Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
MK_Fan напиша:
И јас поднесов документи на Економски, насока менаџмент. Со оглед на бодовите што ги имам, очекувам да бидам примен. Боби, кога се точно резулатите ?

ПС: Со среќа.
Мене ми кажаа таму на 22-ри. Иначе имаше многу неправилности во системот, многу неорганизирано некако беше. Ќе се гледаме можеби на факултет, прва година сите заедно ќе бидиме измешано дека исто учиме сите. Јас под 1. сум надворешна трговија, под 2. финансиски менџамент, се надевам дека со 93те бода ќе влезам без проблем во првиот уписен рок. :)
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Оо сега имаме човек повеќе во Скопје, можеби и некогаш ќе го испиеме тоа фамозно заедничко кафе... :haha:
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Честитки и на двајцата уште еднаш

Има некој за во Прилеп на факултет па и тука по некое кафе да пиеме?

Инаку денеска ми кажаа дека ова со државна/приватна квота е сменето сега. За нас било првите 200 некаде по успех, а сега означено по смер пример 70тина на 1 смер, 30 во државна квота од друг итн
 

Posh Girl

Нов Член
233
0
0
Честитки Боби и ти посакувам прекрасни и незаборавни студентски денови!
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,749
6,113
113
епа ај со среќа нека ти е Боби ,голем успех и незаборавни студентски денови , многу женски да ти се лепат :) и се друго што ти се сака да ти се исполни
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
На денешен ден, сабота, 25 август 2012, 20 дена после својот 82 роденден, почина Нил Армстронг, првиот човек кој зачекори на Месечината и влезе во човечката историја со својата реченица:

" Ова е мал чекор за човек, но голем за човештвото " .

Големиот срам за американските медиуми во моментов, барем заклучно со 23:20 часот кога последен пат погледнав, ниту CNN, ниту CNBC, ниту Bloomberg не објавуваат биографија за Армстронг, си врти текстот доле за неговата смрт, но поважни им се емисиите за индонезиската економија на СиЕнЕн, за животни на СиЕнБиСи и за Интернет бизнисот на Блумберг, а од друга страна, SkyNews, британска телевизија веќе објавува биографски податоци за животот и делата на Армстронг, човек кој бил Американец, а не Британец и не бил поврзан на ама баш никаков начин со Велика Британија.

А кога почина Стив Џобс, кој патем не измисли ништо, туку само создаде фирма која само вчера заработи 1 милијарда и 50 милиони американски долари од судската победа во тужба против Самсунг поради прекршување на патентирани технологии, или подобро кажано, заработи 1.05 милијарди американски долари од ништо, сите се наредија како кокошки да кокодакаат за неговата смрт.

Месец дена подоцна, почина Денис Ричи, таткото на современото програмирање кое игра своја значајна улога во секојдневниот живот на сите кои користат компјутери, мобилни телефони, банкомати и ред други уреди кои користат софтвер, но американските медиуми не беа расположени да објават негова биографија, исто како што и сега не се расположени да објават биографија на Нил Армстронг, првиот човек кој стапна на Месечината.

Да ти се мо_ам во американските медиуми.

http://on.net.mk/vesti/svet/pochina-nil-armstrong

Почина Нил Армстронг

Американскиот астронаут кој го направи џиновскиот чекор за човештвото, прв стапнувајќи на Месечинaта, почина само 20 дена по својот 82-ри роденден.



Само неколку недели претходно му го оперирале срцето.

Како водач на Аполо 11 мисијата, на 20-ти јули 1969-та година тој отвори ново поглавје во историјата, прв стапнувајќи на Месечината и изговарајќи ја култната реченица: "Мал чекор за човекот, но голем за човештвото".

Тогаш Нил Алден Армстронг имаше 38 години и иако го оствари вековниот сон на човештвото, тој никогаш не ја злоупотреби својата слава. Напротив.

На прашањето како живее со сознанието дека неговата стапалка можеби илјадници години ќе стои на површината на Месечината, тој скромно одговорил: "Се надевам дека некој ќе отиде таму горе и ќе ги избрише".
Нил Армстронг
1930 - 2012

Лесна му земја
нека почива во мир

R.I.P.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Замислете, можело да испадне убаво, а истовремено бесплатно да биде изработено, оти немет платно, наместо да им плаќаме стотици илјадници евра на Манчевски и на Изи за само неколку секунди идиотизам.

 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Прееска го гледав видеото и навистина ми се допадна. Добра бесплатна реклама за Охрид, а ние толку многу пари даваме за да рекламираме овошје и зеленчук бидејќи на некои реклами тоа го има. :off:
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,749
6,113
113
Dexter26 напиша:
Замислете, можело да испадне убаво, а истовремено бесплатно да биде изработено, оти немет платно, наместо да им плаќаме стотици илјадници евра на Манчевски и на Изи за само неколку секунди идиотизам.
Повеќе и не е како реклама цело време е снимано како двајцата заљубен пар се шетаат ,возат велосипед,педалинка,мотор,па едно време се во некоја работилница ...

но како видео е добро па и да речеме за реклама во кој помалку е сниман Охрид и неговите убавини ,туку претставен Охрид како "место за дружба и љубовни авантури" барем јас така го доживувам

Снимано е со GoPro камера ,која најчесто ја користат оние кој летаат со палаглајдери ,возат точак... и се занимаваат со сите тие екстремни спортови полни со адреналин :) :bravobravo: Секоја чест за видеово преубваво е
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Секако дека не е реклама, но ем е бесплатно изработено, оти немет платно, ем е милијарда и кусур пати поквалитетно од глупостите на Манчевски и на Изи за кои им плаќаме стотици илјадници евра.
 

Taki252

Активен Член
2,629
0
36
Канадската пејачка Алесија е всушност со македонско потекло :) .

Еве едно интервју кое таа го прави со канадските хокејари со македонско потекло Стивен Стамкос и Мајк Ангелидис :) .

 

Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
Прв ден како средношколец, малку класот не е по мерка ама добро е. :)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,749
6,113
113
Moже некој да го наје она видео со девојчето кое кажува дека се "скинала" и рикала како "магарица" :haha:
видов тука за девојчево http://www.tvpaket.com.mk/zabava/1053-2 ... 3-11-27-31
ама не го отвара видеото ,дали го има некаде на друго место

Едит : Го најдов еве го

а после ова видео некој направил и зезанција

 
Top