Chat

  • Автор на оваа тема Bobi!
  • Датум кога е започната темата

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113
нема да дојде никој во Скопје туку на голем видео бим ,ќе се следи концерт на Мараја Кери (барем така прочитав по интернет порталите)
а и тука ќе може да се следи http://web.maxtv.mk/17.11.2011/
 

Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
дали ова значи дека следната сметка може да ја плаќам со холограмски денари?



WINNING!
 

Крис

Администратор
4,813
11
38
Кога ја отворија големата кутија во неа имаше четворица танчери кои физички беа присутни тука, и меѓу нив Мараја Кери холограмски присутна која не поздрави со "Здраво Македонијо"! Истиот подарок го добија и во Полска, Германија, Црна Гора и Хрватска, камерите во живо го пренесуваа преносот во сите споменати земји, ние ги гледавме нив, а тие нас. Имаше и известување дека на местото ќе се снима реклама, ги замолија оние што не сакаат да учествуваат да се тргнат веднаш. По Мараја Кери следуваше караоке на големиот видео бим и топ си поминавме, браво за Т-Мобајл.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Не знам зошто многумина се разочарани од настанот и го опишуваат како катастрофален. Цел ден веќе се знаеше што ќе се случи и никој никого не тераше со сила да оди на плоштад.
Ми се допадна идејата и задоволен сум што бев дел од сето ова. Очекував да биде малку поинаку и поспектакуларно, но и вака беше убаво.
И овие зборови доаѓаат од човек што ненормално не ги сака Телеком и T-Mobile.
 

хејтер

Активен Член
2,064
0
36
Ај ве молам некој нека ја сними рекламата со Мерси и нека ја стави на јутуб.
 

Bobi!

Глобален модератор
6,601
0
0
Chris напиша:
Денес го видов Бобан во ГТЦ, на на, на на, на на... :haha: :)
Двојно видување, и со Игор се видов но не можев да видам каде седи во кино салата, а и јас бев ограничен со време па не искоментиравме ни за филмот. Во некоја друга наредна прилика :)
 

M@RKO

Добро-Познат Член
18,743
6,104
113

Влезот во Охрид ќе се наплаќа!

Туристите кои сакаат да го посетат најголемиот македонски туристички центар во иднина ќе мора да платат по едно евро, на трите рампи за влез во градот кај Подмолје, Косел и Пештани
Ваква е замислата на охридскиот градоначалник Александар Петрески во борбата со викенд туристите кои според него не биле големи потрошувачи.

Постои голем број на викендаши кои доаѓаат во Охрид на еден ден, а не трошат ништо тука. Значи си имаат со себе земено храна, која си ја пазариле во градот од кај доаѓаат и идат овде, зафаќаат место со автомобилите, ќе седат на плажа ќе јадат и пијат од она што го донеле и ќе го остават ѓубрето кое некој треба да го крене. Тоа општината ја чини многу, ако го земем во предвид фактот не оставаат ниту еден денар тука, ниту пак купуваат нешто во продавниците, вели Петрески.
Според градоначалникот на Охрид ова ќе се реши со поставување на рампи во Подмолје, една рампа во Косел и трета рампа во Пештани. Со тоа, секој кој влегува во Охрид, а не живее таму ќе плаќа туристичка такса.

За оние пак гости кои имаат свои викенд станови градоначалникот им предвидел годишна такса од 100 до 200 евра во зависност од квадратурата и местоположбата.
Превземено од brkajrabota.mk
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Уште вчера го читнав, но намерно не го поставив бидејќи не заслужува внимание.

Со градоначалник како Петрески, кој ја повикуваше Бугарија да му помогне во намалувањето на нивото на Охридското Езеро, како да демек не е избран токму тој за да се справува со таквите ситуации, па сега финансиските дупки во буџетот на Охрид ќе ги закрпува со задолжителна туристичка такса која ќе се плаќа при влегувањето во градот, охриѓани нека не очекуваат било каков економски или стопанствен напредок.

Колекторскиот систем на Охридското Езеро исто како да не постои, водата навидум чиста, а секакви ѓубриња вадат од длабочините секоја пролет и секоја есен, од оружје и муниција од Прва Светска Војна, до бела техника и апарати за домаќинство.

