Првиот човек на УЕФА, Мишел Платини потврди дека и официјално ќе се разгледа идејата за обединување на двата досегашни европски турнири, Лига на шампиони и Европа Лигата.
Новиот турнир ќе се вика Супер Лига на шампиони и во него ќе се натпреваруваат 64 клубови од Европа, кои ќе бидат распределени во 16 групи по 4 тимови. Од четирити водечки шапмионати во Европа односно, Премиер лигата, Примера, Серија А и Бундеслигата ќе се пласираат во 6 тимови, од кои 4 директно, а два преку квалификации.
Основната идеја за ваквото обединување на двата турнири е „економската непривлечност“ на Европа лигата, и со оваа одредба ќе се укине второто по ранг натпреварување, а во најелитното наместо 32 како до сега ќе се натпреваруваат 64 клубови.
„Оваа идеја за формираше на Супер Лига на шампиони во фудбалските кругови постои веќе подолго време. Мислам дека наскоро оваа идеја ќе биде реалност“, призна Бонек Збигнев, еден од првите соработници на Мишел Платини во УЕФА.
Супер лигата според најавите ќе треба да започмне да функционора од сезоната 2015/16 година.