Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
МТВ му одаде мала почит на Гоце Арнаудов ,пуштија од него мала концертна емисија во студиото на МТВ каде што пееше познати народни песни ,исто и на Илко Стефановски му одадоа почит со драмата Балканот не е мртов ја пуштија баш вчера вечер
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
И Сител му оддадоа почит на Гоце, како во Вестите така и во Бекстејџ.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Читнав за тоа, ако воопшто биде усвоено, и ако не падне на Уставен Суд, слободно можеме да се збогуваме со либерализацијата на електронските медиуми, во која уживаме од доцните 1980-ти години и од раните 1990-ти години, со појавата на првите приватни радио и телевизиски станици во Македонија.

Уште да им текне да ги исклучуваат радијата и телевизиите во 22:00 часот секоја вечер, бидејќи:

" Да не ја гасеа телевизијата во десет саато' синко, денес ти немаше да постоиш... торко "

:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:



Или уште подобро:

Зошто не ја забранат сателитската телевизија во Македонија ?

Полесно е, бидејќи има и други начини на следење на нерегистрирани радио и ТВ канали во Македонија преку сателит, не мора да се следат исклучиво преку Dreambox.
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
Еве ја таа статија во Вест во која се спомнува забраната за продажба и користење на Dreambox рисиверите:

http://vest.com.mk/default.asp?ItemID=F4A47B7E03C7C449B029677FD9C3BEAC

СЕ СТЕГА ОБРАЧОТ ОКОЛУ СЛОБОДАТА НА МЕДИУМИТЕ

Владата спрема цензура

...

Се забрануваат дрим боксовите

Следната година ќе се забрани употребата на популарните дрим боксови во домаќинствата. Во законот без име ќе се пропишат и забрани за користење недозволени направи кои обезбедуваат условен пристап до заштитени услуги, како што се хакирани сет-топ боксови, хакирани картички за компјутер за гледање на сателитски телевизии со претплата и слично. Со ова ќе се надмине една од забелешките во извештајот за напредокот на РМ од Европската комисија.

...
Ова е тотално неуставно, како за почеток, што се подразбира под тоа недозволени направи ?

Условен пристап ?

Па се што се купува и продава во Македонија е условен производ, односно условна услуга, услов за да купиш леб е да платиш за истиот, услов за да гледаш телевизија е да имаш телевизиски уред и истиот телевизиски уред да прима телевизиски сигнал.

Но да бидеме сериозни, ако ова навистина биде усвоено и ако не падне на Уставен Суд, слободно можеме да се збогуваме со медиумската либерализација, која ја уживаме од крајот на 1980-те години и почетокот на 1990-те години со појавата на првите приватни медиуми во Македонија.
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Глупав текст, единствено ме насмеа "у саботу на балада" и "масљинка"... :haha: :haha: :haha:
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Ама и песната е доста сељачка, па сељачки превод и одговара, без навреда кон никого, ова е мое лично мислење.

:haha: :haha: :haha: :haha: :haha:
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Па песната да ти кажам стана ултра популарна, кај и да излезам мора еднаш да ја слушнам, навистина не очекував такво нешто мислев дека е фејсбук заебанција, ама ете ми влезе во уво...
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Тоа се вика форсирање, ако навистина те интересира, сам ќе ги ја најдеш и ќе ја пуштиш, нема да чекаш да ја пуштат на радио.

Ја форсираат, тоа е поентата, а не дека е нешто интересна.
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
глупа е песната има стопати поинтересни дечкото песни ,ама запнале со оваа

_______________________________________________________________________

Лееј текстотв ,не знаев дека Кристина Арнаудова била од мешано семејство

In memoriam Гоце Арнаудов…опрости му Кристина!
http://networkedblogs.com/rgQhd
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Што се треска во ѕид овој/оваа што пишува? Прост народ, како се осмелува да навлегува толку длабоко во приватноста на пејачкава па уште и да ја моли да прости... страшен народ сме!
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Во која смисла, дали има возачка дозвола, или дали се занимава со превоз на патници и/или стока како професија ?
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Јас имам возачка дозвола и возам темно зелен 101, а претпоставувам дека ако не сите, тогаш барем повеќето полнолетни членови на форумов имаат возачка дозвола и возат, се разбира, и други модели на автомобили освен 101. :D

Според сегашната законска регулатива, секој кој има 17 или 17 ипол години, не помнам точно, може да зема часови по возење и да полага.

Е сега околу полагањето не знам дали и тоа е дозволено за тие кои имаат 17 или 17 ипол години, или е дозволено само за полнолетните.

Но актуелната влада планира да воведи нови измени во законската регулатива со кои ќе може и на 16 годишна возраст да се земаат часови по возење, да се полага за возачка дозвола, да се извади возачка дозвола, и да се вози во општината на живеење, но ќе може и надвор од општината на живеење, но само со придружба на родител или старател.

Но исто така, малолетниците ќе мораат да земаат 30% повеќе часови по возење во споредба со полнолетните кандидати.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Скорашен возач сум, две/три недели има, и не, немам возачка, се сликав чекам деновиве да си ја земам кога ќе биде готова :)

Е сега околу полагањето не знам дали и тоа е дозволено за тие кои имаат 17 или 17 ипол години, или е дозволено само за полнолетните.
Мораш да бидеш 18, иначе не можеш да полагаш, а можеш да возиш часови.
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Јас више 2години возам,но возев автоматик кола до пред една недела,сега имам со мењач,па ќе треба да се адаптирам на него. Денес баш возев,и не ми беше воопшто лесно за разлика со автоматикот,па ме интересираше вие коа сте учеле како се снаоѓавте со возењете,дали брзо се приспособивте,дали возите за ваша потреба и желба,или од што морате? и сл.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Ana-Marija напиша:
Денес баш возев,и не ми беше воопшто лесно за разлика со автоматикот,па ме интересираше вие коа сте учеле како се снаоѓавте со возењете,дали брзо се приспособивте,дали возите за ваша потреба и желба,или од што морате? и сл.
Јас со самото тоа колата што ја сменив ми требаше неколку дена да се присобам и да ми „легне“ при возењето, а не пак доколку го заменам автоматикот со мењач. Сигурно ќе треба да се навикнеш, менување на брзините, правилно стискање/испуштање на кумплук. Јас на пример пред да почнам да возам часови немав баш големо искуство, може да се каже два пати имав седнато да пробам, и почнав буквално од нула што се вика, и веќе вториот ден ги навикнав брзините но тоа сето со кумплукот/гаста ќе треба малце повеќе време да се усоврши. Поради промената на колата мене и сега ми се случува да ми изгасе колата поради тоа што уште ја имам навиката од колата со која се учев да возам, но со секојдневно возење тоа се губи, така да не треба да се запоставува возењето, мора континуирано. :)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83



Е вакви синхронизации ми се допаѓаат. :haha:

Немојте погрешно да ме разберете, воопшто не сум обожавател на ваков вид музика.
 
Top