И ова е туристичкиот бисер на Македонија ?

И за ова треба да даваме пари при влегување во градот ?

А зошто не му текне на Петрески да ги повика охриѓани да си ги плаќаат даноците и комуналиите, наместо да ги оставаат локалите УЈП да им ги затвора среде есен и среде пролет кога градот е полумртов бидејќи тогаш речиси и да нема туристи ?

Ова е во целост спротивно на Уставот на Република Македонија, кој им гарантира слободно движење на сите граѓани низ целата територија на државата, освен во вонредни случаи како војна, притвор или поради здравствени ризици во околината.

Ај што нема да ги воведе таквите такси, но дури и да ги воведе, Уставниот Суд на Република Македонија ќе ги укине истите такси бидејќи се косат со слободите и правата кои ги штити и гарантира Уставот на Република Македонија, а Охрид е дел од територијата на Република Македонија и како таков подлегнува на уставните закони, принципи и начела на државата.

Но и во најлош случај, доколку Уставниот Суд молчи и му дозволи на Петрески да си игра мачка и глувче со туристите кои секоја година го посетуваат Охрид, и ние во Скопје можеме да го направиме истото, особено ако го земеме во предвид фактот дека бројот на населението во градот вртоглаво расте, но не поради некаков бејби бум, туку поради студентите, средношколците и работниците кои доаѓаат од надвор, од кои голем дел се преселуваат и остануваат да живеат во градот откако ќе завршат со студиите, односно со работата.

Град Скопје ќе си го наполни буџетот со пари од туристичка такса, па нема да мораме да чекаме на милостија од Владата на Република Македонија за да ни подарува автобуси, жичарница или било кои други работи кои се од основна потреба за градот, барем ќе можеме со парите од туристичката такса да изградиме пречистителни станици за да ги прочистуваат водите на Вардар, а ќе имаме пари и за да ги разубавиме и Матка и Треска, па охриѓани после ќе останат ем без скопјанчишчата, ем ќе останат и без парите од туристичката такса кои планираат да им ги наплаќаат на скопјанчишчата при влегување во Охрид.

Па нека ги кани после Петрески бугарите да му го полнат градот за да собере пари од туристичка такса.

Само нека не ги вози со бродови како Илинден, бидејќи така ќе трпи туристички загуби. :haha:
 

Ana-Marija

Нов Член
378
0
0
Како имаш живци толку долго да расправаш за нешто?? :D И јас сум исто колку и ти револтирана од коа прочитав ама не можам толку долго да седам и да пишувам за нешто,а чудно никогаш не ми е досадно твоите постови да ги читам :D
On topic,ова со Охридов ств претеруваат,издор народ значи...
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83
^

Фала фала, Ana-Marija, ќе го сфатам ова како комплимент. :haha:

Но искрено, пишувам цели есеи кога нешто ептен ми го привлекува вниманието или кога ме разгневува, а ова со охридскиот идиот од градоначалник спаѓа во второто.

И по кој знае кој пат ќе се извинам поради моите понекогаш досадни есеи, и по кој знае кој пат ќе ветам дека ќе се обидам да пишувам што е можно пократки коментари, наместо цели есеи.
 

Burrows

Добро-Познат Член
4,814
41
48
Авалон Продукција:

Останете вклучени... ...Поради тоа што многу скоро следи првата официјална најава за еден огромен музички спектакл за сезоната 2012, најава што ќе го исполни сонот на една голема армија од целиот Балкан...

Ваша,
Авалон Продукција

:mhhh:
 

Phillip

Добро-Познат Член
2,090
354
83
Без разлика кој ќе биде, 90% нема да доаѓа во Скопје.

Инаку на овие од Авалон, два пати им испратив порака дали планираат да ги носат Марун 5 во Белград или Скопје, ниеднаш не ми одговорија а згора на се и ме избришаа од пријатели. :mhhh:

едит: Сега ми текна.Продиџи се 100%.Разгледајте им го профилот на ФБ. :)
 

Dexter26

Добро-Познат Член
4,074
406
83

:haha: Да да да :haha:


Старо вино, колку постаро толку поквалитетно, иако не би го рекол истото и за Internet Explorer. :haha:
 
Top