Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Мислиш на видеото што го има по сајтовите, кога ја земаат од дома или има уште нешто?
И јас не сакам такви селски обичаи.
Исто и венчаницата не ми се свиѓа.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Ужасно на што личеше тоа. Колку исфорсирано ми изгледаше целата ситуација...
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,749
6,113
113
На видеото што видов ,многу мртво беше како за погреб едно време престана музиката и стварно беше мртвило ..


А свадбава како свадба е ништо посебно како и секоја во Македонија свадба

еве ги сликите ,од земањето на Ристеска http://www.ringeraja.mk/statija/fotogra ... _2332.html

Фустано и мене не ми е нешто премногу убав


а Боки 13 морал да искоментира у последно време

 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Мене баш ми се допадна, традиционална свадба. Не ја напраила за јавноста,ја направила за себеси. Фустанот и беше модерен, сега сите се такви и лично мене ми се допадна.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
А ова демек папарациве колку вештачки ми изгледа сѐ, како да не е свадба :D Океј сигурно венчавката не била целосно таква, но видеово ми изглеа ептен глупо!

А иначе она добро изгледа :)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,749
6,113
113
^
Сликите од Кајгана се на Димитар Петровски ( Ани&Дими ) ,ептен се добри
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Не е нешто посебно, ама македонско е и оригинално е.

 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Ајде креативци, охриѓани веќе излегоа со свои виртуелни изданија на гејскиот идиотизам, дајте барем да излеземе и ние со некое наше виртуелно издание на гејскиот идиотизам, или уште подобро, реално издание, а не само виртуелно.



:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Чепкав нешто по YouTube, разгледувајќи најавни шпици на постари теленовели и наидов на оваа најавна шпица од венецуелската теленовела Selva Maria, снимена во 1987 година од страна на РЦТВ, со Мариела Алкала и Франклин Виргуез како главни улоги.

Човече, колку е слична најавнава шпица со најавната шпица на Касандра, тоа е чудо невидено, а Франклин Виргуез до денешен ден е несменет, годините си го прават своето, но Франклин Виргуез и понатаму останува оригинален самиот по себеси, не само во изгледот, туку и во начинот на кој ги толкува своите улоги, харизмата и карактерот кои само тој знае на свој оригинален начин да ги внесе во еден телевизиски/филмски лик.

Повеќе од јасно е какви оригинали снимаат РЦТВ, и сега можат да снимат кога би имале доволно финансиски средства за тоа.


:se poklonuva:: :se poklonuva:: :se poklonuva:: :se poklonuva:: :se poklonuva::
 

Beauty

Администратор
49,895
61,921
113
Meне воопшто не ми личи шпицата на онаа на Касандра, која иако е снимена само неколку години подоцна изгледа многу подобро од оваа. Оваа ми е мизерна. Пејачот како да пее во студио на МТВ.

Декстер, од цел подфорум теленовели, ти најде тука да пишеш за ова :hehe:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Можеби си во право, сентиментален сум, па ми заличи на Касандра, а инаку за се останато околу тоа дека најавната шпица е мизерна и пејачот како да пее во студио на МТВ, дефинитивно си го право, но да не заборавиме, ова е од 1987 година, а не од 1997 или од 2007 година, не треба да очекуваме нешто ептен современо од тој временски период.

А кога сме кај тоа каде ја ставив најавнава шпица, ми текна тука бидејќи во подфорумот Теленовели од Венецуела, нема посебна тема за најавни шпици, музика од венецуелски теленовели и слично.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,749
6,113
113
^
Од кога почна гулабица да пее 480р е HD за нејзе

проверте во името пишале HD а спотот врска си нема со HD
 

LucasScott

Нов Член
7,806
1
0
Dexter26 напиша:
Чепкав нешто по YouTube, разгледувајќи најавни шпици на постари теленовели и наидов на оваа најавна шпица од венецуелската теленовела Selva Maria, снимена во 1987 година од страна на РЦТВ, со Мариела Алкала и Франклин Виргуез како главни улоги.

Човече, колку е слична најавнава шпица со најавната шпица на Касандра, тоа е чудо невидено, а Франклин Виргуез до денешен ден е несменет, годините си го прават своето, но Франклин Виргуез и понатаму останува оригинален самиот по себеси, не само во изгледот, туку и во начинот на кој ги толкува своите улоги, харизмата и карактерот кои само тој знае на свој оригинален начин да ги внесе во еден телевизиски/филмски лик.

Повеќе од јасно е какви оригинали снимаат РЦТВ, и сега можат да снимат кога би имале доволно финансиски средства за тоа.
Освен логото на Coral ништо друго не потсетува на споменатата теленовела. Инаку Selva Maria е еден од римејците на Mariana de la Noche, истата приказна која Телевиса ја обработи по 16 години.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Знам, ама како што веќе спомнав подоцна, сентиментален сум и лесно се палам на вакви постари најавни шпици.
 

Missy

Активен Член
3,198
2
38
Еве листа на тоа што имам собрано од списанија за сериите и актерите/ките, па ако ве интересира за некој ќе препишувам во теми за актерите или во Она што не го знаеш за... кога ќе се активира повторно

Актери/Актерки ( интервјуа и биографии)
Фернандо Кариљо - биофрафија
Еугенија Кадуро - биографија
Ана Паула Аросио - биографија
Саул Лисазо - позајмено интервју датум 17.08.2001г
Габриела Спаниќ - биографија
Вероника Вијера ( Вики од Дивиот ангел) - интервју
Себастијан Миранда ( Чамуко од Дивиот ангел) - интервју
Факундо Арана - интервју и биографија
Диего Рамос - биографија
Наталија Ореиро - биографија и прашалник со омилени работи
Нора Салинас - биографија
Марија Фернанда Кандидо - биографија
Каролина Техера - биографија
Луис Фернандез - биографија
Силвија Наваро - биографија
Талија - биографија
Енџи Цепеда - биографија
Кристијан Мејер - биографија
Сегундо Кернадас - интервју
Гедеон Буркхарт ( од Рекс серијата) - биографија
Освалдо Риос - биографија
Вани Корбелини ( од Маѓепсани) - интервју
Биографии кратки за главните актери на Третион камен од сонцето

Плус
Зошто ги гледаме тв-новелите? - текст го имам напишано
„Наша земја“ од историски аспект
Претставување на „Никогаш нема да те заборавам“
Колку заработуваат актерите во тв-новелите? - Ќе го напишам кога ќе се отвори темата

Кратки вести со поприлично грешки во текстот
- Освалдо Риос - „ По двата сина (близнаци?) сака и ќерка
- Габриела ( и Мигел де Леон) очекува дете
- Сообраќајна несреќа за Фернандо Кариљо
- Лина и Андреа од Дивиот ангел во Плејбој
- Тајна венчавка за Наталија Ореиро
- Талија и Мараја Кери - размена на сопрузи
 

Стефан

Нов Член
1,302
0
0
Ми треба помош околу парфеми.
Една моја роднина сака да отвори дуќан, ама незнае никој што продава парфеми на точење. Ако некој знае од Скопје нека ми напише како се вика човекот и негов телефонски број. Фала однапред.
 
Top