Дај нека заврши ова, ДОСТА беше.
Значи на сите ни стана јасно дека ова нема да исчезне и тоа е. Кој се зарази, тоа е.
Нека отворат кафичи, фирми, трговски, ајде време е. Јефто има најава?
Неофицијална најава е дека после втора половина на Мај ќе се отвора, а 100% ќе биде излекувано и нема да имаме нови случаи некаде 19 Јуни. Не, не се смејте, точни датуми има во одредени документи, јас го пренесувам колку што смеам.
Насловено како When will covid-19 end? за Македонија стои следново: end 97% - 14 Мај, End 99% - 24 Мај и 100% е на 19 Јуни 2020 година.
За следни чекори во владава, засега немам подетално инфо, оти ни они самите не знаат... Можно е уште од наредната недела да се донесе по некоја одлука за тргање на одредени забрани, но пак ќе речам, ова е неофицијално со кое јас располагам.
Па, реално секакви не` има(ше) по факултетиве.
Не дека јас сум сега некој што знае англиски како кралицата Елизабета, ама според тоа какви колеги имаше на Англиски во Штип, јас сум го измислил англискиот...
Брат, не дека имам превисок просек на политички, 8 и кусур, ама тоа е така бидејќи не сум се умилкувал и упикувал и немав врски кај одредени професори... Мито немаше, ама индиректни судири на интерес имаше за жал...
Срамота е да си студент во втора година и да не знаеш Претседателот дали дава амнезија или амнестија... Чисто информативно, амнестија дава Собранието, Претседателот дава поединечно помилување...
Да не редам други стручни дефиниции кои треба да си ги знаеме како Оче наш а колеги немаа поим...
Или да ми речеш ја сум политиколог и не глеам вести и не читам портали... Тоа е ко да речеш ја сум доктор, ама не препишувам лекови...
Точно, секакви има. И студенти, и професори. Еве една ситуација ќе издвојам - го гледаш некој во прелиминарни резултати паднат, а во конечни резултати со 60/70 и кусур поени со плус дополнителни. И ова се дешава во континуитет. Самите си се издаваат.
Имав ситуација, на нет да имам океј оцена, а на хартија кај една лепотица да е малце помалку... Ама добро, ја бар добив некоја оцена, имавме случај кај што коелга џабе дојде оти бил паднат иако на сајтот имаше резултат дека е со 7ца...
А имаше и таква кои не дошле на факс, но се бунеа зашто имаат 0 поени од активност а јас имав 11 од можни 10... Ок, океј де, бубалица бев за најголем дел од предметите... Освен тие шо ми беа за дипломатија и меѓународни ЕУ односи... ахаха.