот како што им било кажано на странски инвеститор.

Денеска попладне без најава бил сменет главниот и одговорен уредник Коле Чашуле, а на новинарите им било кажано дека новата уредничка структура ќе почне да функционира од недела.

Новинарите сакале да знаат кој е новиот сопственик, на што им било одговорено дека нема потреба да го знаат, а ако имаат желба таква можност ќе имаат во септември или во јануари.

Сопственикот на ДЕН, Живко Серафимовски за А1 вели дека весникот сеуште не е продаден, договорот сеуште не бил потпишан и се додека не легнат парите на сметка газда останува тој. Серафимовски потврди дека заинтересираниот инвеститор кој станува сопственик на весникот е од Русија.

Се појавил и идниот нов директор кој најавил дека ќе ги прегледува сите текстови во иднина за да се заштител весникот од кривични пријави. Им било кажано и дека ќе останат сите кои зборуваат на течен англиски јазик зашто весникот ќе работел по меѓународни стандарди. Новинарите за А1 велат дека ова се услови со цел да ги избркаат, зашто знаат дека и дел од новиот уреднички тим ни оддалеку не знае течен англиски јазик.

Голем дел од новинарите за А1 информираат дека ќе поднесат откази на работното место, а дел веќе и заминале. На досегашниот главен и одговорен уредник Коле Чашуле му било понудено да работи во весникот како новинар за плата од 18.000 денари. На негово место сега е Бране Стефановски, долгогодишен новинар во МРТВ. Во Ден како нови уредници ќе бидат и Љубиша Николовски , кој беше новинар и уредник во МРТВ и А1, но и Александар Сидоровски како уредник на спортската редакција.

Чашуле се најавува дека ќе замине во МРТВ каде што претходно од ДЕН замина и заменикот уредник на весникот, Горан Петрески. Весникот Ден почна да излегува во март оваа година.
Наташа Стојановска прва даде отказ во „Ден“

Наташа Стојановска, новинар во економската редакција на весникот Ден е првата што даде отказ од работното место.
Стојановска, која пред да се вработи во ДЕН беше новинар на економската редакција на А1 телевизија вели дека отказот не е само поради новите смени во редакцијата, туку и поради претходни несогласувања.

„Денеска и официјално на новите уредници и на новиот директор веднаш по завршувањето на состанoкот на кој тие се претставија како нов раководен тим јас лично им го дадов својот отказ за кој веќе извесно време размислував, така што од денеска не сум на работа во весникот. Не би сакала да зборувам за причините конкретно“, изјави Стојановска.

Таа не знае дали ќе има и други откази како што се најавуваше.

„Според мене тоа е индивидуална одлука . За останатите колеги не знам дали ќе дадат откази, самите ќе одлучат, тие ги слушнаа новите уредниците што имаа да им кажат а дали и што ќе направат е нивна одлука“.

Според досегашната новинарка во ДЕН, во редакцијата денеска сите се изненадиле од брзата смена на уредничкиот тим.

„Бевме изненадени од овој потег, никој од нас не знаеше дека се менува уредничкиот тим, но знаевме дека весникот е ставен на продажба и дека се бара нов инвеститор подолго време. Денеска на изненадување на сите пред завршувањето на работното време ни беше соопштено дека ќе имаме состанок со досегашниот сопственик и со идните сопственици што беше изненадување за сите во редакцијата.
a1on.mk​
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Задоцнив, аукцијата веќе беше завршена.

Учествуваше ли некој од вас на оваа аукција и доколку учествувал, која била неговата/нејзината понуда ?



:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Во принцип ми се допаѓа обновувањето на Скопје, но морам да признаам дека сметам оти паркот Жена е тотално уништен. Тие споменици и скулптури се преубави, но не им е на сите таму местото. Доволен ќе беше мермерниот објект со златните скулптури. Додека „гужвата“ што се создаде од АСНОМ, Питу Гули и споменикот меѓу нив, можеа да се постават на други места.

Исто така, сум се изјаснил повеќе пати дека Цар Самоил ја гуши грандиозната фонтана. Голема е, и токму затоа требаше околу неа да има повеќе празен простор.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Се запишав на факултет. :mhhh:
Економски факултет - Надворешна трговија
Св. Кирил и Методиј.

Студентскиот живот на 17.09 може да започне :smeenje:
 

MK_Fan

Член
591
0
16
И јас поднесов документи на Економски, насока менаџмент. Со оглед на бодовите што ги имам, очекувам да бидам примен. Боби, кога се точно резулатите ?

ПС: Со среќа.
 
Top